IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака Обратен редослед
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ПРОЛОГ
    Испратена: 29.Март.2007 во 09:37


16 МАРТ / 29 МАРТ

БЕСЕДА

за хулењето на Христа како богатство

Со вера Мојсеј... хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство, отколку сокровиштата на Египет; оти предвид ја имаше наградата (Евр.11:26).

Не сакал Мојсеј да остане на дворот Фараонов, ниту да се нарече посинок на Фараонот. Повеќе сакал да страда со народот Божји отколку да има земна сладост на гревот. Како што биле различни од Мојсеја потомците негови, кои од фараонски причини го осудиле Царот на славата на смрт, сите тие повеќе би сакале една година да проживеат на трулиот Фараонов дворец отколку со Бога да патуваат 40 години низ пустината. А Мојсеј ги оставил сите почести, сето богатство, сите ласкања што можел само богатиот Египет, и тоа уште на дворецот царски да му ги даде, па на Божја заповед тргнал низ гладната и жедна пустина, со вера дека зад пустината постои ветената земја. Тоа и значи да се чува хулењето на Христа над секое египетско богатство.

Хулењето на Христа е она од што светските луѓе, со силна реа од земјата, се срамат кај Христа. А тоа е Христовата беда на Земјата, неговиот пост, бдението, молитвата, поттурнување без покрив, осудата, понижувањето, срамната смрт. Тоа хулење на Христа го ценеле апостолите и по нив и сите многубројни светители за поголемо богатство од сите вселенски блага, бидејќи Господ воскреснал по сето хулење и ја отворил вратата небесна, ја покажал рајската ветена земја, во која Он го повел човештвото по  патот на своето хулење или преку пустината на Своето страдање.

О Господи, прославен и воскреснат, помогни ни секоја капка од Твојата пот и од Твојата крв да ги чуваме непоколебливо како поголемо богатство од целото светско благо. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2007 во 09:35
16 МАРТ / 29 МАРТ

РАСУДУВАЊЕ

Ако го исполниме законот Божји мисловно, лесно ќе го исполниме со чувство. Односно, ако не погрешиме со мислите, уште полесно нема да погрешиме со делата. Или уште: ако нашето срце е со Бога, и јазикот, и рацете, и нозете, и целото тело не може да биде против Бога. Срце, срце,  срце приготви се за Бога, него посвети го и поклони го на Бога, во него се исполнува законот Божји, него го разгорува љубовта кон Бога, преку него се соединува со Бога - останатото сé ќе  последува и ќе се управува спрема срцето. Не управува со тркалото оној кој го држи крајот, туку оној кој ја држи оската на тркалото. Срцето е оска на нашето битие. Зборувајќи за Божјите заповеди, преподобен Исихиј вели: 'Ако себе си се присилуваш мислено да ги исполниш, тогаш ретко ќе имаш потреба да се мачиш околу нивното чувствено исполнување”. Односно, ако со срцето, како со оска, си се навил себе си кон Бога, тркалата лесно и угодно ќе одат по оската, односно целиот човек по срцето. 'Твојот закон е во срцето мое", говори премудриот Давид (Пс. 39:8).

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да размислувам за Господа Исуса како чекори под крстот на Голгота, и тоа:

1. како трпеливо и со молчење го носи Својот крст;

2. како потоа го симнаа од Него крстот и го дадоа на Симон од Кирин, та овој го носеше крстот чекорејќи по Христа;

3. како Он се заврте кон ерусалимските жени кои плачеа и им рече:  ерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца", објавувајќи ја со ова Својата победа и поразот на Своите убијци.


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2007 во 09:34

16 МАРТ / 29 МАРТ

 

1. Св. ап. Аристовул, еден од седумдесетте апостоли. Бил брат на апостолот Варнава, и бил роден на Кипар. Му последувал на апостолот Павле, кој и го споменува во Посланието до Римјаните (16:10). Кога великиот апостол Павле поставувал многу епископи за разни краеви на светот, тогаш го поставил и Аристовул за епископ Британски. Во Британија имало диви народи, неверни и опаки, и Аристовул претрпел меѓу нив неопишливи маки, беди и пакости. Го удирале без милост, го влечеле по улици, му се ругале и му се потсмевале. Но на крајот овој свет маж дошол до успех со силата на благодатта Божја. Ги просветил народите, ги крстил во името на Христа Господа, изградил цркви, свештеници и ѓакони посветил, и најпосле, таму во мир завршил и отишол во Царството на Господа, на Кого верно Му послужил.

2. Св. мч. Савин. Египќанец, од градот Хермопол и старешина на тој град. Во времето на едно гонење на христијаните, тој се оддалечил во некоја планина со многу други христијани и се затворил во една колиба каде што го поминувал времето во пост и молитва. Но го открил некој питач, кој му носел храна и на кого Савин му направил големи до                              бра. Како Јуда Христа, така и овој бедник за пари (за два златника) го предал својот добротвор. Свети Савин, со уште шестмина, бил фатен од војниците, врзан и на суд однесен. По големите маки, бил фрлен во реката Нил каде што Му го предал духот свој на Бога во 287 година.

3. Свешт. мчци Трофин и Тал. Родени браќа, од Сирија. Јавно и слободно Го проповедале Христа и ги разобличувале глупостите елинско - римски. Разјарени незнабожците, решиле да ги убијат со камења. Но кога ги фрлале камењата на тие свети браќа, камењата се враќале и удирале по самите напаѓачи, а браќата останале неповредени. Потоа обајцата на крст ги распнале. Од своите крстови браќата ги поучувале и ги охрабрувале христијаните кои стоеле наоколу нажалени. И по маките, го предале својот дух на Господа, на Кого Му останале верни до крајот. Чесно пострадале во 300 година, во градот Вофор


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2007 во 15:50

15 МАРТ / 28 МАРТ


БЕСЕДА

за пророштвото за напуштениот дом

Ете, ви се остава вашиот дом пуст (Мт. 23:38).

Зошто Господ молчел на судот пред Евреите и пред Пилата? Затоа што пред тоа сé кажал што требало да каже. Он кажал и претскажал како еврејските старешини ќе Го предадат на незнабожци и како ќе Го убијат. Повеќе пати претскажал што ќе се случи лично со Него. И тоа Неговите апостоли го чуле и добро го запомниле. Но, Он претскажал и страшна казна што Евреите ќе ја навлечат на себе со своето злосторство над Синот Божји. И Евреите тоа го слушнале, но го заборавиле.

Ете, ви се остава вашиот дом пуст! Тоа Господ им го претскажал на Евреите. И тоа Евреите го слушнале и го заборавиле. Но многумина подоцна се сетиле на пророчките зборови, многу и од оние кои учествувале во големото злосторство, кога Римјаните го разурнале Ерусалим, го разбиле и го изгореле, а неговите жители ги разгониле и ги рассеале по целиот свет; многумина ги исекле, ги угушиле, со глад ги поубиле или на крст ги распнале. Евреите со застрашување и со досадување го приморале Пилата Римјанинот да ја крене својата рака на Господа Исуса. Потоа Римското Царство се кренало против Евреите. Во оној ден кога требало пророштвото на Господа да се исполни, Римското Царство, кое некогаш Пилат го претставувал во Ерусалим, ја дигнало својата рака со преостриот меч против Ерусалим и неговите деца. Кога царот Адријан го обновил Ерусалим, му дал друго име (Елија Капитолина1)) и им забранил на Евреите под смртна казна да се населуваат во Ерусалим.

Ете, ви се остава вашиот дом пуст! И Ерусалим од тогаш до денес навистина бил оставен пуст од Евреите како народ. Децата на злобните предци, кои Го убија Христос, секаде биле досега, само не во својот дом.

Господи семоќен и Кој сé гледаш, опрости ни ги нашите гревови. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2007 во 15:47

15 МАРТ / 28 МАРТ

 РАСУДУВАЊЕ

Љубовта кон било кој и кон било што, дури и кон самиот себе, може кај човекот привремено да се олади или сосема да се изгуби, па дури и во омраза да се претвори.  Но љубовта на човекот кон Бога, еднаш здобиена и утврдена, тешко се оладува, освен ако некој не слезе од паметот. Во првиот случај, човекот ја смалува или ја избришува својата љубов или заради промените во него, или заради промените во љубовните предмети. Во  вториот случај, човекот може да ја намали својата љубов кон Бога само и единствено заради промените во себе, а никако заради промените кај Бога. Сето тоа поубаво и појасно го изразил св. Исак Сирин, велејќи: 'Има љубов слична на потокот од дожд, кој престанува набрзо по дождот. Но има љубов слична на извор што избива од земјата и што никогаш не престанува. Првата љубов е човечка, а втората божествена”. А св. Симеон Нови Богослов зборува за таа божествена љубов: 'О света љубов! Ти си крај на законот. Ти мене ме обземаш, ти ме затоплуваш, ти го разгоруваш моето срце кон неизмерно љубење на Бога и моите браќа... Од љубов Бог се сторил човек. Од љубов Он ги претрпе сите животворни страдања за да го спаси човекот од оковите на адот и го вознел на небото. Од љубов апостолите го завршиле својот натпревар. Од љубов мачениците пролеале крв само да не Го изгубат Христа”.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да размислувам за Господа Исуса кога Пилат Го изведува пред Евреите, и тоа:

1. како Господ најнапред бил камшикуван од римските војници;

2. како потоа бил исмејуван: Му ставија трнов венец на главата и му облекоа скарлетна облека;

3. како Пилат Го покажува на Евреите велејќи: 'Еве човек!"


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2007 во 15:44

15 МАРТ / 28 МАРТ

 

1. Св. мч. Агапиј и седуммина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александра и двајца Дионисија. Сите пострадале во Кесарија Палестинска од кнезот Урбан, во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, биле сосема млади луѓе и не биле уште христијани. Ниту некогаш се крстиле со вода. Но нивното крштение било со крв. Еден ден овие седум момчиња гледале како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилка, трети пред ѕверови, па видувајќи со какво трпение христијаните ги поднесуваат сите маки, се разгореле со ревност за Христа, си ги врзале самите себе рацете наопаку и така врзани дошле пред Урбана говорејќи: 'И ние сме христијани!" Ласкањата и заканувањата Урбанови останале залудни. На момчињата им се придружил и угледниот граѓанин на тој град, Агапиј, кој и дотогаш доста страдал за Христа и застанал уште повеќе да ја разгорува во нив верата и љубовта кон Господа. Сите биле со меч исечени во 303 година и се преселиле во дворовите на Царот Небесен.

2. Св. мч. Александар. Од градот Сид Памфилиски. Намесникот на царот Аврелијан го прашал кој е тој и што е? На тоа Александар одговорил дека тој е пастир на стадото Христово. А каде е тоа стадо Христово?- прашал понатаму злобниот и мрачен намесник. Александар одговорил: 'По целиот свет живеат луѓе кои Христос Бог ги создаде, од кои оние што веруваат во Него се овците Негови, а сите отпаднати од својот Создател, што им робуваат на созданијата и на направиите на рацете човечки, мртвите идоли, како вие, тие се отуѓени од стадото Негово и на Страшниот Суд Божји ќе бидат поставени од лево со козите”.  По наредба на лошиот судија  прво го тепале со воловски жили, а потоа го фрлиле во огнена печка. Но огнот ништо не му наштетил. Потоа му било стругано месото од него. Потоа бил фрлен на ѕверовите, но ѕверовите не се допреле до него. Најпосле намесникот наредил, та главата му ја отсекле. Но штотуку судијата ја изрекол пресудата, го фатил лошиот дух и тој побеснал. Рикајќи бил поведен кон неговиот бог, идолот, но по патот ја испуштил од себе својата лоша душа. Свети Александар пострадал помеѓу 270 и 275 година.

3. Св. мч. Никандар Египќанец. Кожата му била одрана, па исечен за верата Христова. Вината му била таа што како лекар им помагал на христијанските маченици и телата на погубените чесно ги погребувал. Чесно пострадал во 302 година.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 09:37

14 март / 27 март

БЕСЕДА

за Христовото пророштво за Својата слава

Отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небесните облаци (Мт. 26:64).

Кој не сака да Го види Бога како милостив Самарјанин на земјата, ќе Го види како Страшен Судија на небото. Толку биле заслепени еврејските главатари што во Христа Исуса не можеле да видат, не само Бог, ниту Месија, ниту Пророк, туку ниту обичен, добар човек. Тие го ставале подолу од обичните добри луѓе. Па не само тоа: туку го ставале пониско и од  разбојникот. Тие го ослободија Варава, а Христа го осудија! Тие Христа воопшто ни за човек не го сметаа: го плукаа, исмеваа, правеа со него маскарада како со некој евтин и непотребен предмет. Но токму во часот кога Евреите злобно си играа со Христа како со некој евтин и непотребен предмет, замолчениот Господ наеднаш ја отвори устата и проговори: 'Отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небесните облаци!" Колкава далечина помеѓу она што е Христос навистина и она за што Евреите го држеа!

Синот човечки, Кој седи од десната страна на силата, е Синот Божји, Господ наш Исус Христос, како што наскоро потоа Го видел св. архиѓакон Стефан и многу, многу други. Синот човечки Кој доаѓа по облаци од ангели и безбројните сили и воинства небесни е пак тој истиот Син Божји, Господ наш Исус Христос, како што Го видел и во своето Откровение го опишал св. Јован Богослов и евангелист.

О браќа мои, не заведувајте се со измамнички приказни на оние луѓе кои говорат: 'Кога ќе Го видиме Христа на небото како Бог, тогаш ќе Му веруваме!" Таа вера ќе биде задоцнета и тоа видување залудно. Ние треба со нашата вера да Го видиме Христа како Бог во оној понижен, поплукан, истепан, искрвавен и исмеан човек во дворот на Кајафа; во оној молчалив осуденик кого Евреите Го сметале за евтин и непотребен предмет со кој си правеле маскарада. Тоа е вера што се цени на небото. Тоа е вера што се наградува со воскресение и со бесмртност. Тоа е вера што досега одгледала и на небото пресадила цели војски од најсвети души, најсилни карактери, најиздржливи јунаци и најсветли умови.

Господи понижен, возвиши нé до оваа вера. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 09:31

14 март /27 март

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса пред Пилата, и тоа:

1. како Господ молчи пред Пилата;

2. како Јуда во тоа време ги фрла сребрениците во црквата и се обесува;

3. и пак, како Пилат прашува, а Господ молчи.


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 09:29

14 март / 27 март

РАСУДУВАЊЕ

Тешко можеме да најдеме подобра поука за тоа како не треба да сме мрзливи и да ја одлежиме молитвата и работата за утрешниот ден отколку што ни ја дава св. Ефрем Сирин со овој пример: 'На еден брат му се наметнала (од врагот) помислата: денес дај си на себе одмор, а утре стани на бдение!" Но тој ‘и одговорил на помислата: 'Кој знае, можеби утре нема ни да станам затоа треба да станам денес”. Така и при работата му се наметнала помислата: 'Дај си на себе денес одмор, па утре поработи!"  Тој пак одговорил: 'Не, туку јас денес ќе поработам, а за утрешниот ден се грижи Господ!" А св. Антониј поучува: 'При осамнувањето на секој ден, подреди го животот свој така како тој ден да ти е последен на Земјата и ќе се сочуваш од гревот”.




Изменето од orto - 27.Март.2007 во 09:33
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 09:27

14 МАРТ / 27 МАРТ

 

1. Преп. Бенедикт. Роден е во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од познати и богати родители. Во училиште не се задржал долго, оти самиот увидел дека поради книжевното учење може да го изгуби 'големиот разум на својата душа”. И излегол од училиштето 'ненаучен мудрец и разумен незнајко”. Избегал во некој манастир каде што инокот Роман го замонашил, после кое се повлекол во една шпилеста гора каде во пештера останал повеќе од три години на голем труд околу својата душа. Роман му донесувал леб и му го спуштал од шпилеста карпа со јаже до пред пештерата. Кога се прочул по околината, да би ја избегнал славата од луѓето, се оддалечил од таа пештера. Кон себе бил мошне суров. Еднаш кога нечистиот бес на телесната похот го спопаднал, тој се слекол гол и се тркалал по копривите и трњето сé додека не ја отстранил и секоја помисла за жена. Бог го надарил со многу духовни дарови: проѕирал, исцелувал, изгонувал лоши духови, воскреснувал мртви, им се јавувал на други и најаве и на далечина во сонот. Еднаш провидел дека му е послужена чаша вино со отров. Тој ја прекрстил чашата и чашата се распрснала. Основал 12 манастири, во секој во почетокот по 12 монаси. Подоцна се создал посебен ред бенедиктанци, кој и денес постои во римската црква. На шест дена пред смртта тој наредил да се отвори неговиот гроб, порано подготвен, оти светителот провидел дека крајот му е близу. Ги собрал сите монаси, ги посоветувал и Му го предал својот дух на Господа, на Кого верно Му послужил во сиромаштија и чистота. Неговата родена сестра, Схоластика, живеела во еден женски манастир, па угледувајќи се на својот брат и самата многу се подвизувала и дошла до големо духовно совршенство. Кога св. Бенедикт ја испуштил душата своја, двајца монаси, еден на пат а другиот пак во некоја оддалечена келија на молитва, истовремено виделе иста визија: пат од земјата до небесата послан со скапоцени ткаенини и осветлен по страните со редови луѓе; на врвот на тој пат стоел некој човек со неопишлива убавина и светлина, кој им кажал дека тој пат е подготвен за Бенедикта, на Бога омилениот. По таа визија, тие двајца браќа дознале дека нивниот добар игумен се преселил од овој свет. Завршил мирно во 543 година и се преселил во вечното царство на Царот Христос.

2. Св. Евсхимон еп. Лампсакиски. Во времето на иконоборството трпел гонење и самување. Се упокоил во времето на царот Теофил иконоборецот (829-842 год.).

3. Св. Теогност митрополит Киевски. Грк по потекло и преемник на св. Петар Киевски. Страдал многу во монголската орда од Џинибек, затоа што бил наклеветен кај монголскиот цар од свои луѓе, Руси, како не му плаќал на царот никаков данок за својот чин. Кога царот го повикал и го прашал за тоа, тој рекол: 'Христос нашиот Бог ја искупи Црквата Своја од незнабожците со чесната Своја крв. Зошто сега да им плаќаме данок на незнабожците?" Најпосле некако се ослободил и се вратил дома. Управувал со црквата 25 години. Се упокоил во Господа во 1353 година

Изменето од orto - 27.Март.2007 во 09:36
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2007 во 12:03

БЕСЕДА

за помирувањето на лошите заради злото

И во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, оти порано беа скарани помеѓу себе (Лк. 23:12).

И во срамот и во понижувањето свое праведникот им прави добро на своите непријатели. Тој ги помирува. Навистина, во овој случај, нивното помирување не означувало заедничка работа за некое добро дело, туку заедничко гонење на праведникот. Но, барем пламенот на нивната меѓусебна омраза стивнувал и се гаснел. И тоа за праведникот е награда. Пилат и Ирод биле непријатели. Но оној ден кога Спасителот бил изведен на суд, и кај едниот и кај другиот, тие се помириле. Кнезот на мирот донесол мир помеѓу скараните, мир што помогнал да се изделка крстот за Него. Но Он и дошол да биде доброволна жртва за гревовите на многумина.

И денес меѓусебните противници се помируваат кога треба да се нападне и да се осуди Господ. Има многу кои се колат помеѓу себе додека не им го спомнете името Господово. А штом го слушнат тоа име, постепено се помируваат помеѓу себе заради напад на тоа свето име. Полесно непра                               ведник поднесува неправедник отколку праведник. Полесно се разбира и помирува неправедникот со неправедник отколку со праведникот.

Дури и партиите во некои држави, најскараните помеѓу себе, се помируваат кога треба да се пресуди какво место да Му се даде на Господа Исуса Христа во државата, дали првото (како што Нему и Му доликува) или последното? На такво прашање крвните непријатели се помируваат помеѓу себе, та на Господа Му го доделуваат последното место. Исто така, во она време, се помириле скараните партии на фарисеите и садукеите, се помириле и се здружиле против Христа.

А зошто Најчистиот и Најпотребниот да биде на последно место? Затоа што, според нивниот ум, за нив треба да останат првите места. Иста побуда на помирување била и кај фарисеите и садукеите, крвните противници, кога требало да се бара Христос да се убие. Таа иста побуда предизвикала помирување помеѓу Пилат и Ирод кога требало да се пресуди Христос да биде убиен.

О браќа мои, да не бараме никогаш мир со неправда против правда, туку секогаш да бараме мир со Бога и со совеста. Боже, помогни ни таков мир секогаш да имаме. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2007 во 12:01

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса на суд пред Ирода, и тоа:

1. како на Ирода најнапред му беше мило што Го виде Исуса не од некоја душевна потреба туку од радозналост;

2: како Ирод се надеваше да види некое чудо од Исуса, но во тоа се прелага, бидејќи Господ молчеше на сите негови потпрашувања;

3. како Ирод со своите соработници Му се изнасмеа на Господа и како Го облече во бела облека.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2007 во 12:00

РАСУДУВАЊЕ

Големи христијани се оние кои имаат  голема љубов кон Христа. О како навистина биле големи христијани богоносните отци и маченици! Во наше време за многумина тоа не е можно ни да се претстави. Еве што еден од нив, св. Симеон Нови Богослов, исповеда во својот манастир пред сите монаси. Говорејќи од свое искуство за тоа како на него се обистиниле зборовите Божји: 'Мојот јарем е благ и бремето мое е лесно", тој вели: 'Верувајте ми, кога прибегнував кон Бога Спасителот мој ништо не сретнував жално, тешко, неподносливо... Голема и неподнослива тага имав јас самиот заради тоа што не можев да најдам доволно повод да умрам заради љубовта Христова”. Зарем ваквите души не се како пламен затворен во земјени садови? Пламен везден исправен и насочен кон небото! Штом ќе се тргне капакот, пламенот се вивнува нагоре.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2007 во 11:58

26-ти  МАРТ

 

1. Св. Никифор патријарх Цариградски. Управувал мудро и ревносно со светата црква како и најголемите архипастири Цариградски. Кога Лав Ерменецот станал против иконите, тој му се спротивставил на царот, односно прво го советувал царот, а потоа го разобличувал. Затоа нечестивиот цар го прогонил на островот Проконис. На тој остров имало манастир, кој самиот св. Никифор го изградил во чест на св. Теодор. И тука поминал овој исповедник на христијанската вера 13 години, а потоа се претставил и отишол кон Господа во 827 година. Откако изгинале сите цареви иконоборци и на царскиот престол седнал Михаил со мајка си Теодора, а на патријаршискиот престол бил повратен патријархот Методиј, тогаш (во 846 година) се пренесени моштите на св. Никифор од Проконис во Цариград и се положени прво во црквата 'Св. Софија", од која за време на земниот живот и бил изгонет, а после во црквата на 'Светите Апостоли”. Главното празнување на овој голем ерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува преносот на неговите нетлени мошти. На 13 март св. Никифор бил изгонет од Цариград, и пак на 13 март, по 19 години, моштите му се пренесени во престолнината.

2. Св. мччка Христина Персијанка. За непоколебливото исповедување на верата Христова била остро мачена во Персија во ИВ век. Толку мачителите ја удирале со камшици што изнемоштила и завршила. Душата нејзина се разделила од измаченото тело и се вселила во вечната радост на Христа Царот и Господ.

3. Свештмч. Публиј. Овој свештеномаченик бил премник во епископството на славниот Дионисиј Ареопагит во Атина. Како епископ бил мачен од неверните и исечен во ИИ век. За краткото време на маката го наследил вечниот живот.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.