IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Битола град на Конзулите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Битола град на Конзулите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 16:15
Битола во полн сјај

Атмосферата по реставрираното автентично шеталиште ќе биде иста како во 18 и во 19 век, велат од Музејот и завод во Битола

Се наѕира крајот на проектот за реставрација и ревитализација на фасадите на Широк сокак во Битола, кој почна пред 12-ина години. Поволните временски услови есенва овозможија стручните лица од НУ "Завод и музеј" да ги приведат кон крај работите на трите фасади за кои годинава добија средства од Министерството за култура.
"За в година останува да се реставрира уште една фасада, со што, конечно, Широк сокак ќе блесне со целиот свој сјај, па прошетката по него ќе биде своевидно враќање во минатото, односно во крајот на 18 и почетокот на 19 век, откога датираат објектите", вели директорот на Заводот Зоран Николовски. "За да се задржи автентичноста на фасадите, беше ангажиран цел тим стручни лица, кои правеа сондажни истражувања за да се утврдат бојата и малтерот што се користел за градба, дрвенаријата и металните огради на балконите. Се повикуваа и на старите фотографии, но и на колективната меморија. За најверодостоен се зема првиот слој боја, па затоа имаме сини, жолти, бели фасади. Стилот на градба претежно е неокласицизам, кој се практикувал во поголемиот дел од Европа, па имаме влијанија од Италија, Австрија, Украина, зависно од каде доаѓале тајфите ѕидари", кажува Николовски. "Големо било и влијанието на конзулите, кои при градбата на конзуларните претставништва вметнувале и дел од културата на земјата од која доаѓале. За жал, не може да се интервенира на зградите градени во времето на социјализмот, кои не се вклопуваат во целосниот амбиент. Тие ќе останат како споменици на соцреализмот", објаснува Николовски.
По завршувањето на проектот со кој беа обновени фасадите на над 60-ина објекти од Саат кулата до Офицерскиот дом, ќе се започне со реставрација на објектите околу централното градско јадро и Старата чаршија.

Куќата на "Сингер" била прва со тоалет

При реставрацијата на фасадите на Широк сокак во изминатите години, екипите на битолскиот Завод за заштита на спомениците наидувале на доста интересни моменти. Една од пикантериите кои ги кажуваат е врзана за куќата во која било сместено претставништвото на германската фирма "Сингер" за производство и продажба на машини за шиење. "Тоа била првата куќа во Битола која имала тоалет во својата внатрешност. За нејзината градба биле вложени доста пари. Била ѕидана со шамотни, огноотпорни тули, кои речиси никогаш не се користат во архитектурата, зашто се многу скапи", ни рече Николовски. Наидувале и на неповторливи дрвени тавани, убави ѕидани камини, фотографии. Велат дека секоја куќа на Широк сокак во себе крие многу приказни, многу радости, но и трагични моменти
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 10:43
Битола во заеднички проект на 11 градови од Европа
 
 
Во 11 европски градови на 11 ноември ќе се одржи заеднички проект уметност во живо „Размени ги радикалните моменти“ www.11moments.org, а коорганизатор за Македонија е битолската невладина организација „Елементи“.

Macedonia_Bitola-sirok-sokak

Овој несекојдневен настан ќе се одржува од 0 до 24 часот на плоштадите во Берлин, Битола, Кишињев, Линц, Ливерпул, Лондон, Париз, Прага, Рига, Слубфурт и Стокхолм.

- Во Битола ќе престојува американскиот уметник и предавач Роб Андриус кој на неколку локации на Широк сокак ќе го изведе перформансот „Чисто“ со миење на стапалата на 11 луѓе што претставува хуман прочистувачки ритуал. Ова дело не конфронтира со нашите предрасуди во врска со тоа што е приватно, а што јавно, вели Билјана Исијанин од НВО „Елементи“-Битола.

На 11 ноември во 11 часот уметникот Игор Тошевски кој дипломирал графика на Ликовната академија во Хелсинки на битолскиот пазар ќе презентира истражување, симулација на Утописки систем што би се рефлектирал на неизбежната де-територијализација и фрагментација на локалните етнички групи, но не само на Балканот туку низ цела Европа, додека пак во терминот од 11:11 до 23:11 часот уметниците Билјана Исијанин и Александар Гроздановски ќе промовираат полупразна книга со мисли и слики чии празни страници ќе може јавноста сама да ги дополнува.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
TENDO Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TENDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 11:48
За љубителите на пишаниот збор во Битола, се отвори нова книжарница кое е единственото место во градот каде може да се најдат изданијата на издавачките куќи Матица, Магор, Темплум, Или-Или, ...

Освен продажба на книги по најповолни цени нуди и комплет од книжарски производи и услуги: Фотокопирање, канцелариски материјали, школски прибор, обрасци, укоричување, пластифицирање, ...
  
 
 
Реклами не се дозволени! - Santijago


Изменето од Santijago - 24.Октомври.2011 во 12:16
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 00:22

Најградскиот град во Македонија кој се разбира е како изгубен уметник, „несфатен од сите“ за неговата големина, раскош и убавина,...така...си талка низ годините приспомнувајќи си за златната доба кога бил главен град (во Турско), кога Вагнер (Рихард Вагнер) свирел сонати кај Фиќи на тераса (Јавна куќа) исто во Турско, кога пајтоните (читај, три штици и четири столици поврзани на коњот Дорчо) шетаа по улиците, а „дамите“ фрлаа шамивчиња очекувајќи некој младич да се стрча да не падне на калилавата калдрма, за на крај да добијат едно кабадајско долго и грло-гре*ачко „Шо е мори?!...да не сакаш да ти го фатам шамифчето...да ти се помочам во него“. (и ова во Турско).

Годините врвеа, конзулите фатија вид-виделина, војните се множеа, градо(т) под Пелистер полека се китеше со секакви рани и не-рани-мајковци. Се градеа легенди,... што во позитивна што во негативна смисла. Од сите тие бомбардирања, напалм бомби, токсични гасови,... преживееја кафето, кабадајлуко и „але шо збораш?!“.

Дојде...и си замина Тито. Испи кафе, се искабадајлучи со Кадилакот низ градот, а за возврат ја доби најголемата кабадајска чест – Улицата а.к.а Корзото да го носи неговото име.

Транзицијата го упостоши градот. Фабриките пропаднаа, се случи ТАТ...се случи 2001. Сето тоа имаше последици...станавме културна метропола (читај некропола) на градскиот кичерај.

Станавме град на култура - со пропадната култура. Уметници (лижачи на пластика и фотографи), Филм ленд (Меѓународен фестивал во полураспаднат театар а.к.а дом на култура а.к.а центар за култура – жива срамота за државата) и сето тоа украсено со жени со хулахопки во тигрест дезен, со дифтици околу вратот, кои своите дебели газови (специјално негувани во Пица-бар „Буре“) се возени од 20 години старите и дотраени BMW-а и Passat-и.

Своето место под Сонцето и сонот за таквиот авангарден живот, ги исполна улиците со еден милион таксисти, а кафулињата со исто толку келнери.

Смислата во животот младите го сфатија како да фатат газ на стјуардеса и притоа да неможат да бидат слезени од авионо(т), а другите со своето лажиче од еспресото или мрсното макијато како мачори демнеат по Широк Сокак насладувајќи се на убавите и обилни задници на тигрестите дами отворајќи кредит наречен „Пиши ме браат“ притоа чекајќи ја платата на „Старио“ од РЕК (во просек околу 45000 денари со средно образование), за кредитот да се покрие.

Сред сета ова врвулица од дебили и медиокритети, човек нормално си го поставува прашањето „Каде по ѓаволите е интелегенцијата тогаш, каде се дежурните критичари...каде е критичната мисла во градот?!“

Критичната мисла, за жал ја градат само ретардирани новинари кои своето критично мислење го градат во партиските штабови и/или газдите на телевизиите. Главна вест на телевизија е некоја мочана стихозбирка од Еди Којси кој немал што да прави на местото „државен работник“ и седнал да пишува поезија и своето почесно место го зема во емисијата Локални Дијагонали.

Џабе е и епитетот „Универзитетски град“ кога оние најистакнатите интелектуалци (професорите и асистентите) се претопуваат во оние најниските и најподлите членови во општеството.

Социјалното општење е сведено само на Фејсбук, а во кафуле повеќето се прават дека не се познаваат. Премногу се зафатени со оговарање на онај мал круг луѓе кој вистински го познаваат и онај поголемиот за кој поима немаат и измислуваат приказни се со цел да го задржат вниманието на слушателот.

Во овој град е лошо да си различен, лошо е да имаш поинакви размислувања од другите и најстрашно е да не ги сакаш работите што другите ги сакаат. Тогаш си означен како налудничав, наркоман, нетокму, штракнат, улав, ненормален, добиваш бесплатна дијагноза врз база на фамилијарните и за тебе непознати болести.

Ноќните клубови се места каде се оди или да се мажат/женат со некој/а од Австралија или да ја прошетаат својата најнова облека порачана од Шутград (Шутка – Скопје). Групирани во групи од 2 до 4 „социјализираат“ и „си врват супер“.

Битола е друг Универзум. Универзум на слабо и бавно течење на времето. Времето како мрзливко ги провлекува своите калилви пантолони низ Широк Сокак, со интелектуално поместување на полжав после дожд.

Долги години преку глава ми е од илијадниците медиокритети кои во градот се величат како истакнати дејци во бизнисот, културата, уметноста, образованието.

Концептот за напредување е непознат, додека концептот за „снаџи се – па живи...са мање посла“ е она вистинското мото по кое сите се движат во животот и на сите треба да ни биде мото

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2011 во 21:56
Предлагам да се отворат што е можно повеќе странски конзулати во Битола за да навистина биде и остане град на конзулите. Исто им предлагам да воведат тролејбус за градски превоз а министерството за транспорт и врски заедно со Македонски железници да испита и изнајде начин како до Битола со воз да може да се стигне за 90 минути а не 3 саата.
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2011 во 22:01
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Предлагам да се отворат што е можно повеќе странски конзулати во Битола за да навистина биде и остане град на конзулите. Исто им предлагам да воведат тролејбус за градски превоз а министерството за транспорт и врски заедно со Македонски железници да испита и изнајде начин како до Битола со воз да може да се стигне за 90 минути а не 3 саата.

Првата идеја можеби може да се оствари со малку повеќе труд, пред се лобирање и нудење поволни услови. Но тролејбусот и железничката е троа повисока инвестиција. 
Добро е Битола да се развие малку зошто од Конзулски Град полека станува провинција а комшиите од Прилеп полека ги поминуваат во категоријата посреден и поквалитетен град за живеење.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 01:15
А штета, Битола е преубав град, а и Пелистер е блиску... еве уште една идеја: на Пелистер нека постават повеќе турбини-ветерници од кои домаќинствата би се снабдувале со ефтина или дури и бесплатна струја (е сеа, една турбина е околу 2 мил. евра сосе монтажа )

Изменето од Majkl - 17.Декември.2011 во 01:15
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 14:22
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2012 во 14:00
ПРЕКАРИ ВО БИТОЛСКИОТ КРАЈ ....

Распусто – оти е роден на 10 јуни

Лагата! - оти има куси нозе :)

Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи

Свиокот - живеел на некоја кривина!

Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Сантимо - за сантим немал два метра кутар тој 199цм....

Ајкула - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале

ЌОШО - оти Ивица се вика

ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!

Мутето - Оти мајка му и татко му глувонеми биле

ДРЏ - домашна расна џукела

Нитрото - оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"

Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет

ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса

Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца.

Ленче шц - сите машки шц праеле ко ќе поминела кркркр

Џоле - Салафета ! оти женска му има фабрика за салфетки

Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!

Кофчегот - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка :)

Индексо 2 - единствен во друштво со факултет

Децималнио - не е баш „точен“, нормален

Ќор - Оти на сите му викаше „Кај си Саша“ :)

Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“

ФЛОРЕ - оти љубовницата му се викаше Флорида

Казанова – оти ко казан бил во главата

Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично

Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска

Струјата - оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката......исто така познат како Мики-добиено по неговиот мачор...........исто така познат како Коцка-не се знај оти..

РАБРАТА - професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)

Поштенио - оти секој ден покрај поштата поминвал.

Коцката - Оти многу бил многу по коцкањето

Тротоаро - Оти едната нога му била покуса и му идела таман на тротоар да се качи.

Сатаро,Mачоро,Cаксo... - истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари...РАНДОМО го завикаа!!

Педеро - едно чупе му се пуштало и ко прашала дали се знај со некој другар, овај му рекол - се знам ептен, кај е тој да го ебам, и ова си помисли стварно дека е педер.

Крефкото - оти нон стоп фаули барал фудбал ко ќе играле.

Бојата - оти бил гламна црн.

Школскио - роден на 1 септември

Беќаро - оти три пати се женел и се разведвал.

Финио- оти ошол на поседок кај брачедите во Финска

КаГеБе (КГБ) - оти ко ќе играл кантер сите го барале.

Маката - оти кога да го побарале другарите за излегвање викал неможам брат мака ми е.

Блинкеро - Оти трепкал нон стоп со очите.

Дубако - од шо бил дебел ко во дубак да бил клаен (дубак да имал голтнато)

Наиме - го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ - одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и такаНАИМЕ го завикале!

Рингла - на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата

Празнио - избегал од час и после му се вадел на професорката дека бил да ја прегледа глата и ко го прашала професорката шо му нашле овај му рекол НИШТО.

Тушнико - оти бил билдер

Кенгуро - Австралијанец кој живеј во Битола.

Пичкуро - за ова не би објаснувале.

Марката - оти носела само брендирана (марка) гардероба

Ќофтето - Оти ко ја прашале кај се стрижеше место кај Кебапо (прекар на фризер во Битола) рекла кај Ќофтето.

Кокошката - оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале кокошката ги тргнал пилињата.

Кртишо (lat. KRTISHO) - Ко играле Warcraft наместо KRISHO како што се потпишувал стално, му фатила и „Т“ -одма до „R“- (сега сите видете се в тастатура...)

Млекото - оти многу бел бил во фацата.

Ремено - бил многу слаб и двапати го вртел ремено.

Тоблеронето - оти фризурата му била како „Тоблероне“ чоколадата

Мозоко - оти на сите му делел ум.

Ајваро - оти ко мал си мачкал лепче ајвар и излегвал надвор

Акмако - оти ко се запознавала со Паљачо (пејачо на Чоканче) препрашала 3 пати како се вика и за да памти поубо Паљачо му рекол - абе како за палење, Упаљач ама без У - Паљач ме викат. Друго ден по корзо го видела и почнала да му вика Акмак (некако за палење Чакмак му дошло дека е).

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2012 во 21:30

Инсталација: Да ја воскреснеме Битола


STEVO_instalacija_1

Битолскиот Широк Сокак беше збогатен со нови урбани додатоци. Група на млади креативци во текот на ноќта по најпознатата пешачка улица во Македонија постави една уметничка инсталација со цел да ја пренесе својата велигденска порака до своите сограѓани. Инсталацијата се состои од голем број на алтернативни плакати во вид на велигденски јајца во различни бои на кои со спреј е испишана пораката „ДА ЈА ВОСКРЕСНЕМЕ БИТОЛА".

STEVO instalacija 2

Истите се поставени на еколошки и недеструктивен начин со едноставно прикачување на канделабрите или дрвјата низ битолското корзо. Младите креативци преку оваа инсталација сакаат до сите минувачи да апелираат за повторно обновување и оживување на духовните и кулутрните вредности на нивниот град за кои сметаат дека одамна се изгубени. Со суптилно користење на материјални и просторно-временски симболики, младите ентузијасти своето дело неслучајно го поставуваат на денот кога се бојадисуваат јајцата во пресрет на најголемиот христијански празник - Велигден. Нивната единствена цел е преку јасна порака да ги повикаат сите Битолчани да создадат нова визија за активно живеење во својот град, да престанат со пасивно набљудување и вегетирање во „идиличната атмосфера на малиот град", да излезат од маргините на секојдневната монотонија, да ги напуштат стереотипите и предрасудите, да му одолеат на светото битолско тројство: пиење кафе, оговарање и продефилирање низ корзо. 

STEVO instalacija 3

Сите ние треба да тежнееме кон создавање на нови урбани вредности кои ќе го поттикнат развојот на секоја индивидуа и на секој колектив, а притоа повторно ќе ги реконструираме и ќе ги афирмираме изгубените културно-историски и духовни вредности на нашиот град. Само со таква зрела, напредна и развиена состојба на духот, во која спонтаноста на моменталната акција преовладува над бесцелната рутина, повторно ќе можеме, не само механички, да кажеме дека сме горди што сме Битолчани. Вака напишале до известувањето до медиумите групата Анти Пасивисти.





Изменето од mungos80 - 14.Април.2012 во 21:31
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2012 во 21:31
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2012 во 01:52
http://www.konzuli.com/index.php/kolumna/182-a-na-kafe-be-brat

Ај на кафе бе брат!
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2012 во 01:55
Нашиот ни "Широк сокак" 


Живеам во градот на конзулите, познат и како градот на (не)културата. Или можда екс градот на културата, пошто се е пренесено во Скопје, а ни останаја уште мајмуните и мајмунките. Али, ќе биди океј - ќе се трудиме да го издигниме, дека си го поштовам градот и населбата, а сигурно и дел од луѓето во него.

ПСИХО-ФИЗИЧКИ ПРОФИЛ НА УБАВ ДЕЛ ОД БИТОЛЧАНИ:

БИТОЛЧАНЕЦ: Его надуено ко хормонски нагон на Тарзан пред Џејн, љубител на кафе и цигари камуфлирани во поскапа пакета од реалната (маркетинг); трачарски предиспониран ко баба на чешма во Логоварди; добар очен капацитет корисен при набљудување на женски предмет; добри дишни патишта и дишни органи за дуење при движење низ Широк Сокак (проба на свежо стекнати мускули или намуртеност: Шо ме гледаш бе да ти е**м матер?); Прост ко точак на помошни; елоквентност ко вработен во Комуналец и слично.



БИТОЛЧАНКА: Штикла од петнајсе и пол сантими (или патики, ако оди на кафе во Горното веро); истакнати свежо депилирани нозе и миник; бунда слична на кожите од камена доба (летат влакна ко кокошка во период на полово општење); шминка - на фаца пудра од десет грама (дебел слој, колку слојот на фасадите од ЈUB), двослоен кармин со истакната боја (двослоен - нанесен на два пати) кој свети ко сакото на Тошо малерот, сенка - уште појака од карминот или сума сумарум шминка "селска свадба". Екстремно добри трачарски способности еквивалентни на истовремена посета на чешма на три баби во Прибилци; задолжителен шмизлички потенцијал; љубителки на кафе и цигари (давидов слим и кафе со шлаг) и така натака.



Во кратки црти, ова би бил психо-физичкиот профил на "истакнати" Битолчани. (Истакнати не подразбира мнозинство, а можда и подразбира. То го оставам на анализите, анкетите и индивидиалното искуство на секој од вас).

ШИРОК СОКАК - модна писта за дефилирање на аматери "манекени и манекенки" кои вршат промоција на "модни новитети" (локални алишта кој можиш да ги најдиш во секој бутик и сите се "марка и оригинал" - читај made in Тунгузија, Орешец или на друго место, од ефтина работна рака), а воедно и тестирање на новиот надуен чекор (вежбан при секоја сабајлечка гаргара пред огледало).

Манекен или манекенка во конкретниот случај (при општа квалификација) подразбира шимпанзо, горила, магаре или коњ - за машки род и кобила, крава или Гица прасица - за женски род.



ДНЕВЕН ВИКЕНД РАСПОРЕД:

МАШКО: Станвање во 9-10 сатот (во школски ден од пладневна смена се успива до 1 без петнајсе, а сабајле ескивира од првите два часа), брз доручек, третина сат пред огледало, десет минутен избор на алишта (зависно од кафичот: дали ќе оди во Ин, Legend, Iguchi - поуба позиција за мањачење и обично тешко достапна, Интермецо - поскриена и слично). Во 11 се чека пред сато со уште 2-3 пендраци (поретко со другарка за на кафе), па дефилира низ Широк сокак и седнува в'кафич на стратешка позиција со лицето кон пистата за дефилирање. Го пие кафето и водата, пали едно пет цигари, а ако има добар мобилен со интернет конекција - дава детална информација на фејсбук за составот на друштвото, кафичот и климата внатре. Пример: "Пиеме кафе со Трајко, Петранка и Ванѓа во Интермецо бе браат. Ногу е јако."

Е са, "Ногу" е намерен мутиран збор кој во случајот е искористен како акцент на смислата за хумор на кафе-пијачите. Тука се подразбира и сочен коментар за газ, фаца и цицки на тазе видено чупе. Полека се прибира дома, дремнува на фејсбук, па пак истиот процес само малце пролонгиран (избор на облека и еколошки додатоци за спас на околината: парфем, туширање, дезодоранс и паста за заби), па се упатва "на кафе" - водка, коктел, коњак или пиво. Сокче поретко. Таму шмека некоја локална келнерка, а успат и 2-3 чупиња на маса без машко друштво и стратешки упатва пијачки на негова сметка - частење без да ја фатиш частената. (Освен ако не фрлиш пет "кратки" - скапи пијачки и не си дојден со колата, која не е стоедно, југо или фичо). Скока лево-десно со испотена мишка на сетот на некој селски диџеј (корисник на лаптоп и усб транспорт на музика, а воедно и интернет - за да ја набави истата) кој удира опасна комбинација на турбо фолк трансформирано во драм ен бејс или хаус, рап од 50 cent и Lil Wayne, една-две екс ју (да ги фати чупињата на емоција) и хитој за тековната година. После то, оди во поход накај некој локален клуб да џуска, па да тера дома со мирна гла.

ЖЕНСКО: Речиси идентично, само триплирај (3 x X = нивната домашна подготовка - шминкање, пеглање, капење, облеквање и слично, кај шо "X" е време потребно да се спреми едно машко изразено во минути). Можно е и 5X, зависи од типот на женското. Додај го тука и трачарењето (стручна оценка на вечерниот изглед на чупињата или машките во близина, изборот на друштво и слично).

Исто така, додај ја и селандурската препотентност (шмизла) ко ќе и пристапи машко: "Пали селанец еден, не знајш ти јас која сум, кој ми е другар, кај одам.. Џабе ти се пијачките уруп еден, не ме купваш ти мене со водка" (Со коктел ќе ја купиш - или три коктели. Алтернатива: колата на паркингот кај Интермецо, за која шо детално ќе ја известиш).

И логична, втора епизода, за да го доистакни носот-облакодер кој е сместен во облаци и полн е мрсули: "Оди барај си друга малолетничка, не ме замарај мене, јасно? Ќе шеташ на патерици, ако те запознам со другарите." Тука, секој збор e со посебна интонација (редовно вежбана пред огледало), со цел да биди целосно доловен моментот на одбивност. А иначе ќе црвоса сама со другарка и' цела вечер, али не и требаш ти селанчуго. Сфати!



Клучна е и ВПШ зоната (Вашата Последна Шанса) која користи како одмор  од дефилирањето, потенцијално трачарење, мување, грицкање на семки и сончоглед и слично. Се користи и во моменти на исцрпен вечерен буџет.

Ова отприлика би било во кратки црти како изгледа едно сабајле и една вечер на Широк сокак.
Изоставив доста работи, али во интерес на времето и мрзата на читалелот, а воедно и мојата.

Драган Милевски
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 13:44

Британската веб страна „Skyscanner“, преку која можат да се најдат најевтините летови низ светот, го смести нашиот град на конзулите и трговците, Битола помеѓу седумте европски градови кои кај и да е ќе постанат големи туристички актракции.

bitola-sirok-sokak

На нивната страна Битола е опишан вака: „ Во времето на Отоманската империја, туристичките водичи ја нарекуваа „рај за купувачите“. Битола се наоѓа помеѓу Виена и Истанбул и некогаш имал седум пазари и 2.000 продавници, а денес истиот е вториот најголем град во Македонија и привлекува малку туристи. Се наоѓа помеѓу прекрасни планини и источноевропска архитектура и атмосфера, па не е ни чудо што за неа се напишани над 500 песни. Нејзиното време повторно ќе дојде“.

Имено, Битола, или за нас уште попознат како градот на конзулите и трговците, на листата е сместен помеѓу други шест градови Чешки Крумлов- Република Чешка, Бидгошч- Полска, Клермон Феранд- Франција, Калининград- Русија, Гимараеш- Португалија и Припјат- Украина.



http://www.skyscanner.net/news/articles/2012/05/012715-7-secret-cities-in-europe.html

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.