IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Битола град на Конзулите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Битола град на Конзулите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
Автор
Порака Обратен редослед
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 14:22
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 01:15
А штета, Битола е преубав град, а и Пелистер е блиску... еве уште една идеја: на Пелистер нека постават повеќе турбини-ветерници од кои домаќинствата би се снабдувале со ефтина или дури и бесплатна струја (е сеа, една турбина е околу 2 мил. евра сосе монтажа )

Изменето од Majkl - 17.Декември.2011 во 01:15
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2011 во 22:01
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Предлагам да се отворат што е можно повеќе странски конзулати во Битола за да навистина биде и остане град на конзулите. Исто им предлагам да воведат тролејбус за градски превоз а министерството за транспорт и врски заедно со Македонски железници да испита и изнајде начин како до Битола со воз да може да се стигне за 90 минути а не 3 саата.

Првата идеја можеби може да се оствари со малку повеќе труд, пред се лобирање и нудење поволни услови. Но тролејбусот и железничката е троа повисока инвестиција. 
Добро е Битола да се развие малку зошто од Конзулски Град полека станува провинција а комшиите од Прилеп полека ги поминуваат во категоријата посреден и поквалитетен град за живеење.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2011 во 21:56
Предлагам да се отворат што е можно повеќе странски конзулати во Битола за да навистина биде и остане град на конзулите. Исто им предлагам да воведат тролејбус за градски превоз а министерството за транспорт и врски заедно со Македонски железници да испита и изнајде начин како до Битола со воз да може да се стигне за 90 минути а не 3 саата.
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2011 во 00:22

Најградскиот град во Македонија кој се разбира е како изгубен уметник, „несфатен од сите“ за неговата големина, раскош и убавина,...така...си талка низ годините приспомнувајќи си за златната доба кога бил главен град (во Турско), кога Вагнер (Рихард Вагнер) свирел сонати кај Фиќи на тераса (Јавна куќа) исто во Турско, кога пајтоните (читај, три штици и четири столици поврзани на коњот Дорчо) шетаа по улиците, а „дамите“ фрлаа шамивчиња очекувајќи некој младич да се стрча да не падне на калилавата калдрма, за на крај да добијат едно кабадајско долго и грло-гре*ачко „Шо е мори?!...да не сакаш да ти го фатам шамифчето...да ти се помочам во него“. (и ова во Турско).

Годините врвеа, конзулите фатија вид-виделина, војните се множеа, градо(т) под Пелистер полека се китеше со секакви рани и не-рани-мајковци. Се градеа легенди,... што во позитивна што во негативна смисла. Од сите тие бомбардирања, напалм бомби, токсични гасови,... преживееја кафето, кабадајлуко и „але шо збораш?!“.

Дојде...и си замина Тито. Испи кафе, се искабадајлучи со Кадилакот низ градот, а за возврат ја доби најголемата кабадајска чест – Улицата а.к.а Корзото да го носи неговото име.

Транзицијата го упостоши градот. Фабриките пропаднаа, се случи ТАТ...се случи 2001. Сето тоа имаше последици...станавме културна метропола (читај некропола) на градскиот кичерај.

Станавме град на култура - со пропадната култура. Уметници (лижачи на пластика и фотографи), Филм ленд (Меѓународен фестивал во полураспаднат театар а.к.а дом на култура а.к.а центар за култура – жива срамота за државата) и сето тоа украсено со жени со хулахопки во тигрест дезен, со дифтици околу вратот, кои своите дебели газови (специјално негувани во Пица-бар „Буре“) се возени од 20 години старите и дотраени BMW-а и Passat-и.

Своето место под Сонцето и сонот за таквиот авангарден живот, ги исполна улиците со еден милион таксисти, а кафулињата со исто толку келнери.

Смислата во животот младите го сфатија како да фатат газ на стјуардеса и притоа да неможат да бидат слезени од авионо(т), а другите со своето лажиче од еспресото или мрсното макијато како мачори демнеат по Широк Сокак насладувајќи се на убавите и обилни задници на тигрестите дами отворајќи кредит наречен „Пиши ме браат“ притоа чекајќи ја платата на „Старио“ од РЕК (во просек околу 45000 денари со средно образование), за кредитот да се покрие.

Сред сета ова врвулица од дебили и медиокритети, човек нормално си го поставува прашањето „Каде по ѓаволите е интелегенцијата тогаш, каде се дежурните критичари...каде е критичната мисла во градот?!“

Критичната мисла, за жал ја градат само ретардирани новинари кои своето критично мислење го градат во партиските штабови и/или газдите на телевизиите. Главна вест на телевизија е некоја мочана стихозбирка од Еди Којси кој немал што да прави на местото „државен работник“ и седнал да пишува поезија и своето почесно место го зема во емисијата Локални Дијагонали.

Џабе е и епитетот „Универзитетски град“ кога оние најистакнатите интелектуалци (професорите и асистентите) се претопуваат во оние најниските и најподлите членови во општеството.

Социјалното општење е сведено само на Фејсбук, а во кафуле повеќето се прават дека не се познаваат. Премногу се зафатени со оговарање на онај мал круг луѓе кој вистински го познаваат и онај поголемиот за кој поима немаат и измислуваат приказни се со цел да го задржат вниманието на слушателот.

Во овој град е лошо да си различен, лошо е да имаш поинакви размислувања од другите и најстрашно е да не ги сакаш работите што другите ги сакаат. Тогаш си означен како налудничав, наркоман, нетокму, штракнат, улав, ненормален, добиваш бесплатна дијагноза врз база на фамилијарните и за тебе непознати болести.

Ноќните клубови се места каде се оди или да се мажат/женат со некој/а од Австралија или да ја прошетаат својата најнова облека порачана од Шутград (Шутка – Скопје). Групирани во групи од 2 до 4 „социјализираат“ и „си врват супер“.

Битола е друг Универзум. Универзум на слабо и бавно течење на времето. Времето како мрзливко ги провлекува своите калилви пантолони низ Широк Сокак, со интелектуално поместување на полжав после дожд.

Долги години преку глава ми е од илијадниците медиокритети кои во градот се величат како истакнати дејци во бизнисот, културата, уметноста, образованието.

Концептот за напредување е непознат, додека концептот за „снаџи се – па живи...са мање посла“ е она вистинското мото по кое сите се движат во животот и на сите треба да ни биде мото

Кон врв
TENDO Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TENDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 11:48
За љубителите на пишаниот збор во Битола, се отвори нова книжарница кое е единственото место во градот каде може да се најдат изданијата на издавачките куќи Матица, Магор, Темплум, Или-Или, ...

Освен продажба на книги по најповолни цени нуди и комплет од книжарски производи и услуги: Фотокопирање, канцелариски материјали, школски прибор, обрасци, укоричување, пластифицирање, ...
  
 
 
Реклами не се дозволени! - Santijago


Изменето од Santijago - 24.Октомври.2011 во 12:16
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 10:43
Битола во заеднички проект на 11 градови од Европа
 
 
Во 11 европски градови на 11 ноември ќе се одржи заеднички проект уметност во живо „Размени ги радикалните моменти“ www.11moments.org, а коорганизатор за Македонија е битолската невладина организација „Елементи“.

Macedonia_Bitola-sirok-sokak

Овој несекојдневен настан ќе се одржува од 0 до 24 часот на плоштадите во Берлин, Битола, Кишињев, Линц, Ливерпул, Лондон, Париз, Прага, Рига, Слубфурт и Стокхолм.

- Во Битола ќе престојува американскиот уметник и предавач Роб Андриус кој на неколку локации на Широк сокак ќе го изведе перформансот „Чисто“ со миење на стапалата на 11 луѓе што претставува хуман прочистувачки ритуал. Ова дело не конфронтира со нашите предрасуди во врска со тоа што е приватно, а што јавно, вели Билјана Исијанин од НВО „Елементи“-Битола.

На 11 ноември во 11 часот уметникот Игор Тошевски кој дипломирал графика на Ликовната академија во Хелсинки на битолскиот пазар ќе презентира истражување, симулација на Утописки систем што би се рефлектирал на неизбежната де-територијализација и фрагментација на локалните етнички групи, но не само на Балканот туку низ цела Европа, додека пак во терминот од 11:11 до 23:11 часот уметниците Билјана Исијанин и Александар Гроздановски ќе промовираат полупразна книга со мисли и слики чии празни страници ќе може јавноста сама да ги дополнува.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 16:15
Битола во полн сјај

Атмосферата по реставрираното автентично шеталиште ќе биде иста како во 18 и во 19 век, велат од Музејот и завод во Битола

Се наѕира крајот на проектот за реставрација и ревитализација на фасадите на Широк сокак во Битола, кој почна пред 12-ина години. Поволните временски услови есенва овозможија стручните лица од НУ "Завод и музеј" да ги приведат кон крај работите на трите фасади за кои годинава добија средства од Министерството за култура.
"За в година останува да се реставрира уште една фасада, со што, конечно, Широк сокак ќе блесне со целиот свој сјај, па прошетката по него ќе биде своевидно враќање во минатото, односно во крајот на 18 и почетокот на 19 век, откога датираат објектите", вели директорот на Заводот Зоран Николовски. "За да се задржи автентичноста на фасадите, беше ангажиран цел тим стручни лица, кои правеа сондажни истражувања за да се утврдат бојата и малтерот што се користел за градба, дрвенаријата и металните огради на балконите. Се повикуваа и на старите фотографии, но и на колективната меморија. За најверодостоен се зема првиот слој боја, па затоа имаме сини, жолти, бели фасади. Стилот на градба претежно е неокласицизам, кој се практикувал во поголемиот дел од Европа, па имаме влијанија од Италија, Австрија, Украина, зависно од каде доаѓале тајфите ѕидари", кажува Николовски. "Големо било и влијанието на конзулите, кои при градбата на конзуларните претставништва вметнувале и дел од културата на земјата од која доаѓале. За жал, не може да се интервенира на зградите градени во времето на социјализмот, кои не се вклопуваат во целосниот амбиент. Тие ќе останат како споменици на соцреализмот", објаснува Николовски.
По завршувањето на проектот со кој беа обновени фасадите на над 60-ина објекти од Саат кулата до Офицерскиот дом, ќе се започне со реставрација на објектите околу централното градско јадро и Старата чаршија.

Куќата на "Сингер" била прва со тоалет

При реставрацијата на фасадите на Широк сокак во изминатите години, екипите на битолскиот Завод за заштита на спомениците наидувале на доста интересни моменти. Една од пикантериите кои ги кажуваат е врзана за куќата во која било сместено претставништвото на германската фирма "Сингер" за производство и продажба на машини за шиење. "Тоа била првата куќа во Битола која имала тоалет во својата внатрешност. За нејзината градба биле вложени доста пари. Била ѕидана со шамотни, огноотпорни тули, кои речиси никогаш не се користат во архитектурата, зашто се многу скапи", ни рече Николовски. Наидувале и на неповторливи дрвени тавани, убави ѕидани камини, фотографии. Велат дека секоја куќа на Широк сокак во себе крие многу приказни, многу радости, но и трагични моменти
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 21:37
Originally posted by емил емил напиша:

<SPAN id=ArticleTitle =WB_VEST_Naslov>Се открива средновековната Битола</SPAN><SPAN id=ArticleSummary =WB_VEST_Podnaslov>"Најстариот културен слој до кој стигнавме е од крајот на 6 век", изјави археологот Гордана Филипоска - Лазаревска</SPAN>Во непосредна близина на Битола, археолозите од НУ "Завод и Музеј" открија воено утврдување од 13 век, кое треба да помогне во одредувањето на границите на средновековна Битола. Откритието е во местото кое битолчани го викаат Тепсија, кај месноста Баир. "Се работи за воено утврдување кое го чувало преминот преку реката Драгор, денешен Црн Мост. Врз основа на пронајдените керамички фрагменти и вкопаните основи од куќи, можеме да констатираме дека тука и порано имало градби. Најстариот културен слој до кој стигнавме е од крајот на 6 век", изјави археологот Гордана Филипоска - Лазаревска. Во границите на утврдувањето пронајдена е и некропола со 8 скелети на лица што се погребувани на два начина. "Првите, кои датираат од 11 век, се погребани во јама со профилација околу главата, т.н. антропоморфни погребувања. Другите, пак, се од 12-13 век. Тука покојните се положени на плеќи со прекрстени раце преку стомакот", ни рече Филипоска - Лазаревска. Според неа, откриеното воено утврдување кај Битолското кале каде што се наоѓаат и остатоци од Катедралната црква од 10-11 век, е дел од системот за утврдување околу средновековна Битола. Во најновите ископувања, освен керамичките артефакти, пронајдени се железни клинци од сандаците во кои биле закопувани покојните, како и еден печат од 927 година од времето на Константин Седми Порфирогенит, кога Византија со арапскиот свет имала добри дипломатски и трговски односи. Посебно внимание привлекуваат малите ротулуси, свиткани метални плочки во вид на цилиндар, кои конзерваторите наскоро треба да ги отворат и да видат дали во нив има некаков пишуван материјал.


Ооо време да видиме нешто и од средовековна Битола.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 20:25
Originally posted by zaptija zaptija напиша:

Во Битола имаме болештина скинхед Тип-1 IQ под 80 какви што дијагностицирав,а дал кукест крст ил вергина сеедно е,значи убави се со триесет заби

Епа и овој Примерок исто јаде многу ќотек,ама не му иде умот.

Абе таквите не креираат македонштина...креираат ГЛУПОСТ и ОМРАЗА(без основ) уствари се репрезентативен примерок на една штетна нуспојава,треба ваљда МВР да преземе мерки не за друго шират Глупост,а и уфилмуваат мали дечишта да се облакат така па да бидат горди со свастиката ил со рајхсмаршал тетоважа(на срцето)...значи точно било...туку ајт примероков што го дијагностицирав нема потенцијал да ја рашири глупоста низ други градови што знам после војска беше два-три пати пак битола ама ефектот е тој..ем Е**н ем Тепан..скоро и физички нападна МВР па ќе се вади ко бош е ментално ретардирана особа..(онаа од електрични оргазам) ,едно малце има заби,друго мисли дека хитлер го убиле евреите и затоа ги
мрази.ЛОБОТОМИЈААА


Mislam stvarno strasno e ova so go napisa i mislam nema nikakva realnost ni vistina,kako prvo ne e kulturno da go mesas gradot BITOLA so vakvi pojavi koi nekogas se pojavuvale grupa na mladi ljuge ama da napomenam pred 15 godini imase takvi grupi toa ne samo vo bitola sekade niz makedonija skopje narocito najpoveke,znaci nemoj da mesas babi i zabi posto stvarno e glupo grad na kultura i tradicaja da go narekuvas so takvi pojavi koi nemat nikakva vrednost ni nekoe znacenje,i bezveza e toa non stop da se zbora gledam na mediumi isto i e glupo posto vo bitola nema poveke takvi grupi skin head i koga gi imase nemu davaja nikoj vaznost posto tie si go iskazvaja nivniot revolt nesvatliv ali ova so slikata sto go kazuvas sramota e da pisis posto e mnogu glupo da go spomnuvas cel grad za 3 ili 4 ljuge koi bile nekogas takva pojava,i da ti napomenam bitola veke stanva poleka evropski grad koi gi sledi site tradicii kako grad na kulturata i napreduva vo sekoj cekor,i za na kraj stvarno koga nesto ke sakas da objavis vo revolt sprema nekoj nemoj da go obvinuvas cel grad mislam smesno e od tvoja strana i ne e za komentar ......
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 16:43

Бесплатен автобуски превоз за учениците од Битола 

Советничката за образование од општина Битола, Снежана Петровска, изјави дека согласно со законот за основно и средно образование, превозот на учениците ќе биде бесплатен во текот на школската година. Превозот на учениците од основните и средните училишта се извршува со 40 автобуси и минибуси.
дадада
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 14:11
Се открива средновековната Битола

"Најстариот културен слој до кој стигнавме е од крајот на 6 век", изјави археологот Гордана Филипоска - Лазаревска

Во непосредна близина на Битола, археолозите од НУ "Завод и Музеј" открија воено утврдување од 13 век, кое треба да помогне во одредувањето на границите на средновековна Битола. Откритието е во местото кое битолчани го викаат Тепсија, кај месноста Баир. "Се работи за воено утврдување кое го чувало преминот преку реката Драгор, денешен Црн Мост. Врз основа на пронајдените керамички фрагменти и вкопаните основи од куќи, можеме да констатираме дека тука и порано имало градби. Најстариот културен слој до кој стигнавме е од крајот на 6 век", изјави археологот Гордана Филипоска - Лазаревска. Во границите на утврдувањето пронајдена е и некропола со 8 скелети на лица што се погребувани на два начина. "Првите, кои датираат од 11 век, се погребани во јама со профилација околу главата, т.н. антропоморфни погребувања. Другите, пак, се од 12-13 век. Тука покојните се положени на плеќи со прекрстени раце преку стомакот", ни рече Филипоска - Лазаревска. Според неа, откриеното воено утврдување кај Битолското кале каде што се наоѓаат и остатоци од Катедралната црква од 10-11 век, е дел од системот за утврдување околу средновековна Битола.
Во најновите ископувања, освен керамичките артефакти, пронајдени се железни клинци од сандаците во кои биле закопувани покојните, како и еден печат од 927 година од времето на Константин Седми Порфирогенит, кога Византија со арапскиот свет имала добри дипломатски и трговски односи. Посебно внимание привлекуваат малите ротулуси, свиткани метални плочки во вид на цилиндар, кои конзерваторите наскоро треба да ги отворат и да видат дали во нив има некаков пишуван материјал.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 01:47
Originally posted by zaptija zaptija напиша:

Во Битола имаме болештина скинхед Тип-1 IQ под 80 какви што дијагностицирав,а дал кукест крст ил вергина сеедно е,значи убави се со триесет заби

Епа и овој Примерок исто јаде многу ќотек,ама не му иде умот.

Абе таквите не креираат македонштина...креираат ГЛУПОСТ и ОМРАЗА(без основ) уствари се репрезентативен примерок на една штетна нуспојава,треба ваљда МВР да преземе мерки не за друго шират Глупост,а и уфилмуваат мали дечишта да се облакат така па да бидат горди со свастиката ил со рајхсмаршал тетоважа(на срцето)...значи точно било...туку ајт примероков што го дијагностицирав нема потенцијал да ја рашири глупоста низ други градови што знам после војска беше два-три пати пак битола ама ефектот е тој..ем Е**н ем Тепан..скоро и физички нападна МВР па ќе се вади ко бош е ментално ретардирана особа..(онаа од електрични оргазам) ,едно малце има заби,друго мисли дека хитлер го убиле евреите и затоа ги
мрази.ЛОБОТОМИЈААА


Легендо што има врска ова со градот Битола,да не случајно нацизмот е битолски производ?
Втора порака и одма си експерт за се.Или можи ти си од сликата,зошто толку и ти имаш во тоа црпката.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 15:08

Ново фудбалско игралиште во Могила

Извор: Макфакс
Битола

Фудбалско игралиште во Могила, што е дел од владината програма за изградба на „50 помошни фудбалски игралишта“ низ целата држава, во понеделник е свечено пуштено во употреба.

Игралиштето е со димензии за одигрување меѓународни натпревари, соблекувална, монтажни трибини, дренажен систем и осветлување за одигрување натпревари во вечерните часови.

Со изградбата на игралиштето, овој дел на земјата добива можност за професионално развивање на фудбалот

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.