IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Чоколадо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чоколадо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2014 во 17:32
Преубаво ељубов

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 14:02

Во чоколадото уживаме сите, секојдневно! Но, кога ќе дојдете во Белгија, домот на најпрефинетите чоколади во светот, сфаќате дека таа е вистински луксуз, а не потреба како што мислевте.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-01

За поимот haute couture сигурно сте слушнале. Но, знаевте ли дека постои и поим haute chocolaterie?

Ако малку размислите, сигурно ќе погодите.

Баш како што во модата се вреднува секој модел од париска couture куќа, така овие мали ремек-дела се вреднуваат многу повисоко во споредба од чоколадото кое го купувате во најблискиот супермаркет.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-03

Sam Marcolini е сон на секој љубител на чоколадите. Кутијата пралини со негов потпис звучат така слатко и симпатично, но добро упатените хедонисти знаат дека тие се главната причина за сладок банкрот.

Sam Marcolini е предизвикан од креирањето на што посовршени пралини и секојдневно се обидува да одговори на модните предизвици кои бараат богат вкус, детална текстура, но пред сè - помала тежина.

Затоа, неговите пралини тежат само 6 грама. А верувајте, најголем грев кој можете да го направите е да дозволите да ви се растопат низ прстите.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-04

Луксузот не би бил целосен ако не постои третман на највисоко ниво. Кога ќе влезете во модерниот минималистички уреден простор и зачекорите по мекиот црн тепих, ќе ве обземе чувство на луксуз и разгаленост.

Таму ќе ве пречекаат веќе подготвени кутии полни со слатко уживање, а ако преферирате истата да биде наполнета пред ваши очи, тогаш ќе ве послужат продавачи со елитни манири и ритуали.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-06

Ако не ви е доволно, на само неколку метри од Marcolini се наоѓа уште еден чоколаден простор кој какаото го претвора во уметност.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-12

Ако во Marcolini чоколадото го доживеавте како луксуз, тогаш Roger ќе ви докаже дека во чоколадото се крие одлична основа за светски позната уметност.

Скулптурите на оваа чоколадна куќа се големи по неколку метри и тешки повеќе од 80 килограми чисто чоколадо.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-08

Нежната текстура и богатиот вкус е уникатен само затоа што Roger деноноќно патува низ светот во потрага по најфините состојки кои се користат.

Портокалите се директно донесени од Корзика, костените од Турин, неколку годишното виски од Шкотска, а чоколадните truffles се комбинација од какао семки од Еквадор и Вануату.

koga-cokoladoto-ke-se-pretvori-vo-umetnost-07

И додека размислувате што од сето ова да пробате на својата прва дегустација, ние ви ги препорачуваме rochers потопени во чоколадно couverture или noisettes од диви лешници потопени во крцкава карамела и црно чоколадо.

А, желбата за нешто егзотично и до сега недоживеано задоволете ја со неверојатнa комбинации од лимета и босилек, Guinness пиво и виски и никако не го пропуштајте вкусот на маракујата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 23:01
Сакам ваквиплачење
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 09:27
Пронајдена чоколада со двојно помалку масти, а со ист вкус
     

Научниците на универзитетот Ворвик откриле метод со помош на кој мастите во чоколадата се заменети со разни видови на овошни сокови, без големи последици на нејзиниот вкус.

Љубителите на чоколадо ќе ги израдува веста дека замената на мастите во чоколадата со овошни сокови нема да го наруши нејзиниот вкус, а на оние кои поради големата вредност на калориите го одбегнуваат овој „сладок грев“ ќе можат конечно да почнат да го јадат, соопштуваат научниците.

Имено, со вбризгување на сок од портокал и брусница во млекото од кое се прави бела и црна чоколада, научниците успеале да докажат дека може да се намали процентот на мастите за дури 50 проценти.

Замената на мастите со овошни сокови ја одржува структурата која на чоколадата и’ дава цврстина, но и ги задржува нејзините важни одлики, како топењето во уста и истиот вкус.

Додека моменталниот процес на замена како финален продукт има овошен вкус, научниците тврдат дека тој може да се ублажи со користење на мали количини на витамин Ц наместо овошен сок.

Еден од научниците кои раководеле со експериментот рекол дека многу луѓе сакаат чоколада, но и дека знаеме дека многу содржат голема количина на масти, бидејќи тие на чоколадата и’ даваат вкус кој луѓето го сакаат, мазна свиленкаста структура и чувство на топење во устата. Сега е пронајден начин да се зачуваат овие нејзини особини, па дури и вкусот, но со овошен сок место со масти.

Сега кога е познато дека во чоколадата може да се вбризгува овошен сок, многумина се запрашале дали следниот чекор е алкохол во чоколадните табли.

Доктор Стефан Бон рекол дека тоа е теоретски возможно, но веројатно ќе биде користен поразличен начин во кој ќе се користи некој вид на желе, бидејќи директното вбризгување на алкохол засега е невозможно.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:21

Зошто толку многу ја сакаме чоколадата?


zosto-tolku-mnogu-ja-sakame-cokoladata-1

Не постои човек, кој не ужива во вкусот на чоколадата. Љубовта кон чоколадата, се раѓа најпрво од нејзиниот богат и кремав вкус.

Чоколадата ја сакаме, не само заради нејзиниот вкус туку и поради тоа што ни предизвикува едно посебно, пријатно, спокојно чувство.

Чоколадата и љубовта дефинитивно одат рака под рака. Па најчест подарок кој девојките го добиваат од момчињата, е токму чоколадата. Тоа е така, бидејќи чоколадата е еден вид на љубовен напиток помеѓу љубовниците. Бидејќи кога зборуваме за чоколадо, мислиме на секси храна, која полека, нежно ви се топи во устата.

Одлична е за вашиот сексуален живот - последните истражувања докажале, дека жените кои практикуваат редовно и секојдневно консумирање на чоколада значително си го подобриле сексуалниот живот, за разлика од оние жени кои тоа не го прават.

zosto-tolku-mnogu-ja-sakame-cokoladata-2

Освен тоа, чоколадата некои луѓе ја консумираат како еден вид ‘антидепресивно’ средство.Учениците и студентите консумираат големо количество на чоколада, заради победување на стресот токму пред испитите или тестовите.

Оние кои практикуваат секојдневно консумирање на чоколада, ќе ги израдува тоа што чоколадата има здравствени бенефеции и токму поради тоа и треба да се консумира секојденевно. Но тоа не значи, дека сите чоколади се подеднакво здрави. Онаа чоколада која поседува најмналку 70 проценти на какао е здрава и дејствува како антиоксидант, и го спречува оштетувањето на клетките и ткивата на телото. Како што потврдуваат научниците “вистинската чоколада нема млеко”.

Покрај сè, не треба да се претерува - и тоа мора да го напоменеме. Колку и да уживаме во нејзиниот сладок и нежен вкус, сепак треба да ја консумираме умерено. Чоколадата содржи многу калории и шеќери, кои би можеле да наштетат за вашето здравје(освен ако не се работи за чоколадата која содржи најмалку 70проценти какао, како што напоменавме во претходната точка).

 Без разлика дали е бела, црна, топла, млечна  не постои некој што би рекол ‘не’, на коцка чоколадо.

Колку често вие практикувате консумирање на оваа чоколадна зависност?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 17:12

Чоколадо – наш омилен грев


чоколадо

И покрај тоа што го сакаме, тоа е навистина корисно. Но само ако се консумира во умерени количества! Познато е дека 100 г чоколадо има околу 500 калории, што значи дека ова задоволство се плаќа со вишок килограми, посебно ако веќе имате проблеми со нив. Но ако се зема во мали количества, омилениот десерт може да биде мошне полезен.

Нутритивна вредност Во зависност од видот, чоколадото содржи од 55 до 62% гликоза, 30% масти и од 2 до 9% белковини, а во нејзиниот состав има доста калиум, калциум, железо, магнезиум и витамин Д. Во нутритивна смисла највредно е црното чоколадо.

Корист за здравјето Чоколадото позитивно влијае на нашето расположение, бидејќи го содржи хормонот на среќата. Ни ги одржува будноста и концентрацијата, благодарение на кофеинот, теоброминот и теофилинот, кои ја поттикнуваат работата на нервниот систем. Темното чоколадо го намалува притисокот и ја смирува работата на срцето. Исто така, го снижува нивото на лошиот холестерол. Црно чоколадо со висок процент какао може да го намали покачениот притисок во абдоменот, кај пациенти со цироза на црн дроб, што го намалува ризикот од пукање на крвните садови во овој дел од телото. Значи, чоколадото нè заштитува од чир на желудник и на цревата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:47
Десет заблуди за чоколадото

Латинското име за какао дрвото е Теобром какао, што во превод значи храна на боговите.

Но, и ние обичните смртници го обожаваме, но често пати се воздржуваме поради големиот број на лоши работи кои сме ги чуле за чоколадото. Ова се десетте најчести заблуди за најпопуларнарното слатко задоволство на светот, кои ќе покажат дека чоколадото и не е толку лошо. 

Чоколадото го подигнува нивото на “лошиот“ холестерол

Доколку досега сте го одбегнувале чоколадото со цел да го намалите холестеролот, залудно сте се жртвувале. Вистина е дека чоколадото содржи какао масти кои се полни со заситени масти, а поголемиот дел од тие масти доаѓаат од стеаринската киселина поради која чоколадото не го подигнува “лошиот“ холестерол, туку кај некои луѓе дури и го намалува. 

Чоколадото е преполно со кофеин

Вистина е дека чоколадото содржи одреден процент на кофеин, но не толку многу колку што се верува. Но, колку е чоколадото потемно, тоа содржи и повеќе какао. Сепак, зависниците од кофеин сигурно нема да сакаат кафето да го заменат со чоколадо. 

Шеќерот во чоколадото предизвикува хиперактивност

Многу родители се плашат дека нивните деца кога јадат чоколадо ќе “полудат“, но голем број научници, кои се занимавале со истражувања на таа тема, не пронашле никаква врска помеѓу шеќерите во исхраната и хиперактивноста кај децата. Постои теорија која го објаснува сомнежот во врска со шеќерите во исхраната и хиперактивноста кај децата. Самото окружување и ситуација, како што се детските родендени и прослави, создаваат хиперактивно однесување, па родителите, поради присуство на различни слатки на прославите ги поврзуваат со хиперактивност кај децата. 

Дијабетичарите не смеат да јадат чоколадо 

Изненадување! Чоколадото всушност има низок глихемиски индекс што значи дека не е нужно дијабетичарите да го избегнуваат во својата исхрана. Некои студии дури и покажале дека темното чоколадо го зголемува инсулинот кај лицата со нормален и висок крвен притисок. Секако, се препорачува советување со лекар пред воведување на чоколадото во исхраната на дијабетичарите. 

Чоколадото предизвикува кариес и паѓање на забите

Стоматолошките истражувања покажале дека чоколадото има послабо влинание на забниот плак за разлика од обичниот кристален шеќер. За среќа, шеќерот нема да го грицкаме на дневна основа како чоколадото, но уште една студија покажала дека нема никаква врска меѓу создавањето на кариес и чоколадо. 

Чоколадото дебелее

Многу здравствени институти докажале дека конзумација на помали количини чоколади секој ден не дебелее. Секако, дебелеат додатоците и преработките како што се сладоледите, фрапеата и топлото чоколадо со шлаг и чоколадни трошки и слично. 

Чоколадото нема никаква нутритивна вредност

Типичното темно чоколадо има една количина антиоксиданси како три четвртини од една шолја зелен чај, една чаша црно вино или две третини од една чаша боровница. Освен тоа содржи и висок процент на минерали и растителни влакна. 

Чоколадото е афродизијак

Иако Ацтеките верувале во цврстата поврзаност на чоколадото и романтичните чувства, современата наука тоа го отфрлила. Бројни студии не пронашле никакви афродизијачки својства кај чоколадото, но велат дека постои психолошкиот елемент при кој лицето е уверено дека чоколадото е афродизијак, па и на тој начин влијае. 

Чоколадото предизвикува појава на акни

Многу тинејџери, но и постарите, акните на своето лице му го препишуваат токму на чоколадото, но голем број студии го докажале сосема спротивното. Научното објаснување вели дека “храната нема врска со лечењето на акните кај поголемиот број од пациентите“. 

Да биде чоколадото здраво мора да содржи барем 70 отсто какао

Препораката на поголемиот број доктори е да се конзумира чоколадо со најмалку 70 отсто какао. Колку е поголем уделот на какаото, тоа содржи повеќе антиоксиданси. Но, и кај лицата кои конзумирале чоколадо со помал процент на какао е забележан напредок во крвниот притисок.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2014 во 16:29

Подгответе: Неодоливо домашно чоколадо


Откријте како да уживате во омилениот десерт во кој било дел од денот! Рецептот е едноставен и брз, а производот кој ќе го добиете е неодоливо вкусен.

podgotvete-neodolivo-domasno-cokolado-01

Изненадете се себеси со прекрасна коцка чоколадо која ќе ја подготвите со многу љубов.

Потребно ви е:

  • 1 шолја масло од кокос
  • ½ шолја мед или сладок сируп
  • 1 шолја какао во прав
  • Прстофат сол
  • 1 лажица екстракт од ванила

По желба, додадете брашно од кокос, суво овошје или дробени лешници, ф’стаци, бадеми

Подготовка:

Во поголем сад истурете го маслото од кокос и оставете го да се загрее. Постепено додавајте го медот или сирупот, малку сол, екстрактот од ванила и на крај шолјата какао.

Мешајте ги состојките, а доколку одбравте да го “зачините” вашето чоколадо додајте го сувото овошје или апетисаните.

podgotvete-neodolivo-domasno-cokolado-02

Не дозволувајте смесата да зоврие. Тргнете ја од оган и оставете да се олади неколку минути.

Претурете ја смесата во калапи и оставете ги во замрзнувач неколку часа пред да ги послужите.

Декорирајте со уште сушено овошје, цимет или некој овошен прелив.

podgotvete-neodolivo-domasno-cokolado-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2014 во 18:04
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 17:05
Дали чоколадото е добро или лошо за здравјето? Еве го одговорот!


Верувале или не, постојат добри и лоши чоколади.

Ако сакате да живеете до сто години, јадете малку чоколадо секој ден. Но, само малку! Тоа го советува познатиот доктор Сањај Гупта.


Чоколадото, измеѓу другото, содржи шеќери и масти и со неговото конзумирање, секако, внесувате и калории. Но, доктор Гупта тврди дека, доколку не претерате со количината, чоколадото ќе му помогне на вашето тело да согори повеќе калории отколку што ќе внесете со негово конзумирање.


Исто така, верувале или не, постојат добри и лоши чоколади. Добрите се оние кои содржат 60% и повеќе какао. Таквите чоколади имаат и повеќе антиоксиданси кои ќе му помогнат на вашиот организам да се исчисти од штетните материи. Исто така, чоколадото со повеќе какао ќе го намали нивото на холестерол.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 20:18
sakam cokolado mnogu
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2015 во 17:36






Мое најомиленосреќа
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2015 во 21:12

Или во превод ПТИЧЈО МЛЕКО !! Многу,многу добро !!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2015 во 21:17
Originally posted by Omar Omar напиша:

 Или во превод ПТИЧЈО МЛЕКО !! Многу,многу добро !!

треба да донсесеш да пробаме...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.