|
Геврек мек како душа |
Внеси реплика |
Автор | |
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Февруари.2024 во 17:40 |
Основното тесто се подготвува многу лесно, а може да ги направат и почетници во кујна.
Како да ги подготвите? Потребни состојки: 250ml млеко (млако); 150ml вода (млака); 150ml сончогледово масло; ½ лажиче сол; 2 големи лажици шеќер; 1 пакетче сув квасец; 1 белка од јајце; 700g брашно; По 1 лажиче омекнат путер за секоја ачма; 1 жолчка од јајце; Сусам. Начин на подготовка: Во длабок сад се става млеко, вода, масло, сол, шеќер и се мешаат добро; Потоа се додава квасец, белка од јајце и полека се додава брашно, па се замесува меко тесто; Тестото се прекрива и се остава да нарасне околу 45 минути; По ова, тестото се става на работна површина и се дели на 12 топчиња, па се става по една лажичка путер на секое топче; Од секое топче се прави по една кифла, која се истегнува и од неа се формира ѓеврече; Рерната се загрева на температура од 170 степени Целзиусови; Ѓевречињата се ставаат на плех обложен со хартија и се оставаат прекриени со крпа да стасаат околу 20 до 30 минути; Ѓевречињата се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, па се ставаат да се печат околу 25 до 30 минути или додека да станат златно кафеави; Откако ќе се испечат, може да се прекријат со крпа уште 10 до 15 минути за да станат уште помеки. |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |