IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Ѓоковиќ спортист на Балканот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ѓоковиќ спортист на Балканот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Ѓоковиќ спортист на Балканот
    Испратена: 16.Јануари.2024 во 12:44

Ѓоковиќ осми пат избран за најдобар спортист на Балканот

Првиот светски рекет, Новаќ Ѓоковиќ, по осми пат е избран за најдобар спортист на Балканот. Во јубилејниот 50. избор на Бугарската новинска агенција (БТА) Србинот е прогласен за спортист на 2023 година.



Ѓоковиќ минатата година освои седум титули вклучувајќи ги Грен слем турнирите Австралија опен, Ролан Гарос, УС опен, како и Завршнито АТП турнир. Тој е вицешампионот на Грен слем Вимблдон и ја заврши годината како број 1 на светската ранг листа по рекорден осми пат.

Второто и третото место отидоа во рацете на двајца кошаркари, српскиот кошаркар Никола Јокиќ и бугарскиот Александар Везенков.

Топ 10 спортисти кои влегоа во потесниот избор, покрај Ѓоковиќ, Јокиќ и Везенков се Борјана Калејн (Бугарија, ритмичка гимнастика), Џанмарко Тамбери (Италија, атлетика), Ивана Шпановиќ-Вулета (Србија, атлетика), Мелиса Варгас (Турција, одбојка), Милтијадис Тентоглу (Грција, атлетика), Симона Радис (Романија, веслање) и Франческо Багнаја (Италија, мотоциклизам).

Во годинашниот избор гласови добија вкупно 58 спортисти, а во изборот беа вклучени и македонските спортисти Дејан Георгиевски - теквондо, сребрен медал од Европски игри, и фудбалерот Елиф Елмас кој беше шампион на Италија со Наполи. Ахмад Магомедов освојувачот на бронзен медал на Европското првенство во борење слободен стил

Свечената церемонијата на прогласувањето на најдобрите се одржа претпладнево во „Музејот на спортот“ на стадионот „Васил Левски“ во Софија

Во изборот покрај Медиумската информативна агенција (МИА) учествуваа и националните агенции на земјите од регионот - БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АГЕРПРЕС (Романија), Агенција Анадолу (Турција), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина) и АТА (Албанија).

За прв пат агенциите АНСА (Италија), ЦНА (Кипар) и КосовоПрес (Косово) беа вклучени во гласањето како членки на Асоцијацијата на балканските новински агенции - Југоисточна Европа (ABNA-SE).


nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2024 во 13:28
,,, mislam deka sosema zaslužena nagrada za najdobriot planetaren teniser
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.