Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Детоксикација на оганизмот Испратена: 10.Август.2020 во 10:41 |
ИМАТЕ ЧУВСТВО ДА СТЕ ПОСТОЈАНО УМОРНИ, ПОСТОЈАНО ВИ СЕ СПИЕ И НЕМАТЕ ДОВОЛНО ЕНЕРГИЈА ? ВРЕМЕ Е ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ !!! Дали знаевте дека чистењето на организмот може да ви помогне во враќањето на енергијата и да ви ја подобри здравствената состојба ?! Се што треба да направите е да посветите малку внимание и време и резултатите се тука !!! Детоксикација во нашето тело се одвива преку функцијата на белите дробови, бубрезите, кожата и црниот дроб. Доколку, функцијата на било кој од овие органи е нарушена, штетните материи се акумулираат, што води до појава на симптоми како што се: - умор
- главоболка
- алергии
- ослабнат имунитет
- ментален замор и нарушена концентрација
- болки во мусклулите и зглобовите
- дебелеење
- промени во расположението
- депресија
- несоница
- покачени масти и шеќери во крвта и слично
Нормално, секојдневно штетните материи се одстрануваат од организамот преку урината, фецесот, процесот на дишење или пак преку нивно неутрализирање. Жолчната кеса, лимфните жлезди, кожата и крвта се канали кои даваат поддршка во процесот на детоксикација. Доколку не направиме природно чистење на нашето тело, сите овие распадни и штетни материи се насобираат во каналите за елиминација, поради што често се разболуваме и тешко опоравуваме. Додека го прочистуваме своето тело, особено важно е сите овие канали да бидат отворени и проточни. ПРИРОДНА ДЕТОКСИКАЦИЈА ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ Иако чистењето на организмот можете да го направите кога и да посакате, најдобро време за тоа се пролетта и летото. После долга зима, каде исхраната е сиромашна со свежо овошје и зеленчук, пролетта е одлично време да го прочистиме своето тело и наполниме со витамини и минерали. Постојат повеќе начини на детоксификација на телото. Скоро секој WELLNESS центар може да ви понуди третман за детоксификација, но немојте да се брзате: Природата ни нуди едноставни и бесплатни начини на чистење на организмот. ЧИСТЕЊЕ ВО ТРИ ФАЗИ Првата фаза вклучува чистење на бубрезите, втората на црниот дроб а третата на цревата. - За време на првата фаза важно е да внесувате билни диуретици. Чајот од магдонос, ѓумбир, глуварче, коприва како и сокот од лимон и брусница се одлични во прочистувањето на бубрезите
- Втората фаза вклучува зголемен внес на зелјест зеленчук, а особено зеленчук богат со горчливи материи (рукола, марула, кељ, прокељ, артичока), кои го прочистуваат и регенерираат црниот дроб.
- Третата последна фаза е насочена кон прочистување на цревата. Храна богата со растителни влакна и омега-3 масни киселини го помага овој процес (овошје, зеленчук, ленено семе, житарици).
Седумдневен план за детоксикација на организмот - Штом ке станете од спиење: Напијте се топла вода во која предходно сте исцедиле пола лимон
- Пред списње: Напијте се чаша вода со една лажица Бентонит и една лажица мелено семе од лен.
- Прв Ден: Може да јадете било кое овошје, освен банана. Се препорачува јаболки, крушки, мандарини, портокали, цитрон и киви. Овошјето, свежо или конзервирано, ќе ги осигура сите потребни нутритиенти.
- Втор ден: Можете да јадете разни врсти на зеленчук, сирово или зготвено во количини во кои сакате. За вечера припремете еден поголом печен компир во рерна. Зеленчукот ќе ви ги даде сите потребни нутритиенти и влакната.
- Трет ден: Можете да јадете се од овошје и зеленчук, освен банани и компири во количини во кои сакате. Немојте да се зачудите ако имате желба за храна, затоа што веќе од следниот ден таа желба ќе почне да слабее.
- Четврти ден: Денеска можете да изедете до осум банани и да испиете три чаши млеко, а може и зеленчукова супа. Бананата служи за да се надокнадат количините на калиум и натриум кои сте ги изгубиле.
- Петти ден: Можете да изедете 600 грама говедско месо и 6 домати. Од месото ќе го добиете железото и протеините, а од доматот витамините и влакната. Воедно зголемете го внесот на вода.
- Шести ден: Говедско месо и зеленчук во неограничени количини.
- Седми ден: Денеска можете да јадете , сите врсти на зеленчук и да пиете незасладени овошни сокови.
Во текот на денот испијте најмалку 10 чаши водаи две чаши билен чај(зелен чај, чај од коприва, чај од глуварче, чај од нане) без шеќер. Кој не би смеел да ја проба диетата за детоксикација Трудниците и доилките никако не би смееле да ја пробуваат диетата за детоксикација. Исто така диета не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со анемија, дијабет, бубрези, штитната жлезда, карцином, одредени генетски болести, проблеми со исхрана. Сепак доколку се одлучат да ја започнат диетата се препорачува задолжилен стручен надзор. Мери Филиповиќ – нутриционист и стручен советник По завршувањето на процесот на детоксикација продолжете со урамнотежена (избалансирана) исхрана. Немојте нагло да преминете на прејадување и внес на тешко сварлива храна (во тој случај ќе предизвикате потполно спротивен ефект и оптоварување на црниот дроб). Потрудете се после детоксикацијата да не внесувате: - индустриски преработена и брза храна,
- што поретко консумирајте шеќер, мајонез, кечап,
- алкохол, цигари и
- други нездрави намирници и газирани пијалоци.
Н: Замастен црн дроб, не боли но тивко убива Замастен црн дроб, или, како што уште се нарекува- стеатоза е “тивка” епидемија на 21-от век. Секој петти возрасен човек, пати од ова метаболичко пореметување кое настанува поради прекумерно таложење на масти во црниот дроб. Причина за појава на оваа болест не е само прекумерениот внес на алкохол туку и неправилна исхрана, гојазност, пореметување на метаболизмот на шеќер во крвта и токсичните ошетувања предизвикани од внес на хемиските отрови како пестициди и адитиви. Познато е дека црниот дроб е најголема жлезда во човековиот организам и служи за складирање на хранливи материи и неутрализирање на штетните материи и токсини. Има многу важна улога во метаболичките процеси и затоа се нарекува “централна лабораторија” на човековиот организам. Иако црниот дроб врши преку 500 различни функции, неговата главна задача е детоксикација на организмот. Едни од најважнте функции на црниот дроб се филтрирање и прочистување на крвта, одржување на нивото на глукоза, разградба на мастите, протеините и jаглехидратите, создавање жолчен сок, складирање на витамини и железо и продукција на витални ензими за разложување на токсините. Поради важните процеси кои се одвиваат во црниот дроб, многумина го нарекуваат и втор мозок. Статистичките резултати покажуваат дека главен причинител за ова заболување е гојазноста, а на зголемен ризик се изложени и алкохоличари и особи со зголемено ниво на масти и шеќери во крвта како и оние кои земаат хепатотоксични лекови —- Ова е тоа што го викате “под наслов” ако мислите дека се повторува немора да стои. ОД ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ ДО ЦИРОЗА Замастен црн дроб претходи кај 10-15% од случаевите на цироза, која може да предизвика сериозни компликации. Стеатозата (замастен црн дроб) е првиот и најблаг степен на оштетување на црниот дроб кое настанува поради наталожување на масти во овој орган. Зголемување на телесните масти од необјасливи причини, надуеност во стомакот, покачен крвен притисок, малаксалост или високо ниво на холестерол во крвта, се само некои од индикаторите за оптеретеност на црниот дроб и нарушен метаболизам на мастите. Обично, оваа болест уште се нарекува и “тивка болест” бидејќи почетната фаза не е пропратена со никакви симптоми. Доколку се занемари оваа состојба и не се третира соодветно, може да предизвика и посериозни нарушувања и компликации. Проблемот со замастен црн дроб може да се санира по природен пат, доколку навремено се реагира, со промена на животните навики, воведување на специфичен режим на исхрана и зголемена физичка активност. Исчистете го организмот од наталожените токсини, а во истовреме уживајте во одличниот вкус на здрав напиток од овошје и зеленчук. Повеќето од нас во текот на карантинот уживаа во различни, честопати нездрави оброци. Сепак, дојде време кога треба да излеземе надвор, а многумина од нас добија некој килограм вишок.
Исто така, во нашиот организам неминовно се таложат штетни материи кои доаѓаат од лошата исхрана, консумирање на алкохол, тутун, концентриран шеќер, микроорганизми како вируси и бактерии, но и поради загадената животна средина. Токму поради тоа е потребно на телото одвреме-навреме да му овозможите “одмор” од сите штетни агенси, да го прочистите и да ги зајакнете своите одбранбени механизми. Токму за тоа е идеален овој освежувачки и вкусен детокс напиток. Морковот е богат со бета каротен и витамин А, како и витамин Б, К и калиум. Во комбинација со останати супернамирници добивате незаменлив детокс за целиот организам и сите негови системи. Потребни состојки: - едно зелено јаболко - половина чаша исецкан ананас - 2 поголеми моркови - 2 парчиња свеж ѓумбир - сок од половина лимон - 1 лажичка органски цимет Начин на припрема: Измијте ги сите состојки, исчистете ги и исецкајте ги на коцкички. Ставете ги во блендер или соковник и направете напиток од наведените состојки.
Изменето од Valerija - 10.Август.2020 во 11:03
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:45 |
5 моќни намирници за целосен детокс: Го забрзуваат метаболизмот и ги исфрлаат наталожените токсини
Одвојте време да го препородите организмот, да го вратите сјајот на лицето, да ја затегнете кожата и да заблескате, а најдобар начин за рестарт на целото тело е секако детоксот во траење од една недела.
Одредени намирници се толку моќни што за час ќе ги исфрлат сите отрови кои ви се наталожиле во цревата и ќе го забрзаат метаболизмот, а еве кои се тие: ЃумбирПознат е како чудотворна намирница која изобилува со витамини и минерали кои ги извлекуваат отровите од организмот. ЛимонНајдобро е секој ден да го започнувате со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Со тоа ќе го поттикнете метаболизмот да работи, но и ќе помогнете во разградување на масните наслаги. Зелен чајЗелениот чај е полн со антиоксиданси кои го чуваат нашето тело од слободните радикали. Зелениот чај е одличен начин за хидратација доколку не сакате постојано да пиете само вода. МорковМорковот е еден од најмоќните зеленчуци за детоксикација. Тој е преполн со бета каротен и витамин А и има одлично дејство врз здравјето на кардиоваскуларниот систем и имунитетот. КраставицаКраставицата ја поддржува функцијата на дигестивниот тракт и го чисти црниот дроб. Таа нѝ помага добро да се хидрираме и се однесува како природен диуретик, што значи дека му помага на телото да произведува повеќе урина за да се исфрлат токсините и другите отпадни материи од крвта и цревата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:47 |
Пролетен детокс со црна лимонада
Да, признаваме – звучи и изгледа чудно, но тоа не значи дека нема да уживате во овој напиток. Токму напротив! Убавото пролетно време носи нова енергија која нè тера да вежбаме, да одиме во природа, да внесуваме повеќе овошје и зеленук и да водиме грижа за нашето тело. Лимонадата сама по себе е освежувачки и здрав напиток, но денес Ви претставуваме една поинаква лимонада која во себе содржи состојка, заслужна за детоксикација на организмот. Станува збор за класична лимонада, но со додаток на активен јаглен кој ја дава оваа интересна, црна боја. Активниот јаглен успешно го чисти организмот од токсини, ја намалува подуеноста и го снижува холестеролот. Доколку имате потешкотии со дишењето, можете да додадете и малку чили или ѓумбир, а доколку го сакате свежиот вкус на нането, додадете неколку листови кои благотворно ќе делуваат на Вашето варење. Еве како да припремите црна лимонада:
Состојки: - сок од 1 ½ лимон - 2 лажички мед - 4 чаши вода - 1 таблета активен јаглен Припрема: Ставете ги состојките во блендер и мешајте околу половина минута. Вака подготвената лимонада, сипете ја во чаша во која ќе додадете неколку парчиња сечкан лимон.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:50 |
Овој напиток го чисти целиот организам за само 42 часа!Топлото време е совршен период за детоксикација на организмот и за опоравување од тешката и масна храна во којашто уживавме во текот на зимските месеци. А сокот од цвекло и целер е најлесниот начин за да го исчистите своето тело и тоа за само 42 часа. За подготовка на овој сок потребни ви се 50 грама цвекло, 20 грама целер, 20 грама морков, 3 грама компир и 2 грама ротквица. Подготовката е едноставна. Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете сок со текстора каква што посакувате. Сокот се препорачува да се пие два пати дневно. Овој сок е одличен за целиот организам бидејќи ги содржи витамините Б1, Б2, Б6 и витаминот Ц, а содржи и антиоксиданти, фолна киселина и минерали како што се фосфор, калиум, калциум, магнезиум, цинк, натриум и железо. За да го интензивирате ефектот на детоксикација, исфрлете ги сите штетни материи од исхраната додека го пиете овој сок. А тука секако спаѓаат алкохолот, цигарите, рафинираните шеќери и заситените масти. Важна препорака: Доилките, малите деца, личностите коишто патат од хронични дегенеративни болести, рак или туберкулозам, не би требало да прават детоксикација на организмот. Ако се сомневате дека постои некоја причина поради која детоксикацијата не би ви годела, побарајте совет од вашиот матичен лекар.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:52 |
Детоксикација со вода: Ги исфрла сите отрови и ги симнува килограмите за брзо време!
Чистата вода е нешто најубаво и најдобро што можете да му го подарите на вашиот организам. Познато ни е дека водата има моќ да го забрза метаболизмот и да го поттикне исфрлањето на отровите и различните наслаги во телото, па најдобриот начин за да направите детоксикација на организмот е токму водата. Рака под рака со детоксикацијата доаѓа и симнувањето барем на неколку килограми, па затоа засукајте ги ракавите и направете еден од следните два рецепти и конечно ќе успеете да ги исфрлите отровите и да ги симнете масните наслаги, особено на стомакот! Рецепт 1 Состојки: 2 литри вода, 1 среден лимон (исецкан), 12 листови од нане, 1 лажичка ѓумбир (рендан), 1 средна краставица (исецкана). Подготовка: Додадете ги сите состојки во голем бокал. Оставете го да отстои преку ноќта, така што сите состојки ќе ги испуштат своите најдобри хранливи материи. Испијте ја детокс водата во текот на следниот ден, и веќе после 7 дена ќе забележите резултати. Рецепт 2 Состојки: 2 литри вода, 2 листови од нане, 1 мандарина, 6 парчиња грејпфрут, половина исецкана краставица. Подготовка: Проверете дали добро сте ги измиле состојките пред да ги исецкате. Додадете ги во водата и оставете ги да отстојат 2 часа. Потоа измешајте и испијте ја водата во текот на денот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:55 |
10 начини за секојдневна детоксикација на организмот
Има луѓе кои тврдат дека човек не треба да го детоксира своето тело. Ова тврдење е најмалку застрашувачки, со оглед дека не можеме да постоиме без детоксикацијата, која се случува најнапред во самите нас преку белите дробови, цревата, црниот дроб, бубрезите, лимфниот систем и т.н. Ако сме во добра здравствена состојба, нашето тело ќе се справи одлично само со детоксикацијата, но тука се мешаат и други фактори кои влијаат на нас безусловно. Загадениот воздух, вода, храна - сите тие водат до зголемување на вредностите на штетните материи во организмот. Нема да згрешиме многу ако му помогнете на вашето тело да се пречисти максимално и квалитетно. Еве неколку идеи за тоа што можеме да направите: 1. Јадете богати со пектин органски јаболка. Пектинот се поврзува со токсините во цревата и помага за исфрлање од организмот. 2. Пијте свежо исцеден сок секој ден. Мраз, замрзнато овошје и неколку грстови зеленолистните зеленчук во блендер и сме подготвени! 3. Пијте по една голема чаша вода со свежо исцеден половина лимон. Лимонска киселина содржи 20 соединенија кои докажано се борат против ракот. 4. Јадете боровинки секој ден. Богати се со антоциани и ги намалуваат воспаленијата во телото и мозокот, како и што ги намалуваат алергиските реакции и помагаат за симнувањето на вишокот килограми. 5. Дишете длабоко. Кислородот ги убива бактериите и вирусите и го исполнува организмот со енергија. 6. Смејте се. Не без причина луѓето рекле дека смеењето е најдобриот лек. Во најмала рака ќе ја намалите „тежината“ на стресот, кој го носите на грб. Јадете К*ркума секојдневно. Јадете дневно барем три од овие силни детоксификатори: брокула, лук, спанаќ, зелка, боровинки и ѓумбир. 7. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук. Тие содржат ензими кои го олеснуваат варењето и ја подобруваат апсорпцијата на хранливите материи. 8. Сменете ги хемиските препарати за чистење на домот со еколошки. Ако во содржината присуствуваат формалдехид, хлорин, нафтени производи, подобро испробајте ги старите домашни рецепти со сода, оцет или масло од портокал. 9. Пијте доволно вода за да може преку урината да се исфрлаат токсините од вашето тело. Секој процес во организмот зависи од правилната хидратација. 10. Одделете дневно барем по 30 минути за физичко оптоварување. Потењето е многу добар начин да го прочисти вашето тело од токсините и дури од тешки метали.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:57 |
РЕЦЕПТ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ И ДЕТОКСИКАЦИЈА НАОРГАНИЗМОТ Нема несакани последици, така што можете да го конзумирате секојдневно. Неопходни состојки: * 2 големи грејпрути * 2 чешниња лук * 1 парче ѓумбир * 4 лимони * 300мл минерална вода * 2 лажици маслиново масло Подготовка: Исцедете го сокот од лимоните и грејпфрутот. Изрендајте го ѓумбирот и згмечете го лукот. Измешајте го сокот заедно со лукот и ѓумбирот и останатите состојки. Пијте по една чаша пред спиење.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Август.2020 во 10:59 |
Токсините стигнуваат до нашиот организам преку храната, воздухот, лековите и козметичките производи, па затоа не би било лошо еднаш во месецот да му помогнете да се избори со нив.
Доколку не му помогнете на време ќе почувствувате недостаток на енергија, проблеми со тежината, несоница, промена на расположението, болки во мускулите, алергии... Што се препорачува за време на детоксикацијата? Овошје: Јаболка, грозје, киви, лимон, јагоди и круши Зеленчук: Артичок, цвекло, брокула, зелка, морков, целер, зелена салата, коприва и кромид Диета за детоксикација Секое утро испијте една лажица мелено ленено семе потопено во чаша вода. За време на детоксикацијата избегнувајте го кафето и засладените овошни чаеви. 1 ден Наутро испијте чаша од 2dl топла вода со сок од половина лимон. Во остатокот од денот јадете грозје или било какво сезонско овошје кога и да почувствувате глад. Дозволено е да изедете 1kg овошје по желба, но и да испиете минимум 8 чаши вода, билни незасладени чаеви од нане, камилица и ѓумбир, како и свежо цедени сокови од морков, целер и јаболки. 2 ден Наутро испијте топла вода со сок од лимон, исто како и претходниот ден. Остатокот од денот консумирајте доста вода, билни чаеви и сокови од зеленчук со вода (во размер 1:1). Минималната количина на течности се 8 чаши. 3 ден За појадок јадете свеж зеленчук колку повеќе можете. Пијте вода и билни чаеви. За ручек изберете 2-3 зеленчуци и направете салата. Ако не сакате свежа салата, тогаш смеете да го обарите на неколку минути. Не ги заборавајте течностите! За вечера згответе чорба од зеленчук и повторно испијте уште неколку чаши вода и чај.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|