IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Суфле
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Суфле

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Суфле
    Испратена: 13.Мај.2020 во 20:51
Чоколадно суфле

Состојки
1 јајце
100гр шеќер
100мл масло
100мл млеко
1 ванила
2 лажици какао
1 пециво
8 лажици брашно

Се мати јајцето со шеќерот и ванилата, па се додава маслото, шеќерот и на крај какаото, брашното и пецивото. Садовите се премачкуваат со маргарин (може и шолји за кафе) и се полнат со смесата(не до крај ) и му се става внатре по 2-3 коцки чоколадо. Во големо тенџере на оган се додава вода околу 1,5цм се редат садовите се вклучува шпоретот на најјако, се покрива тенџерето со кујнска крпа па со капак и се остава околу 15тина мин.Толку,суфлето е готово.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2020 во 20:55
Овошно суфле


Состојки
1 паковка 100гр урми
1 паковка 100гр суво грозје
1 паковка 100гр суви смокви
1 паковка 100гр мешавина од суво тропско овошје
1 ванила
4 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици брашно
1/2 лажиче цимет
1 пециво
15 лажици млеко
15 лажици зејтин

За подготовка на овој колач е потребно да се исецкаат сувите овошки.
На страна ги матиме јајцата со шеќерот додека не направиме густа смеса.
Потоа ги додаваме млекото, зејтинот и повторно ја изедначуваме смесата .
Следното што го додаваме е ванилата, пецивото, брашното и циметот.
Откако смесата е изедначена ги додаваме сувите овошки и ренданата кора од лимон.
Тавата ја подмачкуваме со маргарин и ја истураме смесата рамномерно. Рерната претходно ја загреваме на 220 степени.
Печеме околу 30 минути и откако ќе биде заруменет колачот, се вади од рерна.
Истинат се сече на парченца и се полева со маџун (гроздов мед).
Брзо и убаво колаче за оние кои ги обожуваат сувите овошки.
Во рецептата стоеше дека е можно сецкана чоколада да се стави, но јас мислев дека премногу ќе го заблажам, па не ја додадов.
Ваша желба е да додадете сецкана чоколада по вкус.
Кај мене рерната е многу јака, па малку повеќе потемне колачот на површината, но за среќа не го промени вкусот.
Пробајте и кажете.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2020 во 21:01
Чоколадно суфле полнето со путер од кикирики

Состојки
2 јајца 2 жолчки 200гр. чоколада за готвење 100гр. путер 110гр. шеќер 35гр. брашно 100гр. путер од кикирики какао за посипување

Чоколадното суфле за мене е еден од најубавите десерти,од надвор крцкаво средината полна со убаво сочно полнење.Овој пат одлучив со вас да споделам подготовка на чоколадно суфле полнето со преубав кикирики путер по рецепт на нашата Лиле кој е комплетно презентиран и перфектно објаснет овде
Целиот рецепт не е комплициран брзо се подготвува, а за вкусот ќе продискутираме доколку го подготвите. Се надевам дека сликата ќе ве привлече во скоро време да го пробате. Од оваа количина излегуваат точно дванаесет мафини кои ги печев во силиконските калапи на Делимано.

Подготовка.
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.

2. Путерот и чоколадото растопете го на тивок огин или на пареа(јас ги растопив во метално тањирче).

3. Јајцето и жолчките заедно со шеќерот изматете ги во густ крем, потоа додадете ги во нив растопената путер и чоколада заедно со брашното и убаво промешајте.

4. Калапот премачкајте го со путер, сипете во секој по една третина од смесата и на средина ставете по една лажичка путер од кикирики.

5. Калапот ставете го во рерна и печете 16-18 минути.

Мафините оставете ги убаво да се изладат. Полека префрлете ги на тањир за сервирање посолете со какао, со топка сладолед или шлаг крема.
Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе уживате!!!

Забелешка
За да си ја поедноставните работата околу подготовката на путерот купете лупени кикирики јас порачам по мажот да ми купи, а добив нелупени(ги чистев зрно по зрно и ми здосади)ама вредеше.




Изменето од Valerija - 13.Мај.2020 во 21:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2020 во 21:07

Крцкаво чоколадно суфле од само ДВЕ СОСТОЈКИ: Има ли нешто подобро?


Крцкаво чоколадно суфле од само ДВЕ СОСТОЈКИ: Има ли нешто подобро? (ВИДЕО)

Фамозниот француски десерт – суфле го обожаваат и големи и мали, а без проблем можете да го направите сами дома.

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 шолја Нутела
  • 2 јајца
  • 1 лажичка шеќер
  • путер
  • малку какао во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Со путер премачкајте ги калапите за суфле и пропрскајте ги со какао во прав.
  2. Во чинија со средна големи измешајте Нутела и две жолчки.
  3. Во одвоена чинија со миксер разматете две белки додека не се создаде пена. Додајте шеќер и продолжете додека не добиете цврста маса.
  4. Додајте 1/3 од белките во смесата од Нутела и мешајте додека не се соедини, а потоа додајте го и останатиот дел додека не добиете изедначена смеса
  5. Ставете од смесата во калапи и печете 15-17 минути.
  6. Послужете топло.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2020 во 09:19
Суфле од сирење - cheese souffle

Суфле од сирење - cheese souffle

Состојки
  1. 50 гр путер
  2. 40 гр брашно
  3. 30 гр пармезан
  4. 80 гр ементал
  5. 80 гр едамер
  6. 1/4 мало лажиче црвен пипер
  7. 4 јајца

30 грама од путерот се растопуваат на умерен оган им се додава брашното, се запржува за кратко и се додава млекото. Се вари 3-4 минути (како каша) потоа во смесата се додава изренданиот едамер и ементал. Потоа на смесата и се додаваат јајцата и се додава црвениот пипер. Смесата се остава на оган за уште 2-3 минути при што постојано се меша, потоа се тргнува од оган.
Во еден сад се ставаат белките и малку сол и се мати на снег.
Потоа во подизладената смеса со жолчки на 2-3 пати се додаваат белките и се меша бавно со лажица.
Формата или индивидуалните формички се премачкуваат со останатите 20 грама путер и се обложуваат со рендан пармезан.
Готовата смеса се става во соодветниот сад и се печи на 180 степени за 10-15 минути.
Смесата е доволна за 5 индивидуални порции.
Се сервира веднаш штом се извади од рерна затоа што ќе спадне.




    Изменето од Valerija - 13.Ноември.2020 во 09:21
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2020 во 09:22
    Суфле со спанаќ


    Суфле со спанаќ


    Состојки
    1. 1 Прашак за пециво
    2. 150мл Масло
    3. 4 лажици Брашно
    4. 6 лажици гриз (или палента)
    5. 1кг Спанаќ (може и помалку, најмалку 700 гр.)
    6. 200мл Млеко
    7. 4 Јајца
    8. 250гр Сирење



    1: Спанаќот се сечка и се обарува околу 2 мин. во врела вода. Потоа се цеди.

    2: Се матат јајцата и во нив се додаваат сите останати состојки, на крај сирењето и спанаќот. Смесата се истура во тава со средна големина (може и овална и правоаголна) и се пече 20мин. на 200С во загреана рерна.

    Совет: Најдобро е ако се стави половина гриз половина палента. Исто така може да се измеша сирење и урда. А наместо спанаќ може блитва, зелје и сл.

    По желба може горе да се попрска сусам, ким и сл.

    Децата го обожаваат :)



    Изменето од Valerija - 13.Ноември.2020 во 09:23
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2020 во 09:25
    Суфле од тиква и какао


    Суфле од тиква и какао


    Состојки
    1. 4 јајца
    2. 100гр. шеќер
    3. 100гр. растопен путер
    4. 25гр. какао
    5. 1 ванила
    6. 250гр. тиква
    7. прстофат сол



    Најпрвин тиквата исечете ја на помали парчиња, завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете ја во рерна на 180 степени да се пече.
    Откако ќе се испече оставете малку да се олади и изблендирајте ја.
    Белките оделете ги од жолчките и изматете ги во цврст снег.
    Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот.
    Додајте го брашното, ванилата и малку сол.
    Измешајте убаво со дрвена лажица.
    Потоа додајте го какаото и растопениот путер и уште еднаш убаво измешајте.
    Додајте ја и тиквата и на крај изматените белки.
    Откако ќе ги додадете белките мешајте полека во еден правец додека убаво се соедини смесата.
    Огноотпорните садови за печење премачкајте ги со путер и наполнете ги со смесата.
    Печете на 180 степени, 25 минути.




    Изменето од Valerija - 13.Ноември.2020 во 09:26
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,125 секунди.