IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Панакота
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Панакота

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Панакота
    Испратена: 14.Март.2021 во 10:26
Панакота торта со малини и чоколадо (без печење)

Панакота торта со малини и чоколадо (без печење)


Состојки
За кора
300гр мелени бисквити
100мл слатка павлака
50мл млеко
За бел фил
250мл слатка павлака
100гр кисела павлака (дополнително)
100гр бела чоколада
10гр (едн опакување) желатин во прав
За фил од малини
300гр малини (замрзнати)
4лажици шеќер
10гр желатин во прав
За чоколаден фил
300мл слатка павлака
100гр кисела павлака
 (дополнително)
100гр темна чоколада за готвење
10гр желатин во прав

За кора
Во сад загрејте ја слатката павлака заедно со млекото, доволно да стане млака.
Прелијте преку мелените бисквити и добро измешајте.Во калап 21 (тавата за чизкејк на делимано) обложете со хартија за печење и нанесете ја бисквитната смеса.

За белиот фил
потребно е да ја загрееете слатката павлака,додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи, во меѓувреме спремајте го желатинот според упатството и додајте го во слатката павлака. Откако ке се излади можете да додадете и кисела павлака.
Белиот фил прелијте го преку кората од бисквити и оставете во фрижидер да се стегне. (околу1-2часа)

За филот од малини
Желатинот спремете го според упатството.
Во сад ставете ги малинките, прелиј те ги со шеќер, и ставете ги на оган. Откако ке добиете смеса како мармалад, одприлика 10 мин, додајте го желатинот и мешајте додека се растопи. Оставете малку да се излади од прилика 20 мин и прелијте преку белиот фил и оставете да се стегне.

За чоколадниот фил
желатинот со 4 лажици вода оставете го да набубри.
Загрејте ја слатката павлака, додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи. По желба додајте екстракт од ванила.
Додајте го желатинот и мешајте додека и тој не се растопи.
Оставете малу да се излади околу 20мин и ставете кисела павлака.
Откако филот од малини ке се стегне додеајте врз него чоколадниот фил.

Ставете во фрижидерда се стегне.
Декорирајте во ваша желба, бонбони, слатка павлака..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:35

Слаткиот вкус на Италија: Направете брза и лесна панакота

Има ли нешто послатко од италијанска панакота? Традиционалниот десерт со потекло од провинцијата Пиемонте е совршена идеја за десерт кој е сосема едноставен за правење и не одзема многу време.

slatkiot-vkus-na-italija-napravete-brza-i-lesna-panakota-01.jpg

Звучи сложено, но ќе ја подготвите побрзо отколку што мислите...

Потребни состојки:

  • 500 ml слатка павлака
  • 500 ml млеко
  • 3 лажици желатин
  • 50g шеќер

Прелив:

  • 175g шеќер
  • 175g вода
  • ликер од цреши
  • 350g малини

Подготовка:

1. Ставете го желатинот во ладна вода (на секое пакување желатин има упатство колку вода е потребна).

2. Ставете ги слатката павлака, млекото и шеќерот во сад и оставете да се загреат на умерена температура. Доколку смесата започне да врие намалете ја температурата и мешајте околу 10 минути. На крајот додадете го желатинот и убаво измешајте, тргајќи го тенџерето од оган.

3. Ставете ја смесата во навлажнети калапи или шолји и оставете ја фрижидер да се излади неколку часа (4-5).

4. За да го направите преливот ставете ги состојките во тенџере на оган и почекајте додека да зовријат. Оставете да вријат некое време додека не ја добиете посакуваната густина на сосот.

Сепак во поглед на сосот можете секогаш да експериментирате со овошјето кое вам ви се допаѓа повеќе или во моментот го имате дома.

5. Извадете ја изладената панакота и прелијте ја со преливот од малини, украсувајќи со ливчиња нане.




Изменето од Valerija - 16.Ноември.2019 во 12:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:34
Панакота од јогурт и овошје



Состојки
1 белка
500 мл. јогурт
350 гр. малини
3 лажици мед
1 лажица сок од лимон
1 желатин

Кој вели дека во зима не треба да се освежиме?
Навистина за во лето ова е пожелно, но ништо не фали и во зима. Ова е малку поинаква панакота, да не речам домашно направен овошен јогурт, со додадена белка и желатин...

Подготовка
1. Најпрвин припремете го желатинот према упатстовото на самата кеса- да набубри.
2. Малините испасирајте ги да добиете кашеста смеса.
3. Со миксер изработете ја белката во цврст снег и спојте ја со смесата од малините.
3. Во јогуртот додадете ја смесата од малините, лимоновиот сок, медот, измешајте да се сето тоа спои.
4. На пареа ставете го садот со желатинот да се растопи, но не да зоврие, исипете во јогуртот притоа цело време мешајки ја целата смеса.
5. Во навлажнети модли распоредете ја добиената смеса, ставете во фрижидер најмалку 2 часа да одстои и можете да послужите.

Забелешка
- Јас правев и со јагоди и со малини - одлично.
- Немав доволно мед - ставив шеќер на вкус.
- Многупати знам и пократок пат, го загревам јогуртот нормално дека притоа треба да се внимава да не зоврие (ќе добиете урда ), а во јогуртот го ставам и желатинот и мешам со лажицата се додека желатинот не се растопи во јогуртот, по што ја додавам измешаната смеса добиена од пасираните малини или јагоди во која сум веке додала мед или шеќер и лимонот.

Совет
Познавам многу кои не сакаат ни да помислат на желатин, ова може да се спрема без желатин но под услов да одстои во замрзнувач најмалку еден ден, па се служи како сладолед. Вака го спремам ова освежување во летниот период - без желатин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:32
Снежна панакота торта (Frozen panna cota cake)


Состојки
1 правоаголна кора за торта винчини
1 ролат Џамбо Винчини
200 гр шеќер во прав
1 л слатка павлака
100 мл млеко
200 гр млечно бело чоколадо
15 гр желатин
ментол или ванила екстракт по вкус
сина течна прехрамбена боја

Едноставна и брза подготовка. Само знаете дека кога правиме пана кота потребно ни е време за да се стегне кремот, значи имаме чекање, а потоа се разбира уживање.

Подготовка
За оваа панакота торта ни се потребни правоаголните кори на винчини, од кои ќе искористиме само една кора.
1. Во квадратен калап со обрач ставаме кора која претходно сме ја исекле по димензиите на калапот.
2. Винчини ролатот го сечеме на кришки со дебелина од околу 1 см. Ги редиме по рабовите на калапот.
3. Желатинот го ставаме во околу 50 мл вода да се растопи.
4. Во 700 мл слатка павлака го ставаме млекото и шеќерот и ги загреваме до вриење.
5. Откако ќе почнат да вријат го тргаме тенџерето од рингла и ги ставаме чоколадото и желатинот да се растопат, со постојано мешање.
6. Ги додаваме екстрактот и бојата па повторно промешуваме. Оставаме да се лади.
7. Кога ќе почне да се стегнува панакота кремот, го истураме врз кората. Ја ставаме во ладилник убаво да се стегне. Јас обично ја правам навечер и ја оставам преку ноќ.
8. Утредента го матиме остатокот од слатката павлака, ја премачкуваме и ја наросуваме со син шеќер кристал и сини топчиња.

Забелешка
Ментол екстрактот дали воопшто ќе го ставите, неколку капки или цел екстракт, оставам на ваш избор и вкус.
Панакота кремот е течен, па треба да го причекате да се излади за да полека почне да се стегнува. Јас направив грешка, почнав да го ставам врз кората изладен, сепак уште течен, па како калапот не ми дихтуваше убаво, почна да истекува од страните, а и ролатите ми се обоија во сино(иако не е тоа толку страшно, колку што е моментот на истекување). Кога видов веднаш ја вратив во тенџере и ја почекав да почне да се стега, па потоа ја ставив врз кората. Ова е моето искуство...ако имате цврст калап кој не пропушта течност, ставајте ја и течна, боењето на ролатитет е баш интересно....
Кога ја обмислив тортата идеата беше да биде коцка мраз, ама бидејќи калапот кој го имам е баш голем, некако не ми успеа замислата со оваа доза на продукти за пана кота кремот....Како и да е тортата е вкусна и штосна.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:30
Panna Cotta со бело чоколадо прелиена со инстант кафе


Состојки
600 мл слатка павлака
160 мл млеко
140 мл шеќер во прав
180 гр бело чоколадо
10 гр желатин
3 лажици вода
За прелив
4 лажички инстант кафе без кофеин
4-5 лажици шеќер

Слатката павлака, шеќерот и млекото ги ставаме на тивко да почнат да вријат со постојано мешање. Го додаваме белото чоколадо да се растопи. Мешаме и го додаваме желатинот кој сме го раствориле со вода. Со постојано мешање ја изедначуваме густината на кремот.
Кремата ја ставаме во чаши или во силиконски калапчиња. Оставаме минимум 6 часа да се стегне.
Кафето со шеќерот треба убаво да провријат и пана котата ја преливаме кога ќе ја сервираме, а може и претходно.

Пана котата од калапчињата ја извадив во идеална форма, но дури наредниот ден. И после 6 часа беше стегната, ама ми остануваше по ѕидовите на силиконот. Кога е во чаша може да се сервира по најмалку шест часа. Мене со оваа доза ми излегоа 15 форми од силиконски калап со средна големина на форми.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:28
Панакота чокоминт ролат (after eight panna cotta)




Состојки
За дел со црно чоколадо
150 мл слатка павлака
2 лажици полни кисела павлака
50 гр црно чоколадо
2 лажици ликер од чоколадо
5 гр желатин
За дел со бело чоколадо
150 мл слатка павлака
2 лажици полни кисела павлака
50 гр бело чоколадо
5 гр желатин
на врв на лажичка зелена боја
1-2 лажички ментол екстракт
За подлога
6-8 пишкоти
За фил
100 мл слатка павлака
50 гр бело чоколадо

Подготовка
Желатинот (10 гр) го прелеваме со вода (околу 50 мл) и го оставаме да набабри. Потоа набабрениот желатин го делиме на два дела, еден за кафеавиот, а еден дел за бело- зелениот дел.
1. За првиот дел ја ставаме слатката павлака заедно со чоколадото да се загрее до вриење (да не врие), а во исто време мешаме да се растопи чоколадото. Го тргаме на страна и го растопуваме желатинот во него. На крајот ја додаваме киселата павлака и ликерот од чоколадо, мешаме до изедначување на смесата. Оставаме на страна малку да се згусне и подизлади.
2. За вториот дел исто така, слатката павлака и белото чоколадо ги мешаме додека да се растопи чоколадото. Потоа го ставаме желатинот, го растопуваме со мешање и на крај ја додаваме киселата павлака. Мешаме до соединување. Откако малку ќе подизлади смесата ставаме боја која претходно сме ја растопиле во неколку капки вода и ставаме ментол екстракт. Со лажица само правиме две три размешувања, како би се направил мраморен изглед на смесата. Ова може да го направиме и кога ќе го ставиме белиот дел во калапот во кој ќе го правиме ролатот.
3. Силиконскиот калап го намрсуваме со путер и нежно лажица по лажица ја истураме зелено-белата смеса. Го ставаме во фрижидер да се стегне малку, па врз неа го истураме чоколадниот кафеав дел.
4. Најгоре ги редиме пишкотите, нежно и рамномерно, за да кога ќе го превртиме ни дојдат како подлога. Калапот го ставаме во фрижидер да се стегнат слоевите, најмалку 3 часа.
5. За фил ја матиме слатката павлака и го растопуваме чоколадото, па ги соединуваме со матење. Го ставаме филот во шприц и филуваме по вкус и желба. Наросуваме какао.

Забелешка
Отакако ќе се растопат чоколадните делови добро е да се подизладат и згуснат малку пред да ги ставиме во калап бидејќи се во течна состојба, за да добиеме слоевит ролат.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:27
Панакота – домашна


Состојки
1/2 л. слатка павлака
1 стапче ванила
1 пакетче желатин
100 гр. шеќер во прав
Прелив*
200 гр. јагоди или малини
4-5 лажици шеќер во прав

Специјалитет на Италијанската покраина Пиедмонта и во превод значи сварена крема или сварена павлака.
1. Се става слатката павлака (која мора да е од животинско потекло) а не слатка павлака со растителна маснотија и шеќерот во сад за варење и се загрева на тивко до пред вриење(не смее да зоврие)
2. Се додава ванилата и се меша со жица за матење.
3. Се додава желатинот и се добро заедно се измешува.
4. Смесата се истура во плиток сад исплакнет со вода или во мали калапчиња за пудинг или суфле.
5. Прелив* Јагодите или малините се варат малку со шеќерот и малку се гмечат.
6. Панакотата се става во фрижидер и се остава добро да се стегне и да се олади па пред сервирање се полива со преливот.Преливот може да биде најразличен со јагоди,малини,портокали и кајсии..Во смесата по желба може да се додаде и чоколадо за готвење,рум и сл.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:56

Рецепт за ирска панакота

< width="300" height="250" border="0" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" ="0" allowtransparency="true" scrolling="no" allowfullscreen="true" id="aswift_1" name="aswift_1" style="-sizing: inherit; left: 0px; : ; top: 0px; border-width: 0px; border-style: initial; width: 300px; height: 250px;">

Обожавате да испробувате нови десерти? Тогаш овој рецепт дефинитивно е за вас!

Потребни состојки:

  • 500 милилитри слатка павлака
  • 50 грама шеќер
  • 1 пакување желатин
  • 2 чајни лажички инстант кафе
  • Една лажичка виски

Начин на подготовка: Инстант кафето измешајте го со една лажичка врела вода. Желатинот подгответе го така како што пишува на пакувањето, па оставете го да постои од пет до десет минути, доека го подготвите остантото. Слатката павлака со шеќерот загрејте ја до точка на вриење. Во оваа смеса дојдате го кафето и желатинот, па мешајте додека сето не се стопи. Во тоа додајте го виските. Смесата ставете ја во подготвени калапи или пак ставете ја во еден поголем калап и оставете да се олади во фрижиер преку ноќта.



Изменето од Valerija - 05.Октомври.2019 во 12:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:47

Златна панакота

Златната панакота е инспирирана од златното млеко, кое е докажано здрав пијалак.


Дали некогаш сте помислиле дека можете да направите панакота која ќе биде и слатка и здрава во исто време?

Златната панакота е инспирирана од златното млеко, кое е докажано здрав пијалак. Основата се прави од слатка павлака, млеко, шеќер и желатин.

Во преливот има мед, К*ркума, ѓумбир, мускатно оревче и цимет.

Потребни состојки:

250 мл млеко
7 гр желатин
1/2 лажичка К*ркума во прав
700 мл слатка павлака
Прстофат сол
125 гр мед

Подготовка:

Млекото ставете го во мал сад, а во него истурете го желатинот и причекајте пет минути за да омекне. К*ркумата најпрво растворете ја со лажица слатка павлака па измешајте со остатокот и додадете ги солта и медот.

Мешајте на слаба температура, додека медот се стопи, но внимавајте да не зоврие смесата. Потоа измешајте го млекото со желатинот и тргнете од рингла.

Префрлете ја смесата во чист сад кој ќе го ставите во друг сад, со ладна вода и мраз. Мешајте додека се лади. Изладената, но уште течна смеса ставете ја во чаши и ставете ја да се излади во фрижидер неколку часа.

Подгответе прелив од мед, К*ркума, цимет и ѓумбир и прелијте врз панакотата.



Изменето од Valerija - 05.Октомври.2019 во 12:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:44
Брза панакота со прелив од сок од вишни


Брза панакота со прелив од сок од вишни

Состојки
500мл слатка павлака
70-100 гр шеќер
1 ванила- стапче ванила
1 кесе желатин
3 лажици ладна вода или 45 мл
2 лажици афион
100мл сок од вишни за растворање
4-6 кандирани вишни

Во сад ја налеваме слатката павлака.
Го додаваме стапчето ванила, расечената мешунка.
Или може да се стави ванила шеќер.
Го додаваме и кристал шеќерот.
Оставаме така да одстои 30 минути.
Сега го ставаме желатинот во садче со ладна вода, за да набабри.
Потоа ја вадиме мешунката ванила и ја загреваме слатката павлака до вирење.
Тргаме на страна
Го додаваме набабрениот желатин.
промешуваме, за да се растопи желатинот во топлата смеса.
Го додаваме и немелениот афион.
Промешуваме.
Мали модли или модли по желба куглоф, правоаголна тава....тенко ја премачкуваме со масло.
Ја истураме подготвената смеса.
Оставаме во фрижидер од 2-3 часа.
Потоа ја превртуваме панакотата од садовите, ја декорираме со сируп од вишни, кандирани вишни...и послужуваме.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:40
Панакота со прелив од малини


Панакота со прелив од малини

Состојки
1 л. слатка павлака
1 л. млеко
50 гр. шеќер во прав
1 стапче ванила
2 пакетчиња желатин
50 мл. вода

1. Во сад се ставаат 50 мл. ладна вода и 2 пакетчиња желатин и се оставаат 10-тина минути.
2. Во тенџере на тивок оган се става 1 л. слатка павлака и кога добро ќе се загрее се додаваат 1 л. млеко, 50 гр. шеќер во прав и 1 стапче ванила и се меша постојано додека смесата не се доведе до точка пред вриење.
3. Се трга од оган и се додава желатинот со постојано мешање.
4. Смесата се распоредува во модли и се остава 1 час на собна температура а потоа се става во фрижидер. Најдобро е да отстои во фрижидер 6-8 часа.
5. Пред сервирање модлите се ставаат неколку секунди во топла вода за полесно да се извади панакотата.
* Јас панакотата ја послужив со овошен сос од малини.
Замрзнатите малини се ставаат во тенџере со малку вода и шеќер и се оставаат да провријат кратко. Во посебен сад се меша густин со малку вода и се додава во сосот од малини. Се меша додека сосот не почне да се згуснува.
* Од оваа количина на состојки излегоа околу 25 панакоти (во калапи со различна големина и форма).

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:38
Панакота со јагоди

Панакота со јагоди

Состојки
200мл млеко
200мл слатка павлака
50гр шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
1 пакетче желатин
500гр јагоди
150гр шеќер
1 пакетче желатин

Во сад на страна ставете го желатинот и потопете го со 5 лажици вода и оставете го да набори.
Млекото, слатката павлака, шеќерот и ванилиниот шеќер ставите ги на оган само колку да се затопли смесата, потоа тргните го тенгерето и во него ставете го набобрениот желатин.
Смесата истурeте ја во чаши, а нив ставете ги во фрижидер да остојат 2 часа. Откако ќе поминат тие 2 часа и белиот дел ќе биди убаво стегнат се приготвува делот од јагоди.
Повторно желатинот пригответе го на истиот начин.
Јагодите изблендиратеј ги и заедно со шеќерот ставете ги на оган колку да се затопли смесата и на крај додајте го набобрениот желатин. Ова смеса се истура врз белата смеса и повторно се остава во фрижидер уште 2 часа.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:36
Панакота со праски

Панакота со праски

Состојки
Крем од праски
4 праски
100 гр шеќер
1 лажица мед
10 гр желатин
Панакота
400 мл слатка павлака
200 мл млеко
2 лажици мед
50 гр шеќер во прав
2 ванили
10 гр желатин

Лесен, вкусен и освежителен десерт.
Прво направете го кремот со праски. Ставете го желатинот во малку вода да набубри. Праските исчистете ги, излупете ги и ставете ги во блендер. Додајте го и шеќерот и медот и измиксајте ја смесата. Набубрениот желатин загрејте го да се стопи (јас тоа го правам во микробранова неколку секунди) и додајте го во смесата. Убаво измешејте и распоредете во 6 чаши. Ставете ги во фрижидер да се стегне.
За панакотата, најпрво желатинот ставете го во вода да набубри, па на тивок оган загрејте ја павлаката, заедно со млекото, шеќерот, медот и ванилите. Треба само малку, да се смлачи, па додајте го и стопениот желатин, промешајте убаво и ставете го одозгора врз кремот од праски, кој е веќе изладен, здрвен.
Вратете ги чашите во фрижидерот, убаво да се излади.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 12:34
Кафе панакота

Кафе панакота

Состојки
50 гр шеќер
3 лажички инстант кафе
250 гр млеко
250 гр млечна слатка павлака
1 кесичка желатин
3 лажици ладна вода

Желатинот ставете го во еден мал сад и прелијте го со водата. Оставете го 10 минути да набабри.
Во меѓувреме ставете ги во тенџерче млекото, слатката павлака и шеќерот да се стоплат, но не да вријат. Тргнете ги од огнот па додадете го кафето и промешајте да се растопи. На крај ставете го и набабрениот желатин и пак промешајте.
Смесата поделете ја во чаши или модли и оставете да се олади на собна температура. Потоа преместете ги во фрижидер да се стегнат.
Пред сервирање поминете со тенко ноже по рабовите на панакотата за да ја разделите од чашата и превртете ја на чинија.

Пријатен апетит!

Количеството на кафе може да го зголемите или намалите по желба на консументите. Нам вака најмногу ни одговара.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.