IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Тарт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тарт

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 17:49

Универзален овошен тарт

Ако сте на мисла што слатко да подготвите за Велигден, еве еден лесен предлог, и во однос на подготовката, но и за консумирање. А да не зборуваме за тоа дека сега е токму вистинско време да ги пробаме и првите јагоди


Состојки:

За тестото

220 г брашно

100 г путер

1 јајце

50 г шеќер

1/3 лажичка сол

За филот

Околу 500 г исчистено, исечкано овошје

100-150 г шеќер (по ваша желба)

1 кесичка пудинг од ванила

За сервирање, по ваша желба

 180 г кисела павлака

3 лажички шеќер

Овошје

Листови од нане

Приготвување:

Со вилушка разматете го јајцето со 50 г шеќер и 1/3 лажичка сол

Во сад за месење ставете го брашното, па додадете ладе, на парченца исечкан путер и со раце мешајте ги додека не добиете трошливо тесто. Додадете го матеното јајце со шеќер и замесете тесто. Обликувајте го како топка и ставете го во кеса за замрзнување и нека остане таму барем 1 час.

Додека тестото се лади спремете го филот.

Исечкајте го овошјето и помешајте го со шеќер и со прав за пудинг. Убаво измешајте ги само внимавајте да не останат грутчиња од пудингот.

Изладеното тесто расукајте го на круг со пречник 30+ цм, барем неколку сантиметри поголемо пд пречникот на тркалезната тепсија во која ќе го печете. Префрлете го тестото во тепсијата и направете ги краевите да не бидат надвор од тепсијата туку на иста висина со него. Савете го филот врз тестото и печете околу 40 минути на 180°C. Пред крајот, филот ќе набабри, но во текот на ладењето ќе спласне.

Печениот тарт оставете го да се лади, а за сервирање помешајте една чаша разладена кисела павлака со три лажички шеќер и оставете ја барем 15 минути во фрижидер за да се растопи шеќерот. Непосредно пред сервирање на секое парче ставете по малку од овој бел крем, по едно парче овошје и украсете со свежи ливчиња нане.

Напомени:

За филот е потребно околу пола литар пасирано овошје, односно овошна каша, а можете да го направите со било кое друго овошје.

И секако, количината на шеќер прилагодете ја согласно со тоа за какво овошје станува збор и со вашиот вкус.

Од киселата павлака ставајте непосредно пред послужувањето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2020 во 11:23

Совршен за појадок, ручек и вечера – солен тарт со богат и префинет вкус


Тарт или киш, сеедно кое име ќе го употребите, верувајте дека овој рецепт ќе ви стане поомилен дури и од стандардната пица која речиси сите ја обожаваме.

Solen-tart-01.jpg

Се прави лесно и брзо, а вкусот е исклучително богат и префинет. Совршено ќе се вклопи во секој оброк од денот, како и за брза закуска:

Потребни состојки:

За тестото:

  • 250g брашно
  • 120g маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сенф
  • Малку црвена мелена пиперка (зачин)
  • 1 лажица мелен лен
  • 2 лажици ладна вода
  • 1 лажица коњак
  • прстофат сол

За филот:

  • 3 јајца
  • 200 ml неутрална павлака за готвење
  • 200 g ајдамер или некој друг тип на тврд кашкавал
  • 100 ml млеко
  • сол
  • 1 голема главица црвен кромид

Начин на подготовка:

  • Соединете ги сите наведени состојки за тестото и откако ќе добиете еднолична смеса, ставете ја во фрижидерот. Најдобро е тестото да отстои прекуноќ. Немојте да се грижите за вкусот на коњакот, тој ќе испари. Неговата намена е кората да биде крцкава, а сенфот е тука да му даде пикантен вкус на тартот.
  • Префрлете го тестото за тартот во калап со кружна форма и избоцкајте го на неколку места со виљушка.
  • Печете околу 10 минути во загреана рерна на 200°C.
  • Во меѓувреме, изматете ги јајцата, додадете рендан кашкавал и останатите наведени состојки. Истурете ја оваа смеса врз полупеченото тесто и наредете крукчиња црвен кромид.
  • Продолжете со печење на 200°C додека тартот добро не порумени.
  • Доколку имате желба откако ќе се испече и добро ќе се олади, може врз него да додадете уште малку свеж, зготвен зеленчук по желба, како тиквички, шитаке печурки, пиперки или пак свежи маслинки. Изборот е ваш, но тартот е вкусен и без овие дополнителни додатоци.

Solen-tart (6).jpg

Solen-tart (5).jpg

Solen-tart (4).jpg

Solen-tart (3).jpg

Solen-tart (2).jpg

Solen-tart (1).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2021 во 10:20
Месечина тарт

Месечина тарт



Состојки
Состојки за тестото
250 грама брашно
100 грама путер
1 јајце
1/2 ќесичка пециво
1 рендана кора лимон
Состојки за филот
500 мл млеко
200 грама шеќер
2 јајца
90 грама брашно
1 ќесичка шеќер со вкус на лимон

Се замесува тесто од наведените состојки.
Тестото се витка во стреч фолија и се остава во фрижидер околу 1час,
На оган во млекото ги додаваме шеќерот, јајцата, брашното и ќесичката шеќер со вкус на лимон, постојано мешаме да добиеме густ крем,
Кремот се лади со повремено мешање за да не ни фати кора,
Тестото го вадиме од фрижидер и отсекување 1/4 за ѕвездите одозгора,
Поголемиот дел од тестото го моделираме во калап за тарт и дното го боцкаме со вилушка,
Изладениот крем го истураме врз тестото и израмнуваме,
Одвоеното тесто го расукуваме во тенка кора и од него вадиме ѕвезди кои ги редиме врз кремот,
Тартот го печеме во загреана рерна на 180С околу 25 минути,
Откако ќе се олади посипете го со шеќер во прав.
Пријатно јадење !


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2021 во 10:28
    Тарт со смокви


    Тарт со смокви



    Состојки
    Тесто
    300 гр. брашно (половина меко половина остро)
    2 жолчки
    140 гр. свинска маст
    50 гр. шеќер
    на вкус рендана кора од лимон
    прстофат сол
    Фил
    2 белки
    130 гр. шеќер
    200 гр. мелени ореви
    на вкус рендана кора од лимон
    1 лажица брашно
    500 гр. свежи смокви

    Тесто
    - Во одмереното брашно додадете го шеќерот, солта, маста, жолчките и ренданата кора од лимон, измесете тесто кое на почетокот ќе биде ронливо, но со месењето ке ја добие својата компактност. Веднаш со сукало расукајте кора, постелете во модлата во која ќе печето, убаво израмнете прво на дното подота обложете ги ѕидовите- оставете на страна.
    Кога го оформувате тестото на ѕидовите на модлата секако дека останува тесто, расукајте и направете си од него некоја декорација.
    Фил
    - Изматете ги белките со шеќерот, додадете во нив оревите, ренданата кора од лимон и 1 лажица брашно, измешајте да се спои. Истурете во модлата во која веќе е формирано тестото.
    - Смоквите исечете на кругови, наредете ги врз филот, декорирајте со форми кои вие сте ги одбрале од остатокот од тестотол ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 мин. - внимавајте на рерната.
    Прекрасен е тартот...
    Совет-
    Многумина реагираат на тоа дека не можеле да го постават тестото во модлата бидејки им се рони... да, тоа не е како тесто за сукање, но знам дека доколку се помали јајцата тие 2 жолчки се малку, затоа користете поголеми јајца или снајдете се - додадете уште една мала жолчка - значи тука зависи од големината на јајцата. Овој тарт можете да го спремите и по ваш испробан рецепт за тестото - филот останува ист.


      Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
      Кон врв
       Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
        Сподели тема   

      Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

      Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
      Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

      Страницата е генерирана за 0,250 секунди.