IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Колачи и торти со крем банани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колачи и торти со крем банани

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Колачи и торти со крем банани
    Испратена: 05.Јуни.2018 во 20:55

Брза торта со крем банани за секоја пригода


Ги знаете оние рецепти кои се совршени, ама баш за секоја прилика? Ова е еден од нив.

Bez-pecenje-eve-kako-da-napravite-vkusna-torta-so-krem-banani-01

Без оглед дали сакате да ги изненадите вашите домашни со вкусен десерт после ручекот или сакате да наравите торта по повод нечиј роденден, оваа торта со крем банани е нешто кое навистина ќе остане запаметено.

Постапката е неверојатно лесна и едноставна, нема потреба од печење, а резултатот е кремаста и вкусна торта која сите ќе ја обожаваат.

Потребни состојки:

  • 300 g бисквити
  • 2 пудинзи од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер (се става во пудингот)
  • 1 лажица густин (се става во пудингот)
  • 1 l млеко
  • 125 g маргарин
  • 100 g мелени бисквити
  • 100 g чоколадо
  • 6 крем банани
  • сок за натопување на бисквитите (може и цеден портокал)

Подготовка:

Пудинзите од ванила сварете ги заедно со ванилиниот шеќер и густинот во 1 литар млеко. Откако ќе се разладат, изматете ги заедно со маргаринот.

Поделете на 3 еднакви дела. Во едниот додадете ја мелената плазма, во вториот додадете рендано чоколадо, во третиот ставете ги иситнетите крем банани.

Во калап редете слој бисквити натопени во сокот кој го одбравте, па ставете го пудингот со плазма.

Наредете втор слој бисквити натопени во сок, па ставете го пудингот со крем банани.

Врз третиот слој бисквити натопени во сок ставете го пудингот со рендано чоколадо.

Оладете неколку часа и сечете парчиња кои ќе ги декорирате по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2018 во 20:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2018 во 20:58
Крем банана колач


Крем банана колач

Состојки
за кората
5 цели белки
4 цели јајца
10 лажици шеќер
9 лажици брашно
2/3кесичка печиво
за фил
800гр. млеко
2 пудинзи ванила
2 лажици брашно
2 кесички ванила шеќер
10лажици шеќер
200гр. биен путер(маргарин)
5 цели жолчки
60гр. прашок за шлаг пена(рефус) ,200мл млеко
додатоци за филот..
50гр чоколадо (да се стопи)
100гр. мелени бисквити
8 крем бананчиња
20гр. рендано чоколадо

Јајцата за кората се бијат со миксер ,4 цели и 5 белки. Се додаваат сите напоменати состојки за кора и се излева во стандарден плех над хартија.
Се печи на 190, се лади.

За филот се вари крем од млекото, пудингот, шеќер, брашно, постојано мешаме на тивок оган на сам крај се додаваат жолчките и се трга од оган. Додека е топол филот се дели на 2 дела.
Во едниот се става 50 гр. чоколадо да се истопи и се лади. 
На страна се бие путерот, половина оди во овој дел, а втората половина во останатиот. 
Во делот со чоколадо се ставаат мелени бисквити, се додаваат и ренданото чоколадо и крем бананчиња сечкани. Во сад настрана се бие прашокот за шлаг со 200мл. ладно млеко, се додава во останатиот ,,светол,, дел од филот.
Над кората се филова прво кафеавиот дел, одозгора светлиот дел, по избор нарендав чоколадо сосема за крај.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2018 во 21:02
Непечена торта со крем банани


Состојки
1000мл. млеко
4 пудинзи од ванила
300гр. шеќер
250гр. маргарин
10 сецкани крем банани
3 банани
250гр. мелени ореви
250гр. мелени бисквити
2 кесички шлаг крем од чоколадо
2 кесички шлаг
100гр. чоколадо за готвење
2 кесички чоколадни топчиња

Млекото го ставаме на тивок оган заедно со шеќерот и пудинзите да се варат.
Кога ќе се згустат се трга од оган, ги додаваме бисквитите и оревите го покриваме со најлонска фолија за да не фати кора и се остава да се излади.
Ладно го биеме со маргаринот и ги додаваме сецкани крем бананите и бананите и убаво мешаме.
Смесата ја ставме во калап со обрач и ја оставаме во фрижидер 2-3 часа убаво да се стегни.
Потоа ја филоваме со шлагот од чоколадо и ванила и рендаме чоколадо и декорацијата за завршив со чоколадни топчина.
Овај десерт лани го направив за Велигден прв пат и затоа син ми ја вика велигденска торта.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2018 во 21:11

Обланда ролат со крем банана

Обланда ролат со крем банана е многу вкусен, декоративен колач, лесно и брзо се прави. Можете да го направите за секоја прилика,забава, именден,роденден, или ако едноставно ви се пријаде благо. Пробајте го , па ќе се уверите колку е вкусен овој колач, бидејки само така ќе го осетите вкусот на овој колач…..А се разбира ќе го направите повторно, бидејки е многу вкусен…..

Потребни состојки за обланда ролат со крем банана

500 грама шекер

1/2 литар млеко

половина коцка маргарин

200 грама ораси мелени

кора од портокал

две обланди

150 рама чоколадо за готвење

5-6 крем бананчиња

Подготовка на обланда ролат со крем банана

500 грама шекер се става на оган со 1/2 литар млеко , 1/2 коцка маргарин , да се стопи. Потоа се додава 200 грама мелени ораси , може и некоја бисквита мелена (околу 100-200 грама , односно по потреба ). Се ренда кора од еден портокал .

Се земаат две обланди , се влажнат во водена крпа .

Врз едната обланда се истура половина од карамел смесата, па врз неа се става другата обланда и убаво се притиска за да се слепат.Се филува со останататакарамел смеса.

Башка се растопува 100-150 грама чоколадо за готвење кое се истура врз карамелот.

Врз чоколадото се редат 5-6 крем бананчиња на долж од обландата и се витка во ролат.

Се остава да се засуши на воздух , па потоа се сечи на тенки декоративни парчиња.




Изменето од Valerija - 05.Јуни.2018 во 21:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2018 во 21:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 21:13
Крем банана колач (без печење)

Крем банана колач- без печење

Состојки
450 гр. бисквити
15 крем банани
5 јајца
4 лажици шеќер
1 ванила
100 гр. шеќер во прав (може и повеќе)
50 мл. газиран сок од портокал/лимон
250 гр. маргарин

1. Крем бананите се сецкаат, а бисквитите се мелат.
2. Јајцата, ванилата и 4 лажици шеќер се матат со миксер и се ставаат да се готват над пареа во подлабок сад.
3. Се додава маргаринот и се вари додека да се добие густа смеса, која што се остава да се излади откако е готова.
4. Откако ќе се излади смесата, во неа се додаваат најпрво бисквитите и сокот и се меша со лажица, да почнат да се соединуваат. Потоа се додаваат крем бананите и пак се промешува.
5. Се додава шеќерот во прав и сега смесата се замесува како тесто се додека сосема не се хомогенизира.
6. Потоа се става во тавче обложено со најлонска фолија со сакана големина, зависно од тоа дали се сакаат подебели или потенки коцки.
7. Готовиот колач се покрива со фолија или ако садот во кој ќе се стави има капак со капак и се става во фрижидер да се стегне убаво (најдобро преку ноќ).




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 21:16
Касато со крем банани и вишни (без печење)


Касато со крем банани и вишни

Состојки
300 гр бисквити
1 пакетче ресана
200 гр желе бомбони
6-7 крем бананчиња
100 гр суви вишни (грозје или брусница)
прелив
200 мл млеко
200 гр маргарин
100 гр шеќер
100 гр чоколадо
уште
1 пакетче шлаг пена
110 мл млеко

Спремање
Искршете ги бисквитите, исечкајте ги ресаните, бананчињата и желето, додадете го сувото овошје и се заедно измешајте го длабока вангла.

Во тенџерче ставете ги состојките за преливот. Мешајте и загрејте ги до зовривање, па прелијте врз состојките во ванглата.

Измешајте се убаво и истурете во долгунест калап обложен со целофан и оставете да се стегни барем неколку часа.

Потоа, превртете ја тортата врз рамна долгунеста чинија, спремете ја шлаг пената со млекото и премачкајте одозгора.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 21:20

Ролат со крем банани



Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 21:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 21:24

Пирамиди со крем банани

Пирамида од едноставни состојки кои секој ги сака – бисквити, чоколадо, крем банани, и ќе добиете едноставен и брз десерт кој наскоро повторно ќе морате да го правите…

Потребно е:
3 јајца
150 г. шеќер
150 г. маргарин
100 г. чоколадо за готвење
200 г. мелени бисквити (или плазма)
200 г. правоаголни бисквити
100 мл. млеко
6 крем банани
Подготовка:


1. Долг правоаголен калап обложете со прозирна леплива фолија. Бисквитите натопувајте ги во млако млеко и наредете од двете страни на калапот, да формирате визуелен триаголник (види фотографија).

2. Изматете ги јајцата со шеќерот и сварете ги на пареа, како крем. Додајте ги искршеното чоколадо за готвење, исечканиот маргарин, сварете. Кога ќе ја добиете потребната густина тргнете го садот на страна и додајте ја мелената плазма. Оставете малку да се излади (да биде млако) и нанесете половина во садот со бисквити.
3. Над филот наредете ги крем бананите.
4. Нанесете го останатиот фил.

5. Покријте со бисквити натопени во млако млеко.

6. Оставете да се стегне и префрлете на долга чинија.
7. Сечете на парчиња, со дебелина по ваша желба, и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2018 во 20:18
Летна торта без печење со крем банани: Без мака е готова за 15 минути




Летна торта без печење со крем банани: Без мака е готова за 15 минути


Направете вкусна торта идеална за горештините, со банани, без печење и долго мачење.

СОСТОЈКИ:

  • 1 пакување бисквити
  • 25 крем банани
  • 200 мл кисела павлака
  • 200 мл слатка павлака
  • 200 гр шеќер во прав
  • шлаг

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мешаат заедно со миксер двата вида павлака, со шеќер во прав, се додаваат дробените бисквити, па ситно исечените крем банани и се меша се со рака.
  2. Се става смесата во калап и се рамни, па се украсува со шлаг кој ќе го изматите според упатството.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.