IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Макаронс
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Макаронс

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Макаронс
    Испратена: 02.Јуни.2018 во 19:39
Макаронс
Дали ги сакате познатите Макаронс колачиња?среќа

1


Доколку отсекогаш ве интересирало како се прави прочуениот француски десерт ,,Макаронс’’, го пронајдовме оригиналниот рецепт за вас.

Состојки

• 250 гр шеќер во прав
• 100 гр шеќер
• 100 гр мелени бадеми
• 2 лажици какао
• 4 белки

2

Крем

• 200 гр чоколадо за готвење
• 100 мл павлака за готвење

Начин на подготовка

Оставете ги белките да отстојат на собна температура. Изматете ги со миксер, а потоа додавајте постепено од шеќерот, малку по малку додека смесата не се зацврсти.

Замешајте ги мелените бадеми и шеќерот во прав во смесата. Додадете го и какаото, па внимателно измешајте. Сипете ја смесата на хартија за печење со помош на готварски шприц или кесички за замрзнувач.

Оставете ги 1 час да се сушат. Печете ги 15 минути во рерна на 150 степени. Растопете го чоколадото во павлаката и оставете да се олади. Наполнете ги кексите и чувајте ги во кутија.

3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 19:41

НАПРАВЕТЕ СИ САМИ „МАКАРОНС “ КОЛАЧИЊА


4 белки

70 г. шеќер

230 г. шеќер во прав

120 г. мелени бадеми

прехрамбена боја

фил по желба ( како крем, Нутела, мармалад, слатка павлака, шлаг крем)
hrana-macaroons06-1024x768

 

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 120 степени.

2. Белките и шеќерот изматете ги со миксер, додека не добиете цврста смеса. Потоа додадете прехрамбена боја и матете уште некоја минута.

3. Просејте бадем и шеќер во прав, а притоа отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав. Постепено и внимателно поврзете го тоа со белките. Смесата треба да биде лесна и густа, да не се разлева.

kolaci-1024x430

4. Во тепсија ставете хартија за печење, а потоа ставете ја смесата во шприц и полека нанесете на тепсијата, во облик на мали топчиња – печете 15 до 20 минути.

5. Поврзете две колачи и ставете фил меѓу нив. За тоа можете да користите мармалад или слатка павлака, крем шлаг или обична растопена чоколада.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 19:45

Француски макаронс со лешници и какао

Најубавите, напосакуваните, највкусните француски колачиња Макаронс.  

Состојки:

Смеса:

– 15гр. какао

– 100гр. мелени бадеми

– 50 гр. мелени лешници

-150гр. шеќер во прав

-50 гр. цврсто изматени белки

Фил:

-150гр. шеќер

-40гр. вода

-60гр. цврсто изматени белки

За филување:

-150 гр. крем од чоколадо и лешници

Подготовка:

Ситно смелете ги излупените бадеми и лешници, па убаво просејте ги, заедно со шеќерот во прав и какаото. Отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав .

Додади ја оваа смеса на белките (неизматени) и измешајте ја со шпатула и ќе добиете прилично мазна смеса.

Додадете сируп од вода и шеќер додека не достигне температура од 118 ° C. Во меѓувреме, изматете ги до половина белките.

Со миксерот продолжете да мешате и да додавате во тенок прилив од готовиот сируп, внимавајќи притоа да го сипувате сирупот помеѓу маталките на миксерот и ѕидовите на садот во кој матите бидејќи ако сирупот ги погоди перките во движење би можел да предизвика сериозни изгореници. Продолжете да матите додека смесата да стане млака.

Измешајте ги внимателно двете смеси (мешавина од бадеми и лешници и сирупот) – се меша преклопувајќи со шпатула додека смесата не омекне и ја постигне густината на лава, тоа е кога ќе ја подигнете шпатулата, смесата паѓа од неа во густ млаз и многу брзо се претопува со остатокот смеса не оставајќи трага на врвот.

Наполнете ја вреќата за декорација со обичен, тркалезен отвор. Истискувајте купови на плех за печење обложен со хартија за печење или на силиконска облога . Не истискувајте премногу смеса бидејќи додатно ќе се прошири.

Оставете да се исуши 1/2 час до еден час (или дури и повеќе), а потоа се пече на 150 ° C за 10-15 минути.

Отстранување на готовите макаронс од подлогата задолжително само кога тие потполно ќе се оладат.

Поврзете ги две бисквити макаронс со малку крем.

Наполнетите макаронс ставете ги во херметички затворен сад во фрижидер.

Извадете ги на собна температура половина час пред сервирањето.

Покрај полнењето со нутела  може да бидете креативни и да смилите друг сладок крем за полнење на овие преслатки француски колачиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 19:47

Dave’s Kitchen: Рецепт за вкусни француски макаронс



Денес од кујната на Давор го презентираме рецептот за еден од најбараните десерти во моментот. Иако се специфични за правење француските макаронс, сепак не се невозможна мисија.

Потребни состојки:

* Големината на шолјата со која ќе ги мерите состојките е од 100 мл.

Начин на подготовка: 

Во сад за матење ставете ги белките и започнете да матите. Кога ќе се формира почетна пена пополека додавајте го шеќерот и продолжете да матите на најголемата брзина (шеќерот додавајте го постепено). Потребно е да матите околу 7 минути за да добиете цврст шлаг. 

Во сад на страна низ сито поминете ги шеќерот во прав, еспресото и мелените бадеми. (Овој чекор е многу важен за да Ви излезат добро колачињата). 


Во садот со изматените белки додадете ги пресеаните бадеми,еспресото и шеќерот во прав и со помош на шпатула мешајте пополека не дозволувајќи брзо да се изгуби воздухот во смесата. Постепено промешувајте и проверувајте ја смесата на тој начин што со шпатулата ќе земете и ќе гледате како паѓа. Треба да паѓа постепено како лава.

Ставете ја смесата во готварски шприц и формирајте ги колачињата во мали кругчиња. Кога ќе го исполните тавчето исто така важен чекор (доколку не го направите, нема да ја добиете посакуваната форма) е благо да го удрите тавчето по еднаш на работната маса од сите страни. Овој чекор помага да излезе воздухот од колачињата и токму поради ова ќе се формира пукнатината на колачето (стапало). 

Оставете ги 40-тина минути да се исушат на собна температура (во зависност од влажноста на воздухот понекогаш и до 1 час). Кога ќе ги допрете со прстот треба да бидат засушени. 

Загрејте ја рерната на 140 степени и печете ги 13-15 минути.

Потребни состојки за филот:

Сите состојки ставете ги во миксер и матете околу 7 минути додека не добиете убава пенлива смеса. Филот ставете во готварски шприц и нанесете врз едно колаче од долната страна, со друго поклопете го филот и ќе добиете сендвич колаче - макаронс.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 19:50

Боите и вкусот на совршените макаронси



„Macarons“ се светски популарни десерт колачиња кои многу наликуваат на мини хамбургери во светли бои.

1-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk

Зборот „macaron“ е изведен од италијанскиот збор „maccarone“. Се верува дека овие колачиња ѝ биле претставени на Франција од Италија околу 1533 г., кога Кетрин ди Медичи била кралица на Франција. На почетокот макаронсот се правел само од едно колаче, кога Пјер Дефонтен, сопственикот на  „Ladurée“ (многу позната и луксузна француска пекара), залепил две колачиња со ганаш крем и овој рецепт станал толку многу популарен во Франција, што денес го нарекуваат скапоцен камен на француското пекарство. Доколку имате можност да го посетите Париз, топло ви препорачуваме да ги пробате, затоа што велат дека францускиот путер им дава уникатен вкус.

8-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk3-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk

Овие мали колачи се направени од две тркалезни школки, кои се залепени со фил. Школките се прават од белки од јајца (кои се оставаат надвор од фрижидер една ноќ), шеќер во прав, бадемово брашно и шеќер во гранули. Постојат бескрај варијации на филот којшто може да се користи во изработката на овие слатки задоволства, но најпознати се ганаш филот, овошен фил, фил со путер и со овошни џемови. Интересен е фактот дека макаронсите се едни од ретките продукти за кои употребата на обојувачи е широко прифатена во слаткарството. Нивните различни бои овозможуваат полесно разликување на нивните вкусови во продавниците.

4-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk5-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk

Макаронсите најчесто се прават во големина доволна за да бидат изедени во 1-2 залака, со дијаметар 3-5 см. Што се однесува до калориите, можат да содржат 70-100 калории, во зависност од филот. За споредба еден капкејк содржи околу 400 калории. Тие не треба да бидат многу благи или филот да тече од нив. Кога ќе гризнете од ова колаче, ќе забележите дека има деликатна коричка, како лушпа од јајце. Под неа се наоѓа влажно и нежно колаче со меко полнење.

6-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk7-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk

Честопати, колачите macarons се мешаат со слатките macaroons, главно поради сличноста во изговорот. Но, постојат многу разлики помеѓу нив. Macaroon е меко колаче направено од белки од јајца, шеќер и кокос, често потопени во чоколадо, кое не изгледа ни приближно толку привлечно како macaron.

2-boite-i-vkusot-na-sovrshenite-makaronsi-kafepauza.mk

Иако популарноста на овие колачи секојдневно расте на нашите простори, не можеме да ги најдеме во многу продавници. Се надеваме дека ќе инспирираме некој да отвори нов бизнис. 🙂

 



Изменето од Valerija - 02.Јуни.2018 во 19:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 20:06
Макаронс
Ако сè уште не сте откриле дека овој десерт, кој доаѓа од Франција,
 е најстилска храна на светот, тогаш доволно е само еднаш да погледнете на Инстаграм, и ќе ви стане јасно.

Совршениот десерт кој е од надвор крцкав, а внатре мек, и кој најчесто се служи со пенесто мока кафе или некој попладневен чај, стана вистински хит во Европа во последниве година дена, па и кај нас можете да го најдете во многу слаткарници.


Инаку овие колачиња веќе 150 години се прават во Франција, каде постои голема конК*ренција кај производителите на десерти, кои покрај фантастичниот вкус мамат и со широката палета на бои во кои се прават.



Голема популарност на овие колачиња кои се прават воглавно од бадем, шеќер и белки, донесоа модните блогерки, уредници, дизајнери и креативци кои сакаат да ги фотографираат колачињата.


Макаронс се навистина фешн колачиња: вкусни се, визуелно изгледаат перфектно, не се евтини (сепак спаѓаат во некој вид луксуз) и лесно се праќаат по пошта, па кога сакате да подарите нешто на некој што има стил, ова е дефинитивно подарок со кој нема да згрешите.



Изменето од Valerija - 02.Јуни.2018 во 20:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 09:13

Рецепт за феноменалните Макаронс колачи



Mакаронс се француски колачиња кои стекнаа голема популарност во светот. Рецептот за Макаронс колачињата е многу едноставен.

Потребно:

3 белки

130 г. бадемово брашно или мелени бадеми

200 г. шеќер во прав

80 г. шеќер

ванилин екстракт

малку сол

боја за колачи и торти во прав

 

Пред да почнете со подготвувањето на Макаронс, извадете ги јајцата од ладилникот и оставете ги на собна температура 24 часа.

Ако не можете да најдете бадемово брашно, тогаш сомелете бланширани бадеми, важно е бадемите да немаат лушпа.

Подготовка:

Одвоете ги жолчлките од белките. Соединете ги бадемовото брашно и шеќерот во прав да добиете точно 330 грама.

Во прикладен сад ставете ги белките и додадете малку сол. Матете со помала брзина за да можете да ја следите густината на белките, потоа постепено додавајте шеќер. Кога белките ќе добијат мека цврстина можете да го додадете екстрактот од ванила и бојата. Матете уште малку за сето тоа да се изедначи.

Потоа додадете ги бадемите и шеќерот. Полека мешајте додека сето тоа не се соедини.

Смесата ставете ја во слаткарски шриц со округол додаток. Оставете ги на собна температура за да фатат кора.

Се печат на 130 °C околу 13 до 15 минути.

Фил:

3 жолчки

2 лажици шеќер

40 г. бело млечно чоколадо

45 г. путер
На пареа згответе ги жолчките, шеќерот и белото чоколадо па во оладениот фил изматете го путерот. Во филот можете да додадете и боја по желба



Изменето од Valerija - 03.Јуни.2018 во 09:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 09:15
Макаронс со малини

Затоа, за вас припремивме одличен рецепт со кој би можеле и сами да уживате во вкусните колачиња кога и да посакате. 

Потребни состојки:

• 2 белки

• 80 гр. мелени бадеми

• 120 гр. шеќер во прав

• 50 гр. ситен кристал шеќер

• прехранбена боја или малку какао

Ганаж од бела чоколада со лимон и портокал

• 100 гр. бела чоколада

• 30 мл. слатка павлака

• малку сок од лимон

• прстофат изрендана кора од лимон или портокал

Припрема:

1. Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав.

2. Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сè додека не добиете цврста смеса.

3. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадете малку црвена прехранбена боја или сок од малини.

4. Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри.

6. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови.

7. Испечените колачите наполнете ги со фил по желба: ганаж од бело чоколадо, карамел, фил од лимон – спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате.

Ганаж со лимон и портокал:

Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сè додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 09:23

Ќе останете без коментар: Рецепт за вкусни макаронс



Макаронсот е вистински хит десерт кој полека си доби свои обожаватели. Помеѓу двете лесни и вкусни колачиња се наоѓа сочен крем.

Потребни состојки:

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 150 степени

2. Белките и шеќерот матете ги со миксер, додека не добиете цврст шлаг. Потоа додадете ја прехранбената боја и матете уште малку

3. Просејте го бадемот, шеќерот во прав и солта два пати за да бидете сигурно дека сте ги отстраниле сите грутки. Постепено и внимателно спојте ги со шлагот од белките. Смесата треба да биде соединета и густа, да не се разлева.

4. Во плех поставете хартија за печење, а потоа со шприц нанесете ја смесата и формирајте топчиња. Потоа печете 15 до 20 минути.

5. Спојте ги двете колачиња и филувајте помеѓу. За тоа можете да користите џем или слатка павлака, крем шлаг или обична растопена чоколада. 

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 13:16
Макаронс со ореви


Макаронс со ореви

Состојки
Черупки
1 белка
Прстофат сол
2 големи лажици шеќер
5 големи лажици шеќер во прав
1/2 чаша ореви
1/2 голема лажица нишесте
Крем
1 жолчка
1 голема лажица кафеав шеќер
2 големи лажици еурокрем

1. Белката се става во метален сад, се додава солта и се мати со миксер, на смесата и се додава шеќерот и се продолжува со матењето до добивање на цврст снег.
2. На смесата и се додаваат 3 лажици од шеќерот во прав и се продолжува со матењето. Добиената смеса треба да свети на сонце.
3. Оревите се мелат и се додаваат на белките, во садот се става нишестето и останатиот шеќер во прав и убаво се промешува да се соедини смесата (не со миксер, со лажица или шпатула).
4. Смесата се става во шприц без накрајник и се формираат черупките на тавичка со хартия за печење.
5. Черупките се оставаат 30 минути да фатат коричка и се печат на 120 степени за 30 минути, тоа е за мојата рерна вие ќе прецените сами, но мислам дека тоа е оптималната температура, а времето може да варира, рерната треба да е без фен.
6. Откако ќе се испечат се оставаат да се оладат целосно.
Крем
1. Во сад на оган се става вода и над него се става уште еден сад во кој што се ставаат жолчката и шеќерот.
2. Се мати постојано додека шеќерот не се растопи целосно.
3. Додека е топла смесата со јајцето се додава еурокремот и се меша до соединување.
4. Кремот се остава малку да се поолади и потоа се филуваат макаронсите.
Од состојките се добиваат 10ина макаронси.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 13:18


Макаронс со фил од пикантно чоколадо


Макаронс со фил од пикантно чоколадо

Состојки
90 гр. белки
40 гр. шеќер
200 гр. шеќер во прав
110 гр. бадемово брашно
прстофат сол
малку прехрамбена боја во прав
Фил
100 гр. црно чоколадо со што поголем процент какао
80 -100 мл. слатка павлака
1 голема лажица шеќер во прав
1/4 мала лажица лут црвен пипер или чили во прав

Прекрасни слатки, едни од најпознатите француски десерти. Сега ќе го кажам моето искуство, како на најлесен начин да се подготват.
3 дена порано се оделуваат 90 грама белка и се оставаат во фрижидер.
1 ден порано се подготвува ганаш - во еден сад се ставаат шеќерот, чоколадото и лутиот црвен пипер, слатката павлака се загрева и му се додава на чоколадото, се меша додека се растопи чоколадото и се остава во фрижидер (филот може да се подготви и истиот ден кога ќе се прават макаронсите).
За подготовка на макаронсите белките се вадат од фрижидер и се оставаат на собна температура. Кога ќе се стоплат белките се ставаат во метален сад (садот задолжително треба да биде метален), се додава солта и шеќерот и се мати во зависност от тоа каков миксер користите матењето трае од 3 до 7-8 минути (меренгот трба да биде многу густ).
На смесата од белките се додаваат претходно пресеаните шеќер во прав и бадемовото брашно Најдобро бадемово брашно е домашното, а за подготовката на брашното, бадемите се ставаат во топла вода, по таков начин многу лесно се лупат и потоа се мелат со мелничка на многу ситно. Бадемовото брашно и шеќерот во прав се додаваат на 3 пати и се меша со техника фолдинг (со шпатула или лажица се меша внимателно по ѕидот на садот, се стигнува во средината и со лажицата или шпатулата се повлекува кон спротивната страна на садот). Оваа техника многу лесно може да се најде на интернет, треба да се направат некаде 60-65 движења со лажицата или шпатулата и смесата за макаронсите е готова.
За формирањето, во плех се поставува хартија за печење и со една мала кружна модла или мала чашка се цртаат кругови за по лесно постигнување на еднаква форма.
За печењето најдобро е да пробате со малку од смесата и да прецените сами, затоа што секоја рерна е различна, јас ги печев на 120 - 125 степени за 20 -23 минути.
Испечените слатки се оставаат да се изладат целосно за да може полесно да се одлепат од хартијата.
Готовите слатки се групираат по две горе - долу еднакви по големина. Во средината се става од филот, се залепуваат и макаронсите се готови.

Забелешка - сите продукти треба да бидат внимателно измерени. Белките се матат во метален сад и за да не се изместува хартијата за печење на четирите агли од плехот се става по малку од смесата и врз него се става хартијата за печење.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 13:20
Макаронс со кикирики


Макаронс со кикиритки

Состојки
3 белки
200гр шеќер во прав
50гр шеќер
100гр ситно мелени кикири
малку сол
за фил
3 жолчки
60гр чоколадо
50гр шеќер во прав
50гр маргарин

Малку поинаква верзија на макаронс, не толку комплицирана. Го нема фамозниот прстен на макаронсите, но ако ги оставите повеќе да се сушат пред печење сигурно ќе го има.

А сега да почнеме.
За овие макаронс не е потребно предходно белките да стојат 2-3 дена , може веднаш да се работи со нив (ако се во фрижидер оставете ги 2-3мин во млака вода)
Кикириките ги мелиме, потоа низ сито, ги просејуваме и ги мешаме заедно со шеќрот во прав. Белките се матат заедно со 50гр шеќер откако ќе се добие цврст снег (да не биде многу цврст) ги додаваме кикириките и шеќерот во прав и мешаме со дрвена или силиконска лажица. Мешаме додека смесата почнува да паѓа во млазови, не е премногу цврста или премногу течна.
На плех ставаме хартија за печење и со шприц правиме кругчиња мегу нив да има растојание од 2цм. Се оставаат да се сушат 10-60мин зависи од температурата во просторијата (овој пат мене не ми се чекаше, па не ги оставив да се исушат убаво и затоа го нема тој прстен ) 
За тоа дали се исушени се проверува со прст, не треба да лепат. Исушените макаронс се ставаат во загреана рерна на 140 степени околу 13-15мин.
Се оставаат да се изладат.

Во мегувреме се спрема филот. Жолчките се матат, се додава шеќерот и чоколадото и сето ова се става на пареа. Откако убаво ќе се стопи чоколадото се додава и маргаринот и тој да се стопи. Откако убаво ќе се згустни се трга на страна се мати со миксер смесата да се изедначи и се остава да се излади. Изладените макаронс се премачкуваат со филот и спремни се за јадење.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 13:32
Макаронс (by Lorainne Pascale )


Макаронс ( by Lorainne Pascale)

Состојки
За паста
125 гр фино мелени бадеми
125 гр шеќер во прав
40 гр белки
прехрамбена боја
За сјаен снег од белки
40 гр белки
110 гр шеќер + 2 лажици вода за шеќерен сируп

Имешајте ги фино мелените бадеми и шеќерот во прав. Мелените бадеми можат понекогаш да бидат груби, па кратко испулсирајте ги во бледнер за пофино да се иситнат, бидејќи како е познато, фината текстура на колачите многу зависи од тоа колку се поситно мелени бадемите.
Потоа, додадете точно 40 гр белка и измешајте густа паста. Додадете прехрамбена боја и убаво соединете ја во пастата. Пастата, е всушност основната база на макаронсите. Оставете на страна.

Другите 40 гр белки ставете ги во одделна чинија и матете со миксер до средна цврстина. Додека ги матите поместувајте ја чинијата (лево-десно со поткревање од страна) за да можи што повеќе воздух да навлегува.
Пред да започните со матењето на белките растопете го шеќерот со 2 лажици вода во сируп. Држете го на топло до времето на употреба за да не ви се здрви (како мене). Сега, сирупот додавајте го постепено, во неколку наврати во белките и постојано матете со миксерот. Снегот од белки сега ќе добие сјајна структура, многу посјајна отколку ако директно се додава само шеќер.

Време двете смеси да се измешаат меѓусебно. Снегот од белки се додава во пастата/основата, а не обратно, бидејќи се запазува воздухот кој навлегол со матењето на белките да се задржи. Ако додавате паста во белки, од тежината на пастата можи да се истисни воздухот од белките. Време е за мешање. Се меша од долу нагоре во еден правец и повторно се внимава да не се истиснува воздухот попримен во смесата. Лорејн вели, да се меша и брои точно 50 пати. Повеќе или помалку ќе влијае на стуктурата на колачите.

Смесата е готова. Сега треба да се стави во шприц со кружен отвор со средна големина (не како мене со кратер : ) ) и да се изтиснуваат врз пек хартија макаронсите. Лорејн посочува мал трик како не би бегала хартијата додека се истиснуваат колачите-на секој агол става по малку од смесата и врз неа ја поставува хартијата. Јас не сакав да го валкам плехот, па ризикував да испрскам на сите агли со натопени раце по малку вода и така да ја залепам хартијата. Испадна дека не сметаше ништо, барем не овој пат.
Истиснувајте ги макаронсите со големина која ја посакувате, при што ќе внимавате да оставите простор, бидејќи ќе се рашират, да не се слепат меѓу себе.

Кога ќе ги истискате, време е за мазнење. Тавата се треска од работната површина неколку пати за да се изремнат одозгора и во меѓувреме да попримат воздух во структурата. Трескајте ја тавата неколку пати од секоја страна за да можат сите еднакво да се израмнат.

Оставете ги така 15-20 мин. Пред да печите проверете со нежен допир дали лепат на рака. Потребно е да имаат фатено кора одозгора, која нема да лепи, во спротивно оставете ги уште 10 мин и пак проверете.

Лорејн печеше со отворена рерна за да не примале влага. Јас ја искористив постапката на печење од рецептот за макаронс на Лили и се покажа многу успешна--- Рерната се загрева на 180С. Пред да се стават макаронсите да се печат, се намалува на 160С. Се ставаат и се печат 12-15 мин. После 12 мин се проверува со рака цврстината, т.е. дали игра колачот за да допечите уште некој минут или се готови.

Оставете ги да оладат и потоа внимателно вадете ги. Лили, има финтица како се спасува залепен макаронс (не ви го раскажувам, прочитајте си кај неа : ) ) Мене, ми залепија 3... можеби затоа што не можев да дочекам да изладат „поштено“ . Финтицата е за оладени и стрпливи : ) Значи, бидете стрпливи, нека оладат.

Бидејќи беа експериментални, мој прв обид за макаронс, филот неофицијално ќе ви го раскажам овде. Правен „од нога“ онака, пробно, инстантно... Во загреана слатка павлака растопив 1 чоколадо за готвење и кога се растопи тргнав од оган и додадов 2 разбиени жолчки. Вратив на исклучена рингла да се спојат и потоа со лажичка ги лепев ( шприцот кога најмногу ќе ти треба ќе те издаде. Го одбираш најникаквиот, оти другите се запикани некаде на скришно место и те мрзи да ги бараш, и овој на крај се распаѓа)

Забелешка во врска со претставениот рецепт освен случката со шприцот
Сирупот за белките јас пред време го направив. Додека полека решив да ги разматам белките и дојде време за негово турање, тој се беше здрвил-камен!. Исклучив миксер, морав да додадам уште една лажичка вода и што побрзо да го стопам. Можеби тоа е резултатот што делот со трескањето на тавата кај мене не требаше. Тие сами уште веднаш по истиснувањето си се разлеваа. Мислев дека се промашив, а ги испеков онака за да го комплетирам неуспехот. Но, кога ги видов оформените прстени, летна разочарувањето и надеж се појави : ) Крцкави одозгора, меки од внатре и така малку поголеми само од нормалните. Останаа скриени 2. Лили убаво си пиша кај неа. Трба да одстојат за да се сети она што треба да се сети ; ) , секако повкусни од првиот ден.

Ах, уште една работа, во запис- Мерејќи ги белките, во првото мерење од 1 јајце добив точно 41 гр белка. Второто беше помалку. Знаев дека има врска бојата на лушпата на јајцата и за друго, а сепак битно нешто. Белите јајца имаат повеќе жолчка за сметка на белка во составот, а темните обратно. Имајте си го во предвид овој факт и за други потреби. Значи потребни се 2-3 јајца за овој рецепт. Ако користите темни со големина XL , можеби ќе помините само со 2 јајца.
И најважното, белките . т.е јајцата мора да се одстоени на собна температура барем 2-3 саати и повеќе пред да започните со рецептот.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2018 во 21:31
Макаронс од лешници со Нутела ганаш


Макаронс со лешници со Нутела ганаш

Состојки
За тесто
100 гр белки
80 гр брашно од бадеми
30 гр многу, многу ситно сомелени лешници
165 гр шеќер во прав
60 гр ситен шеќер
За Нутела ганаш
200 гр слатка павлака со 35% м.м.
150 гр темно чоколадо
3 лажици Нутела
Не е тешко да се направат Макаронс, иако на многу места така ќе слушнете или прочитате. Ама, не треба импровизирање, ниту со состојките, ниту со начинот на подготовка, зошто нема да испаднат како треба...Добро направените Макаронс треба да имаат стопало, тоа е оној дел при дното што изгледа како набран, површината треба да е мазна и сјајна, како лушпа од јајце, филот не треба да излегува надвор, а кога ќе ги загризете под крцкавата лушпа треба да има мека, не растеглива внатрешност... Ете, така велат...

Ако немате бадемово брашно, излупете и сосема ситно сомелете бадеми, па просејте ги низ сосема ситно сито неколку пати, да добиете толку ситно сомелени, скоро како шеќер во прав. Само со такви лушпата ќе биде сосема мазна. Истото и за лешниците важи.
Белките треба да се отстоени 4-5 дена, од кои 2 дена на собна температура, покриени со прозирна фолија за да изгубат дел од влагата. Со ладни или преводени белки, површината на макаронсите ќе пука
Е, сега постапка... Во блендер ставете ги брашното од бадеми, лешници и шеќерот во прав, па пулсирајте неколку пати добро да се промешаат. Оставете на страна.
Ако немате ситен шеќер, кристал шеќер делумно сомелете го во блендер, не да стане прав, туку поситни кристали.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење на која со округла модла сте исцртале од задната страна кругови со пречник 2,5 цм, на мегусебно растојание од 2,5 цм. Додуша, цртав само кога почнував да ги правам, сега, од око....
Во еден среден сад од инокс или бакар ставете ги белките и почнете да ги матите со миксер. Кога ќе се разматат во мек снег, лажица по лажица додавајте го ситниот шеќер и матете додека не добиете цврст, сјајен снег. Не прематувајте, така многу воздух ќе има во смесата, премногу ќе се дигнат во печењето и лушпата ќе се оддели од внатрешноста.
Во снегот одеднаш додајте ја смесата од бадеми, лешници и шеќер во прав. Со шпатула десетина пати енергично промешајте, а потоа мешајте со превртување на смесата, одоздола нагоре додека добро не се соедини се, а смесата не добие козистенција “на магма“. Ако ја премешате и премногу се втечни, ќе ви се разлева.
На врвот на најлон кесичка ставете продолжеток од шприц со отвор 1 цм во пречник, наполнете ја кесичката со целата смеса за тесто, затворете ја, па истиснувајте од смесата на одбележаните кругови. Кога се наполнети плеховите, удрете ги еднаш - двапати од работната површина за да се израмни површината и да се пополнат одбележаните кругови.
Оставете да се сушат 30 - 60 мин на собна температура. Така горната површина ќе се засуши и подобро ќе се формира “стапалото“. Добри се кога не се лепливи на допир.

Загрејте ја рерната на 180 Ц. Непосредно пред да го ставите плехот во рерна, намалете ја температурата на 160 Ц. Печете ги 12 - 15 мин. После 12 проверете, пробајте да го занишате горниот дел, ако е цврст за основата, готови се. Ако сеуште се климави допечете 2 - 3 мин.
Повторете ја истата постапка и со другиот плех.
Оставете да се оладат во плехот 5 мин, а потоа пренесете ги на жица да се оладат до крај. Ако не ви се одделуваат од хартијата, што буквално никогаш не ми се случило, прснете малку вода под хартијата, тоа ќе помогне.

За Нутела ганаш-от искршете го чоколадото во еден средно голем сад. Додајте ја и Нутелата. Загрејте ја слатката павлака скоро до вриење, па прелејте ја преку чоколадото и ставете кратко да отстои. Измешајте во мазна смеса која ќе ја оставите да се олади на собна температура. Потоа изматете ја со миксер да добиете чоколадна пена.
Спојувајте по 2 и во добро затворена кутија оставете ги во фрижидер до наредниот ден. Така се многу подобри отколку непосредно направени.
Чувајте ги во фрижидер, ама пред послужување донесете ги на собна температура.
Од оваа количина состојки, се добиваат 20 Макаронс.
Ова е Француски метод за правење Макаронс и е поедноставен. По Италијанскиот метод се добиваат попостојани резултати, ама е малку посложен од овој. Мене по Италијанскиот поубави ми се..


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,467 секунди.