IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Оскари 2016, (The 88th Academy Award Nomination)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Оскари 2016, (The 88th Academy Award Nomination)

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
panter123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 15783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај panter123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Оскари 2016, (The 88th Academy Award Nomination)
    Испратена: 29.Февруари.2016 во 06:35

Со закаснување ја отворам темата оскари

Доста неизвесни оскари со голем број изненадувања, ме потсеќаат на оскарите за филмови од 2004 година организирани во 2005

Но никогаш не е касно, ќе напишам опширна рецензија откако ќе ги изгледам сите филмови номинирани за оскар во сите категории

Накратко да дадам мислење за добитниците во најважните категории

Лео конечно го доби долгоочекуваниот оскар, сосема заслужено ова го доживувам како потврда за неговите извонредни актерски квалитети и минат труд во кој покажа и докажа дека е најталентиран актер на денешницава, можеби оваа улога не му е најдобра во досегашната кариера но е потврда, валоризација за се што има постигнато, направено во неговата плодна, успешна актерска кариера

Бри Ларсон  потполно заслужено го освои оскарот, за неа знаев и бев убеден дека го добива оскарот за најдобра актерка, супериорна е во однос на нејзините конК*рентки

Најзаслужен за оскарот за споредна улога е Марк Рејленс во филмот на маестралниот Спилберг, иако беше неочекувано сепак е најдобар, најубедлив во неговата маестрална изведба, секоја чест на овој не многу познат актер.

Морам да му оддадам почит на мојот омилен Енио, маестро дојде денот со кој ја потврди својата посветеност, работа,  неверојатен талент во музиката,  докажа дека си најдобар, ненадминлив во својата област, конечно го доби тоа што одамна требаше да го добиеш, браво маестро Мориконе.

Инариту последователно триумфира во категоријата најдобар режисер, мало изненадување но сепак заслужено

Мислам дека наградата за најдобар филм замина во вистински раце, Спотлајт е филмот кој ја обележа 2015 година, филм кој испраќа многу моќна порака.






Изменето од panter123 - 29.Февруари.2016 во 07:28
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2016 во 08:14

Кои се добитниците на Оскарите за 2016-та година?

Заврши уште една гламурозна вечер на Оскарите во која грациозноста и елеганцијата беа едни од основните карактеристики на доделувањето на една од најпрестижните награди.

dobitnici-oskari-01

Како и секогаш во центарот на вниманието беа луѓето од филмската индустрија кои беа собрани се со цел да се закитат со една од најпосакуваните награди.

Целата вечер беше во знакот на првиот Оскар на Леонардо ди Каприо, а интересен беше и фактот што најмногу Оскари собра филмот, Лудиот Макс. Доколку пропуштивте да проследите кој филм, режисер или актер се закити со Оскар, во продолжение е листата на сите добитници на оскар за оваа година:

Најдобар филм: „The spotlight”- („Разоткривање”)

Најдобар актер во главна улога: Леонардо ди Каприо („The Revenant” – „Повратник”)

Најдобра актерка во главна улога: Бри Ларсон („The Room” – „Соба”)

Најдобар режисер: Алехандро Г. Инариту („The Revenant” – „Повратник”)

Најдобра оригинална филмска песна: „Writings on the wall “ (од филмот „Спектра”, изведувач Сем Смит)

Најдобра оригинална музика за филм: „The hateful eight”- „Омразената осумка“ (под диригентската палка на Енио Моригони)

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Son of Saul” – „Синот на Саул” (Унгарија)

Најдобар краткометражен игран филм: „Stuterrer”

Најдобар долгометражен документарен филм: „Amy” (документарен филм посветен на животот на Ејми Вајнхаус)

Најдобар краткометражен документарен филм: „The girl in the river, the price of forgiveness” - („Девојката во реката, цената на простувањето”)

Најдобра споредна машка улога: Марк Рајланс („Bridge of spies”- „Мост на шпиуни”)

Најдобар анимиран долгометражен филм: „Inside out”

Најдобар краткометражен филм: „Bear story”

Најдобри визуелни ефекти: „Ex Machina”

Најдобра монтажа на звучни ефекти: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра монтажа на звук: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра филмска монтажа: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра фотографија (кинематографија): („The Revenant” – „Повратник”)

Најдобра шминка и фризура: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобар дизајн на продукција: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра костимографија: „Mad Max: Fury road” - („Лудиот Макс: Бесното патување”)

Најдобра актерка во споредна улога: Алиша Викандер („Danish girl”- „Девојката од Данска”)

Најдобро адаптирано сценарио: „The big short”- („Зделка на столетието”)

Оригинално сценарио: „The spotlight”- („Разоткривање”)

Според некои, добиените Оскари беа заслужени, според некои тие претставуваа изненадување. Сепак, останува да се радуваме на оваа манифестација и да се надеваме дека филмската индустрија сè повеќе и повеќе ќе напредува и ќе изненадува со нови и уникатни дела, обидувајќи се да ни го задржи вниманието и да ни го одземе здивот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2016 во 15:30

КОНЕЧНО: ОСКАР ВО РАЦЕТЕ НА ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО

14

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1456756169515" name="I0_1456756169515" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2016%2Fzabava%2Fsoubiz%2Fkonechno-oskar-vo-racete-na-leonardo-di-kaprio%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.2GoKcZGn4zk.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCNNICfVGHJ8RD1Z1Fbiug12Xvtc5g#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1456756169515&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=29807777" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">

Леонардо ди Каприо ја доби наградата Оскар за најдобар актер. Тоа е негова прва победа по пет номинации во оваа категоријата.

На 88 церемонија на доделувањето на годишните награди на Академијата која се одржа во Лос Анџелес, 41 годишниот Ди Каприо конечно доби Оскар.

Тој ја доби наградата за главна улога во филмот The Revenant (Повратник).

1oskar-leonardo-di-kaprio

– Да не ја земаме нашата планета здраво за готово. Јас не ја земам оваа вечер здраво за готово – рече актерот во својот говор.

Режисерот на The Revenant, Алехандро Ињариту, ја освои престижната статуетка за најдобра режија, додека филмот Spotlight освои Оскар за најдобар филм.



Изменето од Valerija - 29.Февруари.2016 во 15:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 12:19

Пантер го добива Идивиди-Оскарот за филмска уметност плазење големо гушкање

Што гледав јас од Оскаровците: го изгледав Spotlight. Прекрасен филм, ми се допадна приказната и пораката и едноставноста на филмот. Заслужено си го доби оскарот.

The Revenant исто ми се допадна. Иако за мој вкус е премногу крвав, суров и по малку ми беше тежок за гледање, посебно некои сцени, онака дивјачки сурови, ама го изгледав. Исто добра приказна, да ти смрзне крвта. Лео имал и поквалитетни улоги за Оскар, ама ај му дадоа на човекот. За минат труд, што се вели.

Inside out не им се допадна баш на децата, можеби поради лошата синхронизација, па ни јас не го гледав баш внимателно.

Пробав да го изгледам The Hateful Eight, ама не можев да го изгледам внимателно. Дури ни поради музиката на маестро Мориконе, онака само го прелетав брзински. Крв, тепачки, крв, тепачки.... не ми се допадна ич.

И Мориконе требаше мноооооогу порано да добие Оскар, а не дури сега. Затоа и не ми се мерило Оскарите за квалитет на некој филм или актер/актерка.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.