IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најпознатите плоштади во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најпознатите плоштади во светот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Најпознатите плоштади во светот
    Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:42

Плоштадот Навона во Рим

На местото каде што денес се наоѓа плоштадот Навона, порано се наоѓал староримски стадион изграден од императорот Диоклецијан. Стадионот имал овална форма, исто како и денешниот плоштад. Плоштадот Навона е познат по Фонтаната на четирите реки кои всушност ги претставуваат четирите големи реки од познатите континенти: Нил во Африка, Ганг во Азија, Дунав во Европа и Рио де ла Плата во Америка.

Потеклото на најпознатите плоштади


Плоштадот Конкорд во Париз

Сместен во средината на Елисејските полиња, Плоштадот Конкорд изобилува со статуи сместени околу 3000 години стариот обелиск, подарок од Египет за Франција во 1829 година. Кога плоштадот бил изграден во 1763 година, тој бил на самиот раб на градот, кога граничел со полиња и градини. Елеганцијата на овој плоштад стои наспроти неговата мрачна историја, кога Конкорд бил место каде биле егзекутирани кралот Луј XVI, Марија Антоанета и Максимилијан Робеспјер.

Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот Свети Марко во Венеција

Овој плоштад го добил своето име според истоимената базилика Свети Марко и модерната палата Дукале, најпознатите венецијански атракции кои се наоѓаат една до друга. Плоштадот Свети Марко е создаден за време на првите денови од прогласувањето на Венецијанската Република. Заради нивната големина, токму овие градби се првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Венеција

Потеклото на најпознатите плоштади




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 10:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:44

Црвениот плоштад во Москва

Името на овој плоштад не се поврзува со црвената боја, ниту со комунизмот. На руски се вика Krásnaja Plóščaď, што во превод значи убав или црвен плоштад. Најпозната атракција на овој плоштад е катедралата Свети Василиј, препознатлива по нејзините шарени куполи. На Црвениот плоштад, исто така, се наоѓаат и мавзолејот на Ленин и црквите и палатите на Кремљ. Во минатото, Црвениот плоштад бил пазар, место за крунисување на царевите, терен за воени паради, а денес е и концертна сцена.

Потеклото на најпознатите плоштади

Големиот плоштад во Брисел

Трагедијата понекогаш може да доведе до големина. Откако централниот плоштад во Брисел бил уништен во војната со Луј XIV во 1695 година, градоначалниците на Белгија одлучиле да изградат нов плоштад, каде што сите градби ќе имаат иста висина и барокна фасада. Така, по четири години интензивна работа, беше создаден Големиот плоштад. Денес на Големиот плоштад се наоѓаат градското собрание, една црква и еснафски куќи за различни професии.

Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот на имамот во Иран

Плоштадот на имамот е вториот најголем плоштад во светот, веднаш зад плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Конструкцијата на џамијата на овој плоштад е слична со конструкцијата на Таџ Махал. На овој плоштад, освен главната џамија, се наоѓаат и џамијата на шеикот Лотф Алах, Кралската палата и чаршијата која води до северната страна на плоштадот. Многубројните чајџилници на плоштадот ја надополнуваат глетката на плочките кои ја менуваат бојата во зависност од позицијата на сонцето

Потеклото на најпознатите плоштади



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 10:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:45

Вашингтон сквер парк во Њујорк

Пред три децении Вашингтон сквер парк во Њујорк беше збиралиште на дилерите на дрога. Меѓутоа, со неговата реставрација која вклучуваше детално уредување и центрирање на фонтаната, ова место го доби својот гламур. Историјата на Вашингтон сквер парк опфаќа најразлични протести, закопи и паради. Денес во близина на фонтаната се собираат џез музичари кои импровизираат со музиката.

Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот во стариот дел од градот Краков

Веќе 800 години по ред, секој час од кулата Света Марија во стариот дел на Краков се слуша звук што означува предупредување. Уште од тоа време овој плоштад бил најголемиот средновековен плоштад во Европа. Тоа што порано бил пазарот во овој дел од Краков, денес е продавница за рачно изработени чипка, накит од килибар, украсни јајца во рококо стил и многу други орнаменти.

Потеклото на најпознатите плоштади




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 10:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:45

Плоштадот во стариот дел од градот Прага

Плоштадот во стариот дел од градот Прага претставува хармонија на романескни, барокни и готски градби. Со векови ова место било центар на трговијата, сè додека во 1990-тите години не се појавиле договорите за приватизација. Во средината на плоштадот се наоѓа статуата на Јан Хус, верски реформатор кој бил изгорен на клада заради неговите верувања. Најинтересната атракција на овој плоштад е астрономскиот часовник, на кој секој час е претставен со симболични фигури, како што се Суетата и Смртноста.

Потеклото на најпознатите плоштади

Плоштадот Зокало во Мексико Сити

Плоштадот Зокало е центар на животот во Мексико Сити од времето на Ацтеките. Опкружен е со федералните згради и Националниот дворец, а како најголема градба се издвојува катедралата, до која се наоѓа музејот во кој се изложени сите предмети пронајдени од ископувањата кои, исто така, се вршат во непосредна близина на катедралата. На овој плоштад секојдневно може да се сретнат улични забавувачи маскирани како Ацтеки кои го вршат ритуалот на прочистување пред катедралата.


Потеклото на најпознатите плоштади


Изменето од Valerija - 30.Октомври.2015 во 11:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 15:38

15-те најубави плоштади во светот


Се вели дека плоштадите се срцето на градот од каде енергијата извира и се разнесува по тесните градски улички некогаш или огромните булевари денес.

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-01.jpg

Плоштадите од секогаш биле главното збиралиште на луѓето во секој град. Најголеми прослави, најсреќни моменти, но и смртните пресуди, јавните судења, проповеди, циркуски претстави...

Плоштадите виделе сè.

Ова се најубавите плоштади во светот:

1. Сан Марко, Венеција, Италија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-1.jpg


2. Пјаца дел Кампо, Сиена, Италија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-2.jpg


3. Стариот градски плоштад, Прага, Чешка

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-3.jpg


4. Големиот плоштад, Брисел, Белгија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-4.jpg


5. Шпанскиот плоштад, Рим, Италија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-5.jpg


6. Црвениот плоштад, Москва, Русија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-6.jpg


7. Мајскиот плоштад, Буенос Аирес, Аргентина

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-7.jpg



8. Конкорд, Париз, Франција

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-8.jpg


9. Трафалгар, Лондон, Англија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-9.jpg


10. Џема ел Фна, Маркеш, Мароко

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-10.jpg


11. Главниот плоштад на Краков, Полска

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-11.jpg


12. Дворскиот плоштад на Санкт Петербург, Русија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-12.jpg


13. Плоштадот на Имамот, Иран

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-13.jpg


14. Главниот плоштад во Мадрид, Шпанија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-14.jpg


15. Мариенплац, Минхен, Германија

najubavite-plo-tadi-vo-svetot-15.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 11:02

Трафалгар сквер

Трафалгар сквер е голем градски плоштад – споменик на победата на лорд Хорацио Нелсон над морнарицата на Наполеон во битката кај Трафалгар во 1805 година. Централен споменик во рамките на плоштадот е еден висок столб на кој фигурата на Нелсон гледа над Лондон. Неговиот споменик е опкружен со четири колосални лава и серија големи фонтани. Многу повеќе од само плоштад, Трафалгар сквер е еден од најпознатите плоштади во Обединетото Кралство и стана социјална и политичка локација за посетителите и за лондонци.

 



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 11:03

Џемаа ел Фна

Џемаа ел Фна е врв на секоја посета во Маракеш и една од главните туристички атракции во Мароко. Дење овој плоштад во голема мера е исполнет со скротувачи на змии и луѓе со мајмуни, како и со некои повообичаени тезгиња. Како што одминува денот, понудата на забава се менува: скротувачите на змии си заминуваат, а во попладневните и во вечерните часови плоштадот станува преполн со раскажувачи на приказни, магионичари и продавачи на традиционални лекови. Како што се спушта мракот, плоштадот се исполнува со десетици тезгиња со храна.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 11:04

Зокало

Лоциран во срцето на историскиот центар на Мексико Сити, Зокало е еден од најголемите плоштади во светот. Тој е опкружен со Метрополитен-катедралата на север, Националниот дворец на исток, како и со голем број други историски градби. Во центарот се наоѓа огромно мексиканско знаме, кое свечено се крева и се спушта секој ден. Градскиот плоштад е збиралиште на Мексиканците уште од времето на Ацтеките, кога бил место за одржување церемонии.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 11:05

Плаза де Мајо

Откако била местото на револуцијата на 25 мај 1810, која довела до независност, Плаза де Мајо е централна точка на политичкиот живот во Буенос Аирес и, веројатно, во цела Аргентина. Неколку од главните знаменитости на градот се наоѓаат низ целата Плаза, меѓу кои и Кабилдо (градскиот совет за време на колонијалната ера). Во центарот на Плаза де Мајо е Пирамидата на Маите, најстариот национален споменик во Буенос Аирес. Од 1977 година плоштадот е местото каде што Мајките на Плаза де Мајо се собраа со знаци и слики од десапаресидосите (исчезнати), нивните деца, кои биле жртви на присилно грабнување од страна на воената хунта.

 



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 11:07

Ринек гловне

Како популарна туристичка атракција во Полска, главниот пазарен плоштад Ринек гловне во Стариот град во Краков е најголемиот средновековен градски плоштад во Европа, кој датира од 13 век. Плоштадот е опкружен со историски градски куќи, историски градби, палати и цркви. Во центарот на плоштадот доминира Салата на платното, изградена во 1555 година во ренесансен стил, на чиј врв има прекрасен таван. Над градскиот плоштад се извиваат готските кули на базиликата Света Марија.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2018 во 20:04

14 славни плоштади низ целиот свет (ФОТО)

Речиси секој град во светот има некаков плоштад, кој има важна улога како социјално и комерцијално место за средби. Тие обично се опкружени со продавници, ресторани и градско собрание. Во нивниот центар најчесто има фонтана, (еден) споменик или статуа. Но и покрај овие сличности, плоштадите имаат и своја уникатна историја. Еве ги најпознатите градски плоштади во светот:

14. Плаза Мајор

Најпознатиот плоштад во Мадрид, Шпанија, овој импресивен градски плоштад, е еден од главните станици на секоја туристичка посета. Првично изграден надвор од градските ѕидини, Плаза Мајор бил место за борби со бикови, пазари, симфонии, фудбалски натпревари и егзекуции. Статуата на Филип III е во средината, наспроти прекрасно обоената Каса де ла Панадерија, некогашното седиште на пекарскиот еснаф.

 

13. Плаза де Мајо

Откако била местото на револуцијата на 25 мај 1810, која довела до независност, Плаза де Мајо е централна точка на политичкиот живот во Буенос Аирес и, веројатно, во цела Аргентина. Неколку од главните знаменитости на градот се наоѓаат низ целата Плаза, меѓу кои и Кабилдо (градскиот совет за време на колонијалната ера). Во центарот на Плаза де Мајо е Пирамидата на Маите, најстариот национален споменик во Буенос Аирес. Од 1977 година плоштадот е местото каде што Мајките на Плаза де Мајо се собраа со знаци и слики од десапаресидосите (исчезнати), нивните деца, кои биле жртви на присилно грабнување од страна на воената хунта.

 

12. Трафалгар сквер

Трафалгар сквер е голем градски плоштад – споменик на победата на лорд Хорацио Нелсон над морнарицата на Наполеон во битката кај Трафалгар во 1805 година. Централен споменик во рамките на плоштадот е еден висок столб на кој фигурата на Нелсон гледа над Лондон. Неговиот споменик е опкружен со четири колосални лава и серија големи фонтани. Многу повеќе од само плоштад, Трафалгар сквер е еден од најпознатите плоштади во Обединетото Кралство и стана социјална и политичка локација за посетителите и за лондонци.

 

11. Зокало

Лоциран во срцето на историскиот центар на Мексико Сити, Зокало е еден од најголемите плоштади во светот. Тој е опкружен со Метрополитен-катедралата на север, Националниот дворец на исток, како и со голем број други историски градби. Во центарот се наоѓа огромно мексиканско знаме, кое свечено се крева и се спушта секој ден. Градскиот плоштад е збиралиште на Мексиканците уште од времето на Ацтеките, кога бил место за одржување церемонии.

 

10. Гран плаз

Гран плаз (или Грот маркт) е централниот градски плоштад во Брисел, Белгија. Тој е опкружен со еснафски седишта, градското собрание и Кралската куќа (или Куќа на лебот, според пазарот на чие место била изградена). Заедно со Атомиумот и со Манекен Пис (статуата на малиот мочко), плоштадот е најважната туристичка дестинација во Брисел. На секои две години во август на Гран плаз се поставува огромен „цветен тепих“ на неколку дена. Тогаш голем дел од плоштадот е покриен со милиони шарени бегонии.

 

9. Староместске намести

Староместске намести (Стариот плоштад) во Прага, Чешка, се наоѓа помеѓу Вацлавскиот плоштад и Карловиот мост и во лето често е преполн со туристи и со локални жители. Одликувајќи се со различни архитектонски стилови, меѓу кои и готската катедрала Тин и барокната црква Свети Никола, градскиот плоштад е оаза за патниците преморени од тесните улички во Прага. Меѓу многуте цркви, туристите на овој плоштад може да го најдат и Астрономскиот часовник, додека кулата на Старото градско собрание нуди панорамски поглед на Стариот град.

 

8. Пјаца Сан Марко

Пјаца Сан Марко е главниот плоштад во Венеција, каде што е општо познат како „Пјаца“. Пјаца Сан Марко е наречен и „Европска соба за цртање“ (според легенда што се поврзува со Наполеон). Тој е еден од најубавите градски плоштади во Европа, каде што човечките гласови преовладуваат над звуците на моторизираниот сообраќај. Базиликата на Сан Марко, една од главните атракции на Венеција, се наоѓа на источниот крај на плоштадот. Пјаца Сан Марко е најниската точка во Венеција и како резултат на тоа секогаш прв се преплавува за време на бури или дури и на пороен дожд.

 

7. Плоштадот Тјананмен

Плоштадот Тјананмен во Пекинг е најголемиот градски плоштад во светот. Опкружен е со споменици во советски стил и со владини згради. Плоштадот Тјананмен останува место за восхит кај туристите, и странските и оние од Кина, од кои многумина првпат доаѓаат во посета на својот главен град. На северниот крај на плоштадот в зори и на самрак се одржува церемонија на кревање и спуштање на знамето. Кај предниот дел на портата Тјананмен има 4 мермерни лава, од кои во стомакот на северозападниот лав има дупка од К*ршум од масакрот на плоштадот Тјананмен во 1989.

 

6. Ринек гловне

Како популарна туристичка атракција во Полска, главниот пазарен плоштад Ринек гловне во Стариот град во Краков е најголемиот средновековен градски плоштад во Европа, кој датира од 13 век. Плоштадот е опкружен со историски градски куќи, историски градби, палати и цркви. Во центарот на плоштадот доминира Салата на платното, изградена во 1555 година во ренесансен стил, на чиј врв има прекрасен таван. Над градскиот плоштад се извиваат готските кули на базиликата Света Марија.

 

5. Тајмс сквер

Познатиот градски плоштад во Њујорк, Тајмс сквер, се наоѓа на раскрсницата на Бродвеј и Седмата авенија и се протега од Западната 42-ра до Западната 47-ма улица. Место исполнето со видеоекрани, ЛЕД-знаци и трепкачки светла; врвна атракција или туристички кошмар, во зависност од личниот вкус, „новиот“ Тајмс сквер е семеен тематски парк со тематски ресторани, театри и хотели, како и бизнис-област во развој. Светлата и знаците може да се видат во секое време, но најволшебното искуство доаѓа ако го посетите Тајмс сквер ноќе, кога сите знаци и екрани блескаат во разни бои. Тајмс сквер е исто така добро познат по славното спуштање на топката на Нова година.

 

4. Свети Петар

Плоштадот Свети Петар се наоѓа веднаш пред базиликата Свети Петар во Ватикан, Рим. Колосални тоскански колонади го врамуваат трапезоидниот влез во базиликата и масивниот елиптичен плоштад пред него. Во центарот на елипсата стои египетски обелиск, кој бил пренесен од Египет во Рим за време на владеењето на царот Октавијан Август. Тој бил преместен од циркусот на сегашното место во 1586 година под раководство на папата Сикст Петти. Во средниот век се верувало дека позлатената топка на врвот на обелискот ја содржи пепелта на Јулиј Цезар. Сепак, кога античката метална топка била отстранета, била најдена само прашина.

 

3. Пјаца дел Кампо

Еден од најголемите средновековни градски плоштади во Европа, Пјаца дел Кампо, е главен јавен простор во историскиот центар на Сиена, Тоскана, Италија. Тој е познат во целиот свет по својата убавина и архитектонска целовитост. Плоштадот во облик на школка го опкружуваат Палацо Паблико и неговата позната кула, како и разни палати што им припаѓаат на најбогатите семејства во Сиена. Трките со коњи Палио ди Сиена, кои се одржуваат двапати годишно, се состојат од кружење трипати околу Пјаца дел Кампо, што обично трае не повеќе од 90 секунди.

 

2. Џемаа ел Фна

Џемаа ел Фна е врв на секоја посета во Маракеш и една од главните туристички атракции во Мароко. Дење овој плоштад во голема мера е исполнет со скротувачи на змии и луѓе со мајмуни, како и со некои повообичаени тезгиња. Како што одминува денот, понудата на забава се менува: скротувачите на змии си заминуваат, а во попладневните и во вечерните часови плоштадот станува преполн со раскажувачи на приказни, магионичари и продавачи на традиционални лекови. Како што се спушта мракот, плоштадот се исполнува со десетици тезгиња со храна.

 

1. Црвениот плоштад

Црвениот плоштад се наоѓа во срцето на Москва и е првата дестинација за повеќето посетители во градот. Плоштадот е опкружен со катедралата Свети Василиј, Државниот историски музеј, Мавзолејот на Ленин и со еден од долгите ѕидови од тули на Кремљ. Името Црвен плоштад не произлегува ниту од бојата на тулите околу него, ниту од врската помеѓу црвената боја и комунизмот. Името доаѓа од рускиот збор „краснаја“, кој може да значи или „црвен“ или „убав“. Овој збор првично се однесувал на катедралата Свети Василиј, а потоа бил пренесен и на блискиот плоштад.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,264 секунди.