|
Одберете фризура според хороскопскиот знак |
Внеси реплика |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Октомври.2015 во 23:37 |
Најчесто нашите фризури ги бираме според видот на косата, обликот на лицето, бојата на тенот и очите, како и вкусот. Но, вие исто така можете да ја одберете најсоодветната фризура за вашиот карактер и според хороскопскиот знак. Без разлика дали сте елегантен Бик, конзервативна Девица, шик Вага или некој од другите знаци, дознајте која е вашата идеална фризура… ОвенОвните најчесто имаат густа и виткана коса со дебело влакно. Тие ги обожаваат изразените бои и нијанси кои се драматични, со цел да привлечат внимание кон себе. Затоа и често одбираат несвојствена боја за коса. Знаат да бидат непрактични и забораваат да го прашаат фризерот дали фризурата која ја одбрале е лесна или тешка за одржување, па токму затоа и често завршуваат со фризура која не е соодветна за нивниот вид коса и често се фрустрирани поради тоа. БикПрактичните и елегантни Бикови ги сакаат традиционалните и женствени бои и фризури кои се едноставни за одржување. Нивната идеална фризура за денот е уредно скратена коса која изгледа добро дури и кога немаат време за чешлање. За вечерта, тие се сосема спротивни – обожаваат да одбираат нападни и бушави фризури. БлизнациБлизнаците обожаваат необични фризури и често сакаат да ги менуваат, копирајќи го стилот на омилените славни ликови. Тие се подготвени да направат сè со цел да ја добијат онаа фризура која ја носи нивната омилена актерка, дури и ако треба секое утро да поминуваат по 1 час во подготовка. РакРаковите обожаваат едноставни и женствени стилови. Долгата и рамна коса им е омилена фризура, додека пак одлично им стои и класичното коњско опавче со неколку прамени кои паѓаат од страните на лицето. ЛавЛавовите, исто како Овните, имаат густа коса која е често непослушна. Вие без проблем ќе ја препознаете жената Лав по својата богата коса, без разлика на бојата или фризурата. Тие не паѓаат на трендови, туку ја носат онаа фризура која ја сметаат за свој потпис. Поради тврдоглавост, не го менуваат често нивниот стил, но прават суптилни и бавни промени. ДевицаОвој перфекционист обожава уредна и конзервативна фризура. Токму затоа и ѝ одговара боб фризура со должина до рамената или целосно долга права коса. Третманите со кератин се како создадени за Девиците, бидејќи за нив секое влакно мора да биде на своето место. ВагаВагите имаат елегантен и софистициран изглед кој е шик. Тие имаат свој стил и за разлика од повеќето знаци, можат да ја менуваат фризурата од ден на ден, со цел совршено да им се совпадне со облеката. Тоа се постигнува преку флексибилната основна фризура која е подложна на различни видови брзи промени, како на пример, секси плетенки, висока пунџа… СкорпијаСкорпиите зрачат со сексапилност и моќ, па затоа и често им успева да изгледаа одлично во текот на целиот ден. Тие сакаат богати бои и прамени кои им го прават лицето како во рамка. Токму затоа и ќе одберат женствена фризура со долги прамени или кратка машка фризура, позната како „мод“, која се носела во 60-тите. СтрелецНа овој огнен знак кој не сака да се ограничува, најмногу му одговара младешка и бујна фризура која се подготвува за секунда. Стрелците не се расположени за долго подготвување на косата бидејќи тоа го сметаат за губење време. ЈарецИсто како и Девиците, така и Јарците се перфекционисти и љубители на третманот со кератин. Тие сакаат чист и модерен изглед, како и традиционални бои и стилови кои се погодни и за работа и за вечерно излегување. Тие се току искусни во својата практичност, што многу лесно можат да го усовршат својот стил така што ќе му дадат завршен шик, резултирајќи со извонреден изглед. ВодолијаНепредвидливите Водолии, кои исто како Близнаците и Стрелците, најмногу ја ценат својата слобода, уживаат во пробување нови трендови и постојано менување на нивниот изглед. Токму затоа и често можете да ги видите со откачени и модерни фризури во неочекувани и неприродни бои. РибиОвој ултра женствен знак е слаб на најновите трендови, но исто така сака и многу да се вклопи во околината. Рибите сакаат многу долги коси и фризури кои не бараат труд за одржување. Многу е лесно да ги натерате на промена, дури и кога не се сигурни дали навистина го сакаат тоа. Но, ако резултатот не е онаков каков што тие очекувале, тогаш лесно можат да се вознемират. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |