IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Катица Јанева - прв Специјален обвинител на РМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Катица Јанева - прв Специјален обвинител на РМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Катица Јанева - прв Специјален обвинител на РМ
    Испратена: 16.Септември.2015 во 07:30
Многу непознати работи и елементи...според некои е противуставен изборот на овој вид на обвинител. Некои ја гледаат како личност која има моќ реално да ги смени работите во Македонија. Според други се работи за класичен американски кадар, или за неискусен обвинител кој нема капацитет за вакви дела.....
 Јас само би и посакал среќа и јаки нерви во работата, бидејќи  во наредниов период ќе биде под притисок од над 1000 000 граѓани, кои ќе плукаат или ќе бараат резултат од нејзината работа.

Катица Јанева - биографија и овластувања 

Според информациите Катица Јанева е гевгеличанка, потекнува од семејство на познатиот судија Делаџаков, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија.

118697

Учествувала на многу меѓународни тренинзи и обуки. За заменик обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатата година е реизбрана на функцијата Обвинител во гевгелиското обвинителство.

Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. Јанева кај своите колеги важи за професионален и искусен обвинител. работела на случајот на Спаска Митрова за право на старателство на својата ќерка во која беше вклучена и бугарската амбасада и организацијата ,,Радко“.

Денеска оординаторите на четирите најголеми пратенички групи го доставија предлог-законот за Специјалното обвинителство, договорен од работната група со посредство на белгискиот експерт Питер Ванхоуте и амбасадоорите на ЕУ и САД, Орав и Бејли.

Од него се гледа дека ќе се формира ново обвинителство, наречено „Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, кое ќе има посебни простории, неограничен буџет, како и број на заменици обвинители и соработници кои ќе ги бира специјалниот обвинител, односно Катица Јанева, за која има согласност од четирите партии.

Еве дел од предлог-законот:

Нејзиниот мандат ќе биде за неовластеното следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 Јули 2015.
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство е овластен да презема дејствија и да застапува по предмети пред основните, апелационите судови и Врховниот Суд на Република Македонија.

Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното Обвинителство, кои вклучуваат:

Учество во судски постапки и започнување каква било судска постапка, вклучувајќи граѓанска и кривична, кои Јавниот Обвинител ги смета за потребни;

Изјавување на жалба против која било одлука на суд по кој било предмет или постапка во која Јавниот Обвинител учествува како надлежен;

Преглед на сите достапни документарни докази од кој било извор;

Добивање на сите безбедносни ослободувања за преглед на доверливи информации и информации кои не се достапни за јавноста; и

Поведување и спроведување на обвиненија во кој било надлежен суд, составување и потпишување на обвиненија, поднесување на информации, и водење на сите аспекти на кои било предмет кој произлегува од овој закон, во името на Република Македонија.
Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното Обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Јавниот Обвинител на Република Македонија, неможе да влијае на неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од Јавниот Обвинител или јавните обвинители во рамките на Јавното Обвинителство.

На колегиумите во проширен состав во Јавното Обвинителство на Република Македонија не се повикува и не присуствува Јавниот Обвинител и јавните обвинители во Обвинителството и не се разгледуваат стручни, како и прашања од надлежност на Јавниот Обвинител.

Повисокиот јавен обвинител неможе да поднесе иницијатива ни барање за реферирање на одреден предмет или кривично правен настан до Јавниот Обвинител.

Јавниот Обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на Јавниот Обвинител без негова/нејзина писмена согласност.

Специјалниот Јавен Обвинител ќе бара меѓународна правна помош и соработка по прашања кои се во негова/нејзина надлежност самостојно, согласно закон и ратификуваните меѓународни документи.

Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното Обвинителство согласно планот од став (2) на овој член, не подоцна од 35 дена од влегување во сила на овој закон.

Министерството за Правда ќе обезбеди основни простории за работата на Јавниот Обвинител во рок од 3 дена од стапувањето во сила на овој закон, а комплетни просторни услови за Јавното Обвинителство во рок од 35 дена од стапувањето во сила на овој закон.

Просториите од став (5) ќе бидат надвор од објектите на Јавното Обвинителство на Република Македонија со цел да се постигне фактичка и соодветна изтражителска и обвинителска независност.

Функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство престанува по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност.




Изменето од Ninja 35 - 16.Септември.2015 во 07:31
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 14:52
Дека нејзината позиција е противуставна е точно. Уставот на Република Македонија не познава и не признава таква функција.

И дека ќе биде под притисок е точно. Таа уште не положила заклетва и не седнала на столицата, а веќе се организираат собири на граѓани со кои на неа се врши притисок.

На најпосле, ја жалам… не поради нејзиниот капацитет за извршување на оваа работа бидејќи истиот не ми е непознат, туку за нејзината незавидлива позиција… се плашам дека на крајот ќе излезе извикана и исплукана од барем една страна, онаа чии очекувања нема да бидат исполнети.

Нека и е со среќа!










Изменето од Messenger - 16.Септември.2015 во 15:40
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 15:06
Cestitki ima mnogu rabota pa ke vidime kako ke se pokaze. Se nadevam dobro. Jas naroden pravobranitel sakav da bidam na vremeto. Ali i advokat ne e loso neli:)
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 15:51
Уште не седнала на столица а веќе е осудена и таа и процесот на избирањето (решен и примен подеднакво од двете страни)  и се имплицира неуспешен краен резултат.…

… не бил транспарентен изборот, Катица била анонимус, таа не била кадарна за позицијатa, немала интегритет, екипата на брзина ќе се собрала, не ќе можело да се бори против непријателот, не е во интерес на народот, немаме политички капацитет, разочарување 


Почна градењето алиби за евентуалното губење на посакуваните резултати од процесите кои ќе следуваат и убедување на јавноста дека нештата, уште незапочнати, се јалова работа на корумпирани, неспособни и ненародни елементи.




















Изменето од Messenger - 16.Септември.2015 во 20:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 18:59
Затоа треба само да си ја врши работата, согласно дадените законски овластувања и подршката од надворешниот фактор....
Историјата ќе сведочи за нејзините дела....
Се разбира, доколку не излезе дека е нечија партиска марионета....за меѓународна марионета веќе не правиме муабет...
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 20:23
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Затоа треба само да си ја врши работата, согласно дадените законски овластувања… 


… СО ДОСЛЕДНО СЛЕДЕЊЕ НА УСТАВОТ И ЗАКОНОТ НА Р.МАКЕДОНИЈА.


С'е додека се држи според Уставот и Законските одредби на Република Македонија ќе биде во ред. Доколку подлегне на било чии притисоци, слободни интерпретации или желби, ќе биде запомнета како слаба личност или нечиј измеќар.

Знaчи ќе биде почитувана единствено ако се држи до оноа што значи закон, ред и поредок.

С'е друго ќе биде нејзино лично компромитирање, кaко и компромитирање на државата и општеството.















Изменето од Messenger - 16.Септември.2015 во 20:43
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44163
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 22:25
Како и да е она само ќе си одработи...Сценариото веќе е направено.
А за наша жал уште еднаш ќе си ја покажеме несозреаноста.
Па и тука темата ќе си сведочи,баш ќе читкам главниот уште збор не кажал.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2015 во 14:24
https://en.wikipedia.org/wiki/National_Anticorruption_Directorate

https://www.acauthorities.org/country/ro

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/romania/11735906/Romanian-PM-Victor-Ponta-charged-in-corruption-probe.html

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/romania/11478459/Romanian-anti-corruption-chief-arrested-on-corruption-charges.html

http://www.nytimes.com/2015/03/05/opinion/romanias-anti-corruption-mania.html?_r=0

http://www.balkaninsight.com/en/article/romania-probes-ex-ministers-over-microsoft-licenses

http://www.dw.com/en/guatemala-jails-former-president-perez-molina-as-corruption-probe-continues/a-18692924


Kај нас некој Дарко Јаневски брани нешто шо не смее и не ке можи да се одбрани.
Сранјето излегува низ панталони ...

http://dnevnik.mk/?ItemID=6E8C527C5073754DA09CC18DF6D360B7
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2015 во 16:17
Некако имам чувство како да многумина мислат дека специјалниот обвинител има магично стапче, па треба одма да ги реши проблемите. 
Може така ?
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2015 во 18:00
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:


Kај нас некој Дарко Јаневски брани нешто шо не смее и не ке можи да се одбрани.
Сранјето излегува низ панталони ...


Дарко има потполно право и тој само посочува на Уставот и Законот на Р.Македонија. 

Патем, во нашето законодавство отсекогаш си постоеле одредници за борба против корупцијата и злоупотребата на власта. Апсолутно не постои никаква потреба за мешање на странски интерси во нашето законодавство .

Ако има некаков проблем тоа не е ништо друго туку неприменување на Законот, вршење разни притисови, заштитување на одредени личности, аболирање на докажани криминалци и т.н.

Истото се случува и сега.

Едната страна вршеше притисок да се прифати некаков "специјален независен обвинител" (божем според законот обвинителот е зависен) со идеја да ја обвини и сруши другата страна и истовремено да се аболира себе си, а другата страна се сложува со одбирањето независен обвинител за да се докаже дека првата страна е грешна, а таа е демократска и безгрешна.

Поентата на сета оваа противуставна и противзаконита ујдурма е да се издејствуваат сопствените интереси, а за тоа не се жали ниту газењето на државностa и судска независност. Дозволено е директно странско мешање врз правосудството, нешто што е незамисливо во било која суверена држава.

Практично, на своја кожа, го следиме оноа за кое толку пати сме читале и коментирале што им прават на другите дрхави. ТОА ни се прави сега нам. Запомнете го ова кога еден ден ќе говорите со вашите деца и внуци.

Затоа, ако независниов обвинител не се држи строго според Уcтавот и Законот на Р.Македонија и подлегне на "добронамерните" сугестии од странските амбасади, невладини организации и разноразните oрганизаци, групации и сфери на интереси од државава, тогаш ќе се докажи дека оваа претстава е направена за миење раце, избегнување одговорност и инсталирање странски интереси на долги патеки.

Без обзир како сето ова ќе се заврши, воведувањето на овој закон наместо доследно следење на Уставот и Законот на Р.Македонија претставува врвно компромитирање на македонската државност.


























Изменето од Messenger - 17.Септември.2015 во 18:25
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2015 во 18:26
Ш
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 


Затоа, ако независниов обвинител не се држи строго според Уcтавот и Законот на Р.Македонија и подлегне на "добронамерните" сугестии од странските амбасади, невладини организации и разноразните oрганизаци, групации и сфери на интереси од државава, тогаш ќе се докажи дека оваа претстава е направена за миење раце, избегнување одговорност и инсталирање странски интереси на долги патеки.

Во секој случај, воведувањето на овој закон наместо доследно следење на Уставот и Законот на Р.Македонија претставува врвно компромитирање на македонската државност.

Што убаво си кажа, таман. 
Како што изгледа прво, независниот обвинител , мислиш веројатно на специјалниот обвинител, е против уставна категорија.
Второ, дали се според уставот дозволени меѓународни медијатори кои ќе посредуваат за наште племенски водачи да посстигнат некаков договор за опстанок на државата ?
Трето - дали уставот дозволува, ако нашиве слепци неможат да се договорат за тоа дали и како државата ќе опстане, да побараат меѓународно медијаторство ?
4-то, која независна и самостојна држава, дозволува некој од надвор да и се меша во внатрешните работи ?

и да не набројувам...
Дали во некоја нормална држава, политичарите дозволуваат некој од надвор, па било да е ЕУ, САД или кој и да е...
да им решава за тоа како ќе ја уредуваат судската власт или правната држава...
и...
дали сме ние независна , самостојна држава која сама решава за својата судбина...
или сме колонијална држава на туѓи интереси...
ама тоа кажете го бе патриоти...
па било да сте домашни патриоти...
или патриоти на далечинско управување...
за која државност, независност, самостојност и преку таквото зборувате...
мислите дека државав би постоела ако не беше ЕУ и запад...
а бе...
оди бркајте работа...
пуштете го оној Новаче или као и да беше, да пишува и да се смееме со него...
најдете некој што живеее во реалноста...
а не е компромитиран...
има ли такви...?!!!!

П.С. А бе има ли некој, да кажеше...
којсумјас, иди еби се лупаш глупости, ние сме на Ацета наследници, под мудата на Букефал се колнеме, ние сме независна држава со своја власт, свој интегритет, свој капацитет, своја критична маса...

кој го ебе и Ман и Блам и кој и да е...
ние ќе постоиме без нивна помош, не ни требаат...
ние постоиме затоа што сме способни да постоиме без разлика дали на некој му одговара или не...
ние сме...
НИЕ...

а не да ми продаваат локал патриотизам пред маалска кооперација...







 


Изменето од којсумјас - 17.Септември.2015 во 19:21
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44163
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2015 во 19:36
Еве ја ќе ти кажам...Сега не така експлицитно де.
Остави ги да уживаат во сценаријата на ункал Сем.
Веруваат во хепиенд,да не се разбереме погрешно
не за државата...
А Катица се надевам добро искалкулирала за последиците
морални,етички итн итн.Иако видовме серија на дешавки
во државава па Нини се тоа средил хируршки скоро
и да е извадено тоа од нивниот ми ти ген.
Го употребуваат само ко прича за оние кои
дрвата и десет иљади кубик да им ги направат убаво
ќе им биде.
А дека госпожа Јанева ќе биде Елиот Нес или
сачувај Боже Џовани Фалконе ни во сон...
Како беше она со Вранишковски,ради некои повисоки цели.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2015 во 05:40
Внимавајте на кажаново:

КАТИЦА ЈАНЕВА: НЕ Е МОЈА РАБОТА ДАЛИ СУДОТ ИМА КАПАЦИТЕТ ДА ГИ РЕШАВА ПРЕДМЕТИТЕ

Тоа е дел од правосудната работа. Обвинителот не пресудува ништо. Тој може само да подигне судски процес доколку има соодветни факти за тоа, но не може да му пресуди никому. Останува до судот да го решава така поднесениот предмет.

Ова го посочувам затоа што многумина мислат дека обвинителот суди и пресудува.








Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2015 во 21:08
Јас не очекувам ништо од Катица. Жалосно е само што како до сега така и од сега, од надвор ни диригираат.
Мислам на фикс му реков дека завршницата ќе биде слично на ова..
Просто кажано, ќе играме како што ќе ни свират и тоа не се однесува само на изборот на госпоѓава, туку и на завршницата на случајов..
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.