IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Откријте ја Германија!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Откријте ја Германија!!!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Откријте ја Германија!!!
    Испратена: 20.Март.2015 во 14:13
Начекав интересни репортажи за Германија, секако Дојче Веле не е тоа што е ако не ја прикаже Германија во најубаво светло..
Па си реков да ги споделам со форумџиите и со сите заинтересирани.

Водич при патувањата: шетање наоколу

Доколку сакате да патувате низ Германија со воз, авион, автобус, трамвај, метро, автомобил или велосипед, прочитајте ги следните неколку совети.

Возови

Патувањето со воз може да биде брз и најсоодветен начин за да патувате низ Германија. Исто така, тоа е вистински начин за да уживате во пејсажите, или да поспиете по долготрајниот лет до Германија.

Колку порано ги купите, толку билетите се поевтини. Доколку резервирате билети за одреден ден три дена однапред, можете

да добиете попуст, зависно од понудата. Децата до 14 години патуваат бесплатно кога се во придружба на родител, баба или дедо.Бројот на деца кои патуваат мора да биде наведен на билетот. Групи од шест лица или повеќе, можат да заштедат дури и до 70 проценти, во зависнот од тоа колку време претходно ги резервирале билетите. Билети можат да се купат и преку интернет на www.bahn.de и самостојно да се испечатат. Исто така, можете да ги купите однапред или во последен момент на секоја железничка станица, или на билетарница или на специјални автомати. Во возовите на подолги дестинации, билети можат да се купат од кондуктерите со готовина или кредитна картичка, но во тој случај мора да се плати и екстра такса. Дел од регионалните возови може да има автомат за билети, но не сите.

Препорачливо е билетот да се купи однапред. Кога патувате за викенди или празници или кога имате многу багаж, добра идеја е да резервирате место во возот. Тоа ќе ве чини еднипол евро за една дестинација. На вашиот ваучер за резервација ќе го пишува бројот на вагонот и бројот на седиштето. Ќе има и знак на колосекот за тоа каде ќе застане вагонот во кој што сте резервирале место. За возниот ред и за детални информации околу цените, можете да ја посетите веб страницата на германската железница - www.bahn.de.

Возовите во Германија се категоризирани по дестинациите и по нивото на удобност што го нудат, што значи има и големи разлики во цените на билетите.

ICE: Intercity-Express

Ова се најбрзите германски возови на долги дестинации и генерално се најскапи. Тие нудат луксузни услуги, како на пример приклучок за лап- топ и аудио-визуелна забава. ICE возовите застануваат само на поголемите станици.

IC/EC: Intercity and Eurocity

IC возовите ги поврзуваат поголемите градови во Германија, додека Eurocity возовите ја поврзуваат Германија со поголемите градови во соседните европски земји.

RB: Regional trains

Овие возови сообраќаат на пократки дестинации низ Германија и главно застануваат на повеќе станици.

Thalys: Париз - Брисел – Амстердам - Келн

Овој брз воз го поврзува Келн со Париз. Возењето трае 4 часа (3 часа во 2008).

Евтини летови

Евтините летови ги има многу повеќе во Европа отколку во САД. Доколку имате среќа да склучите добар аранжман, летањето од едно до друго место може да биде побрзо или поевтино отколку

патувањето со воз или автомобил. Некои компании се рекламираат со интер-европски летови што чинат само 19 евра. Ваквите цени се варијабилни. Колку порано го резервирате билетот, толку поверојатно е да склучите добар аранжман. Кога купувате билет преку интернет, проверете ги таксите, бидејќи тие можат многу да ја зголемат цената на актуелниот лет. Доколку сакате да резервирате интер-европски лет, можете да ги погледнете следниве веб страници:

www.billigfluege.de

www.e-flights.de

www.travelzoo.com

www.sky-tours.com

www.opodo.de

www.germanwings.de

www.tuifly.com

www.ryanair.com

www.airberlin.com

www.flydba.de

www.condor.com

www.easyjet.com

Возење во Германија

Граѓаните од земјите членки на Европската Унија кои имаат важечка возачка дозвола можат со неа да возат во Германија. Граѓаните од не-европските земји, кои имаат важечка возачка дозвола можат да возат во Германија само доколку престојуваат пократко од шест месеци. Оние кои се на подолг престој, мораат да аплицираат за германска возачка дозвола.

Не секогаш е потребна меѓународна возачка дозвола, иако тоа е дополнителна форма за идентификација и доказ дека поседувате валидна возачка дозвола во вашата земја. Интернационалната возачка дозвола мора да биде издадена во вашата земја пред да ја напуштите. Во Германија возачка дозвола може да се добие на 18 години, но за да се изнајми автомобил потребно е да се има навршени 21 година. Добивањето возачка дозвола обично чини од 1500 до 2000 евра. Потребни се и минимум 25 до 45 часа професионални часови по возење и 12 часа теорија.

Иако ограничената брзина на возење не е секаде регулирана, тоа не значи и дека не постои. Во градовите таа изнесува 50 километри на час, доколку некаде не е поинаку определено, а во резиденцијалните населби брзината на возење изнесува 30 километри на час. На автопатите лимитот е 100 километри на час. Само на магистралните патишта (Аuotobahnen), има „сугерирана“ брзина на возење, која обично изнесува 130 километри на час. Брзините од 160 до 200 километри на час се дозволени само на некои магистрални патишта.

Доколку патувате со деца, имајте на ум дека во Германија има строги правила што се однесува до местата на седење. Децата кои се пониски од 150 сантиметри и кои немаат навршено 12 години мора да седат на специјално седиште во автомобилот. Појасите се задолжителни и за децата и за возрасните. За значењето на сообраќајните знаци во Германија, посетете ја следнава веб - страница:

http://german.about.com/library/blauto_traf.htm

Заеднички патувања

Доколку сте авантуристи, заинтересирани да запознаете нови луѓе и доколку сакате да ги потрошите вашите пари од патувањето на пиво и сувенири, може да ги земете предвид заедничките патувања како алтернатива за патувањето со воз, автобус или изнајмувањето автомобил. Веб страницата www.mitfahrzentrale.de на оние кои сакаат да патуваат со други луѓе им нуди можност да најдат некој кој со автомобил патува во истиот правец. Патниците ги делат трошоците за бензинот и за патарините. Зачленувањето е бесплатно.

Јавен транспорт

Јавниот транспорт во Германија генерално е добро регулиран, особено во оние средини кои се повеќе населени. Правилата и цените се различни во различни градови. Во автобусите, билетите обично можат да се купат директно кај возачот. Во трамваите (S- Bahn) или метроата (U- Bahn), билетите можат да се купат од автоматите за билети, кои што се поставени на самите станици.

Некои трамваи имаат и автомат за билети во вагоните, но не задолжително. Билети од нив можат да се купат само со ситни пари.

Во зависност од правилата во одредена населба, можеби ќе биде неопходно да го поништите билетот или на станицата пред да се качите, или пак во возот или автобусот. Побарајте ги машините за поништување на билетите, прашајте некого, или пак, погледнете како тоа го прават другите патници. Можно е, исто така, да купите билет за повеќе патувања, или слободна карта која важи неколку дена, една недела или пак еден месец. Билетите ги проверува редовна инспекција, чии вработени најчесто се облечени како обични патници. Доколку немате валиден билет, ќе мора да платите казна од 40 евра на самото место.

Велосипеди

Во многу места во Германија, велосипедите не се само форма на спорт и рекреација, туку и основно средство за транспорт. Многу често ќе видите возрасни луѓе, во костум и со вратоврска, како возат велосипед низ градовите, па дури и со прехранбени продукти во корпа зад седиштето. На велосипедистите им е дозволено да возат на улица, дури и кога нема обележана линија за велосипеди.




Изменето од evangeline - 20.Март.2015 во 14:14
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 14:18

Туристички водич: шопинг и пари

Парите го вртат светот – или, како што се вели, парите му олеснуваат на светот да се врти. Прочитајте неколку совети за тоа како да ги трошите парите во Германија.

На шопинг

На шопинг

Германија го прифати еврото како валута во 2001 – та година. Едно евро чини 1, 07 американски долари (во моментовголема насмевка), 1,4 австралиски долари или 0.7 британски фунти. Еврото беше дизајнирано за луѓето навикнати на ситни пари и на плаќање во готово. Затоа има различни валути - две евра, едно евро, педесет центи, дваесет центи, десет центи, пет центи и еден цент. Најдобриот начин да ги избегнете скапите такси кога менувате пари, е да извадите пари во готово директно од банкоматите во Германија ( Bankautomat, Geldautomat).

Пред да отпатувате, прашајте во вашата банка дали наплаќа за трансфер на парите. Исто така, постои можност да менувате пари или патнички чекови во речиси секоја банка, но при тоа ќе мора да платите такса.

Во многу ресторани се плаќа само кеш

Во многу ресторани се плаќа само кеш

Во Германија не е вообичаено да се плаќа со кредитна картичка. Најголем дел од Германците плаќаат во готово или со дебитна картичка. Големите стоковни куќи и хотелите работат со кредитни картички, но не и помалите продавници и рестораните. Рестораните и кафе баровите не прифаќаат кредитни картички, а голем дел од нив не работат ниту со дебитни картички. Затоа добро е доколку во себе имате кеш.

Сметка

Сметка

Во сметката секогаш е вклучен данокот што треба да го платите. Треба да платите онолку колку што пишува на сметката. Во Јануари 2007-та година, данокот на додадена вредност порасна од 16 % на 19 %. За некои работи, како на пример книги и храна, данокот изнесува само 7%.

Многу од продавниците, особено оние за прехранбени продукти, не даваат книжни или пластични кеси за носење. Тие обично можат да се купат во самите продавници, но купувачите обично носат со себе претходно употребени кеси или торби за продуктите.

Кога купувате пијалоци, имајте на ум дека за најголем дел од стаклените или пластичните шишиња мора да ја платите амбалажата или да оставите депозит, кој што изнесува од 0,08 до 0,25 евра.

Работно време

Најголем дел од продавниците во Германија, во работни денови отвораат меѓу 9 и 10 часот, а затвораат меѓу 18 и 20 часот. Во сабота, обично затвораат порано, околу 14 часот. Во поголемите градови, многу продавници остануваат отворени до 20 часот и во саботите, а некои се отворени дури и до 22 часот.

Некои од продавниците не работат за време на паузата за ручек, главно помеѓу 13 и 15 часот. Ова е вообичаено за помалите градови, но исто така важи и за некои продавници во поголемите градови. Речиси сите продавници се затворени во неделите и на државните празници. Кога сепак морате нешто да купите, можете тоа да го сторите на бензинските пумпи. Некои пекарници и цвеќарници исто така, се отворени и во неделите, но работат со скратено работно време. Исто така, продавниците на железничките станици во поголемите градови честопати работат и во недела, а понекогаш и на државни празници.

Аптеки

Аптеките се означени со „А“

Аптеките се означени со „А“

Доколку претходно сте испиле повеќе од најпознатите германски пијалоци, аспирин нема да најдете во супермаркетите или во останатите продавници, особено не во недела. Лековите кои што можат да се купат без рецепт, како што се на пример аналгетиците, се продаваат само во аптеките. Во Германија има многу аптеки, така што нема да имате проблем да пронајдете некоја. Во неделите се отворени само дежурните аптеки, кои се објавени претходно во весниците. Исто така, листа на отворени аптеки во недела можете да најдете и на вратата на секоја аптека која не работи.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 14:18

Земјата на пивото

Германија е вистински рај за љубителите на пиво. Може да ви се сврти во умот кoга ќе видите колку многу вкусови на пиво има на располагање.

Октоберфест во Минхен

Октоберфест во Минхен

Пивото е омилен пијалок во Германија, но многу луѓе овој напиток од јачменов слад го поистоветуваат со пијалокот на мажите од Баварија, кои носат кожни пантолони и зеленa платнена капа и кои со пиво ги служи крупна жена со престилка.

Доколку заминете во Баварија и конечно ги изустите

Кригли пиво

Кригли пиво

зборовите „Еin Bier bitte“, кои долго време сте ги слушале на касетите за почетници по германски јазик, ќе добиете голема кригла светло пиво. Тоа нема да има ист вкус како стандардниот „Pilsner“ и затоа веројатно брзо ќе го испиете. Пивото во кригли е вообичаена глетка во германските пивници, но ретко ќе го најдете на местата северно од реката Мајна. Доколку пак барате нешто невообичаено, одете во Диселдорф. Градот на реката Рајна е единственото место каде што можете да нарачате „alt“. Тоа е темно и горчливо пиво и многу се бара во жешките летни денови.

Брендирано пиво

Спротивно на големата баварска кригла пиво е келнскaта ,,stange“ - висока, тенка чаша која собира 0,2 л. „Kölsch“. Доколку ова пиво го нарачате во Диселдорф, којшто се наоѓа само 25 километри северно од Келн,

Пивница во Келн

Пивница во Келн

можно е да ги вознемирите вработените, кои не го сакаат светлото пиво од ривалскиот град.

Една од поубавите традиции на пиење пиво во келнските пабови е тн. Köbes. Така се нарекуваат келнерите кои постојано ги заменуваат празните чаши од пиво со нови, и покрај тоа што гостите не го бараат тоа. По традиција, „Kölsch“ може да се нарача само доколку од пивниците се гледаат врвовите на келнската катедрала, која е висока 157 метри. Ова пиво е брендирана европска марка, како шампањот или коњакот.

Популарните миксови со пиво

Едно од германските најпопуларни пива не е стопроцентно пиво. „Berliner Weisse“ е омилен летен пијалок во германскиот главен град. Постојат две верзии: едната е со додавање на сируп од боровинка, а другата со сируп добиен од кора од шумско дрво.

Пиво

Пиво

Во лето, Германците обично уживаат во миксот од пиво и сода. „Radler“ или „Аlsterwasser“ се најпопуларните миксови, направени од половина доза пиво и половина доза Спрајт или Фанта. Мошне барани се и миксовите со кола. Но доколку сакате да го вкусите вистинското горчливо пиво, без додатоци, можете да нарачате „Bamberg`s rauchbier“, или димено пиво, направено од димен јачменов слад.

Доколку сакате нешто посилно, можете да го пробате пивото „Donnerbock“, (грмотевица), кое содржи 13 проценти алкохол.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 14:43

Германските винарии

Германија има мал удел во глобалниот пазар на вино, но тој сепак е значаен. Во трката по заработувачка традиционалните производители на вино стојат пред предизвици.

Берба на грозје

Берба на грозје

„Животот е премногу краток за да се пие лошо вино“, рекол во една пригода најпознатиот германски поет, Јохан Волфганг фон Гете. Гете секоја вечер уживал во пиењето на „сокот од грозје“.

Како што тој практикувал во 19 век, така сега прават се` повеќе Германци, кои го менуваат имиџот на Германија како нација која пие пиво. Дури и на најголемите светски пазари, САД и Јапонија, луѓето се` повеќе го бараат „божествениот“ пијалок. Токму затоа, проценките на германските винари се дека големи шанси за пробив има виното кое тие знаат најдобро да го произведат - Riesling.

„Riesling“ продолжува да важи како наше „жешко“ вино, вели Штефан Шиндлер, директор за надворешна трговија во германскиот вински институт (DWI) во Мајнц. „Го увидовме тоа на почетокот на деведесетите, во меѓувреме селекцијата на вината ширум светот драматично се зголеми, така што моравме да придобиеме нешто и за нас“.

Сето тоа коинцидираше со промена на навиките во исхраната. „Луѓето јадат полесна храна“ вели Шиндлер. Нејзе и‘ одговара лесно вино со овошна арома, и оттаму толку големата популарност на германскиот ризлинг. Исто така, според Шиндлер, ова вино не е воопшто скапо.

Жешка конкyренција

DWI е национална организација за рекламирање на германските вина. Продавниците за вино и производителите партиципираат во буџетот на оваа организација.

Се‘ е во ризлингот, велат германските винопроизводители

Се‘ е во ризлингот, велат германските винопроизводители

DWI одлучува за тоа на кој начин германските вина да се рекламираат на домашниот или на светските пазари. Маркетинг методите се искомбинирани со стратегиите за реклама на приватните винарии. Очигледно, дел од развојната маркетинг стратегија е да се запознаат конК*рентите.

Додека Европа останува најголем производител на вино во светот (Германија има удел од 3 проценти), виното од т.н. земји од „Новиот свет“, како што се САД, Аргентина, Австралија и Чиле полека влегува во тесна конК*ренција на европските винарии, односно винопроизводителите од „стариот свет“. Во овие земји се произведува се` повеќе вино.

Според податоците од меѓународната организација за вино, вината од земјите од „новиот свет“ сега имаат удел од 25,5 %од светскиот пазар на вино, вреден 80 милијарди евра. Тој процент пред дваесет години изнесуваше 1,6.

Петтемина најголеми винопроизводители во ЕУ – Италија, Шпанија, Франција, Германија и Португалија, според агенцијата Франс Прес, во последните две декади го намалија својот удел во винопроизводството од 75% на 62%. Истовремено, консумирањето вино во Франција, Италија и Шпанија опадна во последните неколку години, што значи дека европските држави произведуваат повеќе вино отколку што можат да продадат.

Токму затоа, Европската Комисија побара реформа во одгледувањето и пазарот на вино во европските земји членки. „Планот подразбира зголемување на конК*ренцијата кај европските винопроизводители, зајакнување на репутацијата на европските вина и поголем удел на пазарот“, се истакнува во јунското соопштение на Комисијата . Идејата е да се редуцира квантитетот и да се подобри квалитетот.

На здравје!

Германските винари тврдат дека можат да понудат квалитетни вина. „За среќа, вкусниот ризлинг може да се произведе само во Германија“, вели Шиндлер.

Многу е важно како се сечат гроздовите

Многу е важно како се сечат гроздовите

„Овде имаме посебна клима“, додава тој. „Вината Chardonnay , кои можеби сега се најпопуларна сорта, можат да се произведуваат на многу места. Но, таков не е случајот со германскиот ризлинг или силванец, кои можат да се произведуваат само во јужниот или југозападниот дел на Германија.“

Додека германските винопроизводители се загрижени за големата конК*ренција во светот, па дури и од земји како што е Кина, која сега е седма по производство на вино во светот - надеж им дава популарноста и квалитетот на ризлингот, и тоа не само за продажба, туку и за да ги пласираат германските вина на светските пазари.

Долгата историја за производство на вино

„Не треба да се потцени изненадувачкото производството на вино од земјите како Кина“, вели Александер Маргариотов од Хавеско Холдинг АГ, една од најголемите светски компании за продажба на вино.

Лозје во долината на Мозел

Лозје во долината на Мозел

„Кинезите произведуваат вино повеќе од 9000 години“, рече тој во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, додавајќи дека регионите за производвство на вино во Кина се на исто ниво со Бордо, Тоскана или долината Напа. Дури и реоните кои вообичаено не се користат за лозови насади во иднина можат да послужат за производство на вино. Глобалното затоплување им помага на земјите како што се Велика Британија или Холандија да остават свој белег во производството на вино. Новите сорти на вино, исто така, покрај на сончевите, топли подрачја успеваат и на подрачја каде што има дожд. Тоа значи дека некои други региони можат да создадат услови за производство на вино слични на германските и со тоа да ја зголемат конК*ренцијата.

„Рафинираниот“ ризлинг

Засега, германските винопроизводители се зафатени со бран на драматичен извоз, кој што се зголеми за 13% во изминатите 12 месеци. „Најдинамичниот пазар за нас сега се САД. Таму, последната година, увозот на германско вино се зголеми за 30%“, вели Шиндлер, додавајќи дека најголем дел од извозот се должи токму на ризлингот.

Животот е прекраток за да се пие лошо вино

Животот е прекраток за да се пие лошо вино

Ова вино, исто така, е достапно за сечиј џеб: шише добро вино од оваа сорта чини околу 10 американски долари, а во Германија цената се движи меѓу 4 и 5 евра.

Една од најголемите причини за зголемувањето на германскиот извоз на вино, секако е промената на имиџот. „Во 1990-те, се обидувавме да ги запознаеме луѓето од светот со германското вино“, вели Шиндлер. „Им објаснувавме се` за 13-те региони за производство на вино во земјата, како и за различните видови грозје, но со текот на времето сфативме дека сето тоа е многу комплицирано за нашите купувачи од странство.“ Многумина од потрошувачите сакаат само да се забавуваат, а не да слушаат лекции пред да вкусат чаша вино“, вели Шиндлер.

Така, всушност, мислел и стариот добар Гете. Иако веќе не е на овој свет, веројатно ужива во неговиот омилен еликсир.



Изменето од evangeline - 20.Март.2015 во 14:44
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 14:46

Рајна - река трансформирана во исконска водена патека

Рајна е најдолгата река во Германија, позната по нејзината убавина, средновековните замоци и прекрасните лозови насади по нејзиниот брег. Но, не било така отсекогаш. Пред долго време, реката беше мошне загадена.

Долината на Рајна кај Кенигсвинтер

Долината на Рајна кај Кенигсвинтер

Реката Рајна извира во Швајцарија, минува низ градот Базел, долж француско-германската граница, тече низ Германија и Холандија и се влева во Северното море.

Луѓето порано беа навикнати да гравитираат покрај Рајна за секаков вид забава, па дури и да пливаат во неа и покрај опасните струи. Во зима, кога дел од реката ќе замрзнеше, луѓето одеа по замрзнатите површини. Но, кога пред дваесет години се случи еколошката катастрофа во Швајцарија, многумина се откажаа од водите на Рајна. Експертите се прашуваа дали реката некогаш повторно ќе стане чиста. На неодамнешната прес конференција, Меѓународната комисија за заштита на Рајна процени дека реката повторно „оживува“.

Загадување со пестициди

Во 1986-та година се случи пожар во еден магацин на фармацевтската компанија Сандоз, во швајцарскиот град Базел. Како резултат на тоа, големо количество пестициди беа ослободени во горниот тек на реката Рајна, уништувајќи го притоа рибниот фонд и микроорганизмите во реката. Несреќата предизвика огромна загриженост во Европа. Фриц Холцварт, директор на Меѓународната комисија за заштита на Рајна, чие седиште е во Бон, изјави дека катастрофата предизвикала сериозна загриженост за животот во реката. „Можеме да кажеме дека Сандоз- инцидентот беше најлошото можно сценарио. Но, тоа наметна да се постигне договор за заштита на водите и покрена значајна политичка дебата“, рече тој.

Огромна задача

Ќе бидат потребни огромни напори пред реката да биде трансформирана во место каде луѓето ќе можат повторно да пливаат.

Убавината на долината на Рајна привлекла многу благородници кои овде ги изградиле своите замоци

Убавината на долината на Рајна привлекла многу благородници кои овде ги изградиле своите замоци

Постои огромен притисок од јавноста кон политичарите да покренат брза акција. Оттогаш, инвестициите за прочистување на индустриските и јавните води се зголемија на 60 милијарди евра. Локалните власти за таа цел инвестираат годишно по околу милијарда евра.

Ризикот од нов, драматичен инцидент беше минимизиран откако компаниите лоцирани во близина на Рајна преземаа заштитни мерки, со цел реката да се одржи чиста. „Меѓународната комисија за заштита на Рајна заедно со луѓето кои живеат во близина на нејзините брегови, има намера да овозможи подобри услови, за луѓето да уживаат во реката. Сакаме да ја вклучиме реката во нашите животи и во животите на нашите деца“, додаде Холцварт. За таа цел, беше направена пешачка патека меѓу Бон и Кобленц, долга цели 320 километри.

Рајна, на која лежат повеќе градови и која важи за река во близина на која живеат најголем број луѓе е прогласена за светско богатство на УНЕСКО. И покрај еколошката катастрофа од пред дваесет години, денес реката е дом на 60 видови риби.



Затоа на Рајна е толку убаво

Долината на средниот тек на реката Рајна е ставена на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Тоа ветува и промена на туристичкиот имиџ.

Долината на Рајна е дел од светското културно наследство

Долината на Рајна е дел од светското културно наследство

Поети и уметници, кнезови и градски татковци, романтичари и занесеници уште во 19 век ја воспевале Рајна. Ним им било добро познато каде таа река е посебно убава - меѓу Кобленц и Ридесхајм.

Велосипедска тура крај Рајна

Велосипедска тура крај Рајна

Во долината на средниот тек на Рајна има многу тврдини и дворци. Денес, таа, еднакво како и регионот Вахау во Долна Австрија или долината на реката Лора во Франција, важи за посебно заштитено подрачје. Тука може да се видат историските обележја на градовите, со многу убави променади како во местата Бопард или Бахарах, како и прекрасни предели со навистина единствени, стрмни лозови насади

Тврдини, дворци и цркви

Четириесет тврдини и урнатини, што се всушност остатоци од некогашните мали државички, ја красат Рајна на ова подрачје. Вистинските рајнски тврдини, во поголем дел, настанале во 13-от или 14-от век. Денес некои од нив се во приватна сопственост, како што е тврдината Кац во Св. Гоарсхаузен. 
Замокот Кац во близина на Св. Гоарсхаузен

Замокот Кац во близина на Св. Гоарсхаузен

Други, како на пример замокот Клоп во Бинген или Рајхенштајн во Трехтингсхаузен, како и тврдината Зоонек во Нидерхајмбах, се преуредени во музеи. Некои, пак, се користат како хотелски дворци, како на пример дворецот Шенбург во Обервезел или замокот Гутенфелс во Кауб. На дворецот Марксбург во Браубах, единствената неоштетена висока тврдина во средниот тек на Рајна, свое седиште има Германското здружение за одржување на дворците. Во летните месеци, тврдините, дворците и старите цркви служат како концертни сцени.

Чиста рајнска романтика

Карпата Лорелај, чиј изглед и денес се смета за мошне необичен и која поради тоа честопати е посетувана од странските државници, 
Карпата Лорелај

Карпата Лорелај

е синоним за романтика на подрачјето на средниот тек на Рајна. Годишно, околу половина милион луѓе доаѓаат да го видат познатото обележје. На карпестото тло се наоѓа камена скулптура, а малку подолу во пристанишниот дел и бронзена фигура на девојката Лорелај, која според легендите, ги заведувала мажите кои пловеле по реката. Секои две години, во тој крај, една атрактивна, млада и задолжително, русокоса девојка, се прогласува за Лорелај.

Измачена река

Секако дека во дваесетиот век дошло до промени какви што романтичарите од пред 200 години не можеле ни да сонуваат. 
Дроселгасе во Ридесхајм

Дроселгасе во Ридесхајм

Тие промени им го отежнувале и одлучувањето на инспекторите на УНЕСКО, кои требало да го прогласат овој крај за светско богатство. Имено, Рајна истовремено е и измачена река, измалтретирана со хемија и отпадни води. Некои симпатични мали места на нејзиниот брег за време на викендите се преплавени со посетители кои доаѓаат само на еден ден, а наесен со т.н. љубители на куглањето. Никаде по улиците во близина на Рајна во еден ден не може да се соберат толку многу луѓе како во тесната улица „Дроселгасе“ во Ридесхајм

Развој, а не затворање од светот

Долината на средниот тек на реката Рајна, со нејзините тврдини, дворци, средновековни места и познатите лозови насади под заштита на УНЕСКО 
Рајна кај Диселдорф

Рајна кај Диселдорф

би требало да се „чува и развива како единствен и незаменлив културен предел“. За првпат во Германија не му е оддадено признание на некој споменик, туку на културна област, која треба да се унапредува. Со назначувањето за „светско богатство“ на долината не и‘ е ставен заштитен оклоп. Напротив, во ова подрачје се надеваат на зголемен број туристи, желни за култура. По низа години на т.н.туризам на опивање, на ред е развој на културниот туризам.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 04:52

Либек: врата кон средниот век

Во средниот век Либек бил дел од европската велесила. Меѓутоа денес градот е и туристичка дестинација. Магнети се стариот дел на градот и градската порта „Холстентор“. Особено впечатлива е посетата во времето пред Божиќ.

Либек, Холстентор. Лево е црквата Света Марија

Либек, Холстентор. Лево е црквата Света Марија

Старото градско средиште на Либек е опкружено со вода и наликува на остров. Кога ќе поминете низ импозантната, црвена градска врата „Холстентор“, веднаш ќе се најдете во доцниот среден век. Улиците и уличките во стариот дел на градот се поплочени со природно заоблен камен, добро сочуваните средновековни куќи, изградени со црвена а украсени со препечена цигла. Насекаде се распространети премини и дворови, чие откривање веќе само по себе претставува доживување. Либек, кој е изграден во втората половина на 13 век, денес е еден од најдобро зачуваните историски градови во Германија. Во 1987 година градот е примен во редот на светското културно наследство на УНЕСКО.

Крал на ханзеатските градови

Меѓународната трговија овде има долга историја. Во 1358 година Либек заедно со други источногермански градови се обединиле во трговското здружение наречено „Ханзе“. За кратко време 150-те градови на Ханза завладеале со целата трговија на Балтичкото и Северното Море, и тоа за наредните 150 години.

Старата зграда на општинското собрание во Либек

Старата зграда на општинското собрание во Либек

Либек, како крал на Ханзе, станува најзначаен град во северниот дел на Германија по преземањето на раководството на Здружението.

Мора да се проба марципанот

По обиколката на градот, треба да пробате парче леб од марципан во некое од бројните стари кафулиња. Либек е познат по својот марципан ширум светот. Кружат неколку приказни за потеклото на специјалитетот од бадеми, шеќер и розина вода.

Кафеаната Нидерегер, за мапципанот се раскажуваат легенди

Кафеаната Нидерегер, за мапципанот се раскажуваат легенди

Некои раскажуваат дека кога настапил период на глад во пекарите имало недостиг на брашно, па како замена испекле леб од бадеми. Иако ова можеби не е вистина, мора да се проба марципан и тоа не само во времето пред Божиќ.

Подобро од Бордо

И покрај тоа што нема сопствени лозја, Либек има дури и свое црно вино. Имено, грозје од лозата „Либек ротспон“ се увезува од францускиот предел околу Бордо. Младото вино во Либек се подготвува во дрвени буриња, во кои во услови на северногерманска клима добива посебен вкус. Тоа најдобро може да се провери во еден од многубројните стари градски винарски визби.

Град на книжевници

Покрај наредените куќи од црвена цигла, веднаш се забележува „Буденброкхаус“. Куќата на Буденброкови го носи тоа име откако Томас Ман доби Нобелова награда за литературното дело „Буденброкови“, роман за тивката пропаст на тоа семејство од Либек. Родната куќа на писателот изградена во 1758 година, поради признанието, стана апсолутен магнет за посетителите на градот.

Споменикот на Томас Ман пред куќата на Буденброкови

Споменикот на Томас Ман пред куќата на Буденброкови

Денес таа е музеј во кој се чуваат спомените за животот и делото на браќата Томас и Хајнрих Ман. Само неколку минути одење понатаму, на адресата „Глокенштрасе 21“ се наоѓа куќата на Гинтер Грас, која ја прикажува работата на вториот Нобеловец за литература од Либек. Посетителите на центарот на градот, можат да ги видат и неговите графики и скулптури.

Адвент во светското културно наследство

Во периодот пред Божиќ, во градот владее особено необично расположение. Во подножјето на градската и централна црква Св. Марија, трета црква по големина во Германија, бројни божиќни саеми повикуваат на посета од крајот на ноември. Посебна атракција се саемите на применета уметност во болницата Св. Дух како и во црквата Св. Петри.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 04:53

Млад град на старото место

Бремерхафен не е пристаниште на Бремен туку самостоен град со меѓународна историја.

Бремерхафен - бродови на пристаништето

Бремерхафен - бродови на пристаништето

Толпа војници кои пљачкосувале се тркалале низ мочуриштата и речните долини од брегот на Северното Море кон Бремен или назад, во зависност од тоа каква им била среќата во војната. Така уште во средновековието тие можеле да ги пљачкосуваат и по можност да ги опустошуваат селата Гестендорф и Вулсдорф, кои се наоѓале на денешната локација на Бремерхафен.

Она што за некои е рај, за другите е пекол. На тој начин животниот квалитет на луѓето таму останал во многу тесни граници, а нивните населби долго време останале во рамките на селото.

Старите Швеѓани во посета

Историскиот музеј на градот

Историскиот музеј на градот

Швеѓаните први ја препознале стратешки значајната положба на речното устие на Гесте во Везер, и подолу на Везер во Северното Море. Оној кој сакал да го присвои ова место, морал да биде навистина силен. Затоа по триесетгодишната војна, Скандинавците овде кренале широки ѕидови за заштита на устијата. Oдбранбената камена градба ја нарекле Карлсбург.

Сепак Швеѓаните не се задржале долго во нивната тврдина и така пропаднал нивниот бастион.

Последниот град пред Њујорк

Поради економската беда и политичкото гонење, во 19 век многу луѓе побегнале во Америка. Иселениците оделе кон бреговите на пристаништата за прекуокеански бродови. Во слободниот ханзеатски град Бремен, на местото каде порано престојувале Швеѓаните, во 1827 година било изградено пристаништето Бремерхафен.

Масовната преселба во Америка, на Бремерхафен му овозможила забрзан економски развој. За многу Германци Бремерхафен бил „последниот град пред Њујорк“.

Некогаш најголемото риболовно пристаниште во Европа

Покрај пловидбата на патнички бродови, бродоградбата и трговијата добивале се` поголемo меѓународно значење. Покрај тоа започнале и со риболов на отворено море. Во Бремерхафен се наоѓало најголемото риболовно пристаниште на европскиот континент. Половината од целокупниот германски улов се истоварал тука. Сепак германскиот риболов на отворено море се` повеќе пропаѓал.

Терминал за контејнери на пристаништето во Бремерхафен

Терминал за контејнери на пристаништето во Бремерхафен

Покрај тоа, авионите ги истиснале големите бродови од трансатлантскиот патнички сообраќај. Со тоа рапидно опаднала и бродоградбата. Целокупната економија на Бремерхафен била руинирана. Фијаското, кое понеутрално било наречено „структурен пресврт“, до денес не е завршено. Во Бремерхафен се` уште има голема невработеност, скоро 20 проценти.

Кој ќе го насочи стариот кајак во вистинската насока?

Истражувања во морето

Истражувања во морето

Можеби и поради тоа Бремерхафен има пред се` здодевна убавина. Секако, прагматичните градби од периодот на обнова во 50-те и 60-те години на 20-от век, не можат да и конК*рираат на единствената географска положба директно на море. Градот примарно им придава значење на „внатрешните“ вредности. Научното истражување од морската област се` повеќе станува заштитен знак на градот на реката Унтервезер.

Услужните дејности, истражувањата и туризмот се последните адути што му пресотануваат на бедниот градски брод, разнишан од ветерот.

Некогаш тешкиот брод Бремерхафен морал значително да ослабне и за малку ќе заринкал на дното. Полека, градските дизел бродови пак почнаа да работат засилено, и „последниот град пред Њујорк“ одново направи вистински чекор напред. Стариот кајак шкрипи и се лула уште малку, но веќе се наѕира надежта.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 04:55

Поделен, но обединет град - Берлин

Берлин пулсира и е омилен кај туристите како никогаш досега. Главниот град на Германија има енормна привлечна сила.

Реставрираната Бранденбуршка порта во октомври 2002 година

Реставрираната Бранденбуршка порта во октомври 2002 година

По Втората светска војна, Берлин беше поделен град, пресечен на два дела со „железната завеса“. На прочуеното место „Checkpoint Charlie“, Русите и Американците ги вперија своите оружја едни во други, подготвени во секое време, поради сопствената претстава за тоа што е слободата, да предизвикаат светска војна.

Checkpoint Charlie (архивска фотографија)

Checkpoint Charlie (архивска фотографија)

Со изградбата на „Берлинскиот ѕид“ во 1961 година се раздвоија идеологиите, но и семејства, соседи и пријатели. „Јас сум берлинец!“, прочуените зборови на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, го прикажуваат сочувството на западниот свет за трагедијата на Берлин. Но, заострените фронтови во „Студената војна“ помеѓу исток и запад, од Берлин направија град со две лица.

Западниот дел

Западниот дел беше остров кој се одржуваше во живот со помош на субвенции и вонредни премии. Тој се разви во модерна метропола со монденски области како Шарлотенбург или Вилмерсдорф, туристички атракции како една од најпознатите авении, К*рфирстендам или меморијалната црква на кралот Вилхелм, но исто така и пределите за одмор околу Ванското Езеро. Во традиционалните работнички квартови како Кројцберг или Нојкелн се создаде динамична алтернативна сцена. Западен Берлин често беше центар на германската авангарда, од општествен, но исто така и од политички и уметнички аспект.

Источниот дел

Во источниот дел, како главен град на Германската Демократска Република, Берлин прерасна во репрезент на „првата социјалистичка држава на германско тло“, со широки булевари и архитектонски ремек дела како „Сталин алејата“ и телекомуникациската кула на Александерплац. Источен Берлин станал и главен град на интелектуалните и културолошки сили на ГДР, кои често сметале дека социјалистичкиот систем кој реално егзистира не ги застапува нивните идеали на човечкото општество. Тие ја создадоа основата за мирна револуција, што претставуваше крај за поделбата на Германија и Берлин.

Источен Берлин

Источен Берлин

Паѓањето на Берлинскиот ѕид

На 9 ноември 1989 год. се оствари она што сите го сметаа за невозможно, падна ѕидот. Луѓето од исток и запад си паднаа во прегратка, течеа солзи радосници.

Берлинчани го слават падот на ѕидот во 1989 година (архивска фотографија)

Берлинчани го слават падот на ѕидот во 1989 година (архивска фотографија)

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.