IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Дали е можна граѓанска војна во Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали е можна граѓанска војна во Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1247
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2017 во 10:12
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Заев: Борбата на СДСМ и народот ќе одекне посилно од која било пушка,

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Куманово на обележувањето на Денот на антифашистичкото востание 11 октомври порача дека борбата која СДСМ ја води со народот ќе одекне посилно од која било пушка.

-Треба да знаат сите, дека на денот кога ја чествуваме првата пушка во Куманово и Прилеп, Македонија најавува една нова борба, но треба да обзнаниме јасно дека нема да дозволиме повторно пушките од минатото да ги ископаме, туку оваа борба ќе ја водиме со гласот на народот, којшто ќе одекне посилно од која било пушка, вели Заев.

-Денес нема слобода во Република Македонија, не можете слободно да се изразите, нема слобода на говор, Нема слобода на мисли, нема слобода на медиумите, нема правда и правичност, професорите не предаваат слободно, студентите и учениците не учат слободно, лекарите не лечат слободно. Денес во Република Македонија сите вредности на нормалниот свет се уназадени, додаде лидерот на СДСМ Зоран Заев.

По повод празникот, вo Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.
___________________________________________________________________________


Како основа за темата ја земав зјавата на Заев со која се создава поволна почва за политичка нестабилност (која веќе постои) и која се продлабочува. Се вратив со мислата во времето на СФРЈ и политичката криза 90-те кога на ваков начин се поделија народите и секој си одбра своја страна. Некој ќе рече, "сите сме Македонци" но дали и Шпанците беа шпанци кога идеолошки завојуваа, дали сите досегашни војни имаа некоја причина, идеологија? Секако, човековиот ментален склоп создава, креира страв од нешто или кон некофо кога не се вклопува со неговата идеа, идеологија, стратешка цел и.т.н.

Во моментов имаме создавање на тотално нетрпение помеѓу две политички идеологии, до каде не води сето тоа? Две страни гладни за власт, едната е спремна на се да ја сочува а другата води кон создавање на омраза кон секој кој ја подржува власта. Дали крајниот исход ќе биде кобен? поради политичка идеологија? Нивната неспособност за водење на една убава но малечка држава ја води кон пропаѓање само поради алчност а не патриотизам и желба да се помогне на народот!
Ве молам дајте ваше мислење, не кој е крив за состојбата туку ДО КАДЕ НЕ ВОДАТ неспособниве политичари!?

Сепак дојде на ред да се даде мислење...
Homo homini lupus est...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,078 секунди.