IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - ШКОТСКИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗAВИСНОСТ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ШКОТСКИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗAВИСНОСТ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ШКОТСКИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗAВИСНОСТ
    Испратена: 19.Септември.2014 во 18:46

Обединетото Кралство е колевка на демократијата? Слободни избори? Ќе се дозволеше Шкотска да излезе од унијата?

За сите оние што се повикуваат на Англија како пример за демократија, слободен избор и говор (ОК, можеш да говориш с'е додека не почнеш истотот практично да го реализираш) нека го погледнат следново видео.

Безобразност, срамота, газење на основните човечкови права, угнетување и државен тероризам пред очите на сиот свет!










Изменето од Messenger - 19.Септември.2014 во 18:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2014 во 19:24
Мене ми се допаѓаат резултатите.. не во смисла дека Шкотска не се одвои туку
дека резултатот е 55:45%, и да беше 45:55% пак ќе ми се допаднеше.

Само тука на Балканот може да биде „97%“ , ко ние да сме мајмуни па фрли ни банана и сите по неа ќе се стрчаме...


Инаку лично сум против „цепкање“ на држави, добро што Обединетото кралство
е сериозна држава и во него живеат разумни луѓе (Шкотите) кои не се палат на
некаков лажен патриотизам и национализам.


И мислам дека кога се отвора тема треба да биде отворена на неутрален начин,
а не со фаворизирање на сепаратистите.

Изменето од LiDivio - 19.Септември.2014 во 19:33
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2014 во 21:35
сепак Путин е легендата со 120% гласови голема насмевка

како и да е, се знаеше дека Шкотска нема да се оддели, не поради кретенизмот на Велика британија, туку поради фактот дека повеќе од пола од земјите од светов се федерации и конфедерации, или во својот состав имаат некаков посебен вид на култура и националност и на нив им се закануваше истата ситуација за не толку долг период
распад на една од најпознатите империи во светот, е сепак голема мотивација за нови движења
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2014 во 21:55

Имаа право на тоа и си го остварија,не сега ќе
навлегувам во некои теории за заговор итн. итн.
Кој прател и знае какви се медиумски притисоци
се извршија за моделирање на јавното мислење во
Шкотска деновиве.Па отука на место поставените
прашања од Messenger ќе ги одговорам во стилот
на емил со едно тврдо "НЕ".
Најмалце во овој момент му одговара на западниот
блок да им заигра мечката што насекаде ја пратија да игра.
Но 21 век сме умре ваквото војување и убедување,
денес чичкото ќе каже како треба да биде,
и еден куп "еминентни" фраери ќе ви го всадат тоа во глава...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2014 во 23:49
Темава ја отворив како повод за дискутирање на слободите и демократијата во светот, а не како подршка на било која страна. 

Јас сум секогаш за слободен избор и за гаранција на истиот. Тоа е основно човеково право, како што се и правата на личен живот, слобода и сигурност без разлика на расна, етничка, религијска и родова припадност,  без разлика на националност и социјална припадност, без обзир на местото на раѓање, стекнатата сопственост или било што друго.

Никому не смее да му се одземе правото на глас, никој не смее да биде присилен на било што и никој не смее да биде деградиран на сите хумани и социјални нивоа.

Пред законот сите се  рамноправни и никој не е фаворизиран по никаква основа. Секому му припаѓа законска заштита која ќе ги гарантира неговите човекови права. Никому не смее да му бидат одземени овие права, никому не смее да му биде одземен неговиот глас, ниту истиот преиначен во нешто што не е по негова воља.

За жал нашава (не)цивилизација вредностие ги постави само на хартија, а истите ги практицира според моменталните политичко-економски интереси и потреби.

Уште пожално е што со време кривото почнавме го оправдуваме и прифаќаме како право, а правото да го обезвреднуваме и прифаќаме како криво.









Изменето од Messenger - 19.Септември.2014 во 23:51
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2014 во 04:05
се сложувам со Орка... џабе ќе имаш демократски избор, ако истиот насилно ти е напикан у врат од пропаганди и медиуми
има милион проблеми кои ја засегаат денешната демократија, која јас лично воопшто не ја сакам, таква каква што е, дури и кога се е чисто и под ред

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2014 во 04:59
Пропагандата и медијумите се дел од животот и тие се неотуѓив елемент на демократијата.

Јас верувам во еднo, ти веруваш во друго. Јас го пропагирам моето верување, ти твоето. Тука нема ништо спорно. Правото на слободен глас и неговото јавното изнесување е дел од основните човекови права.

ОНОА ШТО Е СПОРНО Е ОДЗЕМАЊЕТО НА ГЛАСОТ, НЕГОВОТО БРИШЕЊЕ, КРАДЕЊЕ И ИСКРИВОКОЛЧУВАЊЕ.

Секој нека си пропагира што сака, но на никој да не му се одземе правото слободно да гласа според сопствената свест и воља. Понуденото видеo го покажува ФЛАГРАНТНОTO кршење на основното човеково право.









Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2014 во 07:30
Ајде една хипотетичка ситуација...

после некои си 20-30-50 итд години...
поради пренаселеност, снемување ресурси, можеби и опстанок на планетата итд итд...
светските лидери одлучуваат да создадат светска унија на држави...
со цел напредок на целото човештво, заедничка политика на живеење...
можеби истражување или населување на блиски планети и пак итд итд...

и тогаш во цел свет се спроведува референдум, со прашање...
"Дали сте за тоа нашата држава да стапи во унија со сите светски држави"...
и сите гласаат...

прашувам...
дали гласот на човечките суштества кои живеат во "цивилизиранитe" населени места...
треба да има иста тежина како на оние кои живеат во амазонските шуми...
афричките племиња, или оние кои пак условно кажано...
живеат во "помалку цивилизирани - нецивилизирани" места...
и во суштина немаат поим за што уствари гласаат и што ќе се случи ако гласаат...
"за" или"против"...
дали ако поголемиот дел од светското население изгласа против...
треба да се остави планетата да се уништи...?

како тука демократскиот глас има врска со...
општото добро...?

поентата ми е, демократија си е демократија...
но да не бидеме наивни...

знаеш како викаа порано за бракот...
тоа е измислица на комуњарите за да ебат без пари...намигнување




Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2014 во 09:07
Ова видеово ми личи како да го креирал Калимеро лично...

Типот на крајот се жали дека никогаш нема да биде дозволено Шкотска да биде
независна.. зошто да не биде независна ако за тоа гласаат 80-90% луѓе?

Ако се отприлика фифти - фифти секогаш ќе има можност за манипулации.

Исто така луѓето гледале и на последиците: нова поделба на унионисти и сепаратисти, можна граѓанска војна.
Пресметале дека тоа е преголем ризик за тесен резултат од на пр. 52:48%.

И за крај да се пошегуваме... отсекогаш во Обединетото Кралство се слушал
зборот на Сер Алекс Фергусон, тој беше за NO.

Изменето од LiDivio - 20.Септември.2014 во 09:12
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2014 во 06:25
А како знаеме колку шкотланѓани биле за независност кога се правеле вакви тешки малверзации ??? Ако тој соодност бил во полза на унионистите зарем ќе се случувало ова ? 

Оноа што се гледа на видеото е само површината на манипулациите, онаа видливата, а според неа може само да си претпоставиме колкава била позади, онаа што не се гледа.

Дури и да било тесно, зарем тоа е отворена виза за вакви (не)демократски ујдурми во една од најдемократските држави на светот??? И зарем во демократска држава нема да биде отповикано гласањето кога е документиран ваков фалсификат? Токму Британија со САД е држава која постојано бара поништување и непризнавање на избори во земјите ширум светот каде што ќе се регистрираат вакви нешта. 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2014 во 10:47
Има да учат од нас...Ќе си играат вака играчки,а комотно можеа Пустец-шема да си направат.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2014 во 23:36

Јасно беше дека ниту Велика-та Британија ќе дозволи цепкање, ниту Европа и светските моќници ќе дозволат ризик од домино-ефект, ама на сопствен терен. Да беше во некоја експеримантелна држава, пропагандната машинерија ќе одработеше на друг начин. Двојни стандарди на дело, веќе не е ни чудно.

Мене ме насмеа еден бисер од некој наш твитерџија, со прашањето: “Ако излезе Шкотска од Велика Британија, ќе може ли ние да влеземе на нивно место?“  смеење





Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2014 во 11:25
Абе сакам да се цепкаат големиве држави!
Зошто да не сакам!?
Па кога тие ни’ направија нам и на другите, зошто истото да не им се случи и ним?
За општо цивилизациско добро тоа не би било убаво?! Ма ајде!
Кога се работи за нивно обединување, тоа е цивилизациска придобивка, а кога се работи за обединување на некој друг, тоа (им) е опасност!
Зошто да не се одвои Шкотска? И тоа со вакви „апла“ докази?
А нас ќе ни’ го трлаат носот за наводни неправилности.
Дволичност, хипокризија, газење на правото и делување од позиција на моќ.
Сакам да се отцепи и Каталонија и Баскија и Фландрија и Баварија и Венето (и другите северни покраини на Италија) и Калифорнија и Тексас и ...
Ако не за друго барем за она нашето препознатливо: „за мој (наш) ќеиф“. За да можат нивните „унионисти“ да видат како е кога некој те растура.
Но, што за нас помалите и послабите е поважно, тогаш ќе немаат моќ да ни’ го перат мозокот, да не’ притискаат, да не’ уценуваат во нивните намери да прифаќаме се што произлегува од нив, притоа „признавајќи“ им дека тоа е нај убаво, нај добро, нај паметно ... нај нај

Р.Ѕ. смеење Добра му  е забелешката на твитерџијата! да



Изменето од Zlatnik - 22.Септември.2014 во 11:29
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2014 во 16:54
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Пропагандата и медијумите се дел од животот и тие се неотуѓив елемент на демократијата.


се разбира дека се дел од демокатијата, ама служат за перење мозок... дури и сосема регуларни да беа изборите, Шкотите ќе избереа да останат во Велика британија... а зошто?
затоа што се навикнати на таа удобност и некој го искористи тоа... реално, Шкотите се убедувани дека не можат без велика Британија, исто како што ние сме убедувани дека не можеме без Европска унија и останати политички и економски алијанси
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.