IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Што се се трпи за мода!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се се трпи за мода!!!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Што се се трпи за мода!!!
    Испратена: 25.Јуни.2014 во 11:23
 
 
 

Девојкава ги скратила средните прсти и палецот за еден сантиметар, а операцијата била изведена под локална анестезија.

Операцијата "Пепелашка" се изведува за промена на обликот и величината на стапалата за да би изгледале подобро во високи потпетици. Операцијата вклучува скратување или продолжување на прстите на нозете, сечење на непотребните коски односно отстранување на испакнатините. паулина Чарликовска потрошила 4.500 фунти на скратување на ножните прсти.


На Паулина Чарликовска (30) купувањето на чевли секогаш и претставувало проблем. "Можеби звучи смешно но отсекогаш сум ги мразела своите стапала и ми било срам да ми ги гледаат пријателите. Дури и додека бев дете сметав дека тие не изгледаат нормално. Многу ме нервираа. Мојот среден прст и тој до него беа поголеми од палецот. Многу поголеми. Носев три броја помали, 39 наместо 42, па поради тоа овие два прста постојано ми беа отечени. Знам дека поради ова моите стапала изгледаа уште полошо но едноставно не сакав да носам голем број чевли. Имам свој козметички салон и многу време поминувам средувајќи ги стапалата на другите, a тоа ме правеше уште понесреќна", изјавила Паулина.

Поради ова, Паулина се одлучила на операцијата "Пепелашка", контроверзна козметичка процедура при која се менуваат обликот и величината на стапалата. Изминатава година ваквите операции станале се' попопуларни во Америка, а сега и во Велика Британија.


Паулина за ваквата операција дознала гледајќи документарец. "Од тогаш станав опседната со операцијата. Mојот сопруг Џејкоб, кој инаку е менаџер во авионска компанија, мислеше дека сум луда. Тој е противник на сите операции кои се неопходни, но кога полека започнав да ги собирам тие 4.500 фунти сфати дека не може да ме запре", раскажува Паулина.

Во октомври 2013-та година Паулина ги скратила средниот прст и тој до него за еден сантиметар, а операцијата била изведена под локална анестезија.


"Операцијата траеше речиси еден час и иако не чувствував ништо, можев да слушнам како ми ги кршат и ги мелат коските, тоа беше ужасно! Не почувствував болка, но имав жици во нозете пет недели, а еден прст ми се инфицираше па морав да пијам и антибиотици. Откако ми ги отстранија жиците неколку недели се движев со помош на патерици, а потоа продолжив да се движам нормално само што не смеев да вежбам барем наредните шест месеци. Сега сум потполно здрава. Имам мали лузни кои се одвај забележливи, а стапалата ми се помали. Мојот сопруг и пријателите се уште мислат дека сум луда бидејќи дадов 4.500 фунти на тоа, но јас верувам дека таа операција имаше огромно влијание врз мојата самодоверба и не гледам ништо лошо во тоа. Горда сум на своите нови стапала", раскажува таа.


Но многу од лекарите не се така ентузијастични како неа. Ортопедските хирурзи предупредуваат дека операциите на стапалата се многу ризични бидејќи прстите се сечат, се кршат коските и потоа повторно се спојуваат, па голем е ризикот да дојде до сериозни компликации. Може да дојде до огромен оток на нозете или вкочанетост или никогаш да не закрепнат. Во екстремни случаи може да дојде и до згрутчување на крвта што може да биде опасно по живот.

Но без оглед на сите ризици, Соња Фергусон (41) одлучила сепак да ја направи оваа операција.

"Долго време поминувам во високи потпетици, бидејќи тоа е дел од мојата работа како стујардеса. Отсекогаш сум имала испакнатини и плускавци но во последно време стануваа се полоши. Стануваа ужасни. Не можев повеќе да ги носам моите омилени чевли", раскажува Соња, која инаку живее во Редхил. Поради ова таа во јануари направила операција на стапалата, Прво го отстранила мртвото месо, плускавецот од едната, а потоа и од другата нога.

"Три-четири дена по секоја операција болката ќе стивнеше и по три недели можев да функционирам нормално. Прв пат во животот бев горда на своите стапала", изјавила таа. Но без оглед на тоа што Соња е задоволна со извршениот зафат, ваквата операција со себе носи голем ризик и се' поголем број на експерти се против ваквите операции. Дениел Сендлер (37) ги искусила негативните ефекти. Таа ги оперирала своите прсти пред две години кај приватен хирург во Лондон.

"Како тинејџерка носев големи, високи чевли на платформа и мислам дека мојот проблем почна уште тогаш. Кога имав 16 години прстите почнаа да ми се искривуваат. Со текот на годините стануваше се полошо и полошо, а потоа ми стана тешко и да најдам чевли кои ми се удобни и ми одговараат. Сите кои беа отворени правеа моите стапала да изгледаат ужасно. Сопругот ме убедуваше да не ја правам операцијата, но не го послушав. Сега кога ќе размислам, во тоа време мислев дека операцијата ќе реши се' но сеа се каам што не го послушав Ник", признава Дениел.


Дениел имала операција под општа анестезија за време на која со жици и ги исправувале прстите. И' ги отстраниле и плускавците поради што имало сечење на вишокот коски. "По операцијата болката беше преголема, а наскоро ми стана јасно дека нешто не е во ред бидејќи прстите ми стоеа под лош агол. Кога ќе ги спуштев нозете на земја, прстите не го допираа подот. После недела дена имав друга операција за да ги исправам, но и понатаму беа малку свиткани нагоре. После шест недели ми ги извадија жиците од прстите што ме болеше толку многу што малку фалеше да не се онесвестам. Шест месеци не можев да одам на работа бидејќи не можев да се движам, а стапалата ми беа многу отечени се' уште. Година дена не можев да го носам својот број на чевли, па постојано бев во папучи. Се прашував дали некогаш ќе закрепнам целосно. И денес имам проблеми, најлошо од се' е тоа што прстите никогаш повеќе нема да ми се исправат, стапалата ми се постојано вкочанети, а тоа влијае и врз моите колена и зглобови. Хирургот изгледа повеќе мислел на изгледот на моите нозе отколку на нивното функционирање", изјавила Дениел.

Дениел ни ден денес не може да ужива во високи потпетици. "Не можам доволно да го свиткам стапалото за тоа да влезе во високите потпетици. Ќе морам целиот живот да го поминам на рамни чевли. Луѓето мораат сериозно да размислат пред да подлегнат на билокаква операција за разубавување на било кој дел од своето тело. Со некои работи едноставно не вреди да се ризикува", препорачува Дениел.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.