IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Билингвализам – Предност или сепак не?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Билингвализам – Предност или сепак не?!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Билингвализам – Предност или сепак не?!
    Испратена: 06.Април.2014 во 03:50
Би сакала да продискутираме за тоа дали е паметно децата да изучуваат уште еден (странски) јазик на ниво на мајчин уште од најмали години. Сите знаеме дека додека се мали децата впиваат се како сунѓер, па се смета дека тоа е најдобрата возраст за изучување на нешто ново. Но голем дел од родителите со кои сум разговарала за жал сметаат дека тоа е само непотребно оптеретување на малото детско мозоче, што мислам дека е погрешно.




Билингвализам (двојазичност) – Подарок кој родителите можат да им го дадат на своите деца


Билингвализмот или двојазичноста значи познавање и говорење на два мајчини јазика. Да се зборува уште еден јазик како мајчин јазик значи да се има флуентна и слободна комуникација, природен акцент, да се размислува на тој јазик и да се познава значењето на самиот јазик. Најчесто билингвализмот се развива уште од најмала возраст т.е бебиња. Колку порано се започне со изучување на втор јазик толку е подобро и полесно, бидејќи научно е докажано дека децата имаат способност да го апсорбираат јазикот доколку се најдат во друга јазична среднина, особено ако се позитивно стимулирани.

Зборување два јазика, наместо еден има практична корист во се повеќе глобализираниот свет. Тоа значи развивање на широко гледни (open mind) деца способни да прифатат различни култури и начини на размислување. Билингвалните деца имаат поголем пристап до луѓе и ресурси со што имаат поголеми шанси за вработување, напредок и успех.


Двојазичноста или билингвализмот значи познавање на втор јазик исто токлу добро како и мајчиниот јазик. Тоа значи да се знае и зборува втор јазик, да се размислува на тој јазик, да се има течна и лесна комуникација, и да се има природен акцент. Оваа може да се постигне единствено во раната возраст од детството т.е до 7 година. Тогаш се градат мозочните врски и најногу се искористува и развива мозочниот потенцијал. Во тој период на развој е возможно создавање на два јазични системи.




Научните истражувања укажуваат на тоа дека билингвалноста (двојазичноста) има големо влијание врз менталниот развој на детето и развојот на когнитивните способности. Билингвалните деца се попаметни, а нивниот мозок побрз. Имаат поголема способност за фокус и внимание, за решавање покомплексни проблеми, пофлексибилни се и полесно се адаптираат на ситуации за разлика од нивните монолингвални врсници.


Изменето од evangeline - 06.Април.2014 во 03:50
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2014 во 04:14
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Би сакала да продискутираме за тоа дали е паметно децата да изучуваат уште еден (странски) јазик на ниво на мајчин уште од најмали години.
 

За мене е паметно . Колку повеќе јазици знаеш толку подобро за во иднина .
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 10:18

Зошто да не е паметно?
Точно во тие години децата најлесно учат друг јазик, освен мајчиниот.
Ништо не им е на “малите детски мозочиња“ ако се истренираат да размислуваат на уште еден јазик. Може да им биде само од корист.
И добро доаѓа како тренинг за мозочна флексибилност. Затоа што детето веќе размислува на еден јазик, па кога треба да се префрли на друг, ќе му биде многу полесен тој премин кога е истренирано уште од мало.

Ќерка ми во прво одделение веќе учи и трет јазик (дополнително), другата е трето па учи и четврт јазик.
Па ништо не им фали и не се пожалиле досега дека им се преоптеретени мозочињата.
И тоа не поради некоја моја амбициозност, туку сами побараа да учат англиски (за да можеле да ги разбираат цртанитеголема насмевка).






Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 15:55
Не знам, наводно според некое истражување голема била можноста детето подоцна да го развие својот говор доколку уште од мало се преоптеретува со два различни.
Затоа и реков дека јас сум ЗА, ама ме интересираше и мислењето од другите, особено од тие со децаголема насмевка


Изменето од evangeline - 08.Април.2014 во 15:55
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 16:31
Јас како дипломирам педагог за предучилишно воспитание (без ден стаж во таа област) исто така сум за тоа дека  децата е пожелно да се образуваат на тој начин, бидејќи можностите што ги дава билингвализмот се незаменливи и корисни во текот на целиот живот....
моите се 1,5 и 3 години и се  се таман за да ги образувам на тој начин...голема насмевка
само незнам дали некоја градинка кај нас освен  франкофонската и Јахја Кемал, нудат  такви можности...а и во тие две се изучуваат францускиот  во првата и турски и албански во втората и истите се изучуваат површно прилагодени како за таа возраст...
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 19:00
Колешкава сака во St.Paul да го пушти детево, инаку не е само франкофонската, иако кога би бирала за моето дете би ги избрала или оваа од погоре или франкофонската.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.