IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство > Свадба
  Активни теми Активни теми RSS - Свадбени обичаи од сите краеви на светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свадбени обичаи од сите краеви на светот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Свадбени обичаи од сите краеви на светот
    Испратена: 17.Март.2014 во 12:52

Црвена венчаница, младоженец мие садови: Свадбени обичаи од сите краеви на светот


Која девојка ќе извлече прстен од торта ќе биде следната невеста, младите пробуваат 4 различни зачини и проверување на младоженецот кога се во прашање куќните работи се само некои од обичаите.

Иако најпопуларни се венчавките во кои младата носи бела венчаница, а младите носат бурми на рацете, одредени краеви на светот се држат до нивните, тотално спротивни традиции.


Кој уште носи бело

Додека во повеќето западни земји света традиција е невестата да носи бела венчаница, како симбол на невиност и чистота пред бракот, во бројни азиски култури се верува дека ведрите бои на венчаници носат среќа. Така, јако црвената венчаница е најпопуларен избор, која наводно, предизвикува среќа и успех во бракот.

 

Торта која баш многу „стои”

Во Велика Британија, според традицијата, младата треба да носи потковица украсена со чипка за среќа, а свадбената торта мора да е од марципан чиј горен дел се чува додека парот не добие деца.


Перуански прстен од торта

За сите слободни дами на венчавките во Перу се подготвува посебна торта во која се вметнати бели траки (врвци), а само на една трака се наоѓа лажна бурма. По старото верување таа што ќе ја извлече бурмата е следна невеста.


Дегустација на четири елементи

Според западно-африканската традиција дегустацијата на зачини е еднакво важна како и разменување на брачни завети. Зачините треба да бидат слатки, лути, горки и кисели, како симбол на се она што ќе поминат во бракот. Така киселиот зачин претставуваат компромисите кои ќе морат да ги направат, горкиот е недостаток на разбирање, слаткото вечната љубов и лутото е страста меѓу нив.


Во Кина видовит човек го одредува датумот на венчавката

Според традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и гатач за да го одбере најпогодниот ден за својата венчавка бидејќи тоа ќе влијае на успехот на бракот. Колку е фамилијата побогата толку свадбата подолго трае, а неизоставен дел е чајанката за членовите на фамилијата.


Донесете прстен за нога

Како што според западната традиција се носат прстени на раце, така хиндусите имаат своја традиција. На нивните венчавки прстенот се става на нога поточно на прстот до палецот и тоа е знак дека жената е зафатена. Секој кој не е венчан не смее да носи прстен на нога, дури ни како моден детал.

 

Супа за душа

На традиционална чешка венчавка задача на парот е да научат нешто за подобро функционирање во пар. Заради тоа цврсто ги замотуваат во ќебе и им оставаат по една слободна рака. Така замотани мораат да се нахранат меѓусебно со супа, а таа традиција е симбол на соработка за да се наминат тешкотиите.


Танц во престилки

Доказ дека на престилките не им е место само во кујната се полјаците кои ја започнале традицијата според која невестата танцува со престилка, а секој кој сака да танцува со неа треба да остави пари во џебот.


Ако не ги измие добро садовите, ништо од бракот.смеење

На Филипините, младоженецот пред венчавката оди во куќата на невестата за да добие дозвола за брак, а тој обичај се вика „памаманхикан”.

Понекогаш ќе треба да изврши и некој од домашните обврски како миење садови или пеглање, а се со цел да покаже дека е спремен за брак и да се грижи за идната сопруга.

 

Сами одат по поклони

Во Финска невестата сама е задолжена за собирање поклони и мора да оди од куќа до куќа и да ги собира. Нејзиниот сопруг за тоа време стои до неа, а ако врне тој го држи чадорот како симбол дека секогаш ќе и пружи „кров над глава”


Ако знаете или имате прочитано и вие некои свадбени обичаи распространети на различни делови во светот слободно споделете.






Изменето од Schatzii7 - 17.Март.2014 во 13:11
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 20:40
Иран 


Во традиционалната свадбена церемонија во Иран најбитен дел играат симболичните предмети. На подот се ставаат предмети и сувенири кои се пренесуваат од мајка на ќерка. На средината се наоѓаат два свеќници кои ја претставуваат светлата иднина на младенците. Невестата и младоженецот се заштитуваат од лошите духови со седум билки и зачини и светата книга. 



Тунис 



Свадбите во Тунис се весели и раскошни и траат повеќе денови. Невестата добива тетоважи „хена“ на рацете и стапалата додека во средувањето и' помагаат нејзините пријателки и семејството. Среќната двојка седи на трон за време на прославите, а на една вечер од прославите невестата носи златен фустан. 





Јапонија 


За време на церемонијата, невестата, младоженецот и нивните родители пијат саке од исти чаши. Со ритуалот се создава врска помаѓу двете семејства. 



Мексико 


Мексиканската традиција вклучува врзување на партнерите. Тие се врзуваат околу рамениците откако ќе ги кажат заветите за да ја зајакнат нивната врска и да ја симболизираат вечната љубов. На крајот од церемонијата, врвката се дава на невестата како спомен. 





Хаваи 


Невестата и младоженецот носат цветни венци како физична претстава на нивната взаемна љубов. Освен тоа, за време на церемонијата се врзуваат рацете на младенците за зајакнување на врската. Понекогаш, тие се облекуваат во наметка наречена капа која е благословена и треба да им донесе здравје, богатство и многу деца.

 
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2014 во 08:14

Македонски традиционални свадбени обичаи: Китење, гледање низ бурма, кршење погача...


Свадбените обичаи се дел од традицијата на секој народ. Тие се главен белег на секој крај и она што ја прави секоја свадба различна и посебна.

site-makedonski-svadbeni-obicai-splet-na-tradicija-veruvanja-i-zabava-01

Во деновите пред свадбата и на самиот ден се прават обичаи кои имаат за цел, според народните верувања, да ги заштитат младите, да им донесат среќа и љубов и да ги соединат во едно семејство.

Постојат различни начини на изведување, различни верувања и обичаи кои се наследени од различни краеви.

Во Македонија, речиси секој град има барем по некој различен обичај кој се прави пред или за време на свадбата. Често младите и не знаат што мора, што треба и каде – како се изведува. Но, она што ги обединува сите е верувањето во среќата и традицијата.

Тука ги издвојуваме повеќето македонски свадбени обичаи од различни краеви како наше посебно културно богатство:

- Замесување лепче за среќа на младите ден пред свадбата. Тоа треба да биде немажено девојче од женска страна.

- Китење на куќите на младите во четвртокот пред свадбата со поставување венец на надворешната врата кој ќе стои цела година, како знак дека таа фамилија правела свадба.

- Кога доаѓаат сватовите кај невестата две девојчиња стојат пред влезот и ги китат со китенки, мажите на лева страна, а жените на десна, а тие оставаат пари.

- Сватовите и кумот прво одат во домот на младоженецот, играат ора, пеат песни, па тргнуваат по невестата.

site-makedonski-svadbeni-obicai-splet-na-tradicija-veruvanja-i-zabava-3.JPG

- На вратата на невестата стојат машките членови на фамилијата кои не го пуштаат младоженецот веднаш да влезе додека не плати или не биде упорен во туркањето на вратата.

- Кога ќе влезе мора три пати да ја бакне невестата.

- Во некои краеви пред да влезе младоженецот, невестата од прозорецот или од вратата го гледа низ вереничкиот прстен три пати изговарајќи: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам!“

- Откако ќе влезат младоженецот, кумот, деверот и сватовите, едно немажено девојче од женската страна треба на деверот да му врзе машна на едната рака. Кога ќе заврши со врзувањето еден од двајцата треба да биде побрз, или девојчето да му удри шлаканица на деверот или тој да ја бакне.

- Деверот ги носи невестинските чевли кои се еден број поголеми, па за да ѝ бидат точни на невестата треба да ги полни со пари.

site-makedonski-svadbeni-obicai-splet-na-tradicija-veruvanja-i-zabava-4.jpg

- Невестата треба да ги дарува комовите, старосватите, свекорот, свекрвата, деверот или золвата и некои од сватовите со подароци.

- Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.

-Над главата на младите се крши погача за среќа.

-Сите седнуваат на трпеза да наздрават, па со ора и песни ја пречекуваат невестата надвор додека ја изнесува нејзиниот татко.

- За лесно да им „оди“ во бракот, на излезот, невестата треба да шутне стаклена чаша со вода.

- Кога одат во црква, покрај пеењето и венчавањето на попот, кумот носи платно кое им го врзува околу рацете и колку пати ќе го врзе - толку деца ќе имаат.

- Кога излегуваат од црквата свекрвата фрла по патот ориз, бонбони и парички кои треба да ги собираат мали дечиња, како симбол за богатство и благосостојба.

- Во матично по склучувањето на бракот сите присутни им честитаат на младоженците, поздравувајќи се и им даваат пари, а на излезот се почестуваат со бонбонче.

- Во ресторанот, младенците ги пречекуваат гостите, па го играат првиот свадбен валцер на нивната омилена песна.

- Заедно со кумовите и старосватите наздравуваат со шампањско.

site-makedonski-svadbeni-obicai-splet-na-tradicija-veruvanja-i-zabava-6.jpg

- Потоа почнуваат сите ора кои траат сè до послужувањето на вечерата.

- По вечерата се сече невестинската торта и се делат невестинските бонбончиња. Ред за торта треба да чекаат сите немажени и неженети.

- На крај невестата го фрла бидермаерот, оној кој ќе го фати се верува дека следен ќе прави свадба.

site-makedonski-svadbeni-obicai-splet-na-tradicija-veruvanja-i-zabava-7.jpg

Обичаите кои ги знаете споделете ги во коментарите и помогнете ни да ја дополниме листата на македонски традиционални обичаи...




Изменето од Valerija - 18.Септември.2014 во 08:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2015 во 17:50

Ова се дефинитивно најчудните свадбени обичаи


Сите знаат за обичајот фрлање на бидермаерот и за првиот танц, но постојат и некои обичаи кои се специфични само за одредени земји и одредени култури. Ова се некои од најчудните обичаи ширум светот.

Во многу краеви бидермаерот и венчаницата не се дел од свадбената церемонија.

Шкотска

Невестата и малдоженецот се полиени од глава до пети со било која супстанца која нивните пријатели можат да ја држат во раце. Кисело млеко, расипани јајца, рибји сосеви, колбасици, се одвратно што може да ви падне на памет.

Потоа, луѓето кои им посакуваат среќа парадираат околу извикувајќи ги на глас своите желби. Во зависнот од регионот, понекогаш само невестата а понекогаш само младоженецот, присуствуваат на овој обичај пред самата свадба.

Ритуал на плачење: Сечуан

Триесет дена пред сбвадбата, невестата поминува по еден час во текот на денот плачејќи. Десет дена подоцна, во тоа и се придружува и нејзината мајка, а по десет дена и нејзината баба. Овој обичај кај нив претставува изразување на радост и длабока љубов.

Одложување на одење во тоалет: Индонезија

По венчавката на младоженецот и на невестата не им е дозволено да одат во тоалет цели три дена. Не смеат ниту да излегуваат од дома. Брачниот пар е под надзор, а дозволено им е минимална храна и пијалок.

Доколку не го почитуваат обичајот, се верува дека тоа ќе им донесе несреќа, прекинување на бракот, неверство или смрт на детето. По три дена младоженците можат да продолжат со нормален начин на живот и да го започнат својот брак.

Плукање на невестата: Кенија

Кога се венчаваат во Масаи, таткото ја плука невестата по лицето и градите за да на тој начин и посака среќа. Потоа таа заминува со својот сопруг не завртувајќи се, бидејќи се плаши да не се претвори во камен.

Традиција на бакнување: Шведска

Доколку малдоженецот од било кои причини ја напушти просторијата, на сите останати мажи на венчавката им е дозволено да ја бакнат невестата. Истото важи и за младоженецот и за женските гости доколку невестата ја напушти просторијата.

Удирање на невестата: Кина

Едно етничко малцинство во Кина има обичај во текот на кој младоженецот пука три стрели (без врвови) на невестата. После тоа, тој ги крши тие три стрели во текот на церемонијата, што значи дека ќе се сакаат и ќе живеат еден со друг засекогаш.

Без смеење: Конго

На свадбата се гледа како на многу сериозен настан во овој дел на Африка. Младенците за време на свадбата не смеат да се смеат, а не им е дозволено да се насмевнат дури ни кога се фотографираат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2015 во 10:54

Значењето на најпопуларните свадбени традиции и адети

Дали сте се запрашале за значењето на свадбените традиции. Секој адет си има своја приказна зад себе, па затоа решивме да ви го откриеме значењето зад некој од свадбените традиции кои се практикуваат насекаде во светот.

Фрлање на букетот: Традицијата на фрлањето на букет потекнува од средновековна Англија. Во минатото, жените имале обичај да кинат делчиња од фустанот и цвеќиња од букетот на невестата, бидејќи сметале дека тоа ќе им донесе добра среќа. Затоа невестите започнале да ги фрлаат буќетите и да бегаат. Денеска буќетот се фрла на крајот на свадбата, а се верува дека немажената девојка која ќе го фати е наредна која ќе се омажи.

„Предавањето на невестата“: Оваа традиција потекнува уште од времињата кога постоеле договорени бракови. Во тоа време се сметало дека ќерките се сопственост на нивните татковци. Вообичаено таткото бил оној кој ја предавал ќерката на младоженецот, обично за одредена сума на пари. Денес предавањето на невестата е симболичен благослов од нејзиниот татко.

Свадбените прстени: Според верувањата на римјаните, бурмата секогаш се носи на третиот прст од левата рака, затоа што вената од оваа рака води директно кон срцето. Бурмата всушност е во форма на круг, кој ја симболизира вечната љубов.

Кумови: Кумството потекнува уште од многу одамна, кога некои мажи морале буквално да ги украдат своите жени. Тогаш мажите ги земале со себе своите најсилни и најверни пријатели, кои им помагале доколку наидат на проблем со семејството на девојката.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 08:27

Необични свадбени обичаи ширум светот!

Свадбените обичаи се разликуваат од земја до земја, па дури и од град до град. Некои ги почитуваат и строго се придржуваат на нив, а некои бегаат од нив. Ако сте од оние кои не ги пратат строго старите обичаи и сакате вашиот најважен ден да биде поинаков, прочитајте ја листата на свадбени обичаи од земјите ширум светот. Применете некои од нив и така направете незаборавна венчавка за која сите ќе зборуваат. Кој знае, можеби ќе бидете иницијатор на некои нови обичаи.

Мароканските невести го започнуваат својот ден со церемонијално прочистување во вид на бањање во млеко, а пред тоа рацете и стопалата детално им се исцртани со кана.

Во Естонија обичајот дека девојката која ќе го фати букетот на невестата следна ќе се омажи, изменет е во корист на мажите. На младоженецот му ги врзуваат очите и го вртат во круг. Неженетиот маж на чија глава младоженецот ќе го стави шеширот следе ќе биде „ фатен “.

Јапонските невести ја менуваат облеката неколку пати во тек на денот. ( Извонреден изговор да се опустошат продавниците. )

Во Јапонија постои традиција на ритуално пиење на девет чаши саке во тек на церемонијата на венчавање.

Италијаните ја сечат вратоврската на младоженецот и ги продаваат деловите за да го финансираат нивниот меден месец.

Англосаксонскиот младоженец ќе ја допре петата на невестината чевла што ја симболизира неговата надмоќ над неа.

Невестите во Летонија се „киднапирани “ и младоженецот мора да плати откуп ( песна или тура пијалок ) за да ја добие назад.

На финска венчавка мајката на младоженецот држи тањир на главата кога младите ќе го заиграат првиот танц. Бројот на парчиња на кои ќе се скрши тањирот претставува број на деца кои ќе ги има парот.

На руска православна венчавка младоженецот и невестата се тркаат до тепихот на кој се даваат нивните заклетви. Кој ќе победи ќе биде главен во куќата.

Пред шведската венчавка мајката на невестата и дава на ќерка си златна паричка која ја става во десниот чевел, додека таткото и дава сребрена паричка за левиот чевел. Ова симболизира богата иднина.

Уште еден еврејски обичај е дека венчалниот прстен треба да биде потполно едноставен, без скапоцени камења или ознаки. Ова симболизира вечна љубов – нема ништо што означува почеток и крај.

Германските парови закачуваат работи на „ невестинското дрво “. Чајник, на пр. претставува гостопримливост.

Во Германија младенците заедничкиот живот симболично го започнуваат со сечење на стебло. Во оваа земја тоа е традиција до која се држат младите како во животот сите тешки задачи би го совладувале со успех.

Во Мексико гостите формираат срце околу парот кои го игра својот прв танц. Младите после танцот „ врзуваат чвор “.

Во Чешка обичај е пријателите на невестата да се скријат во не зиниот двор, да посадат дрво и да го накитат со исфарбани лупји од јајца и разнобојни машни. Легендата вели дека невестата ќе живее онолку колку што живее тоа дрво.

Во Холандија младенците во дворот околу својот дом посадуваат лилјани како симбол на обновување на нивната среќа и љубов со секоја нова сезона.

„ Конфети “ имаат ист корен како италијанскиот збор за слаткарство. Во паганско време венчаните двојки биле опсипувани со зрна и лешници со шеќерен прелив.

Во Британија се смета за среќа ако оџачар дојде на венчавката и да ја бакне невестата. Обичајот датира од владеењето на кралот Џорџ III. Коњите на кралот му се оттргнале од контрола и оџачарот се вмешал да го спаси. Кралот со декрет прокламирал дека сите оџачари носат среќа и дека со нив треба да се однесуваме со почитување. Оџачарите исто така се поврзуваат со раниот пагански обичај каде црната боја означува плодност.

Дел од традиционалната венчавка во Судан вклучува спалување на седум дршки од метла од страна на главната деверица што симболизира отфрлување на лошите навики пред почеток на брачниот живот.

И конечно, на венецуелската венчавка обичај е младенците да се искрадат од свадбата, а да не се поздрават со никого. Се верува дека тоа носи среќа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2016 во 09:33

3 свадбени традиции и нивните значења


Од фрлање букети до пренесување преку прагот – ова се само дел од свадбените обичаи кои ги поврзуваме со среќата (и несреќата), но дали знаете кое е нивното вистинско потекло?

3-svadbeni-tradicii-i-nivnite-znacenja-01

Ова се дел од свадбените традиции и нивното значење:

1. На денот од свадбата, младоженецот не смее да ја види невестата пред почеток на церемонијата

Во дамнешните времиња кога голем дел од браковите биле однапред договорени младенците понекогаш не се гледале и цели денови пред свадбата, а тогаш свадбата во главно симболизирала договор помеѓу двете семејства.

Таткото на невестата не дозволувал младоженецот да ја види невестата пред свадбата затоа што се плашел дека може да се откаже од договорениот брак, ако не му се допаднела девојката и така да нанесат голем срам на семејството. Поради тоа, младенците се „запознавале“ на самата церемонија кога било веќе премногу доцна за откажување.


2. Жената која ќе го фати букетот и мажот кој ќе го фати жартиерот се следни за склучување брак

Во Средниот Век, после свадбата, гостите ги следеле младенците до нивните одаи и се обиделе да ја оттргнат венчаницата од невестата затоа што се сметало дека тоа носи среќа. Така невестинските фустани честопати биле потполно уништени.

Поради тоа, невестите започнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција. Започнале да им фрлаат букети за да ги замаат и да побегнат, а на вратите од одаите младоженецот почнал да го фрла жартиерот.


3. Младоженецот мора на раце да ја пренесе невестата преку прагот на нивниот дом

Во древните култури постоело верување дека прагот на заедничкиот дом е местото каде демнат зли духови, а ранливите невести биле предмет на нивната желба. Се сметало дека духовите лесно можат да влезат во невестата преку нејзините стапала.

Поради тоа младоженецот имал должност да ја пренесе преку прагот за да ги спречи духовите да влезат во внатрешноста на домот. Во времето на Средниот век во западна Европа се верувало дека невестата ќе внесе несреќа во домот и бракот ако сама влезе во заедничкиот дом. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2020 во 21:46

ВЛАШКИ ОБИЧАИ


Порано, влашката свадба се правела повеќе денови, во куќата на младоженецот и невестата. Обичајот бил, најпрвин да се сретнат родителите или пак роднините на младоженецот и невестата (најчесто на пазар) за да се договорат за денот кога треба да се даде збор, на кој присуствуваат најблиските од семејствата на младите. Потоа се правело веридба, на која биле поканувани најблиските роднини од двете страни, а веридбата се правела во куќата на невестата. Двете страни се договарале за денот на свадбата, а едно момче, (деверот) со пагур (шише со ракија, украсено со цвеќиња) одело од куќа на куќа и ги канело роднините, пријателите и соседите. Роднините се собирале кај младоженецот. Свекорот ги пречекувал гостите, а потоа започнувале со обичаите.

Најпрвин се сеело брашно и тогаш се пее песната:

Засејте го брашното,
брашното за свадбата…
Додека се пее песната, доаѓа деверот, две деверуши и младоженецот. Тие го сеат брашното, а потоа се меси погачата. За тоа време сите околу нив ја пејат песната:
Да замесиме погачите,
кумот да го поканиме,
кумот да го поканиме,
кумот  и деверот!

Потоа доаѓа берберот за да го избричи младоженецот. И за тој обичај има посебна песна:

Добро ни дојде берберот,
море, да ни го избрчи младоженецот.
Ајде избрчи го убаво, убаво,
за пред кумот, за пред деверот!
Ајде, за пред кумот и деверот
за пред бабата уште по убав.

Додека се пее песната, берберот го бричи младоженецот. Потоа мајка му го поведува со себе.
Откако ќе се заврши со тој обичај, се започнува со еден посебен обичај, карактеристичен за Власите. Започнува да се шие бајракот. Во врска со бајракот, Власите веруваат дека бајракот не смее да се врати во истото семејство, бидејќи тоа е знак за лоша среќа. Бајракот прв го игра кумот и без негово одобрение никој не смее да го земе и да игра со него. Бајракот го шие терзија или пак деверот. Додека се шие бајракот, се пее:

Шиј го терзијо, бајракот, море,
шиј го терзијо бајракот,
шиј море терзијо, ѓаволче,
со памучните ми конци!

Бајракот е готов и деверот му го дава на кумот. Овде се пазарат двајцата за бајракот. Додека тие се пазарат, гостите се покануваат да го даруваат бајракот и во тавата фрлаат пари. Тогаш се пее песната:

Чести го куме, чести,
чести го бајракот!

Кумот фрла пара во тавата, а потоа сите по ред фрлаат пари кои на крај ги собира деверот. Тој може да го подели парте со деверушите кои му помагаат. По дарувањето на бајракот, сите излегуваат во дворот, а кумот со бајракот, прв го поведува орото. На бајракот е означено Сонцето, за кое Власите веруваат дека е семоќно и животот им е врзан за него. На врвот на бајракот се ставаат три јаболка кои симболизираат плодност. Кумот сам си избира песна и започнува првото оро. Потоа се пее песната:

Коле бре, ја дојди ми малку,
си го заборавив долу к’рлугот!
Ние и друг к’рлуг си имаме,
ама ко тој Коле, си немаме!
Ќе си направиме од сува слива!

Орото се раширува и се пејат стари влашки песни. Потоа свекорот и свекрвата, заедно со гостите тргнуваат кон куќата на невестата. Тогаш се пее песната:

Седум момчиња, сите еднакви,
заминуваат рано наутро, во мугрите,
замнуваат рано наутро, во мугрте,
да не ги осетат во градот,
да не ги посрамотат…

Од сватовите, први кај невестата стигнуваат свекорот и свекрвата, кои ги пречекуваат родителите на невестата. Се поздравуваат, си честтаат, се крстат бидејќи стануваат роднини и им посакуваат среќа на младите. Невестата седи во една соба, заклучена, заедно со нејзините другарки. Ја доведуваат пред свекорот и свекрвата за да им бакне рака. Таа се поклонува пред нив три пати, им бакнува рака и тие ја даруваат со златници кои се пренесуваат од генерација на генерација. Родителите на невестата го пречекуваат младоженецот, го бакнуваат и тоа е знак дека стануваат свои. Тогаш пристгнуваат и сватовите. Сите и пејат на невестата да злезе надвор за да ја видат,  да ја поведат со нив. Ја пејат песната:

Излези Месечино, момчето те вика,
Месечно, море!

Роднините на невестата возвраќаат:

Си имам татко, не ме дава,
си имам и мајка, не ме дава,
си имам и браќа,
и тие не ме даваат!
(продолжуваат да му пејат на зетот)
Ајде назад, назад,
дедото зетот да го вид,
ќе му се допадне ли не,
ќе му се допадне,  готово…
(Така пејат и за бабата и за сите останати од потесното семејство)

Тие обичаи завршуваат, се шири орото и се пее песната:

Дољани, влашко село,
не сака грчко школо!
Да не заборават влашки јазик!
Дољани, село со градини,
не се плашат од арамии!
Дољани, село со тутуни,
не се плашат од караули.

На орото сега игра и невестата и со тоа сватовите ја поведуваат и ја водат кај младоженецот. Во куќата на младоженецот, невестата ги дарува сватовите. Сватовите, на чело со кумот, го поведуваат орото на даровите и на невестата. Сега игра и невестата, заедно со момчето,  се пее песната:

Бавно, бавно, орото, газдин сине,
не кревај прашина,
да не ми прашиш свилата.
Не ми стегај прстите, газдин сине,
да не ми скршиш прстите…

Потоа, невестата ја водат на чешма, заедно со малдоженецот, деверот, деверушите, сватовите и свадбарите зад нив, и сите заедно пејат песни. Кај чешмата, невестата, полни бокал со вода (три пати), а младоженецот ја истура. Потоа тој полни вода, а невестата ја истура и се пее песната:

Полни ми брате, сипи ми сесто,
Полни ми сестро, сипи ми брате…

Кога се завршува со овој обичај, сите што пееле, скокнуваат да ги земат јаболката од бајракот кој е во рацете на кумот. Власите веруваат дека јаболката од бајракот носат среќа за ерѓенте и за немажените, и  дека тие што ќе земат јаболко од бајракот, ќе имаат среќа таа година (да се омажат или да се оженат). Свекрвата фрла бонбони и  други слатки работи, да им биде сладок животот на младите. Потоа свекрвата ја пречекува невестата на влезната врата од куќата. Невестата се поклонува три пати, ја мачка вратата со маст од трите страни (како да се прекрстува), а свекрвата и дава волна и по еден леб да стави под пазувите (како смбол за плодност). Невестата треба да внимава, во новиот дом да влазе со десната нога, што симболизра среќа во жвотот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2021 во 09:48
10 уникатни свадбени традиции од целиот свет

Иако во повеќето западни земји е света традиција невестата да носи бел фустан како симбол на невиност и чистота пред брак, во многу азиски култури се верува дека ведрите бои на венчаници носат среќа.

Најпопуларниот избор е црвен фустан кој наводно привлекува љубов, среќа и успех во бракот.

Освен оваа, прочитајте уште 9 најуникатни традиции од целиот свет:

Перуански прстен од торта

За сите слободни дами на венчавките во јужноамериканскиот Перу се припрема специјална торта со бели панделки. На само една лента се наоѓа лажен венчален прстен, а според старото верување, онаа која ќе го пронајде ќе биде следната девојка која ќе застане пред олтарот.

Дегустација на четири вкусови

Според западноафриканската традиција, вкусот на зачините е подеднакво важен како и брачните завети. Зачините треба да бидат слатки, горчливи, лути и кисели, како симбол на сè што ќе доживее парот заедно во брак. Така, киселиот вкус ги претставува компромисите кои ќе настанат, горчливиот недоразбирањата, а слаткиот трајната љубов и страста помеѓу нив.

Во Кина, јасновидец го одредува датумот на венчавката

Според традицијата, невестата треба да побара помош од астролог и јасновидец за да избере најсоодветен ден за својата венчавка, бидејќи тоа ќе го одреди успехот на нејзиниот брак. Колку е побогато семејството, толку подолго трае свадбата, а неизбежен дел е и чајанката на членовите на семејството.

Торта која се чува навистина долго време

Во Велика Британија, според традицијата, невестата како среќна добитничка треба да носи потковица украсена со чипка, а како свадбена торта е задолжителна онаа направена од марципан, чиј горен дел треба да се чува додека парот не го добие своето прво дете.

Носење прстен на нога

Како што во западната традиција се носат прстени кои младоженците ги ставаат на рацете, така и хиндуистите имаат своја традиција. На нивната венчавка, прстенот се става на стапалото, поточно на прстот од десната страна на палецот, и тоа е знак дека дамата е зафатена. Ако не сте во брак, не треба да носите прстен на ногата, дури и како моден додаток.

Супа за душата

На традиционална чешка свадба, задача е парот да научи нешто за подобро заедничко функционирање. Поради тоа, цврсто ги замотуваат со чаршаф и ги оставаат со само една слободна рака. Парот треба да се храни еден со друг со чинија супа, а оваа традиција е симбол на соработка со цел да се надминат потешкотиите.

Танцување во престилки

Докажувајќи дека престилките не се единственото место во кујната, Полјаците започнале традиција според која невестата танцува со престилка на свадбата, а секој што сака да танцува со неа треба да ѝ стави пари во џебот.

Ништо од бракот ако не ги измие добро садовите

На Филипини, младоженецот пред венчавката оди во куќата на семејството на невестата за да добие согласност за брак, а овој обичај се нарекува „памаманхикан“. Понекогаш тој мора да изврши некои домашни работи, како што се миење садови или пеглање, сè со цел да му докаже на семејството дека е спремен да се грижи за својата идна сопруга.

Невестата сама оди по подароци

Во Финска, невестата е задолжена сама да ги собира подароците и поради нив мора да оди од куќа до куќа. За тоа време, постар оженет маж оди покрај неа, држејќи ѝ чадор над главата како симбол на заштита и засолниште.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.