IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Средства за чистење
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Средства за чистење

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: DIY-Средства за чистење
    Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:33

Направете сами: Средство за чистење без ниту една штетна состојка

о последните десетина години екологијата зазема се поголем замав во секојдневниот животен стил, па побарувачката на нетоксични производи е се поголема. Во согласност со ова, барачката на производи изработени од природни материјали постојано расте. Еден пример за ова се и средствата за чистење кои верувале или не, можете да ги направите и самите.

Состојки:

- 1 чаша вода
- 1 чаша оцет
- 1 чаша алкохол
- 2 до 3 капки детергент миење садови
- 5 капки етерично масло од лаванда
- 5 капки етерично масло од портокал
- 3 капки масло од чајно дрво
- Шише со спреј

Упатство:

1. Во боцата додадете ги состојките и добро протресете ја неколку минути за сите добро да се измешаат. Пред користењето на ова средство за чистење, подовите поминете ги со правосмукалка или барем прометете ја површината која сакате темелно да ја исчистите.

2. Потоа, испрскајте со природното средство за чистење на подот, како и на остнатите површини кои сакате да ги исчистите. На крајот се добро избришете со микрофибер крпа.

3. Доколку ви е полесно чистењето со крпа и кофа, направете мали промени во некои количини од состојките. На пример, наместо една, употербете половина чаша оцет и додадете 1/3 чаша алкохол и четири литри вода.

 



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 20:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 13:56

Внесете свежа енергија во домот и подарете му сјај и пријатен мирис без многу хемикалии и штетни производи. Обидете се да постигнете подеднакво добар ефект со овие неколку природни средства за кои не требаат многу состојки, ниту пак долго време за подготовка.

prirodni-sredstva-za-cist-dom-01

Чиста кујна според фенг шуи

Според фенг шуи кујната е здравствената состојба на семејството. Затоа, исчистете ја просторијата во која најчесто јадете, а која е голем расадник на бактерии. Во еден сад ставете млака вода, додајте една лажица јаболков оцет и три капки етерично масло од лимон. Со направената течност вратете им го сјајот на работните површини во кујната, ладилникот и прозорските стакла.

Чисти подови

За чист под потребни ви се етерични масла од чајно дрво и рузмарин. Во голем сад истурете пет литри вода, додајте 15 капки масло од чајно дрво и 10 капки рузмарин. Добивте средство за дезинфицирање кое мириса извонредно.

Чиста облека и гардеробер

Гранчињата лаванда се идеални за оваа намена токму поради прекрасниот мирис, а воедно и штитат од ситни штетници кои може да ја оштетат вашата облека. На самото гранче може да капнете неколку капки масло за поинтензивен мирис.

Природен освежувач

Во 100ml цветна вода на база на пеперминт или сандаловина додадете 20 капки освежувачко масло од грејпфрут, чемпрес или лимон. Комбинирајте само два вида етерично масло и миризливата течност прелијте ја во шишенце со распрскувач. Користете секојдневно, кога и да посакате.

prirodni-sredstva-za-cist-dom-02

Збогувајте се со мувлата

Само две шолји дестилиран бел оцет ќе го реши овој проблем. Оцетот пресипете го во шише со распрскувач и нанесете на местото. Оставете да делува неколку часа, а по желба може и да додадете некоја капка масло со свеж мирис за да се изгуби киселиот мирис од оцетот. По неколку часа делување, избришете со полусува крпа.

Чисти прозорци

За блескави прозорци смешајте половина лажичка течен сапун на база на билки, три големи лажици дестилиран бел оцет и две шолји вода. Пропрскајте го стаклото и избришете со памучна крпа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 22:41

Направете сами детергент за садови


За да имате што поздрав детергент за садови пронајдовме за вас совети како самите дома да направите течен детергент без штетни хемикалии.

Ви треба половина филџан чист сапун во ливчиња, а можете да користите и обичен сапун. Најдобро да го изрендате, за да ви биде полесен за употреба. Ви треба и половина филџан врела вода, половина филџан глицерин, една лажица сок од лимон и пластично шише во кое ќе го ставите детергенот.

Во стаклен сад ставете ја водата, а по десет минути измешајте ги глицеринот, сапунот и сокот од лимон. Како ќе се излади смесата, така постепено ќе добивате редок гел. Измешајте го за да се изедначи, а потоа истурете го во пластичното шише.



Изменето од Valerija - 09.Мај.2020 во 15:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 16:06


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2014 во 15:51

Направете домашен “Доместос”

За ова чудотворно средство ќе ви биде потребно:

- голема тегла или два

- шише со распрскувач

- алкохолен оцет

- кора од грејпфрут, портокал или лимон

- 3-4 капки есенцијално масло од портокал

Наполнете ги теглите до половина со кората од грејпфрут, лимон или портокал. Останатиот дел од теглите наполнете го со оцет. Добро протерсете и ставете го на сончево место во домот. Запишете ја датата и оставете ја теглата да “мирува” три недели до еден месец. По тој период, исфрлете ја кората, исцедете ја добиената течност и разредете ја со вода 1:1 . Течноста ставете ја во шише со распрскувач и по желба додадете неколку капки етерично масло.

Добиената течност користете ја чистење на рерната, фрижидерот, бањата, вц-шолјата и туш кабината. Одлично ги отстранува сите нечистотии.



Изменето од Valerija - 06.Јуни.2014 во 15:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:39

Направете природни средства за чистење без штетни хемикалии

За  разни дамки од храна подгответе универзално средство на база на јаболков оцет. За тоа ќе ви треба околу 250 мл топла вода во која ќе додадете лажичка детергент за садови и 60 мл бел вински оцет. Измешајте ги состојките во пластично шише со распрскувач и добро протресете.

Пудрата ја брише маснотијата 

Масните дамки на облеката ќе ги отстраните така што на свежата дамка ќе ставите пудра. По тоа исперете во машина за перење алишта.

Со глицерин против чоколадо  
Дамките од чоколадо нежно истријте ги со мешавина од глицерин и топла вода. Исперете со млака вода. Повторувајте колку што е потребно.

Паста од глицерин  
Дамките од крв најлесно ќе ги отстраните со натопување на ткаенината во ладна вода или паста што ќе ја подготвите од густин и вода.

Минерална вода 
Против трагите од алкохол натопете сунѓер во минерална вода и со него исперете ја ткаенината.



Изменето од Valerija - 09.Мај.2020 во 15:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2015 во 13:17

Економично и ефикасно: Домашно средство за чистење на стаклени површини

Средството за чистење на прозори и огледала подготвено во домашни услови е одлична замена за средствата кои се продаваат по продавниците...

efikasno-i-ekonomicno-domasno-sredstvo-za-vcistenje-na-stakleni-povrsini-1

Откога еднаш ќе го пробате повеќе нема да имате потреба да купувате средство за чистење на стаклени површини:

За подготовка на ова средство потребно ви е:

  • ½ кафена лажичка детергент за миење садови или течен сапун
  • 3 супени лажици од 9% алкохолен оцет
  • 400 ml вода

Начин на подготовка:

Оцетот и течниот детергент растворете ги во водата. Состојките добро промешајте ги и истурете ги во празен распрскувач.

Совет плус: Ако на чистите прозорци се појават дамки од раце, можете лесно да ги отстраните со истуткан весник. Бришете го стаклото со кружни движења, додека прозорците не се исушат. 



Изменето од Valerija - 21.Март.2015 во 13:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 09:06

Направи сам: Антибактериски спреј за чистење на домот


Исчистете го домот и освежете го со еколошки антибактериски спреј направен од природни состојки кои дезинфицираат и убиваат бактерии.

napravi-sam-antibakteriski-sprej-za-cistenje-na-domot-01

Така, ќе добиете чист простор со убав мирис наместо оној хемискиот.

Потребни состојки:

  • 3 чаши вода
  • ½ чаша бел оцет
  • Шише со пумпица
  • Инка (по потреба)
  • 15 капки масло од лаванда или чајно дрво


Начин на подготовка:

1. Измешајте ја водата и оцетот во шишенцето. Оцетот е природен антибактериско и антифунгално средство кое на природен начин ќе го исчисти вашиот дом.

2. Додадете 15 капки масло од лаванда или чајно дрво – или комбинација од двете. Исто така може да користите масло од ружа, портокал, лимон или неколку капки од секое за навистина прекрасен мирис. Есенцијалните масла исто така се антибактеристи и антифугални средства кои ги уништуваат бактериите на кваките, комодите и сл.

3. Затворете го и протресете го шишето. Нема потреба да го бришете спрејот – доволно е да се исуши само од себе. Во овој рецепт имате околу 830ml антибактериски спреј.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 18:43

Направете сами -Антиалергенски детергент од три сосотојки

Поради сите отровни материи кои ги содржат куповните детергенти, многу луѓе користат алтернативни средства за перење на облеката, посебно за долната облека
Потребни состојки:
  • органски сапун
  • 600 грама сода бикарбона
  • 20 капки етерично масло по желба
Начин на подготовка:

Природниот органски сапун изрендајте го во чинија и додајте ја содата. Добро промешајте и додајте го и етеричното масло. Повторно промешајте и подготвената смеса ставете ја во стаклен сад.

Зошто да почнете да користите природен детергент?

Природниот прашок за облека има многу предности во однос на куповниот. Неговата изработка е брза, едноставна, лесна и евтина, а со додавањето на етеричното масло, овој детергент добива мирис каков што посакувате. Погоден е и за луѓето кои се борат со алергиите, бидејќи постои многу мала можност за појава и развој на какви било симптоми. Со неговото користење го заштитуваме телото и организмот од сите непотребни токсини и што е најважно, природниот детергент не ја загадува околината.




Изменето од Valerija - 06.Април.2016 во 18:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2020 во 15:43

Домашно средство со универзална намена за блескава бања: Нанесувате и масните дамки сами паѓаат од плочките

Бањата е место од домот кое речиси секоја домаќинка го чисти со не толку големо задоволство. Вообичаено на површината на плочките и меѓу елементите се наталожува нечистотија, која со текот на времето е потешко да се исчисти.

За целосно и темелно да ја исчистите бањата, особено плочките, потребно е да одвоите неколку часа од вашето време, но проблемот настанува кога ниту најскапите средства за чистење не делуваат ефикасно.

За таа цел, за денес ви откриваме рецепт за универзално прочистувачко средство за бања, со кое истата ќе заблеска за само неколку минути, а еве како да го подготвите:

Универзално средство за чистење на бања

Потребни состојки

  • 1 шолја течен сапун
  • 1 шолја топол оцет
  • Инка
  • Сунѓер

Начин на подготовка

Затоплете го оцетот, до температура при која можете слободно да ги потопите вашите прсти во течноста.

Додадете го затоплениот оцет преку инка, во шише на принцип на спреј и додадете го во истото и течниот сапун. Внимателно промешајте ја смесата, со движење на шишето. Состојките треба добро да се соединат, но без да се создава прекумерена пена.

Напрскајте ја добиената смеса на потребната површина во вашата бања, а потоа, користејќи сунѓер, исчистете ја истата. Неопходно е да носите заштитни ракавици, за да не им наштетите на вашите раце при допирот со оцетот.

По нанесувањето на растворот на плочките, истиот оставете го да отстои 30 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Важно е да знаете дека овој домашен раствор не треба да се користи за чистење на плочки со гумени рабови, бидејќи оцетот може да ги оштети истите.

Домашната смеса може да ја употребите и за чистење на подот, а воедно не се грижете поради почетниот силен мирис на средството, кој се должи на оцетот, бидејќи истиот за кратко време ќе исчезне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.