IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > MaxARENA Gaming
  Активни теми Активни теми RSS - Совети за како до помал пинг
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Совети за како до помал пинг

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Figgy Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Figgy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Совети за како до помал пинг
    Испратена: 15.Февруари.2014 во 20:58
Ова се неколку совети кои би можеле да ви помогнат да добиете помала латенција на серверите. Не секогаш успеваат, али добро е да се применуваат...

1. Користете секогаш 'чист' кантер страјк клиент преземен од cs.insomnia.mk или пак оргинален STEAM кој е секогаш најубавата опција!

2. Осигурајте се дека немате во позадина програм (torrent, firefox, windows update...) кој активно презема фајлови додека играте. (Паралелното преземање од интернет и играњето секогаш резултира со пораст на латенцијата!)

3. Се препорачува освен вклучен кантер страјк клиент да не се вклучуваат дополнителни апликации (mozilla, torrent итн..) Може да дојде до пораст на латенција или пак гушење (choke), независно од тоа колку добри перформанси има вашиот компјутер!

4. *Неопходно е вашиот интернет да биде стабилен, пакет со 8 Mbps/download и 768 Kbps/upload е доволен.

5. Не се препорачува да играте преку Wireless, има преголем loss на пакети и со самото тоа сте изложени на сецкање додека играте. Доколку сте во можност поврзете се со ethernet кабел!

6. Upload брзината игра исто важна улога за помала латенција, секогаш тестирајте ја брзината преку speedtest.net, премногу мала брзина може да влијае на латенцијата!

7. Проверувајте ги секогаш рејтовите, некои сервери откако ќе се конектирате на нив, тие сами ви ги менуваат без да знаете, затоа секогаш проверувајте ги откако ќе се конектирате на Макс арена. Ние ги препорачуваме следниве подесувања: rate 25000, cl_updaterate 100, cl_cmdrate 100

* Се препорачува интернет пакет од T-Home, поради малата дистанца од корисникот до серверите. За повеќе информации за интернет пакетите на T-Home посетете ја следната страна: www.t-home.mk

Темава ја оставам отворена, за кој сака да сподели совет како до помал пинг, или пак ако има некое прашање.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.