IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Модни ревии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Модни ревии

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Модни ревии
    Испратена: 15.Февруари.2014 во 09:24
нова освежувачка тема...



Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 13:52
задоволство


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 13:55

Некои од колекциите пролет/лето 2014.

Да прашам прво авторот, смееме да постираме и “горна“ или само долна облека? плазење








Луј Витон пролет лето 2014..... Do you like it? размислување







Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 14:09
може и горна... и онака е женска тема, сакав само да ве потсетам дека немаше до сега ваква тема, а пдф МОДА Е ...

       



јас секако ќе продолжам со долна...
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 21:15

Лондонската модна недела – колекции есен/зима 2014-2015


Лондон секогаш нуди модни изненадувања и го заробува вниманието со еклектички модни визии. За разлика од минатата сезона, кога колекциите презентирани во британската метропола ги спои романтиката, сега е тешко да се дефинира една заедничка тема за разнообразните колекции есен/зима 2014.

Burberry Prorsum

Сликарството и модата се испреплетија во колекцијата на Кристофер Бејли, кој го остави зад себе класичниот изглед на тренч-мантилите што стојат во темелите на брендот и презентираше динамична и сензибилна колекција. Модното шоу „The Bloomsbury Girls“ било инспирирано од творештвото на мала група легендарни Британци – Вирџинија Вулф, Ванеса Бел, Данкан Грант и Роџер Фрај.

Креативниот дизајнер ја одушеви бројната публика со рачно насликани чанти, палта од овча кожа, обувки, колани... Колоритните марами играа важна улога во колекцијата, најчесто збогатувајќи ја силуетата на деликатните фустани, а особено впечатливи беа ќебињата од волна и кашмир во Навахо стил. На крајот на шоуто манекенките дефилираа прекриени со ќебиња на кои беа испишани нивните иницијали.

Burberry Burberry

Том Форд

Гостите на ревиите на Том Форд секогаш очекуваат храбри и сексапилни креации, но овој пат славниот дизајнер изненади со колекција во која сексапилот е на втор план. „Ова е поинаква верзија на секси. Облеката е тесна на колковите. Мораш да го зграбиш телото некаде, а за мене, сè се врти околу колковите“ – рекол тој.

Форд црпел инспирација од двете места кои ги нарекува свој дом – Санта Фе и Лондон. „Модерното родео“ на Форд изразено преку модифицирани каубојски чизми се судри со лондонскиот стил од 60-тите. Никој не ги пропушти светкавите фустани со натпис „Tom Ford 61 Molly“, кои се луксузна варијанта на маицата која Џеј Зи ја носеше на свои концерти додека ја пееше песната „Tom Ford“.

Tom Ford Tom Ford
Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford

Џулиен Мекдоналд

Гламур зрачеше од креациите на Џулиен Мекдоналд, кој го сведе користењето на материјали до минимум. Ткаенините претставуваа провидна основа на која блескаа декорации коишто наликуваа на мозаици од искршени обоени стакленца или пердуви.

Импресивната катедрала во францускиот град Ремс му ја дала потребната инспирација на Џулиен. „Како Ремс да се претвори во Студио 54“ – рекол тој.

Julien Macdonald Julien Macdonald
Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald Julien Macdonald

Temperley London

Патување во италијанскиот град Комо ја разбуди фантазијата на Алис Темперли, која претстави многу повеќе дневна облека одошто се очекуваше.

Декорации инспирирани од религиозна италијанска облека ги прекриваа креациите, но исто така можеа да се видат и колоритни фолклорни елементи.

Temperley London Temperley London
Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London

Давид Кома

Кома се задлабочил во сликите на германскиот уметник Лукас Кранах Постариот и ја преточил инспирацијата во строга геометриска колекција.

Облека инспирирана од корсети, ролки, здолништа „хармоника“ и кожени панталони го задржуваше вниманието на публиката, која остана фасцинирана и од динамиката предизвикана од спојувањето на различни текстури.

David Koma David Koma
David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma David Koma
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 21:22

Њујоршката недела на модата – колекции есен/зима 2014-2015


Модниот месец започна со њујоршките ревии на кои беа прикажани колекциите есен/зима 2014-2015. Повеќе од 80 дизајнери добија шанса да ги освојат модните критичари и да ја задржат наклонетоста на својата клиентела.

Ѕирнете во колекциите на најистакнатите дизајнери кои измамија комплименти од пребирливата, критички настроена публика.

Рим Акра

Идејата на либанската дизајнерка Рим Акра била преку новата колекција да опише патување на елегантна жена во текот на една ноќ низ Париз.

Раскошните креации блескаа на пистата. Флуидните силуети и извезените мониста и кристали би ја завеле секоја дама.

Reem Acra Reem Acra

Оскар де ла Рента

Оскар де ла Рента е синоним за гламур и дамски фустани, но овој пат 81-годишниот дизајнер одлучи да поекспериментира и со посмел и донекаде помладешки изглед. Првите креации на пистата беа инспирирани од машката облека, потоа дојде редот на посексапилни креации кои имаа и рок елементи, за на крајот пистата да ја преплават женствени фустани со оскаровски потенцијал.

Искусниот дизајнер редовно потенцира дека неговата цел е да креира привлечна облека која жените ќе сакаат да ја носат, а не да поставува нови трендови. Несомнено неговата формула е успешна.

Oscar de la Renta Oscar de la Renta
Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta Oscar de la Renta

Дона Каран

Дона Каран ја прослави 30-годишната од постоењето на својот бренд со сексапилна колекција во која отсуствуваа принтовите и доминираа црна, бела и црвена боја, како и нијанси на карамела.

„Триесет години подоцна, го гледам стилот како еволуција, уникатна рефлексија на тоа кој си, каде си бил и каде одиш“ – рекла Каран, посветувајќи ја колекцијата на Њујорк.

Donna Karan Donna Karan
Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan Donna Karan

Мајкл Корс

Романтични и шармантни креации ги прекриваа телата на манекенките кои според Корс наликуваа на „урбани циганки“.

Нежни здолништа и фустани со ситен дезен ѝ даваа леснотија на колекцијата, а широките кожени колани ја зголемуваа впечатливоста. Корс црпел инспирација од секојдневниот стил на њујорчаните и го спојувал со безгрижниот стил на жените од Северна Калифорнија.

Michael Kors Michael Kors
Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors Michael Kors

Прабал Гурунг

Колоритна, комотна и топла колекција беше претставена од страна на непалскиот дизајнер Прабал Гурунг. Дури ни разголениот натрапник со златни танга гаќички кој истрча на пистата не го одвлече вниманието на публиката од невообичаените креации.

За време на неодамнешно патување во Непал, Гурунг го посетил поранешното кралство Мустанг и бил восхитен од културата и спокојството во тој регион, па новата колекција е рефлексија на тоа патување. Обвивањето на телото со различни материјали се провлекува како карактеристична црта на креациите.

Prabal Gurung Prabal Gurung
Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung Prabal Gurung

Ралф Лорен

Убавината е во едноставноста. Ралф Лорен одушеви со софистицирана колекција во бели, сиви и нежно розови нијанси, која сигурно ќе биде дочекана со одушевување од вистинските дами.

Елеганцијата беше инкорпорирана и во дневните и во вечерните креации, додека префинетите материјали и акцентите од крзно беа пресудни за финалниот луксузен ефект.

Ralph Lauren Ralph Lauren
Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren Ralph Lauren

Викторија Бекам

Едноставните креации со издолжени силуети танцуваа помеѓу мажествениот и женствениот стил на облекување на ревијата на Викторија Бекам.

Монотонијата на едноставните кроеви беше разбиена со декорации како набори и златни синџирчиња, како и со плисирани материјали. Црната и белата боја имаа доминантно присуство, а на моменти окото го привлекуваа недефинирани разнобојни шари.

Victoria Beckham Victoria Beckham
Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham Victoria Beckham

Каролина Ерера

Ерера си поигра со пропорциите и не ги прескокна принтовите. „Се обидувам да одам во иднината“ – изјавила 75-годишната креаторка, позната по стремежот кон елеганција и софистицираност.

Carolina Herrera Carolina Herrera
Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera Carolina Herrera

Џени Пекам

Бјанка Џегер, активистка и поранешна актерка, беше инспирација за новата колекција на Џени Пекам, која редовно ја облекува војвотката Кетрин. „Не тоа што го носеше таа (Џегер), туку како го носеше. Еклектичка, со интелигенција и остроумност“ – изјавила Пекам.

Свечените креации, кои по малку потсетуваа на стилот од 70-тите години, веројатно ќе завршат на црвениот тепих.

Jenny Packham Jenny Packham
Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham Jenny Packham

Марк Џејкобс

Модниот свет со нетрпение ја очекуваше новата колекција на Марк Џејкобс, затоа што станува збор за првата колекција по неговото заминување од модната куќа Луј Витон. За време на шоуто, над публиката висеа бели облаци, создавајќи драматичност типична за Џејкобс.

„Гледавме на жени како Мерил Стрип и Џесика Ланг. Жени на кои им се восхитуваме и ги почитуваме, а кои имаат сила без каква било агресија“ – изјавил Џејкобс. Ревијата започна со минималистички креации со издолжени силуети кои потсетуваа на 60-тите години, продолжи со гламурозни блескави фустани, туники и панталони, за да заврши со лесни и нежни креации, чија динамичност беше последица на слоевитоста и наборите од проѕирни материјали.

Marc Jacobs Marc Jacobs
Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs Marc Jacobs
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 21:25

Модна фантазија: Париската недела на високата мода – пролет/лето 2014


Модна магија завладеа во Париз. Мајсторството на најпрестижните ателјеа повторно излезе на виделина – во градот на светлината заведуваше шармот на високата мода.

Од рачно изработените креации извираа гламур, екстраваганција, елеганција, романтика, софистицираност, провокативност и/или драматизам, давајќи ни пример како изгледа модата кога ќе се издигне на ниво на уметност.

Версаче

Модната куќа Версаче ја отвори Париската недела на високата мода со сензуална колекција. „Современа божица: Моќ, решителност, сила и гламур“ – со овие зборови Донатела Версаче ги опиша новите елегантни модни дела.

Гламур, провокативност и мистериозност се преплетуваа во смелите креации на италијанскиот бренд. Стилот на Грејс Џонс бил инспирација за колекцијата, што ги објаснува елегантните качулки.

Versace Versace

Кристијан Диор

За Раф Симонс високата мода не е толку екстравагантна како што таа беше за неговиот претходник Џон Галијано. „Сакав да ја ослободам високата мода, таа има ограничувања. Сакав колекцијата да биде за интимноста, врската помеѓу рацете кои ја создаваат високата мода и жените кои ја носат“ – изјавил Симонс.

Во шармантната колекција преовладуваше младешки дух, а многу од креациите беа украсени со повторувачки елементи, понекогаш со тридимензионален ефект. Мало изненадување беше што дел од манекенките зачекорија во патики без врвки, декорирани со блескави кристали.

Dior Dior
Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior Dior

Стефан Ролан

Драматични и футуристички силуети фасцинираа на ревијата на Ролан. Францускиот дизајнер си поигра со кроевите и вметна нагласени раменици и импресивни пеплуми.

Ведрите жолти и портокалови нијанси ја разбрануваа пистата и ја разбиваа монотонијата којашто ја носат класичната црна и бела.

Stephane Rolland Stephane Rolland
Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland Stephane Rolland

Шанел

Експериментирањето во високата мода не беше резервирано само за Симонс и Диор. Карл Лагерфелд изненади со спортски шик, испраќајќи ги своите избранички на пистата во патики. Потенцирањето на тенката женска половина се провлекуваше како карактеристичен елемент на креациите во текот на целата ревија.

80-годишниот дизајнер ја презентираше својата колекција во просторија која наликуваше на „ледена палата, односно ноќен клуб од друга планета“. „Почувствував дека е време повторно да ја видиме половината“ – објаснил ветеранот во модната индустрија. Кара Делавин ја отвори и затвори ревијата, која особено ќе допре до срцата на помладата клиентела на Шанел.

Chanel Chanel
Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel

Ели Сааб

Ели Сааб слободно можете да го наречете крал на свечената облека за црвениот тепих и волшебник кој остварува женски соништа. Романтика, деликатност и женственост зрачат од колекцијата „The Promise of Spring“ на Сааб, инспирирана од делата на уметникот Лоренс Алма-Тадема.

Манекенките изгледаа како принцези или божици во креации кои ги обединуваат желбите за раскош и умерена екстраваганција. Иако е познат по тоа што обожава еднобојни креации, славниот креатор изненади со фустани со разнобојни мали цветчиња и фустани со омбре ефект.

Elie Saab Elie Saab
Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab Elie Saab

Жан Пол Готје

Театралноста доминираше на ревијата на Готје, како што и се очекува од ексцентричниот креатор. „Животот е пеперутка“ – воскликнал Готје пред шоуто, најавувајќи дека на пистата ќе се „разлетаат“ колоритни пеперутки. Како што се приближуваше големото финале, така манекенките на 61-годишниот Французин се претвораа во попровокативни шоу-герли.

Дита Вон Тис беше највпечатливата „пеперутка“ и го придружуваше Готје додека тој ѝ се поклонуваше на публиката.

Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier
Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier Jean Paul Gaultier

Зухаир Мурад

Модното шоу на Зухаир Мурад ја однесе публиката во рајска градина. Магичната градина околу домот на либанскиот дизајнер била инспирација за колекцијата збогатена со цветни апликации и извезени цветови.

Волшебните креации се хармоничен спој на беспрекорна елеганција и нереален раскош. Елегантни златни колани кои имитираа лисја ја истакнуваа женската силуета на манекенките и напомнуваа за влијанието на природата врз визијата на Мурад.

Zuhair Murad Zuhair Murad
Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad Zuhair Murad


Изменето од Valerija - 19.Февруари.2014 во 21:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 17:31

Модна недела во Милано: Опуштена и расцветана пролет

Модна недела во Милано: Опуштена и расцветана пролет

Италијанската дизајнерка Алберта Ферети ја презентираше нејзината колекција Пролет 2014, на молдната недела во Милано.

650x974xalberta-ferretti-spring-2014-12.jpg.pagespeed.ic_.AH8sWjgCVI alberta-ferretti-spring-2014-1 alberta-ferretti-spring-2014-2 alberta-ferretti-spring-2014-3 alberta-ferretti-spring-2014-4 alberta-ferretti-spring-2014-5 alberta-ferretti-spring-2014-6 alberta-ferretti-spring-2014-8 alberta-ferretti-spring-2014-10 alberta-ferretti-spring-2014-16 alberta-ferretti-spring-2014-17 alberta-ferretti-spring-2014-18 alberta-ferretti-spring-2014-19 alberta-ferretti-spring-2014-20 alberta-ferretti-spring-2014-22 alberta-ferretti-spring-2014-24 alberta-ferretti-spring-2014-27 alberta-ferretti-spring-2014-28 alberta-ferretti-spring-2014-30 alberta-ferretti-spring-2014-31 alberta-ferretti-spring-2014-33 alberta-ferretti-spring-2014-35 alberta-ferretti-spring-2014-37 alberta-ferretti-spring-2014-38 alberta-ferretti-spring-2014-39 alberta-ferretti-spring-2014-41 alberta-ferretti-spring-2014-42 alberta-ferretti-spring-2014-44 alberta-ferretti-spring-2014-45 alberta-ferretti-spring-2014-50

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 17:32

Роберто Кавали: Елегантно, софистицирано и секси

Роберто Кавали: Елегантно, софистицирано и секси

Погледнете ја новата колекција на Роберто Кавали – Пролет 2014, презентирана на Модната недела во Милано.

roberto-cavalli-spring-2014-3 roberto-cavalli-spring-2014-5 roberto-cavalli-spring-2014-6 roberto-cavalli-spring-2014-8 roberto-cavalli-spring-2014-10 roberto-cavalli-spring-2014-12 roberto-cavalli-spring-2014-13 roberto-cavalli-spring-2014-15 roberto-cavalli-spring-2014-17 roberto-cavalli-spring-2014-22 roberto-cavalli-spring-2014-23 roberto-cavalli-spring-2014-26 roberto-cavalli-spring-2014-28 roberto-cavalli-spring-2014-30 roberto-cavalli-spring-2014-38 roberto-cavalli-spring-2014-40 roberto-cavalli-spring-2014-43

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 17:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104952
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 16:43

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2014 во 12:46


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2014 во 21:25

Јас пак со Desigual. Што да правам, омилени парчиња ми се голема насмевка


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.