IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Мачки (и мачори)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мачки (и мачори)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121314
Автор
Порака Обратен редослед
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:59





Изменето од Gabriela_S - 19.Февруари.2014 во 00:27
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:29

Зошто да чувате мачка?

Мачките се неверојатно слатки, мили и нежни суштества. Постојат многу причини зошто да чувате едно такво животинче дома. Еве некои од најинтересните.

Зошто да чувате мачка?

Имаат меко крзно

Една од најдобрите причини зошто да чувате маче е нивното убаво, меко крзно. Тие се толку нежни и рунтави што едноставно не може да им се одолее. Ќе сакате цело време да ги гушкате и да си играте со нив. Едноставно се прекрасни.

Лесни се за одржување

Мачките се многу лесни за одржување. Тие се одлични за луѓе кои се премногу зафатени. Вие само ставете им доволно храна, тие самите се негуваат, си ги средуваат ноктите и се мијат.

Зошто да чувате мачка?

Независни се

Добрата работа кај мачките е што не мора секогаш да сте со нив. И да излезат надвор, паметните мачки секогаш ќе се вратат дома кога ќе бидат гладни. Затоа, нема потреба од грижи.

Мирни чувари

Мачките имаат остри нокти, опасни очи и изострен слух на кој ништо не може да му избега. Можеби нема да ве разбудат со силен лаеж, но бидете сигурни дека држат сѐ под контрола.

Зошто да чувате мачка?

Сакаат да си играат

Мачките навистина сакаат да си играат. Тие на новиот, убав кауч гледаат како на ново место за истражување и играње, а секој предмет што им изгледа интересен, веднаш станува нивни плен.

Мрзливи се

Мачките се доста мрзливи суштества. Тие само зеваат, спијат, јадат и уживаат во топлата атмосфера на домот. Никако не смеете да им бидете љубоморни на тоа.

Зошто да чувате мачка?

Сакаат да се галат

Мачките уживаат да се галат, а најмногу ценат кога тоа го прават со вас. А, ако вие не сте расположени, ви го земаат мобилниот, далечинскиот управувач или што и да користите во моментот, само за слатко да ве нервираат.

Дружељубиви се

Мачките се многу опуштени животни. Не мора да се грижите ако донесете уште некој папагал или кученце дома. Тие веднаш ќе се приспособат на новата ситуација и срдечно ќе ги прифатат.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:20


Не сум приметила досега дека имаме посебна тема за кучиња, а немаме за мачки...
Како сме дозволиле таква дискриминација? трепкање

Ги сакате ли мачките, дали сте чувале/чувате во моментот, проблеми со исхрана, негување, болести, парење, паразити и се околу мачките на темава.
Не мора да е само со слики.
Имаат посебен карактер, независни, своеглави и каприциозни, можеби затоа и посебно сакам мачки.
Знаат како да го добијат од тебе тоа што го сакаат, закачливи се и ќе те заиграат баш и кога не ти е до игра.

Кој го интересира повеќе за мачките, да си прочита на викито оти мене ме мрзи да препишувам за уводплазење

Две сликички од мојот Мичо: каков го зедов и каков шкембар го направив за година иполљубов








Изменето од Анастеа - 15.Февруари.2014 во 00:20
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121314
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.