IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Велигденски декорации
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Велигденски декорации

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 09:05

Направи сам: Брзи и евтини велигденски декорации


Време е да ги започнете велигденските подготовки и украсувања. За околу десетина дена го очекуваме еден од најголемите христијански празници Велигден.

napravi-sam-brzi-i-evtini-veligdenski-dekoracii-za-domot-01

Покрај религиозното значење овој празник е голема радост и за дечињата кои ги обожуваат игрите со кршењето на јајцата, интересно украсениот дом и шарените бои.

Токму затоа постојат најразлични начини за секоја година поинаку да го украсите домот, да примените поинаква техника, да додадете нешто ново.

Но, за тоа не ви треба да потрошите уште една плата, туку само малку поголема доза креативност и трпение.

Велигденските јајца не мора да ги боите само во стандардните бои. Обидете се да измешате некои бои за да добиете нова.

Во чаша вода ако капнете различни бои лак за нокти и со чепкалка за заби да ги измешате, ќе добиете шара која може да се залепи на јајцето доколку внимателно го потопите до половина во неа.

Украсувајте ги со ливчиња од растенија, лепете им циркони и машнички или цртајте им очи, уста, нос.

Забавувајте се и создавајте нешто поинакво и поинтересно.

Наместо да купувате кошничка, направете ја сами. Искористете некои хартиени кеси кои ќе ги исечете на ленти, а со техника на преплетување сами ќе си сплетете кошничка за јајца.

Може да направите и кошничка во вид на јајце само со помош на лепило, конец и балон околу кој ќе го залепите конецот и ќе го пукнете балонот, а во шуплината ќе ги сместите јајцата.

Привлечете го вниманието уште однадвор со тоа што ќе поставите венче на влезната врата направено од пластични или дрвени шарени јајца.

Домот може да го украсите со многу зајчиња и пиленца кои се сметаат за симболи на овој празник. Трпезата украсете ја со интересни салфетки и украси.



Изменето од Valerija - 19.Април.2016 во 08:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 18:06
Да не отвараме посебна тема околу приготвување на бои за фарбање јајца во домашни услови,
ќе ја искористиме оваа темасреќа

Kaко да приготвите природни бои за јајца


Ако не сакате да ги користите традиционалните бои за јајца кои се продаваат во продавниците и оваа година сте решиле да преминете кон еколошки велигденски обичаи , тогаш користете природни бои за јајца . Погледнете како да си ги направите .

Природните бои за јајца се подготвуваат од природни материјали – сокови од овошје , листови или лушпи од некои зеленчуци, како и зачини. Листовите и лушпите задолжително се варат , потоа течноста се цеди и додека е уште топла, во неа се раствораат 1 – 2 с.л. оцет . Сокот пак се меша со топла вода и кон него се додава оцет , а кај зачините – 1 с.л. од неа се раствора во 300 метри топла вода и 1 с.л. оцет .

Другата опција е да поставите веќе варени јајца во сад со природната боја , да ја вклучите плочата и да почекате додека течноста врие – така јајцето стекнува заситена боја. Трети пак препорачуваат да ги поставите садот со природната боја и јајцето во фрижидер и да почекате некое време, за да впие од бојата .

Не заборавајте да ставите оцет во бојата , бидејќи токму тој помага за позаситено боење на јајце. Исто така, колку повеќе време го чувате натопено јајцето во бојата , толку полна боја ќе се добие.


За зелена боја се варат исечени листови од спанаќ или коприва, а потоа течноста се цеди .

За црвена природна боја се користат лушпи од црвен кромид кои се варат, сок од калинка или сируп од малини. 3с.л. црвен пипер , растворен во 250 – 300 метри топла вода со 1с.л. оцет , пак прават керамидно -црвена боја.

Направете си силно кафе со помалку вода и ставете во него јајце со посветла школка за да се офарба со кафеава боја .

Сина природна боја може да си приготвите од сок од боровинки или сок од грозје. Другата опција е да свариш листови од црвена зелка и да оставите напивката да отстои некое време, додека се олади – тогаш добивате комбинација помеѓу сина и темнолилаво .

За заситено розово пак може да користите сок од цвекло, а зажолто-зелена нијанса – боја од сварени лушпи од жолти и зелени јаболка.

За жолта може да користите зачини како К*ркума или шафран.




Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 09:26

ПАСТЕЛНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕКОРАЦИИ: БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ И ВНЕСЕТЕ ЈА МАГИЈАТА НА ВЕЛИГДЕН И ВО ВАШИОТ ДОМ (ФОТО)


0011

0021

0031

0041

0051

Пастелните нијанси се совршен избор за велигденски декорации во домот. Нежни, пролетни и свежи, овие слатки бои најверодостојно го прикажуваат будењето на пролетта, па се вистинската палета за да постигнете убава празнична атмосфера во животниот простор. Потребни ви се само неколку расцутени пролетни гранчиња или покривка за масата со цветен дезен – вашата велигденска трпеза ќе мами воздишки. Комбинирајте ги со вашите омилени тонови, а не заборавајте да додадете и нешто свое, уникатно и неочекувано во декорацијата, за истата да биде забавна, весела и разиграна. Во продолжение, ви претставуваме неколку прекрасни предлози: велигденски декорации во пастелни бои, кои се едноставни и минималистички, но сепак мошне впечатливи и идилични. Инспирирајте се во пресрет на празниците, бидете креативни и внесете ја магијата на Велигден и во вашиот дом.

0071

0091

0101

0111

0121

0131

0141

0151

0161

0171



Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 09:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 09:31

Veligden-Dekor-f

ТОП 16: Уникатни Велигденски декорации

Во пресрет на престојните Велигденски празници, онлајн магазинот Дојдов Видов Ви ги претставува овие 16 уникатни декорации со кои може да го разубавите вашиот дом или градина.

Процесот на правење на декорациите Ви го претставуваме постапно, чекор по чекор. Декарациите се едноставни и нема да Ви одземат премногу време, а значително ќе ви го разубават опкружувањето.

veligdendekor1veligdendekor2veligdendekor3veligdendekor4veligdendekor5veligdendekor6veligdendekor7veligdendekor8veligdendekor9veligdendekor10veligdendekor11veligdendekor12veligdendekor13veligdendekor14veligdendekor15veligdendekor16

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 09:35

Велигденски декорации

13

Вљубениците во постојаното декорирање и менување на домот добиваат искра во очите при можноста да се внесе свеж декор и украси во ентериерот. Оттука и исчекувањето на божиќните и велигденските празници што нудат можност за видоизменување и разубавување на домашните ентериери. Велигденското декорирање за многумина оди под рака со креативната идеја за некој посебен „Направи сам“ проект со цел да му се даде поличен печат на просторот.

Доколку сте расположени за проект за декорирање на домот, ви предлагаме три различни идеи, односно декорирање на обичните стаклени вазни, креирање торбички-зајачиња за велигденските јајца и изработка на цветен чадор како украс за влезната врата. Трите проекти се еднакво креативни и ќе бидат интересни и за вас и за вашите гости за празникот што е на прагот.

Вазна

За внатрешните декорации на вазната ќе ви бидат потребни две стаклени вазни со различни големини, шарени бонбони и колачиња со велигденски форми и дезени. Ставете ја помалата вазна во поголемата и просторот помеѓу нив внимателно исполнете го прво со бонбоните, а потоа со другите колачиња што може да бидат во која било велигденска форма. Потоа ставете ги цвеќињата во малата вазна и поставете ја вазната како декор за велигденската трпеза.

212

Чадор со цветови за декорација на вратата

За овој едноставен проект ќе ви биде потребен голем чадор, цветен аранжман по желба и една декоративна лента или коноп со кој ќе го заврзете чадорот во кој ќе ги ставите цвеќињата.

34

Торбички-зајачиња за велигденските јајца и подароци

За изработка на симпатични торбички во форма на зајачиња што ќе им бидат интересни и на вашите деца, ќе ви бидат потребни какви било материјали, еднобојни или со дезени, кои најпрво ќе ги исечете во правоаголник, потоа ќе ги исцртате ушињата на зајачињата и ќе ги исечете формите. Порабете ја со конец торбата сè до нејзиниот отвор помеѓу ушите. Потоа со конец обележете ги очите, носот и устата на зајачињата и во делот кај ушите, доколку сакате поинтересни и забавни изгледи, додајте парчиња од шарениот материјал и сошијте го. Останува уште да ги наполните торбите со велигденските подароци и да ги подарите на вашите деца или на гостите или да ја украсите трпезата со нив.

Collage111

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 13:32

Рецепти за природни бои за велигденските јајца

1

Еден поглед во фрижидерот и кутијата за намирници може да биде интересна инспирација за дезенот на велигденските јајца за вистинските вљубеници во велигденското бојадисување на јајцата, но и за оние што секогаш бараат поекономична и поприродна варијанта, која ќе го замени вапсувањето со вештачките бои во прав. Кујната, зеленчуците, намирниците, состојките што може да се најдат во кујната нудат природно и интересно решение за бојадисување на јајцата.

Следниве предлози за природно боење на јајцата ќе помогнат да се заштеди понекој час и финансии за шетање низ турканиците на пазарите и во маркетите и ќе помогнат и за позабавно и понесекојдневно семејно бојадисување на велигденските јајца.

Сино-сива нијанса

Помешајте една шолја замрзнати боровинки со една шолја млака вода. Оставете ги боровинките да се одмрзнат и да ја испуштат својата боја и потоа извадете ги од водата за да ги ставите јајцата.

Сина боја

Исечете ¼ од главата на една црвена зелка на парчиња што потоа ќе прелиете со 4 шолји зовриена вода. Додадете во водата 2 супени лажици оцет и оставете ја смесата да се олади на собна температура. Потоа извадете ја зелката и ставете ги јајцата во течноста.

2

Зелена нијанса

Излупете ги лушпите на 6 црвени кромиди и полијте ги со 2 шолји вода. Оставете ги лушпите да отстојат 15 минути и потоа процедете ги. Додајте 3 супени лажици бел оцет и ставете ги јајцата во течноста.

Портокалова боја

Излупете ги лушпите на 6 жолти кромиди и полијте ги со 2 шолји зовриена вода. Оставете ги лушпите да отстојат во водата 15 минути и потоа процедете ги. Додајте 3 супени лажици бел оцет и ставете ги јајцата во течноста.

Бледа црвено-портокалова нијанса

Ставете 2 супени лажици црвен пипер во една шолја зовриена вода, додајте 2 супени лажици бел оцет, промешајте и ставете ги јајцата во течноста.

Силна жолта нијанса

Исецкајте 100 грама морков и прелијте ги со 1-1/5 шолја зовриена вода. Додајте 2 супени лажици бел оцет, процедете ги и ставете ги јајцата во течноста.

Бледожолта нијанса

Излупете 6 портокали и лушпите прелијте ги со 1-1/5 шолја вода. Оставете ги да отстојат 20 минути, процедете ги и додајте 2 супени лажици оцет.

Кафено-златна нијанса

Зовријте 2 супени лажици копар во една шолја вода и оставете ги да отстојат 15 минути. Процедете ги и потоа додајте 2 супени лажици бел оцет.

Кафена боја

Ставете една супена лажица оцет во една шолја силно кафе. Потоа ставете ги јајцата во течноста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2016 во 08:26

10 „направи сам“ декорации за Велигден со кои ќе поминете многу поевтино

Велигден е одлична причина да го развеселите домот со шарени декорации во облик на шарени јајца, зајчиња, пилиња и сè што ве асоцира на овој празник.

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-001.jpg

Но, секоја година не мора да запаѓате во трошоци. Наместо да ја наполните кошничката со готови производи, кои реално чинат 3 пати повеќе од реалното, наполнете ја со материјали и вклучете ја креативноста.

Декорациите можете да ги правите со најблиските или со дечињата и внуците, па потоа да се гордеете на заедничкото ремек дело.

Ако ви требаат идеи, слободно искористете ги следниве:

1. Зајче од шарени чорапи

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-1.jpg

2. Корпа од конец во облик на јајцe

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-2.jpg

3. Венче - зајче за на врата

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-3.jpg

4. Зајче од волница за декорација помеѓу боените јајца

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-4.jpg

5. Или пиле со истата намена

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-5.jpg

6. Честитка за блиските

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-6.jpg

7. Вештачки кактус од јајце

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-7.jpg

8. Шарена корпа за јајца

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-8.jpg

9. Јајца од коноп или волница, залепена со течен лепак

< ="https://www.youtube.com//iShgTth8ZWg?rel=0" width="630" height="354" border="0" allowfullscreen="allowfullscreen" style="margin: 0px auto; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: initial; display: block;">

10. Кошничка за чоколадни јајца

10-napravi-sam-dekoracii-za-veligden-so-koi-ke-pominete-mnogu-poevtino-9.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2016 во 15:48

Велигденски декорации: Интересни и лесни за правење


Зошто да украсувате само за Нова година и Божиќ, кога можете да го направите тоа и за Велигден? Без разлика дали веќе имате купено неколку украси или не, ние ќе ви претставиме неколку идеи за декорација, кои ќе го внесат велигденскиот дух во вашиот дом. 

Гнездо со јајца



Пронајдете некои подолги бонбони и истите загрејте ги малку во микробранова печка со цел да омекнат. Испреплетете ги во вид на гнездо, оставете да се оладат и да се зацврстат, а потоа во нив ставете неколку мали јајца, а може и мали чоколадни јајца.

Свеќник

Толку едноставен, а толку убав. Овој мал пролетен свеќник може да ви постои и подолго, не само за празникот. Сè што ви е потребно е мала чаша за ракија, еден цвет гербер, мала свеќа и украсна лента. Наполнете ја чашата со вода и врз неа ставете го герберот. Околу свеќата замотајте ја украсната лента за да изгледа поубаво, а потоа свеќата ставете ја врз цветот.

Прстен за салфети



За да ги направите овие интересни прстени за салфети, потребна ви е тенка жица и мали бонбони со дупка, кои ќе ги нанижете на жицата. Свиткајте ја жицата во облик на прстен околу салфетите и разубавете ја чинијата на гостите.

Велигденска винтиџ кутија

Преполна со шарени цветови и јајца, винтиџ кутијата може да стане централен дел на вашата маса. Набавете мали саксии, во нив ставете малку трева и потоа ставете ги цветовите и јајцата. Исто така и во целата кутија добро е да ставете малку трева и мов со цел истата да потсетува на мала градина.


Корнети како моркови



Потребна ви е боја за храна во црвена и жолта боја и готови корнети за сладолед. Помешајте ја жолтата и црвената боја и премачкајте ги корнетите со цел да добијат портокалова боја. Оставете ги да се исушат. Земете чоколадни бонбони и замотајте ги во зелен целофан, за да изгледаат како тоа да се листовите на морковот. Ако имате трева, искорнете, ставете ја во еден сад и таму ставете ги корнетите и чоколадите, а ако немате само наредете ги корнетите и ќе добиете убаво украсена чинија.

Саксии со јајца



Ова може да го направите со каква била саксија, во која има посадено зелено растение. Само погрижете се да се работи за убава саксија или пак украсете ја во разни бои. Сè што треба да направете е да ставете бојадисани јајца во сите бои.

Писмо во вид на зајче



Овие писма може да ги направите како подарок за најмалите. Земете бели и розови листови хартија, лепило и малку волница. Наполнете ги писмата со благи работи, а на врвот на писмото исечете две уши како на зајак. На ковертот нацртајте очи и уста, а носето направете го од волница. 

Украсно дрвце

Скршете неколку голи гранки и намачкајте ги со бел лак или пак темперна боја, а истите може и да ги оставите во природната боја. Украсните јајца закачете ги на дрвцето заедно со други украси како зајчиња, пилиња или ливчиња. Украсите може да ги купите или пак да ги направите самите од хартија во боја.


Велигденски венец



Од хартија исечете форми во вид на јајца. Истите избојте ги и нанижете ги на конец. Венецот закачете го каде и да ви одговара.


Велигденски венец за на врата



Искористете ги таблите за јајца и истите исечете ги најпрво една по една дупка. Потоа истите исечете ги во разни форми, како што е прикажано на сликата. Избојте ги во различни бои и закачете ги на претходно направен круг од картон. Закачете го разнобојниот венец на влезната врата и гледајте како гостите уште не влезени дома, ќе ви бидат расположени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2017 во 09:43

18 идеи за шарени Велигденски јајца, без да користите бои


Подготовките за Велигден веќе започнаа, а за неколку дена сите ќе се опседнеме со шарените, дезенирани и декорирани велигденски јајца.

18-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-001.jpg

Насекаде ќе гледаме кошнички и рачни изработки, па зошто и вие да немате уникатен проект на таа тема?

Овие 15 идеи не вклучуваат бои за вапцање на јајцата, туку сосема поинакви техники и различни материјали.

Одберете ги омилените и пробајте:

Декупаж техника со салфетки

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-1.jpg

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-2.jpg

Зајчиња од бели јајца

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-3.jpg

Светкави јајца

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-4.jpg

Декорации со хартија

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-5.jpg

Природни јајца со цветно венче

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-6.jpg

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-7.jpg

Јајца со облека

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-8.jpg

3Д цветчиња

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-9.jpg

Бели јајца со уши од украсна жица

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-10.jpg

Хартиени реси

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-11.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2017 во 09:45

Свежо цвеќе замотано со конец

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-12.jpg

Мозаик од хартија во боја

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-13.jpg

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-21.jpg

Конфети

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-14.jpg

Јајца обоени со нежни темперни бои и разни додатоци

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-15.jpg

Обложени со украсна вуница

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-16.jpg

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-17.jpg

Капчиња од хартија

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-18.jpg

Пропрскани со темперни

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-19.jpg

Природна боја украсена со бели акценти

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-20.jpg

Залепени пердуви

15-idei-za-shareni-veligdenski-jajca-bez-da-koristite-boi-22.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2017 во 16:46

Невообичаени идеи за бојадисување и украсување на велигденските јајца


Се ближи Велигден, па интензивно започнуваат подготовките за овој голем христијански празник. Домаќинките ја активираа креативноста за развеселување и украсување на трпезата и внесување на празничен дух во своите домови.

Се разбира, фокусот е ставен на велигденските јајца. Во продолжение погледнете креативни идеи за бојадисување и украсување на јајцата:

ПОЗЛАТЕНИ“ ПАСТЕЛНИ ЈАЈЦА

Велигденски јајца

Вапсајте ги јајцата и оставете ги да се исушат. Во мал сад, измешајте бело лепило и вода во сооднос 1:1, а исечената украсна хартија ставете ја во вдлабнатините од влошката за јајца (како на фотографијата).

Со четка земете од лепливата течност и премачкајте само на долната половина од јајцето. Премачканиот дел „макнете“ го во златните исечоци и оставете да се исуши.

Велигденски јајцаВелигденски јајца

МОЗАИК

Велигденски јајца

Премачкајте ги сварените јајцата со лепило и внимателно наредете врз нив мали парчиња од искршена лушпа од друго јајце.

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

МРВИЦИ

Велигденски јајца

Сварете бели јајца и оставете добро да се изладат. Потоа со тенка четкичка земајте од боите и нанесувајте мали цртички кои ќе наликуваат на разнобојни мрвици. Искористете 5-6 различни бои.

Велигденски јајца

ЗАЈАЧИЊА

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

МЕРМЕРНИ ЈАЈЦА

Велигденски јајца

Во сад со вода, ставете лак за нокти. Потопувајте ги јајцата. За да ги заштитите рацете, носете хируршки ракавици.

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

Колоритна варијанта

Велигденски јајцаВелигденски јајца


АНАНАСИ

Велигденски јајца

Бојадисајте ги сварените јајца во жолта боја или обојте ги со темперна боја и оставете ги да се оладат и исушат. Во меѓувреме, исечете листови од ананас од зелена хартија. Препорачливо е листовите да бидат со различна големина (погледнете на фотографијата).

Подвиткајте ги сосем малку „листовите“ во долниот дел, само за да можете да ги залепите на врвот од јајцето. Започнете од најголемите, а потоа лесно ќе можете да ги надополните помалите листови. За кратко време имате уникатни јајца со кои ќе ги радувате најблиските.

Велигденски јајца

ЦВЕТНО ВОЛШЕПСТВО

Велигденски јајцаВелигденски јајцаCentre Justify

ПИЛИЊА

Велигденски јајца

На бојадисаните јајца во жолта боја залепете им очи и клунови од самолеплива хартија и дел од пердув за да добиете неодоливи пилиња.

Велигденски јајца

КОРНЕТИ СО СЛАДОЛЕД

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ЛУБЕНИЦИ

Велигденски јајца

Вапсајте ги јајцата во црвена или розова боја. Откако ќе се изладат, едната половина обојте им ја со зелена боја. Со црн маркер нацртајте „семки“.

Велигденски јајца

ЗАБАВНИ ДРЖАЧИ ОД ПЛАСТЕЛИН

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ГАЛАКСИЈА

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ЕМОТИКОНИ

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ТОЧКИЧКИ

Велигденски јајца

За умешно да ги направите точките со еднаква големина, најлесно е да употребите молив со гума. Натопете ја гумата во бојата и нежно нанесувајте точки на јајцето.

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

СО ВЕНЕЦ

Велигденски јајцаВелигденски јајца

ВРЕМЕ Е ЗА ЗАБАВА

Велигденски јајца

Шаблон за капата

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца

ЗБОРОВИ, ЗБОРОВИ

Велигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајцаВелигденски јајца



Изменето од Valerija - 10.Април.2017 во 16:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2017 во 13:33

Уникатни идеи за декорирање на велигденски јајца


Традиционално утре на Велики четврток се бојадисуваат велигденски јајца, рано во зората уште пред првите зраци. Како и секоја година така и оваа, првите јајца секогаш се во црвена боја, а нешто подоцна почнуваме со украсување и декорирање на останатите велигденски јајца. Доколку ви се досадни досегашните декорирања, ви нудиме неколку уникатни идеи кои ќе може да ја развеселат вашата велигденска кошничка.

Пиленца


Земете најразлични хартии, може да ги позајмите од вашите деца и исечете парчиња во вид на крила и клун. Залепете ги на јајцето, нацртајте очи со црн фломастер и јајцето е готово.

Омбре јајца


Оние јајца кои ви излегле посветли или потемни од посакуваната нијанса, секогаш може да ги наредите во ред од најсветла кон најтемна нијанса. На овој начин ќе покажете дека сте постигнале некој омбре ефект.

Јајца со имиња


На јајцата напишете различни имиња или иницијали, украсете ги со акрилни боички, точки и различни форми.

Јајца со најразлични форми


Јајцата не мора да ги фарбате, туку само сварете ги. Купете самолеплива хартија, која ќе ја исечете во различни форми и почнете да си играте. Ќе добиете мошне убави и уникатни јајца.

Црно-бели јајца


Сѐ што ви треба е перманентен маркер и бели јајца. Истото како и со претходната идеја, треба да си играте со најразлични форми, онака како што сакате. 

Јајца со цвеќиња


Многу урбанистички, но мошне интересно декорирање на јајца. Скинете свежи цвеќиња, земете коноп и заврзете ги цвеќињата на јајцата.

Јајца со мустаќи


Едноставно нацртајте очи, мустаќи и носе за вашето јајце да се претвори во мал џентлмен. 

Светкави јајца


Купете лепило со светки и на бојадисаните јајца капнувајте по неколку капки. Оставете лепилото да се исуши и вашите јајца се подготвени за изложување.

Испрскани јајца



Во еден сад ставете акрилна боја. Земете стара четка за заби, која ќе ја употребите за да направите ефект на испрскани јајца, со најразлични шари. Натопете ја четката во боја, поставете го јајцето пред четката и поминете со врвот од прстите низ четката за да се распрска бојата на јајцето.

Животни


Како што спомнавме погоре, со листови освен пиленца може да направите повеќе животни. Жаба, мече, свинче, сѐ што сакате. Само изрежете хартија и разиграјте ја фантазијата.

Јајца со волница


Земете шарена и тенка волница. На јајцето ставете силинконско лепило и полека поминувајте од врвот до крајот на јајцето со волницата со цел целото да го опфатете.



Изменето од Valerija - 13.Април.2017 во 13:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16337
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2017 во 22:11
Image result for table on the easter             Image result for table on the easter  

Изменето од bijonse1 - 15.Април.2017 во 22:11
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.