IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Поткровје
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поткровје

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Поткровје
    Испратена: 18.Декември.2013 во 22:47





Изменето од Valerija - 14.Ноември.2018 во 10:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 22:49







Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 22:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 22:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 08:03


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 08:03


Изменето од Valerija - 28.Март.2014 во 08:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 08:06
Резултат со слика за photos of potkrovje


Изменето од Valerija - 14.Ноември.2018 во 10:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 16:31
http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/sobi-potkrovje-07.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 18:44

Средувањето на поткровјето секогаш е огромно задоволство, посебно ако треба да го претворите во нешто уникатно и по ваш вкус. Исто е и со овој стар стан од 50 метри квадратни кои со неколку едноставни измени е претворен во весело, женствено катче.

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-01

Реновираниот и трансформиран стан е одлична мешавина од традиционалната градба и современиот ентериер.

Целиот стан е поделен на два дела. Во првиот спаѓа дневната соба која во продолжение има прекрасна кујна со шанк и трпезарија, додека во вториот спаѓа спалната соба и мала бања.

Овој мал стан е доказ дека креативноста и функционалноста навистина одат заедно.

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-02

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-03

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-04

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-05

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-06

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-07

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-08

staro-potkrovje-pretvoreno-vo-zensko-katce-09



Изменето од Valerija - 26.Декември.2013 во 18:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 19:13





Адаптација на поткровје



Поткровјето како дом во минатото најмногу го користеле студентите, уметниците и боемите поради пониската кирија и “престојот под небо”. Тогаш поткровјето се сметало за помалку вреден простор, но во поново време, со примена на новите сознанија и материјали, овозможена е поквалитетна градба на поткровјето, а решени се и проблемите со изолацијата. 




Со набројување на добрите и лошите страни на поткровјето можат да се отстранат сомневањата дека тоа е помалку вреден простор.

Лоши:

Поголем дел од лошите особини важат за поткровја кои се уредени пред триесетина и повеќе години. 

• можност за прокапување 
• последен кат 
• лоша топлинска изолација (во зима студено, во лето многу топло) 
• лоша звучна изолација 
• четврт или повисок кат без лифт 
• постоечките отвори најчесто се премали или дотраени 
• приодот на оџаците многу често не е решен 
• многу често отсуство на балкони или тераси 
• подовите se изведени без “пливачки под”, бучавата се пренесува во станот подолу 
• дрвена таванска конструкција која не ги задоволува денешните барања 
• приклучоците за комунални инсталации не задоволуваат (струја, вода, канализација т.е. најчесто се со премали пречници). 


Добри:

• нема станови над поткровјето 
• нема бучава 
• помала бучава од улицата 
• помала прашина од улица 
• добра осветленост 
• претежно добар поглед 
• обично нема носечки столбови 
• докажано е дека луѓето кои живеат на повисоките катови без лифт имаат помалу срцеви тегоби од оние на приземје или на прв кат, поради тоа што повеќе се движат. 




Денешната технологија овозможува да се отстранат скоро сите недостатоци кои се јавуваа кај постарите поткровја. При адаптација на поткровјето прво се санира подната и кровна конструкција, а многу е важно да се постави правилна изолација на кровот. Како најголема иновација се смета токму решението за изолацијата, каде освен топлинската изолација, предвидено е и природно вентилирање на просторот под кровот, како и природно вентилирање на самата топлинска изолација. Природното вентилирање на просторот под кровот е битно поради намалено влијание од директното загревање, што спречува зголемување на температурата дури и до двојни вредности од надворешната температурата на воздухот.





Во случај да се определите за уредување на поткровјето, најдобро е овластен архитект да ве посоветува како да го сторите тоа, да се дијагностицира состојбата и носивоста на материјалите и констукцијата, за да може да се дадат првите предлози за уредувањето. Најдобро е да се предвиди употреба на полесни материјали. Наједноставно и по цена најдостапно решение е сувата монтажа, односно употребата на гипсените плочи за обложување на кровот и изведба на преградните ѕидови. 




Наједноставно и најефтино решение е кога само спалната соба е сместена во поткровјето, додека бањата е на понискиот кат. Така уреденото поткровје станува дел од дом со два ката каде не е потребно засилување на подната конструкција и поставување на “пливачки под”. Со избор на кровните, или каде е возможно и класични прозорци, во поткровјето внесуваме светло. 




И на ова ставка не би требало да се штеди. Кога се работи за детска соба потребно е да се обезбеди површина на отворите во вредност од 1/8 од површината на подот, за да се создадат услови за развој на детето во просторот каде истовремено ќе учи, игра и спие. 


Изменето од Valerija - 14.Ноември.2018 во 10:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 19:15

Префинето поткровје – за удобно и среќно секојдневие …


Станбените простори доаѓаат во повеќе облици и големини – од големи куќи до мали станови…

Но според многумина поткровјата се вистински предизвик кој доколку се дизајнира според желбите може да преставува вистинско задоволство…

Стилизираното поткровје е дизајнирано од Fabio Gianoli. италијански дизајнер за внатрешно уредување. Поткровјето се наоѓа во Сондрио, градот во срцето на долината Valtelline, Ломбардија, северна Италија.

Контрасни бои кои формираат интересен исполнет простор, кој со помош на перфектно поставеното осветлување го чини ова поткровје максимално елегнатно и префинето…

Погледнете како изгледа перфекцијата во дизајнирањето !!!




Изменето од Valerija - 14.Ноември.2018 во 10:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 19:24

Поткровје за кое сонувате


Минимализам, јасна и чиста линија и топлина во просторот се основните карактеристики на ова прекрасно поткровје, уредено од страна на внатрешниот дизајнер Нана Лагерман од Шведска.Поткровје за кое сонувате
Поткровје за кое сонуватеПоткровје за кое сонуватеПоткровје за кое сонуватеПоткровје за кое сонувате


Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 19:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 19:37
Поради овие соби ќе посакате да живеете на поткровје

Собите на поткровје имаат некоја необична привлечност.
Собите на поткровје имаат посебен шарм и топлина. Уредувањето на таквиот простор носи многу предизвици.

Се надеваме дека интересните примери подолу ќе ви дадат барем појдовна точка и ќе ве инспирираат собата да си ја уредите на најдобар можен начин.

Значи, ништо не може да ве спречи собата на поткровје да ја направите како од соништата, погледнете ги примерите и почнете да креирате.



























































Изменето од Valerija - 14.Ноември.2018 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 09:10

Поткровје во Њујорк, инспириранo од еден носталгичен сон


Неверојатното поткровје во Њујорк на актерот Bradley Darryl Wong e продаденo за $3.250.000 долари. Чини вистинско мало богатство, но и самиот е таков. Иако делува како за него да застанало времето, сепак во себе крие многу минато, историја и душа.

potkrovje-vo-njujork-inspirirano-od-eden-nostalgicen-son-01

Изработено е по пат на реновирање, но со цел да се задржи стариот изглед, да се употребат стари елементи, да не се избришат трагите на она што било и поминало.

Ќе забележите врати кои потсетуваат на канцеларии на детективи од минатото, стари телефони и часовници кои го запреле времето, но чуваат многу драги спомени и моменти.

Дрвените полици и фиоки од некогашните библиотеки и ѕидовите со топли бои или чергичките на дрвениот под го даваат тоа посебно чувство на сигурност, дом и спокој.



Изменето од Valerija - 14.Ноември.2018 во 10:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103528
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2014 во 07:40

Уредете го поткровјето: Погледот на небото е најубав со правилен распоред


Поткровјата се синоним за шармантен и романтичен животен простор исполнет со необични коси ѕидови, греди и прозорци со поглед кон небото. Становите на поткровје се исти како и оние на приземје, се продаваат поевтино, бидејќи ѕидовите се пониски и просторот ќе ви биде уникатен.


Становите на поктровје веднаш ве предизвикуваат да почнете да мечтаете на високо, а мебелот кроен по мерка за станот ви помага да го реализирате сонот. Постојат и безброј парчиња мебел на расклопување, кои совршено ќе се вклопат во малиот простор. Особено внимание треба да се обрне на прозорците, кои треба да бидат големи.

Прозорци

За време на распоредувањето на мебелот водете сметка на светлината. Прозорците кои гледаат на север и исток ќе имаат поблага светлост, од оние на јужната и западната страна од кои ќе продира и топлина.

Кујна



Искористете го косиот ѕид за уредување на кујна по мерка. Со оглед на тоа дека многу кујни во малите станови немаат прозорци, овде можете да си вметнете прозорец на кровот, кој целосно ќе ви пренесува светлина, а и секогаш кога ќе готвите ќе може да го отворате.

Поглед

При изборот на стан на поткровје, избегнувајте ги становите кои имаат прозорци само на кровот. Ќе ви се ограничи погледот само на небото и за брзо време тоа ќе ви стане монотоно. 

Идеален простор за детска игра и креативна работа


Многу куќи кријат неискористени тавани на кои се наоѓаат неискористени работи, а токму тој простор можете да го искористите за дополнителна соба за гости, детска соба, простор за учење или играње. Таванскиот простор е оддалечен од останатите соби, па таму е целосна тишина за одмор и релаксација. Преуредете го целиот таван, но проверете ја неговата сигурност. Доколку е потребно поставете неколку столбови.

Спалната соба може да биде добро изолирана

Многу е важна топлинската изолација на поткровјата. Летото е потопло отколку на пониските катови, а зиме потешко може да се затопли, па важно е да обезбедите што помало губење на топлинската енергија. Клима уредот е морален за време на летниот период, особено ако на поткровјето се наоѓа и вашата спална соба. Стручњаците препорачуваат клима уредот да се постави што повисоко во просторијата, а прозорците на југ ќе го заштедат греењето за време на зимниот период.


За сè останато искористете ја вашата имагинација. Играјте си со бои и контрасти и уживајте во вашето ново катче!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.