|
Донорска картичка |
Внеси реплика |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Декември.2013 во 11:30 |
Лекарската Комора на Македонија во септември годинава официјално се вклучи во акцијата за подигнување на свеста кај граѓаните на РМ за донирање на органи и едукација на матичните лекари, но некако ми се чини дека ние пак остануваме последната земаја во регионов кај која не заживеа идејата. Уште се водиме по Законот за дарување на органи каде што во случај на мозочна смрт последниот збор го има семејството. Зошто во Македонија ретко кој се одлучува да потпише донорска картичка? Дали вие би го сториле тоа?
Како пример, во соседна Србија во првите три месеци од кампањата над 60.000 луѓе станале официјални сопственици на Донорска Картичка.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај нас сето ова е уште табу тема. До сега никој не се најде да ја објасни јавно во некоја емисија целата постапка, да апелира да се донираат органи и да ја каже предноста од тоа, осносно спасување на нечиј живот итн.
Јас лично би сакала да извадат буквално се од мене што може да се извади и донира на оние на кои им треба.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа е точно ... пред извесен период се обидов да дискутирам на темава со мојот матичен лекар со цел да добијам повеќе информации за тоа, каде и како може да се добие донорска каричка кај нас но за жал не добив повратна информација, само ветување дека ќе се распрашаат па ќе ме информираат. Со ангажирањето на Лекарската комора на Македонија, во програмата им е ставен и дел за обука и информирање на матичните лекари.
Јас сметам дека тие се оние кои треба да ги информираат своите пациенти и со тоа да ги потикнат барем да размислуваат на таа тема а не да чекаат да бидат прашани. Малку поголем ангажман од нивна страна нема да е наодмет, да се потрудат да најдат време да им го објаснат ова на луѓето а не само да гледаат што побрзо да ја испразнат својата ординација за да се има време за кафе, ФБ, оговарање и.т.н.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |