|
Од Срце За Филип |
Внеси реплика |
Автор | |
Za Filip
Нов член Регистриран: 08.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Мај.2013 во 19:42 |
На 13.07.2012г. при скок во вода Филип Михајловски (18 години) го скрши седмиот вратен пршлен, заради што е парализиран од градите надолу. Филип издржа долга и тешка операција, која беше само почеток на долготрајното лекување чија крајна цел е повторно да застане на нозе. По операцијата, следеше рехабилитација во Клиничкиот центар за спинални повреди – Соча во Љубљана, Словенија, а во моментов е на уште поинтензивна програма за рехабилитација во Центарот Гибање, исто така во Љубљана. За овој период Филип покажа огромен напредок . Средствата што се досега собрани преку Вашите донации го овозможуваат лекувањето на Филип во Центарот Гибање и ќе го овозможат почетокот од наредниот чекор. Бидејќи услугите во овие центри и потребните лекови се доста скапи, ние продолжуваме со активности за донации. Во продолжение е хуманитарната сметка на која сè уште можат да се донираат средства, како и броевите за донации . Сите информации за акциите кои ќе организираат со цел собирање на средства кои ќе му овозможат на Филип да го продолжи своето успешно лекување ќе можете да ги следите на оваа страна. Исто така на оваа страна ќе можете да видите и што сè е досега направено со Ваша помош и поддршка како и напредокот кој Филип го покажува.
Од срце Ви благодариме што сте со нас! Филип и семејството Денарска сметка: Сметка 250-0100002207-37 Назив FILIP MIHAJLOVSKI-HUMANITARNA Банка SPARKASSE Македонија АД Скопје Ек. Лептокарија 10001 Девизна сметка: Account 4010-02222-00003862 Name of account owner FILIP MIHAJLOVSKI IBAN/SWIFT MK07250102220038621/INSBMK22 Bank SPARKASSE Macedonia AD Skopje Ek. Leptokarija 10001 Донирајте 100 денари на: VIP 077 143 077 T-MOBILE 070 143 109 ONE 075 143 403 Бидете информирани за сите новости и хуманитарни настани за Филип на https://www.facebook.com/pages/OD-SRCE-ZA-FILIP/594541150562559 Исто така, дизајнерите ги донираа своите парчиња со цел да му помогнат на ова момче, обратете се во инбокс доколку ви се допаѓа некој од овие фустани https://www.facebook.com/media/set/?set=a.649395345077139.1073741828.594541150562559&type=3 Поздрав! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |