|
10 нешта за работата кои не се учат на факултет |
Внеси реплика |
Автор | |
Great deal
Нов член Регистриран: 21.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Јуни.2012 во 21:49 |
10 нешта за работата кои не се учат на факултет
Дури и ако сте завршиле претприемништво или економски и сакате да почнете свој бизнис, мора да знаете некои работи кои не сте ги научиле на факултет. Но, вредат и за останатите. Ова се некои од работите кои би требало да ги знаете пред да се впуштете во деловни проекти, а кои не се учат на факултет. Просечното не е доволно добро Ако сакате да ги положите испитите и да го завршите факултетот успешно, можете да бидете и просечни. Не зависите од никој друг. Ако имате точно одговорено за зададените прашања, ќе положите. Но, кога станува збор за работата, просекот не е доволно добар. Понекогаш се пресудни потполно необичните работи, интереси или вештини. Ако на некој конкурс за работа се пријават и на разговор бидат повикани 300 кандидати кои имаат завршено економски факултет , работата нема да ја добиете ако сте просечни. Мора по нешто да се издвојувате и да бидете посебни. Можеби ви било важно да добиете диплома, но сега сте во конкуренција со многу други кои ја имаат добиено истата диплома. Нема веднаш да живеете подобро отколку кога сте биле студенти Кога ќе завршите факултет и ќе почнете да работите, без оглед на тоа што имате свои пари, нема да можете веднаш да уживате во нив. Подршката од родителите се намалува, а трошоците се зголемуваат. Нема повеќе хранење во студентските кујни во студентскиот дом.Трошоците растат побргу од платата. Нема точни одговори Голем дел од испитите на факултет се концепирани на тој начин да имаат точни и погрешни одговори, но во работа не е така. Нема точен одговор како да најдете работа, со што да се занимавате, дали сами да почнете бизнис и дали во нешто ќе успеете. Од експертите може да добиете некои совети, може да гледате како и другите работат, но ни едно правило не е универзално. Паметењето информации и насочувањето кон тоа како да го положите испитот нема да ви користи Ако сакате да успеете мора да имате повеќе од слушањето упатства на надредениот/та, или ако сакате сопствен бизнис не може само да гледате што ви советуваат другите, или што прави конкуренцијата. Нема брзи резултати Ако сте учеле за некој испит после тоа ќе добиете оценка како резултат за трудот. Но, ако сега сте се вработиле или почнале сопствен бизнис, резултатите ќе дојдат дури после неколку години. Во меѓувреме ќе има издигнувања и падови, и после се, ќе мора да продолжите со исто или побрзо темпо. Нема да добиете диплома за сработеното.Постојано мора да се трудите за да останете на местото на кое што сте за никој да не ве замени. Доколку сакате да напредувате, мора да се трудите уште повеќе. Не е важен само степенот на образование, а ниту оцените За да најдете добра работа, да напредувате или почнете успешен сопствен бизнис, ви треба нешто повеќе. Мора да имате среќа, да познавате луѓе, бидете друштвени, комуникативни, иновативни, креативни и добри во она со кое што се занимавате. Странски јазици, компјутерско знаење, превземање иницијатива, сето тоа станува поважно од степенот на образование.Можеби ќе употребите нешто што сте го слушнале на предавањето од професорот кај кого сте имале лош резултат, но речиси никогаш нема да го употребите нешто по кое сте имале добар резултат. Сега сте препуштени сами на себе На факултет можете да учете во групи, од некој друг може да го разберете или научите тоа што претходно не сте го знаеле или научиле, но на работа најчесто сами мора да барате решение, донесувате одлуки и напредувате. Со многу пријатели/колеги нема да останете во контакт Исто како што после завршувањето на средното училиште се разделивте за некои пријатели, истото ќе се случи и сега. Секој на различни страни, различниот стил на живот и напредувањето ќе бидат поважни од досегашните заеднички интереси. Не може да ги поместите испитните рокови и да си земете слободен ден Ако сте се одлучиле да пчнете приватен бизнис, најверојатно ќе треба нон-стоп да работите. Тешко ќе биде да земете слобооден ден или одмор. Но, дури и ако работите во некоја компанија ситуацијата не е ништо подобра. Секако, имате и годишен одмор, но тоа го имавте и на факултет. Сега не може да се разбудите и да одлучите дека денес ќе останете дома. Можеби само што сте почнале со работа, можеби имате проект кој треба да го завршите, можеби на некого му се брза,а можеби и колегата е на годишен одмор. Сега сте дел од тимот и одлуките не се само ваши. Успехот не е пропорционален со вложениот труд Вашата плата ќе зависи од профилот и функцијата која ќе ја работите, од компанијата, вашето одело, но и вашите преговарачки способности. Нема сите за еднаков труд да добиваат еднаква плата. Дури и нема да напредуваат еднакво. Вие можеби повеќе се трудите, се образувате дополнително, но ако немате начин тоа да го покажете ќе останете на пониска позиција од некој со помалку труд. |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dete be... sto ne go napisa ova porano?
|
|
Incredible Blue
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и уште нешто:
ретко се наоѓа професија по диплома ако сакате да најдете работа во оваа држава, па макар и сте биле најголемиот генијалец во историјата, тогаш имам лоши вести за вас |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da se samo 10
|
|
vivi
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
od tie 10 nesta ima edna sto e najvazna
ako go gledame coveckoto telo kako robot procesite vo teloto kako majvazni za funkcionirajne i vnesuvanjeto vo organizmot na potrebnite elementi za da se postigne i odrzi stabilno funkcionirajne na istiot poradi neznaejne na ovaa tajna 90 posto od neuspesnite lujdze doziveale unistuvajne ili neuspeh. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |