|
10 начини за заштита од УВ зраците |
Внеси реплика |
Автор | |
Odimenaodmor
Нов член Регистриран: 21.Јуни.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Јуни.2012 во 21:31 |
Доколку изберете водоотпорна крема, тоа значи дека ќе бидете заштитени и додека сте во вода, што е многу важно со оглед на тоа дека сончевите зраци зрачат и низ вода. 1. Заштита од УВА зраците Постојат два вида на опасни сончеви зраци – УВБ зраци, кои предизвикуваат црвенило и УВА зраци, чии опекотини не се гледаат со голо око и не се чувствуваат. УВА зраците навлегуваат во ткивото и предизвикуваат дегенеративни процеси на ќелиите на кожата што може да доведе до канцерогени заболувања. УВА зраците го оштетуваат системот за регенерација на кожата и имунолошкиот систем, и се главен фактор за предизвикување на алергија од сонце. Кога купувате креми за заштита од сонце, не е доволно само да водите сметка за заштитниот фактор (SPF) затоа што тој го означува само степенот на заштита од УВБ зраците. Обврнете внимание кремата што ја купувате да има ознака дека содржи соодветна заштита за УВА зраците. 2. Не се изложувајте на сонце многу време Сенка од дрвата неможе доволно добро да ве заштити од сонце, ниту пак седењето во близина на вода. Сончевите зраци се многу јаки и рефлектираат во вода, преку облаци, на песок, на бетон но и на трава. Единствена добра заштита е добра сенка или пак во затворена просторија. 3. Заштитете ја косата од сонцето Косата како и кожата е исто така изложена на штетното дејство од сончевите зраци. Сонцето го уништува квалитетот на косата со тоа што ја суши и ја прави тврда. Косата можете да ја заштитите со капа или со спреј наменет за заштита од прејаките сончеви зраци. 4. Внимание со лековите! Дури 250 познати лекови предизвикуваат фотосензибилација, односно чувствителност на сонце. Доколку пиете некои лекови, задолжително разговарајте со вашиот лекар. 5. Заштитниот фактор (SPF) одберете го спрема вашата кожа Заштитниот фактор (SPF – Sun Protection Factor) означува колку пати подолго можете да се сончате до појава на првото црвенило, а се однесува само на УВБ зраците. Доколку без никаква заштита добиете црвенило за 10 минути, со фактор 10 ќе добиете боја после 100 минути, што значи дека на сонце ќе може да останете 10 пати подолго. Со едноставен тест можете да одредита и колкава е толеранцијата на вашата кожа на сонцето. Сепак, бидете внимателни: вистинската вредност на заштитниот фактор делува само доколку кремата сте ја намачкале рамномерно на целата површина на кожата и во доволно дебел слој. И да повториме, SPF ве штити само од УВБ зраците и не гарантира заштита од УВА зраците. 6. Очила за сонце со УВ заштита Очилата за сонце не се само моден детал па кога ќе купувате обврнете внимание на квалитетот на стаклото (пластика). Темните стакла имаат добра заштита од УВБ зраците, но ги пропуштаат опасните УВА зраци кои може да предизвикаат оштетување на видот како и катаракта. Затоа, очилата што ги купувате треба задолжително да имаат ознака UV400. 7. Заштитете го целото тело со крема Кремата треба да биде рамномерно намачкана по секој дел од кожата. Обврнете внимание на вратот – ова е дел од телото кој луѓето често забораваат да го заштитат е е изложен на штетно зрачење. Исто така е важно слојот од кремата да биде доволно дебел. За да се заштитите ефективно од штетните зраци потребно е околу 30 грама од кремата. 8. Внимавајте на лузните Лузните се осетливи на сонце и за многу малку време можат да изгорат, а доколку ја смени бојата многу лесно може да се претвори во флека која ќе ви остане засекогаш. Ова важи и за малите лузни настанати при каснување од комарци или од акни. Лузните на лицето можете да ги заштитите со течна крема со заштитен фактор, додека пак лузните на телото со креми кои имаат ознака „total block“. 9. Носете памучна облека Шешир или капа која има додаток за заштита на очите се неопходни за да го заштитите лицето и ушите. Преферирајте да носите густо ткаена облека од памук. Исто така, постои и посебна облека која има висок фактор на заштита од УВ зраците. 10. Што доколку поцрвенете? Доколку ви се случи да изгорите на сонце, не е доволно само да одите во сенка туку треба да одите во местото каде што престојувате. На изгорените места почесто треба да држите ладна вода или пак да облечете мокра мајца. Доколку се работи за изгореници од висок степен задолжително посетете лекар. Во секој случај, многу е важно да внесувате доволна количина на течности како вода, чај или пак овошни сокови. Извор: Odimenaodmor.com |
|
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Stanete sangejzer odnosno gledajte vo sonce vo prviot ili posledniot saat od denot po metodata na Hira Ratan Manek i za sekunda pagaat vo voda site 10 pravila sto se pogore napisani.Tie se obicen marketing za da mozat da pravat profit farmacevtskite fabriki na steta na zdravjeto na lugeto.Fakt e deka solarnata joga e prilicno rasirena vo Makedonija pa ne e cudno vo posledno vreme se pocesto da izleguvaat javno protivnicite cii biznis interesi im se seriozno zagrozeni no jas im garantiram so glava deka denovite poleka im se odbrojuvaat i im preporacuvam da si pobaraat drug nacin na zarabotuvacka.Samo za informacija jas sum na 34 minuti i 30 sekundi gledanje posle 1 godina i 2 meseca so 50% pomalku vnesuvanje hrana i 15kg pomalku za cel period.Otkako ke go zavrsam metodot na Hira Ratan Manek odam na mnogu ponapredniot metod na Umasankar kade se gleda minimum po 30 minuti na den duri i na najsilnoto sonce vo 12 na pladne no so belkata na ocite dodeka zenicata se zastituva so toa sto se kreva nagore i se spusta glavata za 5 cm ispod sonceto.Ovoj metod e mnogu pokompliciran i isklucivo e potrebno da se odi na seminar za licno Umasankar da ja postavi glavata i pozicijata na ocite za da nema posledici.Sekoj koj e zainteresiran poveke da nauci i za dvata metoda neka se zacleni vo grupata solarna joga Makedonija na facebook kade kreator i glaven organizator e Ivo Paskaliev i neka poveli utre vo kaficot Intro na stara zeleznicka sproti Ramstor so pocetok vo 19:00 kade redovni posetiteli se sangejzeri i novi luge koi sakaat da slusnat iskustva no i da naucat kako pravilno da praktikuvaat.
|
|
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |