IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците во делата на Џорџо Нуриџани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците во делата на Џорџо Нуриџани

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонците во делата на Џорџо Нуриџани
    Испратена: 29.Февруари.2012 во 00:31

ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И НЕГОВИТЕ ДЕЈЦИ

Историјата на Македонија претставува една низа од подвизи и постојани пројави на борбен дух. Легендата околу неа го преминала прагот на темната епоха, за да ни вдахне се погорди слова, за да не потсетува за оние возвишени дела, кои остануваат во паметта и во времето преку руините на замоците и манастирите. Со нивното видение, над славите планини Пирин, Шар, Пелистер, се распостила нивното огромно осветлување, чија светлина го заслепува нашиот вид, а нивниот жар го распламтува срцето на секој Македонец.

Тие славни планини, и многу други, остануваат како класичен извор на сите духовни вредности, од кои македонскиот дух црпи сила и потпора во неговиот незадржив полет за една подобра иднина, зашто на врвовите од тие планини е пролеана крвта на толку славни херои, каи го жртвуваа својот живот за слободата на својата татковина. Од таа крв изникна една епопеја, која никогаш нема да биде заборавена, зашто нејзиниот олтар се наоѓа во душата на целиот македонски народ.

Пред да избувне Илинденското востание Македонците знаеја за француската револуција, како и за движењето на карбонарите во Италија, за борбите што ги водеа Гарубалди и Мацини, борбите на Ирците и на сите други потиснати народи.

Како што е познато,италијанското  ослободително движење изврши големо влијание врз балканските народи и особено врз македонскиот народ.Пионерите  на преродбата и ослободувањето на македонскиот народ не ги испуштаа заветите и пораките на Гарибалди и Мацини.

Во легионите на Гарибалди, несомнено, зедоа учество значителен број Македонци, многу поголем  од оној за кој се мислеше досега. Едно поподробно проучување и истражување во архивите даде многу вредни укажувања и  податци  за учеството на Македонци во легионите на Гарибалди. Исто така, се знае дека Македонецот Ѓорѓи Крапчев од Охрид учествувал во повлекувањето на Гарибалди од Тоскана во Венеција. Еден портрет на Гарибалди му бил даден за спомен на тој историски настан.

Кога италијанскиот народ се ослободи од австриското робство и од оние кнезови кои ја симпатизираа Австрија, и се обедини во едно семејство под водството на крал Виктор Емануел II и Кавур, помогнат од толку други познати патриоти, чии имиња се познати во  Македонија, восхитот на македонскиот народ бешеогромен и  се манифестираше на еден мошне спонтан начин.

Гарибалди  одгледуваше најжива симпатија и восхит за неговиот непомирлив и пламенен  хероизам. Подвизите на италијанскиот херој наоаѓа не само пламени следбеници и восхитувачи меѓу македонскиот  народ, туку и вечна признателност.

Во  таа епоха храбрите македонски младежи, инспирирани од големите  преродбенскиидеи, раздвижуваниодеднавозвишенародољубивост и не за свое лично задоволство, се вежбаа со оружје, кое нешто потоа и даде на татковината живот и слава, во борбите ,во борбите што настанаа со Илинденското востание, а и подоцна.

Илинден е најизразитиот момент, кој го овоплотува во себе нескршливиот стремеж за продолжување на борбата, додека не се види остварена мечтата на секој Македонец.

Илинденското востание можеше и да не избувне, ако не му претходеше подготвувачката револуционерна дејност на Гоце Делчев и Даме Груев и многу великани на македонската револуционерна борба.

Илинденското востание, кое избувна на 2 август 1903 година, секогаш ќе предизвикува восхит во душите на сегашните и идните поколенија, зашто неговото огромно дело и неговиот херојски динамизам се израз, пред се, на онаа незадржива волја за слобода и за национална и политичка незавионост, во која е вложена целата етничка сушност на Македонецот. Тоа е една историска епопеја, во која моментите се прелеваат во триумф, молбите во заканувања, очаеноста во блескаво претскажување.

Ако Илинденското востание е круна на десетотодишната револуционерна активност на Внатрешната македонска револуционерна ортанизација, Крушевската Република е најславната страница на востанието, која ни покажува на највпечатлив начин главните причини поради кои се бореше македонскиот народ. Неговиот полет се засновуваше врз сознанието на својот долг спрема својата земја. Неговиот стремеж имаше за цел благосостојба на целокупното македонско население. Неговиот идеал беше слободата на македонската држава.

Илинденското востание е едно дело со големо историско значење во кое македонскиот народ ја изрази не само својата љубов за слобода и за правда, но и својата духовна моќ. Тоа востаниеи до денес останува неповторен човечки устрем  и врховна саможртва за слободата   на еден народ.

Илинден ќе остане во историјата како едно свето име за секој Македонец. Тоа е извајано во душата на народот и ќе проблеснува секогаш низ вековите, зашто тоа претставува величествен израз на безграничната  љубов на Македонецот кон својата сопствена родна  земја, на својот незаузден устрем кон извојување наслобода , на својата железна волја за еден нов живот.

Кога се зборува за Илинденската епопеја, во која беше изразена вековната омраза на македонскиот роб во едно движење без преседан, ќе треба да се зборува бездруго за човекот, кој го овоплоти и кој ја насочи надежта на македонскиот роб, по патот на револуцијата, по патот на слободата: Гоце Делчев.

И навистина, во пантеонот на бесмртниот македонски дух, каде што блика чудотворниот извор на возвишени човечки добродатели и ви ја открива сопствената сила на себеоткажувањето, блеска величествената убавина на еден од најголемите великани на македонското племе — Гоце Делчев, гигантска природа, готова секој момент за бунт и борба, и  заедно со неа една пророчка и зевсовска душа, исполнета со човечност. Тој ги оцртуваше насоките на револуционерната организација и од неговата личност блеска онаа вера и увереност, што му се својствени само на вистински народен водач.

Гоце Делчев си останува најблескавиот скапоцен камен од дијадемата на македонската национална гордост и симбол на иднината на Македонија.

Мисијата што ја исполнуваше Гоце Делчев беше и опасна и велика и изискуваше хероизам и некористољубивост. Но неговата душа беше скровиште на тие две прекрасни црти на бестрашен патриот и тој секогаш работеше со постојанство и со една длабока вера и убедување во себеси и во идната слобода на својот народ.

Роден во Кукуш 1872 година, судбината од рано му беше определила тежок животен пат. Задоен со длабок патриотизам, со висок морал и борбен дух, надарен со редок ум, тој се изгради и зацврсти во една бурна епоха, кога атмосферата беше презаситена со аспирации и напрегања, кога Македонија, поробена, беше потисната од страшниот обрач на непријателот.

Во областа на револуционерните дела тој учеше секого да се потпира, пред се, на своите сопствени сили. Тој и Даме Груев зборуваат пред конспираторите на тајните состаноци за подвизите на големите италијански револуционери Гарибалди и Мацани, за нивните борби за обединување на италијанскиот народ. На тие состаноци Делчев го споредувал Гарибалди со најголемите маченици на слободата. Се восхитувал од неговата бесприпремна смелост, од неговиот вроден воен гениј, од неговата постојаност да му служи на делото на слободата во која и да е држава, од неговите добродетели и несебичност, тукуречи повеќе единствени, отколку ретки, од неговите неизмерливи заслуги за Италија и за другите држави, кои наполно заслужено придонесоа за неговата бесмртна слава.

Слично на Гарибалди и Гоце Делчев преку целиот живот бил уважуван како од своите следбеници, така и од оние кои не го сакаа поради неговата решителност и чесност.

Слично на Гарибалди и Гоце Делчев беше непоколеблив во верата за едно чесно дело и во својата љубов спреам еден потиснат народ, кој неуморно се бори за слобода и правда.

Слично на Гарлбалди, Гоце Делчев беше коомополитски хуманист, голем патриот и голем народен водач. Тој беше човек на  делото  неуморен апостол на великите идеи за слобода, братствои напредок.

По смртта на Гоце Делчев, слично на Гарибалди, вдахновени поети ги опеаја  неговите подвизи, го возвеличија неговото дело, го направија бесмртно неговото име на неуморен борец за човечки  слободи и правдини.

Годе Делчев беше убеден до фанатизам дека ослободувањето на Македонија се крие во постоењето на една независна Внатрешна  револуционерна македонска организација и во револуцијата како сопствено дело на македонскиот народ. Ослободувањето на Македонија се крие во едно целосно востание. Оној кој мисли инаку да  ја ослободи Македонија, се мами себеси и другите.

Тоа беше основниот лозунг на неговата секојдневна револуционерна дејност. Тој постојано им зборуваше на своите луѓе: „Трудете се да го убедите населението, дека тоа треба да смета само на себеси, а истовремено треба да внимава на независноста на Внатрешната организација".

Благородната карактерна мисија, што великиогг деец му ја посвети на својот народ, претставува една вредна пројава на македонскиот народен дух. Тоа се восхитувачки и длабоко хумани пројави на една голема душа, кои Делчев ги запиша за време на последните години од својот живот, мислејки на иднината на својот народ. Пламениот патриотизам кој секогаш остана како патеводна ѕвезда на Делчев се споредува со вишите идеали кон кои 'се стреми целото човештво. Тој прокламира еднаквост меѓу луѓето и народите, еднакви права и обврски за сите социјални слоеви, запазување на моралот и почитување на религиовните убедувања.

Гоце Делчев беше пламенен патриот, но тој беше и интернационалист во вистинеката смисла на зборот. Во тој однос тој се приближуваше мошне со сфаќањата на легендарниот италијански апостол на слободата Ѓузапе Гарибалди. Тој се потресуваше еднакво од тешката судбина на бедниот турски селанец, како и од таа на Македонецот. Тој секогаш знаеше да го разликува обичниот човек од системот на управувањето.

Делчев имаше ретки човечки добродатели, кои со право го издигнуваа како народен водач со ненадмината карактерна величина на духот и со мажествен идеализам, неспоредлив по својата сила и  чистота. Разумност, постојаност, бестрашност и великодушност — ете ги квалитетите кои го красеа тој голем син на Македонија.

Светол и совршен ќе остане моралниот лик на еден друг прославен  син на Македонија, Дамјан Груев, неразделен другар на Гоце Делчев. Живеејќи во една мошне динамична епоха, тој стана толкувач на  народните болки и стремежи, и носител на светлите         идеали, кои беа идеали на македонската национална и политичка  преродба. Како ум, како темперамент и како волја , Груев претставува највлијателна синтеза на македонскиот  дух во времето кога се буди националното сознание на македонскиот народ.

Во крв и пепел изгасна огнениот пламен на Илинденското востание, но остана волјата за нови борби. Илинден беше нивниот факел. Народот се заколна пред себеси, дека новиот Илинден, кој неминовно ќе дојде, ќе биде господар на својата сопствена судбина.

Навистина се живи во душата и во сознанието на секој Македонец сите оние бесмртни херои, кои за време на петвсковното ропство се жртвуваа за слободата на Македонија. Живи се во македонската историја и секогаш во сознанието на целиот македонски народ, оние херои чии имиња ќе останат запишани во вековите како македонски борци, паднати во нерамна борба против непријателите на македонскиот народ.

Илјадници македонски борци, распрснати низ бројните полиња кај Битола, Охрид, Гевгелија, Кајмакчалан, Крушево, Црна и низа други  места, паднаа во родната земја. Нивните херојски подвизи, нивниот дух на саможртва ќе останат извајани врз олтарот на татковината.

Во тој бесмртен спомен денес за секој Македонец извојуваната слобода е мошне скапа. Тоа е еден збор, кој ги обфаќа желбите на еден цел народ со многу векови уште! Едно знаме запазено за илјадници години во светите длабини на душата на македонскиот народ. Едно знаме, кое пет века го обединуваше и потсетуваше на светиот долг на секој син на тој народ, насекаде каде и да се наоѓа, тука под татковото небо, или надвор, во туѓа земја.

Вечно и бесмртно е само она кое е извојувано со големи жртви и пред лицето на татковината. Еден народ, упорен и со железен дух, каков што е македонскиот, кој дал толку апостоли за слободата, не умира.

Во светската историја ретки се имињата како тие на Гоце Делчев, Даме Груев, Димитар Узунов и илјадници други херои, кои храбро го жртвуваа својот живот за слободата на татковината и нивните имиња денес се пренесуваат како легенди.

Сите оние кои го проследиле незапирливиот, секавичен развој на Илинденското востание, кое ја даде и првата република на Балканскиот Полуостров, требаше да присуствуваат на неговото неизбежно провалување, како последица од преовладувачките сили на Отоманската Империја. Илинденското востание беше задушено, но подвизите на тој мал и бестрашен народ ќе останат вечно да блескаат во светската историја, како пример на краен хероизам и возвишен патриотизам.

Извор : „ Илинден 1903„



Статијата


Книгата
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.