IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Берлински филмски фестивал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Берлински филмски фестивал

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Берлински филмски фестивал
    Испратена: 11.Февруари.2012 во 06:44



Берлинскиот филмски фестивал го отвори костимираната драма „Збогум моја кралице“, на францускиот режисер Беноа Жако

Со филмот „Збогум моја кралице“ („Les adieux r la reine“) на францускиот режисер Беноа Жако се отвори 62. издание на еден од најважните филмски фестивали во светот - Берлинале. Филмолозите предвидуваат дека годинашното издание на Берлинскиот филмски фестивал, кој ќе трае до 19 февруари и носи 22 филма од кои 17 се во конкуренција за главни награди, како и голем број на ѕвезди, ќе биде гозба за очите, ушите и душата.

Годинашново Берлинале медиумите веќе го опишаа како фестивал на историја, костими, спектакли и мечеви. Фестивалот го става акцентот на костимираните драми и историските теми, па така, покрај филмот на отворањето, публиката ќе може да ги види и британскиот „Бел ами“ направен по романот на Ги де Мопасан, на дебитантите Деклен Донелан и Ник Ормерод кој не' враќа во 19 век и во кој Роберт Патинсон игра момче кое успева да стекне голема моќ, манипулирајќи ја најбогатата жена (Ума Турман), потоа данскиот „Кралска афера“ на Николај Арсел со Мадс Микелсен во главната улога, кој зборува за љубовен скандал во кој една млада кралица се вљубува во нејзиниот лекар, а тука е и италијанскиот „Цезар мора да умре“ на браќата Тавијани, во кој има сегменти од Шекспировата драма „Јулие Цезар“.

Како противтежа на наметките и периките, мечевите и сабјите, се оние филмови што се занимаваат со современоста, со тероризмот, како што е филипинско-францускиот „Заробен“ на Брилијанте Мендоза, грчкиот „Метеора“ на Спирос Статолопулос, или унгарскиот „Само ветер“ на Бенедек Флиегаф. 

Берлинале во главната програма ги носи и „Автомобилот на Џејн Менсфилд“ на Били Боб Торнтон, „Спобудален“ на Стивен Содерберг, или „Екстремно гласно и неверојатно близу“ на Стивен Далдри. Но, носи и пакет од кинески спектакли, меѓу кои ги издвојуваме „Цвеќиња на војната“ на Занг Јимоу, во кој режисерот се враќа на злогласниот напад на Нанкинг од страна на јапонската армија, како и „Летечки мечеви од змаевата порта“ на Харк Тсуи од Хонгконг.

Инаку, меѓу големите ѕвезди кои се очекува да продефилираат на црвениот килим на Потсдамер плац се Ума Турман, Кристин Скот Томас, Клајв Овен, Изабел Ипер, Том Хенкс, Сандра Булок, Кевин Бејкон... Големата американска актерка Мерил Стрип, пак, ќе ја прими наградата за животно дело, а на фестивалот ќе бидат прикажани некои од нејзините најпознати филмови, како што се „Крамер против Крамер“ и „Изборот на Софија“.

Македонија на годинашниот филмски фестивал во Берлин ќе има дури три презентации, што е досега веројатно најголемата дадена можност за претставување на македонската филмска продукција пред една од најсилните конкуренции во светот. Филмот на Теона Митевска, „Жената што си ги избриша солзите“, во кој главната улога ја игра големата европска актерка Викторија Абрил, премиерата ќе ја има на 11 февруари во програмата „Берлинале специјал“. Во официјалната програма на Берлинскиот фестивал имаме уште еден македонски филм, краткото дебитантско остварување „Бардо“ на младата Марија Апчевска. Овој филм влезе во програмата „Генерација“. Во официјалната програма, односно во „Панорама“, е вклучен и српскиот филм „Парада“ на Срѓан Драгоевиќ, а чиј копродуцент е и Македонија. Една од улогите во филмот игра македонскиот актер Тони Михајловски, а продуцент од македонска страна е Владимир Анастасов.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 06:46

Берлинале 2012 – Гала-отворање (ФОТОГАЛЕРИЈА)


Берлин: возбудлив, космополитски културен клуб што не престанува да ги привлекува уметниците околу светот. Разноликата културна сцена, критичката јавност и публиката составена од љубители на филмот го карактеризираат овој град. А во средината на сето тоа, Берлиналето – голем културен настан и еден од најважните датуми во календарот на меѓународната филмска индустрија. Неизоставен дел од фестивалот се 300.000 продадени билети, повеќе од 19.000 професионални посетители од 115 земји, меѓу кои 4.000 новинари.

Главната програма на Берлинскиот меѓународен фестивал прикажува 400 филма годишно, најголем дел меѓународни европски премиери. Филмови од сите жанрови, должини и формати си наоѓаат свое место во различните категории.

Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012
Berlinale 2012

 

Фото: Berlinale.de


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 14:44

Македонија вечерва на Берлинале


Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ во режија на Tеона Стругар Митевска премиерно вечерва ќе биде прикажан во една од најголемите филмски сали во Берлин во селекцијата „Панорама специал“.

„Жената која ги избриша своите солзи“ ја раскажува приказната за две жени од различни општества, Франција и Македонија, кои ќе се спојат под чудни околности, едната барајќи одговори за загубата на својот син и отуѓувањето од својот сопруг, а другата трпеливо настојувајќи да го најде својот изгубен сопруг и да го зачува синот. И двете на свој начин одбиваат да ја прифатат општествено-одредената улога и се борат да ги преуредат своите животни судбини.

Главна ѕвезда на филмот е шпанската актерка Викторија Абрил, а играат и Лабина Митевска, Жан Мари Га­леи, Арбен Бајрактарај, Петар Мусевски, Фирдаус Неби, Петар Горко, Жак­ли­на Стевковска, Маја Вељковиќ, Рујиш Беговска, Темер Ибрахим и Береда Решхит. Директор на фотографија е Унгарецот Матјаж Ер­де­ли, сценографијата е на Вук Митевски. 

Филмот на Берлинале ќе има вкупно 7 проекции.

Во понеделник во програмата „Генерација “наменета за детска публика, светска премиера ќе има и краткиот игран филм "Бардо" на Марија Апчевска кој зборуваза детскиот поглед на животот.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 17:09
http://www.variety.com/review/VE1117947076

Кој сака нека си преведе.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 18:26
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2012 во 18:27

Уште една критика за македонскиот филм.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.