IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Катарина Ивановска
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Катарина Ивановска

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Катарина Ивановска
    Испратена: 13.Јануари.2012 во 16:41
Katarina Ivanovska is a rarely seen face around here (she’s from Macedonia!), but I just found out that she also works for Victoria’s Secret. That alone should give you an idea of how sexy she is. This shoot is for something called Pain de Sucre Swimwear. (Which I believe is yet ANOTHER different bikini company to be featured here. Why is there such a high demand for bikinis? And why are women spending so much money on them?) I haven’t actually seen any of her work for Victoria’s Secret, but I have seen her work for Andres Sarda lingerie. And it is good.



http://guyism.com/celebrities/katarina-ivanovska.html


“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 17:02
Прилично добар пример и претставик на Македонија во светот. Позната е по фотографиите за H&M и Викторија сикрет...

На почетокот од нејзината кариера имаше доста црни настани, како оној со Волфганг Шварц (сопственик на Look model management) кој и даде шанса да учествува на светскиот избор во Варшава. Но како и да е, успеа да се пробие во светот на модата и како што читам по интернетов, доста добро и оди...

Убава тема мунгос, ама ако не ти е тешко да ги преведеш тие 3-4 реченици на почетокразмислување Или и вака е доброзбунетост

Како и да е..еве една фотосесија од скоро...




Катарина Ивановска за Pain de Sucre

Катарина Ивановска и во новата фотосесија за летната колекција на францускиот бренд Pain de Sucre покажува дека е одличен модел за долна облека и костими за капење, а со неодамнешниот ангажман за Викторијас сикрет уште еднаш ја потврди својата позиција на најуспешна македонска манекенка во светски рамки. Погледнете ја галеријата од 35 фотографии за Pain de Sucre...


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 


 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Изменето од Santijago - 13.Јануари.2012 во 17:03
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 17:06
Еве едно нејзино интервју со порталот Здраво..


Катарина Ивановска е новата “тајна” на Викторија!

katarina-ivanovska-intervju-zdravo-sep-2011-1379

Катарина Ивановска конечно ја уловивме во Скопје, бидејќи последниов период е во релација Америка – Македонија. За нејзината филмска улога сите веќе знаете, но она што не го знаете, а денес ексклузивно го објавува за читателите на “Здраво” е нејзината соработка со “Викторија Сикрет”!

Девојката која што ја започна својата кариера во 2004 година, соработуваше со најпознатите светски дизајнери и модни куќи, сосема залужено си го наоѓа и своето место во тимот на најубавите девојки од целиот свет на најпознатиот бренд за долна облека. Браво за Кики!

Во прилог може да ги погледнете и најновите фотографии снимени за потребите на августовскиот број на шпанскиот “Elle” и летната кампања за козметичката компанија “Lancaster”.

Здраво: Денес за “Здраво” ексклузивно објавуваме дека од неодамна Катарина Ивановска е дел од тимот на “Викторија Сикрет”. Претпоставувам дека ова значи многу за тебе и за твојата кариера. Како дојде до соработката?

Катарина: После 4 годни напорна работа и одење на кастинзи, изгледа им здосади на одговорните луѓе на “Викторија Сикрет” да ме одбиваат, па конечно ме “букираа” да сликам за нив ?. Снимав два пати до сега. Првиот пат долна облека за интернет страната што беше на некој начин и тестирање дали ќе им се допадне. За моја среќа им оставив добар впечаток и пред 5 дена сликав за главниот каталог за облека.


Здраво: Што се промени кај тебе на професионален план по стартот на соработката со “Викторија Сикрет”?

Катарина: Многу е рано за да кажам дека нешто се променило на работен план, но како и да е, “Викторија Сикрет” е клучниот момент кој ми се случи годинава и се надевам дека и понатаму ќе продолжам со кариерата по нагорна линија. Мене лично ако ме прашуваш, јас сум најсреќното девојче на свет.

Здраво: Знам дека долго време посакуваш да бидеш дел од некој филм и еве конечно ти се укажа шанса. Ти главен лик во филмот на Дарко Митревски.  Кажи ми нешто повеќе за тоа…

Катарина: Со Дарко се знаевме само 5 минути кога преку скајп ми понуди да ја глумам главната улога во неговиот филм и се разбира на мое огромно задоволство, ја прифатив. Филмот се вика “3-то Полувреме” и за неколку дена ќе почнеме со снимање. Да, јас ја играм главната женска улога или поточно ликот на Ребека, која е девојче на моја возраст и е еврејка. Целото дејствие се случува пред и за време на Втората Светска Војна. Чест ми е што ќе ја имам таа можност да бидам дел од една актерска елита. Имам секојдневни проби, шминка, костими, клавир, јавање и она што е особено интересно и морам да го напоменам е дека учам и ладино, јазик што го зборувале евреите- сефарди кој што денес го зборуваат само неколку илјади луѓе.

katarina-ivanovska-intervju-zdravo-sep-2011-1382

Здраво: Ти си одлична во она што го работиш, имаш долгогодишно искуство и огромен број на успеси. Но сега како актерка си во ситуација каде што си почетник. Се сомневаш ли можеби во себеси дали ќе бидеш поеднакво добра и во улога на актер?

Катарина: Благодарам за комплиментите. Максимално се залагам за се што ќе одлучам да направам и вложувам преголем труд. Па така и во овој проект сигурна сум и ветувам дека ќе дадам се од себе. Имам голема трема која за среќа се губи полека, но сепак без пеперутките во стомак и не е така слатко, нели? Очекувам голема подршка и помош од екипата зошто и ми е потребна. Благодарение на Дарко и Верица, која воедно ќе ја глуми Замила, мојата најдобра пријателка, ги поставив темелите и токму тие ми помогнаа многу во првите денови на читање на текстот и целата ситуација која е нова за мене. Мое е сега да продолжам со градењето на ликот.

Здраво: Точна ли е бројката за твојот хонорар за филмот која што простури низ медиумите? Вистина ли е дека си го искомплексирала Сергеј Трифуновиќ?

Катарина: Не и не и не!!! Сакаат да си го продадат бројот и да бидат читани, па пишуваат секакви наслови. Напротив со Сергеј Труфуновиќ имаме одлични пријателски релации.

Здраво: Еве ова е конкретен пример дека се пишуваат работи за јавните личности кои не секогаш се вистинити. Те погодуваат ли тебе дезинформациите или се водиш од правилото: “Само нека стават поголема слика“ ?

Катарина: Не поголема, туку во мојот случај понова зошто секогаш новинарите ги мрзи да побараат нови слики од мене на “google”, па ставаат постојано исти. Меѓутоа не ни пишуваат многу за мене, зошто трачеви всушност и нема. Во секој случај не ме погодуваат. Ги разбирам и нив. Како што кажав и предходно, треба да продадат број, а и тоа е дел од популарноста кој треба добро да го контролираш.

katarina-ivanovska-intervju-zdravo-sep-2011-1381

Здраво: Од друга страна пак, медиумите и ја величаат јавната личност. Конкретно за тебе, во светските весници кога ги објаснуваат Скопје и Македонија, велат дека тоа е родното место на Мајка Тереза и Катарина Ивановска. Ти годи ли тоа?

Катарина: Ова го пишуваше во лондонски весник правејќи компарација помеѓу Лондон и Скопје. Нормално дека многу се израдував , се почуствував како амбасадор на Македонија и горда сум на тоа.

Здраво: Беше во Њујорк за време на ураганот “Ирена”, а беше и меѓу оние кои што мораа да се евакуираат. Ајде раскажи ни како помина сето тоа …

Катарина: Хахах… Ова звучи: “И ти беше една од преживеаните!” ? Јас слетав со “Ирена”, живеам во близина на Вол Стрит, подрачје во кое мораа да се евакуираат сите жители. Со моете момче едвај најдовме соба во хотел во внатрешноста на Менхетен и ја преспавме буквално цела вечер. Американците како и секогаш сакаат драма, па тоа го најавуваа како крај на светот. На Менхетен освен дожд и ветер, немаше посериозни настани, но во Њу Џерси, делот кој излегува на океан и во Лонг Ајленд за жал имаше и жртви. За прв пат Тајм Сквер во 6 наутро беше како плоштад на духови, во супермаркетите имаше огромни редици, мислиш храна ќе престане да се произведува од утре.

Здраво: Луѓето мислат дека за да бидеш во модната индустрија доволно е само да бидеш убав , но не е баш така. Кои жртви мора да се направат за да успееш?

Катарина: Надворешниот изглед и не е секогаш пресуден за моделот. Нормално дека треба да поседуваш и внатрешна убавина, шарм, едноставно да зрачиш како однадвор така и однатре. Моделството е чекање и чекање и чекање. Далечината од фамилијата и пријателите е најголемата жртва за мене. Кога ја започнуваш кариерата уште од мали нозе, како јас, некако пребрзо се впушташ во светот на возрасните кој твоите врсници го искусуваат чекор по чекор. Од друга страна пак, предноста е голема. Се осамостојуваш порано и си оформена личност која може да се грижи и да одржува дури цела фамилија.

Здраво: Несомнено дека треба посебен начин на однесување во модната индустрија надвор од професионалните ангажмани. Меѓу другото, се дружиш и со многу познати луѓе од светскиот шоу бизнис. Си имала ли досега непристоен предлог?

Катарина: Досега сум немала таква ситуација. Мислам дека најважно е да знаеш како да се поставиш со околината. Сметам дека поседувам една доза на умереност на прв впечаток и запознавање, со секого знам како да се однесувам и до која граница можам да одам.

Здраво: Како го одржуваш своето тело?

Катарина: Со секојдневна физичка активност. Еве сега додека сум во Скопје, се качувам пешки до Средно Водно или пак трчам на кеј. Внимавам на тоа што внесувам во исхраната. Не сум љубител на брзата храна. Отсекогаш сум се хранела со домашните специјалитети на мајка ми кои за жал се поретко ги прави. Задолжителни ми се витамините, два литра вода и секое утро појадувам житарици. Кога имам време одам на масажи во “Afrodita S”и во последно време, морам да признаам, постојано купувам креми за тело што ја одржуваат витката става.

Здраво: Што има ново на љубовен план?  Знам дека имаш ново момче…

Катарина: Пааа заљубенаа сум :-)… Да, имам ново момче… што и не е баш ново.. Мислам дека дадов исцрпен одговор!!!

Здраво: Кој е твојот следен предизвик?

Катарина: Да стапнам на лудиот камен… но за едно 10 години :-)! Ме очекува многу работа, многу нови имиња, но рано ми е да откривам, тоа ќе го чувам за следна прилика. После филмот во Македонија се надевам дека и Холивуд ќе ме види некој ден, зошто да не?!

katarina-ivanovska-intervju-zdravo-sep-2011-1380 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 17:07
Катарина Ивановска за Madeleine Christmas

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 18:35

Кики ќе ја заменува Алесандра Амбросио!


Вчера во јавноста излезе многу голема вест, како за самата Катарина Ивановска, така и за целата македонска јавност. Имено, нашата најуспешна манекенка потпиша договор со модната куќа Victoria’s Secret и официјално стана првиот македонски „ангел“.

Она што сега го откривме е дека Кики всушност ќе ја заменува прекрасната Алесандра Амбросио. Бразилската бомба, која е бремена со второ дете, наскоро ќе оди на породилно отсуство, а атрактивната Македонка е избрана за нејзина замена.

- По четири години напорна работа и одење на кастинзи, мислам дека на луѓето од Victoria’s Secret им здосади постојано да ме одбиваат, па на крајот мораа да ме ангажираат. Првиот пат направив едиторијал за нивниот каталог за долна облека. За среќа, им оставив добар впечаток, па од тогаш ме земаат и за посериозни ангажмани, изјави Катарина во едно интервју минатата година.



Сметаме дека Алесандра се здоби со сериозна конкуренција и едвај чекаме да ја видиме Кики на спектакуларните ревии заедно со најпознатите манекенки, како Адријана Лима, Каролина Куркова, Миранда Кер, Кендис Сванепоел и тн. Убаво лице, специфична убавина, идеално тело и многу сексапил во едно е формулата за влез во Victoria’s Secret. Погледнете ги фотографиите и воочете зошто токму Ивановска е избрана од модната куќа која претставува најголем престиж за секоја светска манекенка.


http://www.idividi.com.mk/stil/woman/740387/index.html




Изменето од Santijago - 13.Јануари.2012 во 18:36
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 18:58

Катарина Ивановска со уште еден престижен ангажман

Идивиди открива дека нашата најуспешна манекенка, Катарина Ивановска, која стана првиот македонски „ангел“ на Victoriа’s Secret, доби уште еден престижен ангажман.

Станува збор за познатата модна куќа H&M за која Кики ја презентира новата колекција пролет/лето 2012.

Во ова можете лично да се уверите доколку кликнете тука, а во продолжение погледнете како македонската манекенка успешно гази во светската модна иднустрија.



Изменето од Valerija - 25.Јануари.2012 во 18:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2012 во 11:42
Катарина Ивановска во каталогот за долна облека на " Nordstrom "

Катарина Ивановска го краси априлскиот каталог за долна облека на престижниот ланец на продавници „Nordstrom“.

Убавата манекенка и актерка позира заедно со згоден партнер во секси и забавна долна облека од брендови како Calvin Klein, DKNY, Michael Kors, Hanky Panky и Panache.

Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom Катарина Ивановска за Nordstrom

Популарната 23-годишна Македонка постојано го збогатува своето и така големо портфолио, соработувајќи со видни модни куќи и брендови, а ние со огромна љубопитност очекуваме да го видиме секој нејзин нареден проект.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2012 во 07:32
Катарина изгледа го ќари бившиот на Каролинчето ... 
Ама ич не си личат, смешно ми е кога машкото е пониско од женскотоне зборувам


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2012 во 17:43
А кој е овј пекинезер уствари?
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Aureus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2012
Статус: Офлајн
Поени: 108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aureus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2012 во 04:00
Некој нарко бос, фенси цури сакаат алфа мажјаци.

Инаку, оваа Катенце воопшто не ми е привлечна, ниту женствена, фаца ми нема некоја занимлива, некој интересен склоп на црти.

Само пофалба, меѓу ретките манекенки со гради. Је-је Македонијо!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2012 во 16:43
Да, да широкоградна е, нема замерка...хи, хи...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 01:45
Што да кажам за неа..........уф
па погоре со таласиве каква е медена леле леле
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 12:48
Нова фотосесија на македонската дива Катарина
Погледнете ги најновите фотографии на нашата прекрасна Катарина Ивановска кои се снимени за најновата зимска колекција 2012-2013 за производителот на долна облека Yamamay Lingerie




 
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2013 во 08:15

ФОТО: Катарина Ивановска за Shopbop


Катарина Ивановска позираше за онлајн продавницата за брендирана облека Shopbop. Успешната 24-годишна манекенка го разубави каталогот на глобалната компанија за автентични дизајнерски креации.

На фотографиите привлечната Македонка носи облека од светски познати брендови како alice + olivia, Monrow, Parker и So Low, костими за капење од Milly, Splendid, Thayer, Zinke и Kushcush и долна облека од Calvin Klein, Elle Macpherson Intimates и Stella McCartney.

Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска
Катарина ИвановскаКатарина Ивановска

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,280 секунди.