IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Настани што ја обележаа 2011
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Настани што ја обележаа 2011

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:04
Фебруар

1 февруари 

- Околу 23 илјади евра украдени од експозитура на Стопанска банка во трговскиот центар Алуминка во скопски Карпош вчера од страна на засега непознато лице.
- Владата го продолжи рокот за поднесување барања за откуп на дворното место по едно евро за метар квадратен до 31 декември 2012 година
- Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман информира дека привремено ќе бидат прекинати активностите околу објектот на Скопската тврдина Кале за, како што вели, да се разјаснат нејаснотиите околу проектот.

2 февруари

- Европската инвестициска банка и одобри 130.000.000 евра на Република Македонија за изградба на  дел од автопатот на Коридор 10, односно патниот правец Демир Капија – Смоквица.
- Уставниот суд на денешната седница укина две одредби од Законот за градење со кои се предвидува одземање на градбата и земјиштето доколку таа во еден дел излегува надвор од одобрението за градење и пренесување во сопственост на државата, како и плаќање пенали врз основа на решение на градежен инспектор.

3 февруари

- Пратениците денеска во рамки на 135. собраниска седница ги поддржаа измените и дополнувањата на Законот за лустрација во прво читање.

4 февруари 

- Одбележување 139 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев
- Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите поднесени од адвокатите на осомничените во случајот „Пајажина“ за одлуката на истражниот судија да им го продолжи притворот во Истражниот затвор Шутка.

5 февруари

- Британската влада беше и ќе продолжи да се ангажира со високи грчки политички функцинери, за да ја охрабри Атина да биде пофлексибилна во нејзината позиција кон прашањето  на името на Македонија, открива Викиликс, обелоденувајќи детали од доверливата телеграмата што американската амбасада ја има испратено во април 2008 година, од Лондон во Вашингтон.
- Осумгодишно дете  почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од пандемскиот тип на грип А (Х1Н1), а кое претходно боледувало од од церебрална парализа.

6 февруари 

- Владата усвои пакет закони со кои се намалува постапката, времетраењето и трошоците за одобренија за градење

7 февруари

- Лидерска средба кај претседателот Иванов

8 февруари 

- Иванов-Клаус: Чешката Република ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ 
- Избирачкиот список е целосно прочистен и е сосема функционален
- Ахмети: Не е добро да се оди на избори без опозиција 
- Радиодифузната такса ќе треба да се плати до 15-ти во месецот, за секој ден доцнење ќе се наплаќа камата
- Склучени 4.360 договори за закуп на 130.100 хектари државно земјоделско земјиште 
- Основен суд Скопје 1 ги уважи жалбите на А1 телевизија за блокираните банкарски сметки

9 февруари  

- Бан Ки-мун ги повикува Атина и Скопје да покажат добра волја и брзо - Иванов: Македонија сака решение за името веднаш 
- Наумовски и Милошоски во Брисел на промоција на група на пријатели во Европарламентот 

10 февруари  

- Нимиц не даде нов предлог за името 
- Македонија веднаш да почне преговори со ЕУ, клучна порака од Нацрт-резолуцијата во Европарламентот 
- Промовирана групата на европратеници - „Пријатели на Македонија“
- Груевски: Опозицијата бара избори, а моли бога да не добие
- Министерот за правда веќе нема да биде член на Судскиот совет, владејачката партија поднесе предлог за нови уставни измени
- Скопскиот Основен суд го потврди куќниот притвор за двете обвинети од „Пајажина“
- Од Германија депортирани 60 македонски државјани

11 февруари 

- Груевски: Сценариото на опозицијата е да не се враќа во Собранието, да не дозволи предвремени избори и да продуцира проблеми 
- Уште еден починат од грип
- Посвојувањето деца отсега по електронски пат
- Дигитализирани сите изданија на Службен весник - од 1945 до денес 
- Инцидент на скопско Кале околу изградбата на сакралниот објект

12 февруари 

- Груевски: Измените на Уставот се за да се поправи грешката направена од предходната власт
- Здружението на припадниците на безбедносните сили „Бедем“ го осуди рушењето на црквата на Калето во Скопје
- Притворен поранешниот генерален директор на АД „Бетон“ - Битола

13 февруари 

- На скопско Кале повредени осум лица
 - Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2011 
- Во австралискиот Парламент формирана интер парламентарна група за пријателство со Македонија

14 февруари

- Православните верници го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин
- Вељаноски ја повика опозицијата да учествува на денешната координација 
- Повторно блокирани сметките на 10 правни субјекти од случајот „Пајажина“
- Вељаноски: Црвенковски да ги пушти пратениците во Собрание
- Тодоров ги претстави измените на законите за основно и за средно образование 

15 февруари 

- Артан Груби суспендиран од работа во Холандската амбасада поради инцидентот на Кале.
- Премиерот Груевски во работна посета на Вашингтон 
- Од експлозија во Кочани уништен „мерцедес“ со бугарски регистарски таблици 
- Почина 39-годишен пациент со потврден грип А (Х1Н1)
- Идентификувани 30 -тина лица учесници во немирите на скопското Кале
- Врачени годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија, кое прослави 64 години постоење 
- Антикорупциска утврди можни неправилности во работењето на заменик-министерот за култура

16 февруари 

- Груевски во Вашингтон на средби со Бајден и Клинтон
- Презентирана Претпристапната економска програма 2011- 2013 
- Опозицијата не се појави и на денешната координација, Вељаноски испрати отворено писмо до Црвенковски
- Авиокомпанијата „Виз Ер“ на македонскиот пазар со евтини летови на релација Скопје-Лондон
- Промовиран „Договорот од Лисабон“ преведен на македонски јазик
- Борис Трајанов со концерт го прослави својот 25-годишен јубилеј 

17 февруари 
- Името и реформите во фокусот на разговорите на Груевски со Бајден и Клинтон
- Стопанската комора на Македонија одбележува 89 години постоење
- МПЦ преку денационализација поврати атрактивно земјиште во Свети Наум

18 февруари

- МИА одбележа 19 години од основањето
- Собранието ги отвори уставните измени за Судски совет, опозицијата не се одзва на апелот на Вељаноски
- МТСП и СОНК потпишаа Колективен договор за вработените во јавните установи за згрижување деца
- Груевски го повика Црвенковски на избори

19 февруари 

- Конференција за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ во Париз
- Заедниците кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот бараат да бидат застапени во пописните органи

20 февруари 

- Конкурс на МОН за кофинансирање проекти за технолошки развој 
- Министерот Милошоски во прва официјална посета на Перу 
- Јанкулоска: Насилството не може и не смее да се толерира
- Премиерот Груевски го повика Црвенковски на избори

21 февруари 

- Средба на премиерот Груевски со европратеникот Кукан
- Скопското обвинителство поднесе барање за истражни дејствија против 41 лице за настаните од скопското Кале
- Извршен грабеж во спортска обложувалница на „Партизанска“

22 февруари 

- Груевски го повика Црвенковски на фер избори во најкус можен рок 
- СДСМ останува надвор од Собранието до исполнување на условите за предвремени избори
- МНР предупреди да не се патува во Либија и формира координативно тело за евакуација на македонските граѓани
- ССМ, КСС и УНАСМ потпишаа меморандум за синдикална соработка
 - Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје 

23 февруари 

- Претседателот на ДИК Новаковски поднесе оставка 
- Собранието ги донесе измените на законот за лустрација 
- Почнува легализацијата на дивоградбите

24 февруари

Отворен Стоматолошки клинички центар при Европскиот универзитет

25 февруари

Објавен оглас за нови 44 мали хидроцентрали
Потпишан договор за заем со Дојче Банка од 16 милиони евра за главниот транспортен систем за јаглен од Брод-Гнеотино до Суводол
Презентирана нова интернет апликација Е-шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности

26 февруари 

- Одбележана седумгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски 
- Промовирани 15 нови книги од проектот „Превод на 1.000 книги“
- Со турски брод евакуирани 30 македонски државјани од Либија

27 февруари 

- Доделени 125 стипендии за најуспешните студенти по информатика 
- Груевски: И покрај блефовите на Црвенковски избори ќе има 

28 февруари 

- Груевски: Во 2008 прифативме предлогот за името на Нимиц да биде ставен на референдум
- Исплатени средствата за субвенционирање на енергетската потрошувачка
- „Медиум“ нов средношколски весник
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:04
Хронологија на настаните во 2011,мислам дека е добро да ги има на форумот:

Јануари

МИА РЕТРО 2011

МИА РЕТРО 2011
1 јануари

- На Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје една минута по полноќ, се роди девојче, прво во Новата година. 
- Документите за увоз на производи од животинско потекло се вадат на граничните премини, а не како досега во Ветеринарната управа. 
- Нула царина за автомобилите, облеката, машините, козметиката..., со потекло од ЕУ

2 јануари

- Почна примената на Законот за спречување и заштита од дискриминација со кој се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и на помагање во дискриминаторско постапување.

3 јануари

- Обвинителството во Бон и стави крај на истрагата против првиот човек на Дојче Телеком, Рене Оберман, осомничен за корупција во Македонија, поради немање доволно докази против него.

4 јануари

- Софискиот апелациски суд го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски.
- Министерствата за одбрана и за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува професионалните војници на кои ќе им престане службата во АРМ со навршени 38 години возраст да можат со низа бенефиции кои им се нудат полесно да се вклопат во цивилниот живот.

5 јануари

- Тутунопроизводителите од Пелагонија го блокираа меѓународниот патен правец којшто води кон Република Грција на граничниот премин Меџитлија. 
- Владата донесе одлука по едно евро од метар квадратен да можат да се легализираат индивидуалните нелегални градби и дивоизградените објекти.

6 јануари

- Тутунарите од пелагониско излегоа на протест со блокада на патот Прилеп-Битола кај Тополчани и на патниот правец Прилеп-Кичево кај месноста Барбарас.

7 јануари

- Православните христијани во Македонија го слават Рождеството Христово

8 јануари

- Одбележување на дваесетгодишнината од конститутивната седница на првото плурално Собрание на Република Македонија. 

9 јануари

- Протестите на тутунарите продолжуват. Блокиран е железничккиот премин кај Гостиражни и патот кај селото Дебреште во Долнени. 

10 јануари

- Собранието на Република Македонија одржа седница на која беше одбележана 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница по завршувањето на првите повеќепартиски избори во независна и суверена Република Македонија, одржана на 8 јануари 1991 година.
- Управата за финансиска полиција соопшти дека од запечатените магацински простории користени од дел од фирмите регистрирани на улицата „Перо Наков“ е изнесена обемна документација.

11 јануари

- Оружје, муниција и рачни бомби се пронајдени во домот на А.К. (56) од селото Октиси, при претрес на Криминалистичката полиција од Струга.
- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши првата исплата на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.
- Новинари на А1 Телевизија се појавија пред јавниот обвинител и пред истражниот судија во Основниот суд Скопје 1 каде одговараа на прашања за полициската акција „Пајажина“.

12 јануари

- Одбележување на тригодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 мировници од АРМ.
- Тутунопроизводителите од Пелагонискиот регион го запреа сообраќајот во двата правци и го блокираа граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница.

13 јануари

- Во извештајот на Фридом хаус „Слободата во светот 2011 - „Авторитарни предизвици за демократијата“ Македонија според нивото на демократија во 2010-та, е во групата на делумно слободни земји, односно на истото ниво како и претходната година.

14 јануари

- Претставници на тутунарите од Прилепско, Долнени и Тополчани на средба со координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија за актуелните проблеми со откупот на тутунот.
- Претседателот Ѓорге Иванов на неговото височество Ото фон Хабсбург, син на Карло Први, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург му е додли Орден за заслуги за Македонија.
- Зимбабве ја призна Република Македонија под уставното име.

16 јануари

- Центарот за светска класа универзитети од престижниот Џаотонг универзитет од Шангај избран да ги  рангира акредитираните јавни и приватни високообразовни институции во Македонија.

17 јануари

- Дванаесет Македонци евакуирани од Тунис.
- Здружението на новинари на Македонија ја повлече тужбата против новинарот Драган Павловиќ - Латас, а на барање на Здружението повлечени се и тужбите против новинарите Ивона Талевска и Миле А. Ристевски поднесени од Љупчо Палевски и Александар Маниќ. 

18 јануари

- Собранието на Република Македонија по барање на опозицијата ја одржа 136. седница со единствена точка на дневен ред -Информација за состојбите со откупот на тутунот.
- Владата на Боливија одлучи во билатералната комуникација со Република Македонија во иднина да го користи уставното име на државата.
- Судскот процес за потонувањето на бродот Илинден во водите на Охридското Езеро повторно е одложен поради непојавување на второобвинетиот Бранко Баиќ пред Основниот суд во Охрид.
- Пред Собранието дојде до мал инцидент кога група тутунари се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се упати кон влезот на Парламентот. 
- Македонската полиција во соработка со полициските служби на СР Германија и СЕКИ центарот од Букурешт пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин 

19 јануари
- Православните верници го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици.
20 јануари
- Бордот директори на Меѓународниот монетарен фонд ја одобри отворената кредитна линија за Македонија во износ од 480 милиони евра. 

21 јануари

- Претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани во Јасен разговараа за надворешно-политичките приоритети на Македонија, со акцент на интеграциите во НАТО и ЕУ и спорот за името. 
- Истражниот судија од Кривичниот суд Скопје им ја продолжи мерката притвор на 14 осомничени за случајот „Пајажина“, меѓу кои и на бизнисменот и сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски. 
- Министерот за образование Никола Тодоров и извршниот директор на Центарот за светска класа универзитети од престижниот Џао Тонг Универзитет од Шангај Јинг Ченг потпишаа Договор за рангирање на универзитетите во Република Македонија.

22 јануари

- Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Приштина присутвуваше на примопредавањето на првиот сектор од македонско-косовската граница од страна на припандиците на КФОР под контрола на косовските полициски службеници. 
23 јануари
- Во Клиничката болница во Штип промовирана новата медицинска опрема во вредност од околу пет милиони евра. 

24 јануари

- Претседателот Ѓорге Иванов постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија на Тодор Проески. 
- Собраниската Анкетна комисија задолжена за расчистување на околностите во кои се случи инцидентот во Парламентот на 1 јули минатата година продолжи со работа со сослушување на потпретседателите Јани Макрадули и Светлана Јакимовска.
- Владата на Сојузна Република Германија го потпиша Договорот за ослободување од двојното оданочување со Република Македонија.
- Македонскиот претставник во разговорите за прашањето за името со Грција  амбасадорот Зоран Јолевски е во Скопје на консултации со државниот врв, во пресрет на средбата со посредникот на ОН Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк. 

25 јануари

- Македонскиот Парламент со 90 гласови за и ниту еден против или воздржан донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, а од Владата како подносител на предлогот побара да изготви нацрт амандман или амандмани за уставни измени. 

26 јануари

- Владата на Република Македонија донесе одлука за вработување 200 доктори по медицина, 60 медицински сестри и 20 рендген и лабораториски техничари во сите јавни здравствени установи во државата.
- Основниот суд Скопје 1 му изрече 12-годишна затворска казна на кумановецот Бајруш Сејдиу за кривично дело „перење пари и насилство“, за случајот „Пепел 2.

27 јануари

- Македонците во Албанија ќе го бојкотираат претстојниот попис во април годинава бидејќи Албанскиот институт за статистика не ги прифати барањата за посебна графа за националност Македонец во пописниот формулар, најави претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција Едмонд Темелко. 
- Пристигнаа пет од вкупно 84-те автобуси што ги изработува украинскиот производител „ЛАЗ“, а се дел од владиниот тендер за набавка на автобуси за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. 
- Две лица починати од грип на Инфективната клиника, едно од А(Х1Н1)
- Министерот за одбрана Зоран Коњановски поднел тужба против членови на партијата Обединети за Македонија кои го обвинија дека поседувал непријавен имот.
-Блокирани сметките на 11 фирми на „Перо Наков“ бб.

28 јануари 

- Пет комопании со Министерството за економија потпишаа договори за изградба на 12 мали хидроцентрали од четвртиот јавен оглас за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.
- СДСМ го напушти Собранието и нема да учествува во неговата работа, а тоа го најавија и ЛП и Нова Алтернатива

29 јануари

- Заврши рокот, над 100 илјади барања за откуп на дворните места за едно евро за метар квадратен поднеле граѓаните до Управата за имотно - правни работи.

30 јануари

- Нова Демократија нема да учествува во работата на Собранието, одлучи Централниот совет на партијата на вонредна седница.

31 јануари

- Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги повика на координација потпретседателите на Парламентот и координаторите на пратеничките групи, вклучувајќи ги и опозициските кои обавија дека нема да учествуваат во работата на законодавниот дом.  
- Претставници на опозициските парламентарни партии кои објавија дека нема да учествуваат во работата на Собранието, и покрај повикот на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски, не дојдоа на координација во неговиот кабинет.
- Судскиот совет на Република Македонија на седница едногласно ја избра Љупка Арсениевска за нов претседател на Апелацискиот суд во Скопје.
- Бугарската полиција го уапси сопственикот на печатницата во Благоевград каде што се печати „Македонски глас“, весникот на партијата ОМО Илинден Пирин, јави ТВ „Сонце“. 
- Маскирани лица вооружени со ножеви, шипки и други предмети, влегоа во средното хемиско училиште „Марија кири Склодовска“ и повредија еден професор и неколку ученици.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:26
Tie nikogash nema celosno da bidat resheni.

Sekogash nasekade postojat i kje postojat nezadovolni lugje. Toa e chovechkata priroda i toa e neddeliv element na sekoe opshtestvo.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:14
Месенџер кога ги видов настаните можем да кажам дека 2011 навистина била убава година за Македонија. Секако секојдневните проблеми на огромен број граѓани остануват но тоа не се решава во една година. 

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:05
Bravo za temava!   


Nashiov narod treba da se potsetuva i na pozitivnite neshta vo izminatata godina.







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 15:00
Работата на секој поединец во рамки на неговите можности е да ја промовира Македонијам според мене колку повеќе не промовират спортисти, пејачи, глумци, музичари, архитекти, научници толку сме поблиску до едно здраво општество. А тоа резултира со политички углед кај другите земји. Добар пример за тоа е Хрватска која има многу висок политички углед во Европа и Светот токму поради успесите на нивните спортисти ако останеше на Косор и Санадер да ги промовират веројатно многу попознати ќе беа по криминалот отколку како една успешна земја. 
А дека спортот е добар политички промотор покажува председателот Иванов кој веќе поклони дресови од Македонската репрезентација на неколку европски политичари.
Но со оглед на тоа дека оваа година извојувавме и позитивна пресуда за нас во Хаг неможе да се каже дека и политичарите спиеле. Имавме и неколку важни инвестиции.
Она што мене најмногу ми недостаува се посериозни инвестиции во инфраструктурата и енергетиката. 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:43
Да, ама спортските достигнувања се бројат во спорт. Промоцијата на Македонија е во заден план. Работа на владата е да ја промовира РМ а не на спортистите. Секое спортско достигнување е еден вид на промоција. Но не е политика.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:41
Спортот не е политика но е промоција на Македонија на надворешен план што на крај на краевите пак е поврзано. Куќата на Тоше не е политика но е направена по иницијатива и со средства од министерството на Култура. Инаку во 2011 ни се случи и музејот на македонската борба за независност и самостојност, што според мене е еден многу важен објект од историски, образовен и културен аспект. 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:36
Штета што спортот не е политика. Ќе можевме да се пофалиме со убави настани.


И спомен куќата на Тоше не е политика.....



Ама да се рече..дека имало убави работи смеење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 14:19
Среда, 28 Декември 2011 15:21
Сподели166
Споделете ја веста со Вашите пријатели

На прагот на 2012 година, годинава која изминува ја заклучуваме како успешна година за Република Македонија.

opsta.jpg-500

Во 2011 Македонците беа сплотени и силни, радосни и горди, го вееја македонското знаме, ја пееја македонската химна. Курир направи анализа на најубавите работи кои и се случија на Македонија во 2011 година.

10. Гордост на македонското карате

natasa-ilievska-.jpg-500

- Во 2011 година Македонија го одбележа најголемиот карате успех. По освојувањето на сребрениот медал на финалниот турнир на Премиер лигата во карате, одржан во Салцбург, Наташа Илиевска ја завршува оваа година како најдобра каратистка во светот. На светскиот врв во нејзина категорија, Наташа го крена македонското знаме.

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои првото место во дисциплината борби на Европското првенство во Израел и со тоа се закити со титулата европски шампион.

9. Нови и модерни автобуси во Скопје

avtobusi.jpg-500

-Нови и модерни нископодни и двокатни автобуси пристигнаа во Скопје. Со удобни седишта, климатизирани, пријатна атмосфера за патување, поголема сигурност. Новите автобуси со голем број бенефиции тргнаа по улиците низ скопската метропола. Патниците се среќни и задоволни, а возачите минаа посебна обука. Додека модерните автобуси минуваат низ улиците, целиот град доби поубав лик.

8. Нови инвестиции кои отвораат работни места ширум Македонија

fabrika.jpg-500

-Македонија во годинава која изминува привлече голем број на странски инвестиции. Најпознати светски влијателни компании поставија камен темелници за изградба на фабрики во земјава. Американската „Џонсон контролс“, британската „Џонсон Мети“, италијанската „Технокозе“, американската „Кемет електроникс“,  руската компанија „Продис“, дел од фармацевтскиот холдинг „Протек груп“,германската компанија „Кромберг и Шуберт ГмбХ“. Секоја од нив вложува пари во Македонија, а ќе вработува наши граѓани.

7. Реконструкција на улици и булевари

kruzen.jpg-500

-Градежна експанзија се реализира во Скопје. Градот се гради и доби нов лик. Булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, улицата Илинденска прерасна во булевар, се обновија булеварите Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу и Васил Аџиларски.Се обновија и Партизански одреди.

Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов прерасна во модерна  сообраќајница. Спроти Католичката црква, Скопје го доби еден од најмодерните круни текови во регионот. Овие и низа други улици и булевари со својот модерен и нов лик, ја разубавуваат глобалната слика за главниот град на земјава. Сообраќајот доби поинаква приказна, нервозата кај возачите исчезна. Во модернизацијата на Скопје, рекострукцијата на улиците одигра важна улога.

6. Македонија ја прослави 20-годишнината од независноста

nezavisnost.jpg-500

-На 8. септември Македонците се сплотија во едно. Како никогаш досега, водени единствено од љубов кон татковината граѓаните масовно излегоа на скопскиот плоштад за да ја прослават 20-годишнината од независноста на Македонија. Под мотото „Заедно под едно сонце“, Македонците со силни емоции и среќа ја покажаа гордоста и љубовта кон татковината. Прославата за 20-годишнината на Македонија имаше космополитска димензија и мисија, конечно обединување на сите граѓани без разлика на нивната вера и националност, вистинско обединување за просперитетна и долговечна Македонија. Согледувајќи ги впечатоците од прославата, со сигурност се заклучи дека успеавме во мисијата.

5. Спомен куќата на Тоше- најдобар објект во светот

spomen-kuka-500

-Спомен куќата на ликот кој со сигурност е најубаво нешто што и се случило на земјава, Тоше Проески, доби престижно и значајно признание. Спомен куќата на нашата икона е прогласена за најдобар објект во целиот свет. Светската јавност по електронски пат имаше можност да гласа на веб страницата на „Open buildings“.Токму меморијалниот центар на Гумење во Крушево, во конкуренција на многу прекрасни градби од целиот свет, го освои првото место со вкупно 15.078 гласови.

4. Македонија доби најмодерен аеродром на Балканот

aerodrom.jpg-500

По целосната реконструкција на скопскиот аеродром „Александар Велики“, земјава може да се пофали дека го поседува најмодерниот аеродром на Балканот. Десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно, скопскиот аеродром со сигурност е најдоброто „добредојде“ за странците во посета на земјава.

3. Грандиозниот „Воин на коњ“

konj500

Во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија беше поставен грандиозниот споменик „Воин на коњ“. Вистински симбол на историјата, а сепак голема и модерна атракција.Со фонтаната која тече во ритамот на музиката, со совршеното осветлување и со голема моќност, овој споменик ги сплоти Македонците кои никогаш почесто не го посетувале плоштадот. Странците во посета на земјава, кај споменикот седнуваат да одморат и да уживаат, да се фотографираат со него. Околу фонтаната поставени се осум војници кои се високи по три метри, а се изработени од бронза. Целиот амбиент е збогатен со осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната. Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Грандиозниот споменик кој ја разбуди светската јавност е една од најубавите работи кои и се случиле на земјава во поново време, бидејќи ја симобилизира далечната, а ја поттикнува новата историја.

2. Правна победа на Македонија над Грција

sud.haf500

- Хаг ја објави пресудата, во врска со тужбата која што ја покрена Македонија против Грција во 2008 година. Македонија, по одлуката на Меѓународниот суд на правдата, освои правна победа врз Грција. „Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008“. Оваа пресуда како признание за правното декствување беше прифатено во Македонија. Пресудите од Хаг се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот. Грција ја прекрши времената спогодба, а Македонија во ниту еден момент не го сторила тоа. Немаше рамнодушен на ваквата пресуда, но никој не се посомнева во нејзината релевантност и во значењето на истата. Медиумите од регионот, како и сите светски медиуми осамнаа со насловите „Хаг пресуди во корист на Македонија“.

1. Кошаркарскиот успех кој ја обедини Македонија

kosarkari.jpg-500

Македонските кошаркари го освоија четвртото место на Евробаскетот. Секој натпревар за Македонија беше од големо значење. А наместо трофеј, добивме многу повеќе.

Момците на паркетот во Литванија се бореа со лавовско срце, а секоја нивна победа го растреперуваше секое макеодонско срце. Секој постигнат кош доби аплауз, секоја победа доби прослава која го сплоти целиот народ. Влезот во полуфиналето предизвика вистинска еуфорија. Светот ја запозна силната македонска страна, земјите слушнаа која е Македонија. Македонците беа погорди од било кога. Заедно славевме, заедно се радувавме. И сакавме кошаркарите да дознаат за тоа. Масовниот пречек беше вистински начин да им покажеме дека тие и нивниот успех се најубавото нешто што и се случи на Македонија.

skopje6-500


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/55186-Top-10-najubavi-raboti-koi-i-se-slucija-na-Makedonija-vo-2011


Ова се 10 те најдобри настани според Курир. За мене најголем настан е Европкото Првенство во кошарка. 


Четврток, 29 Декември 2011 16:25
Сподели5
Споделете ја веста со Вашите пријатели

По вчерашната статија „Топ 10 најубави работи кои и се случија на Македонија во 2011“, Курир објавува анализа на најлошите работи со кои Македонија се соочи во годината која ги троши последните денови.

10.Скандал во Европскиот парламент. Шацимаркакис избрка македонски новинари

skandal.jpg-500

Скандал и инцидент се случи на панел дискусијата во Европскиот парламент, каде се дебатираше за состојбите во македонското новинарство. Европратеникот со грчко потекло Шацимаркакис, буквално избрка македонски новинари од салата. Додека ги туркаше од салата, откако не им даде право на збор, Шацимаркакис им се обрати со навредливиот збор „малака“.

9.Опозицијата ги напушти собраниските клупи и го бојкотираше Законодавниот дом

sobranie.jpg-500

Во месец јануари, опозицијата предводена од СДСМ одлучи да го бојкотира законодавниот дом. Откако нивните пратеници го напуштија Собранието, наместо да ја вршат должноста за која се избрани, партиите од опозицијата го бојкотираа Собранието. Не присуствуваа на гласањето за закони кои се од важност за целиот народ.

8.Многубројни случаи на педофилија во земјава

pedofilija.jpg-500

Голем број на сексуални злоставувања на деца од страна на возрасен, беа регистрирани во земјава минатата година. Јавноста беше потресена од информациите дека најчесто малолетните деца се жртва на некој од нивното опкружување. Родители, роднини, соседи и професори сексуално злоставуваа деца. Се претпоставува дека бројот на деца-жртви е многу поголем од оној кој се прикажува, поради стравот и срамот кај нив.

7. Инцидент на скопското Кале

kale.jpg-500

Меѓу две групи кои протестираа на Кале изби сериозен инцидент.Едни ја бранеа црквата, други беа против нејзина изградба. Ва масовната тепачка неколкумина беа повредени, дел од нив се здобија со сериозни повреди. Албанските екстремисти на чело со политичкиот советник на холандската амбасада Артан Груби нападнаа малолетници, по кои удираа со се што се најде пред нив. Во инцидентот учествуваше и заменик-министерот за внатрешни работи, Џевад Бучи.

6.Згасна А1 телевизија

a1tv.jpg-500

Првата приватна телевизија во Македонија, А1 на Велија Рамковски отиде во стечај. Поради огромниот долг на нејзиниот газда, телевизијата замина во историјата. А1 остана со долгови кон УЈП по основ неплатен данок. Против сопственикот Рамковски и 23 други лица вработени во телевизијата, се води судска постапка во случајот „Пајажина“.

5.Голем број Македонци ги загубија животите во странство

makedonka.jpg-500

Македонка застрелана во Флорида, Македонец и Македонка убиени во Австралија.Македонка се удави во Индиски океан. Сопружници загинаа во сообраќајна незгода во Србија. Македонски легионер загина во бизарна сообраќајка.

Ова се само дел од насловите со кои медиумите известуваа за тоа како Македонци ги губат животите во странство. Десетици наши граѓани загинаа надвор од нашата земја, само во текот на годинава која изминува.

4. Македонија на 103-то место на листата на ФИФА

makedonija_fifa

Нашите најдобри фудбалери на последната листа на ФИФА паднаа за цели десет места и веќе не се дел ниту од првите 100 светски репрезентации. Македонија на последната листа на ФИФА се најде на 103-то место Сега, фудбалската репрезентација на Македонија не може веќе да се „пофали“ со тоа дека е во друштво на Уганда, Катар, Боцвана или Нигер на листата на ФИФА. Сега друштво ни прават репрезентации како Бахреин, кој е на 102. место, Кувајт (100) и Мозамбик, кој е 105-ти.

3.Изоставувањето на „македонски“ од извештајот на ЕК

izvestaj.jpg-500

Извештајот на Европската Комисија за земјава беше испратен без придавката „македонски“. Во него Македонците беа „важиот народ“, македонскиот јазик беше изговаран и напишан како „вашиот јазик“. Таквото изоставување на нашиот одентитет наиде на голема изреволтираност од страна на Македонците.  Еврокомесарот Филе се правдаше- не станувало збор за игнорирање на идентитетот туку за воспоставена практика. Македонците масовно со спротивставија на ваквиот чин и во знак на револт испратија десетици писма кои симболизираа протест. Од многу граѓани, актери, спортисти, уметници, академци...потпишан беше и Манифестот на Македониумот.

2.Почина Гоце Арнаудов

goce.jpg-500

Почина големата македонска музичка легенда, големиот македонски патриот, Гоце Арнаудов. Пејачот ја изгуби битката со ракот од кој се лекуваше на клиника во Франција. По Арнаудов тагуваше цела Македонија, а во неговата родна Струмица беше прогласен ден на жалост. Арнаудов зад себе остави многу хитови по кои ќе се помни и спомнува неговата големина како човек и како уметник.

1.Смртта на Мартин Нешковски

neskoski-.jpg-500

22-годишниот Мартин Нешковски беше убиен на скопскиот плоштад во јуни годинава. Осомничениот Игор Спасов, припадник на Тигрите, сам и се пријави на полицијата. Во судскиот процес кој се води против него се расчистуваат околностите, сведоците се контрадиктони, исказите се менуваат. Младо момче трагично го загуби животот под сомнителни околности. Смртта на Мартин Нешковски е најлошата работа која и се случи на Македонија во 2011-тата.


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/55330-Top-10-najlosi-raboti-koi-i-se-slucija-na-Makedonija-vo-2011



Изменето од kultuzin - 29.Декември.2011 во 20:51
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.