IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Настани што ја обележаа 2011
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Настани што ја обележаа 2011

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:45
јас би го замолила составувачот на темата како што се потруди да ни ги приложи овие прекрасни работи за нашата држава , да се потруди да ги преброи и оние не така светлите мигови,па да сумираме на крај
нели е крај на година,време за сумирање на резултатите
па да преброиме добри и лошо
немам ништо против да се истакне што е добро
имаше и добри работи,не велам не
ама имам аверзија кон овие километарски фермани кои секојдневно ми се поттураат под нос како некакви си успеси,а од друга страна трагикомиката со која секојдневно се судираме НИЕ обичните граѓани на оваа држава упорно се турка под тепих
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:44
А список има ли?


Пракса во минатите години беше да се помилуваат и лица кои не направиле баш ситни кривични дела.

Затоа се изнасмеав на тоа
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:41
Тоа е пракса во сите држави. Најчесто се работи за луѓе кои направиле ситни прекршоци за прв пат. 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:39
28 декември

- Претседателот Иванов помилува 41 осудено лице.

Најубавото за на крајгазење од смеењегазење од смеењегазење од смеење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:15
Декември

1 декември 

- Македонија доби неповратни 36,9 милиони евра од ЕК за спроведување на реформите
- ТИ: Македонија 69-та меѓу 182 земји според индексот на корупција за 2011
- Одбележан Светскиот ден на борба против СИДА - Македонија доби 10,7 милиони евра за превенција
- Приведени 87 инкасатори на патарините од Табановце-Гевгелија, кривична пријава за 92 вработени во „Македонија пат“
- Почнува лустрацијата на новинарите, свештениците и политичарите
-  Кочанско откриени артефакти од 4.000 години пред нашата ера

2 декември 

- Со прикриен агент и преку компјутерскиот систем откриени инкасаторите кои присвојувале пари од патарините 
- Иванов: Ако имаме позитивна пресуда од Хаг, очекуваме тоа да се одрази и на Самитот на НАТО во Чикаго
- Регионалната конференција „Членството во ЕУ-уставни предизвици на земјите кандидати во ЈИЕ“
- Арифи: Македонија ќе бара скрининг од ЕУ од јануари

3 декември 

- Претседателот Иванов им додели стипендии „Борис Трајковски“ на 20 најдобри студенти 
- Приведени две лица за криумчарење мигранти

4 декември  

- Намален бројот на барања за азил од Македонија во Белгија 
- Поставен камен-темелник на новата административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ 

5 декември  

- Грција ја прекршила Времената спогодба, пресуди Судот во Хаг 
- Европската комисија ќе ја земе предвид одлуката на Судот во Хаг, но не ја коментира 
- Собранието ја ратификува Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност
- Собранието го избра Сашо Василевски за член на Советот за јавни обвинители
- Министерот Тодоров го почна петдневниот мониторинг на битолската клиничка болница 
- Запленети поголема количина екстази наменети за нарко пазарот во Македонија
- ЗНМ против закон за медиуми, претставен Акцискиот план за подобрување на состојбите со медиумите

6 декември 

- Презентирани инвестициските можности што ги нуди Македонија пред бизнисмени во Брисел
- Средба Попоски – Димас во Вилнус
- Иванов од амбасадорите на ЕУ побара примена на Времената спогодба и почитување на меѓународното право

7 декември

- Стејт департмент: Пресудата од Хаг да се искористи како поттик за решавање на прашањето за името
- Македонија и Грција да се посветат на дијалогот за решение на спорот, порачува официјален Париз
- Маковеј, Кукан и Кастлер: По пресудата од Хаг, Грција да ја тргне блокадата и Македонија да почне преговори со ЕУ 
- Новиот член на Антикорупциска Фарије Алиу даде свечена изјава во Собранието 
- Единаесет номинирани за наградата „Најдобар промотор на Македонија“ за 2011 
- Почина Гоце Арнаудов, доајенот на македонската народна песна 

8 декември 

- Кристиан Вигенин: Грција да и ја подотвори вратата на Македонија за членство во ЕУ
- Полицијата заплени 100 килограми висококвалитетна марихуана
- Самарас го одби предлогот за средба со премиерот Груевски 
- Цистерна со 24 тони нафта падна во провалија
- Српската Влада повика да не се поставуваат нови барикади, преминот 

9 декември 

- Ховит: Недоделувањето датум за почеток на преговори закана по кредибилитетот на ЕУ
- Македонија доби 60 милиони евра од ЕК за Коридорот 10 и за пречистителна станица во Прилеп 

10 декември 

- Претседателот Иванов на четвриот форум на Алијансата на цивилизациите во Доха
- Годишно собрание на ЗНМ: Доколку власта не се изјасни за декриминализацијата ќе се преиспита учеството во дијалогот
- Вкупно 57 претставки доставени до Комисијата за заштита од дискриминација во 2011 

11 декември 

- Осум банки ќе одобруваат кредити за граѓаните во рамки на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“
- Вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа во близината на Струга
- Доделени наградите за најдобар краток филм на тема „Заедно за училишта без насилство“

12 декември 

- Ставрески: Ќе се повлечат 23 милиони евра од кредитната линија од ЕИБ за помош на малите и средни претпријатија 
- Уапсен Јован Вранишковски 
- Маљас: Грција да се повлече од Времената спогодба

13 декември

- Собранието го поддржа Предлог - законот за минимална плата во прво - Во Амстердам претставени туристичките потенцијали на Македонија
- Финишираат подготовките за градење центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал
- Презентирана новата дата базата за евиденција на лица во социјален ризик
- Оливиер Ребелник: Со пресудата во Хаг Грција го загуби својот образ

14 декември 

- Заврши повторената постапка за убиството на српскиот турист во Охрид, пресудата ќе биде објавена в петок
- Потпишана Спогодба за заемни патувања за граѓаните на Македонија и Албанија 
- Груевски: Македонија е меѓу првите три земји во Европа со ниска задолженост, потврда и од ММФ
- Битолскиот музеј номиниран за европската награда „Луиџи Микелети“
- Уапсени 15 полицајци поради лажирани сообраќајни несреќи

15 декември 

- Иванов најави оти во иднина нема да прифати  извештај во кој македонскиот јазик и идентитет не се почитуваат
- Вицепремиерката Арифи во посета на САД
- Поддржани измените и дополнувањата на Законот за лекови, намалување на цените кај 1.299 лекови 
- Две компании со понуди за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ 
- Наградата „Дијалог“ за 2011 за писателот Ташко Георгиевски 

16 декември 

- Опозицијата бара попис во април 2012, предлогот на собраниска седница 
- Груевски по вторпат иницира средба со Самарас
- Во акцијата „Бришач“ можна е инволвираност на адвокат, доктори и осигурителни агенти
- Во МВР средба за спогодбата за минување на македонско-албанската граница со лични карти

17 декември 

-Промовиран проектот „Социјална патролна работа“

18 декември 

- Пуштен во употреба реконструираниот пат Зелениково - Ново Село
- Убиство на двајца сопружници во Трубарево 
- Гласање за избор на градоначалник во Сарај
- Македонците во Косово формираат политичка партија
- Општина Аеродром инвестира милион евра во изградба на воден парк

19 декември  

- Собраниска расправа за Предлог-буџетот за 2012 година
- Ставрески: Буџетот за наредната година содржи елементи на флексибилност и адаптибилност 

20 декември  

- Комисијата за надворешни работи на ЕП расправа за извештајот за напредокот на Македонија
- Заменик министерот за локална самоуправа го отвори состанокот на Заедничкиот мониторинг комитет на Македонија и на Грција
- Ховит: Итно, без дополнителни квалификации, да и се одобри на Македонија датум за почеток на преговори со ЕУ
- Нема да се поведе кривична постапка за хеликоптерската несреќа кај Блаце
- Во Брисел средба Попоски-Фуле

21 декември  

- Аиво Орав нов евроамбасадор во Македонија
- Македонија воспостави дипломатски односи со Намибија под уставно име
- Претседателот Иванов одликуваше повеќе лица со „Медал за храброст“
- Љубе Бошкоски јавно му се извини на премиерот Груевски
- Министерот Бесими го отвори реновираниот Воено медицинскиот центар на АРМ
- Клиниката за детска хирургија комплетно реновирана и опремена 
- Врачени наградите „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во новинарството и публицистиката 

22 декември 

- Патент на годината - пронајдокот на „Текон“
- Почнува реализацијата на инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“- ќе се вработат над 2.000 лица 
- Народна техника одбележа 65 години постоење 
- „Филип Втори“ и натаму во просториите на Градската општа болница „8 Септември“ 
- Усвоена Информацијата за спроведување на Законот за следење на комуникациите 

23 декември 

- Потпишан Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Франција 
- Почна реализацијата на „Купи куќа, купи стан“, апликациите до банките од 25 јануари 2012 година
- Собранието го изгласа Буџетот на Република Македонија за 2012 

24 декември 

- Грција останува на тврдата позиција ерга омнес 
- Самарас не сака и одбива средба со Груевски
- Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детското село

25 декември 

- Скопските бадникари традиционално ќе собираат бадникови гранчиња на падините на Водно
- Поставувен камен темелник на новиот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје

26 декември

- Манифестација „Црвен тепих за граѓаните” во Владата
- РКЕ предлага цената на струјата да се зголеми за 7 отсто, на парното за околу 11 отсто 
- Скопскиот џез фестивал одликуван со „Повелба на Република Македонија“
- Промовирани нови 17 наслови од владиниот проект за превод на 1.000 стручни книги

27 декември 

- Македониј и Србија потпишаа Протокол за соработка по повод ЕП во ракомет 2012 
- Регистриран прв случај на грип од типот АХ3Н2 во Македонија 
- Владата го презема спроведувањето на проектот „Мозаик“ за мешани етнички групи во детските градинки 
- Со Декларација Македонците од Мала Преспа бараат враќање на националноста
-  Француски легионер со македонско потекло загина во сообраќајка на Корзика

28 декември

- Претседателот Иванов помилува 41 осудено лице.

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:13
Ноември

1 ноември  

- Стапува во сила Договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Канада
- Уапсен организаторот на транспортот на запленетиот хероин на Ќафасан
- Двојно зголемен бројот на боледувањата, најавени системски мерки за да се спречи нивната злоупотреба

2 ноември  

- Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ
- Буџетот за 2012 година прифатен од Владата
- Република Македонија стана членка на Извршниот одбор на УНЕСКО

3 ноември  

- Обраќање на премиерот Груевски по повод 100 дена Влада: Делата зборуваат за работата на Владата
- Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет 
- Почна манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Талин
- Правниот факултет „Јустинијан Први“ одликуван со „Орден за заслуги за Македонија“
- Дигитализирани нови 53 учебници за петто и шесто одделение

4 ноември  

- Одбележани сто дена Влада
- Овозможен он-лајн пристап до прашањата од испитот за јавната админстрацијата 
- Вишеградската група со поддршка за евроинтеграција на Македонија, Филе повторно сугерира да се реши името
- Филе на пресот во Прага употреби „македонски“

5 ноември 

- Димовски: Исплатата на субвенциите се одвива редовно, согласно поднесените апликации на земјоделците

6 ноември  

- Во Битола се одржа конференција посветена на македонското национално малцинство во соседните држави 

7 ноември 

- Државата најави субвенционирање нискобуџетни авиокомпании
- Распуштена старата и формирана нова Комисија за посвојување при Министерството за труд 
- Институтот за македонска литература одбележа триесетгодишен јубилеј
- „Панкот не е мртов“ освои награда на филмскиот фестивал во Котбус

8 ноември 

- Медиумска кампања на ОМД против грчката пропагандна војна кон Македонија
- Работна група ќе побара увид во документацијата за комуникацијата меѓу МВР и Бошкоски
-  Собранието донесе одлука за испраќање 172 припадници на АРМ во Авганистан
- Ставрески: Македонија доби 130 милиони евра од Дојче Банк и Сити Банки под исклучителни услови
- Именувани членовите на Државната изборна комисија
- Царина со нова електронска услуга за компаниите

9 ноември 

- Собраниска расправа за Законот за пратеници
- Спортисти и уметници со Манифест во одбрана на македонскиот јазик
- Кривични пријави за финансискиот директор и претседателот на УО на АДГ „Маврово“ за злоупотреба на службена положба
- Проект за прекугранично бизнис вмрежување меѓу Македонија и Бугарија

10 ноември

- Договор за финасирање на проектот ХЕ „Бошков мост“
- Презентирани измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност
- Измени во Законот за безбедност на сообраќајот: Можност 16 годишни лица да се стекнат со возачка дозвола
- Двајца исчезнати македонски државјани пронајдени мртви кај Бреша, Италија
- Објавен тендер за набавка на најсовремена апаратура за Клиниката за детски болести и други ЈЗУ
-Извештај „Плаќање даноци 2012“: Македонија на 4. место по даночната стапка за компаниите
- Собранието не го изгласа дополнувањето на Законот за пратеници предложен од опозицијата

11 ноември 

 - Светска банка и одобри на Македонија Гаранцијата за кредитни политики од 100 милиони евра
- Околу 1.200 лекови ќе поевтинат со новата Методологија за формирање цени
- Втор ден масовно се поддржува „Манифестот на Македониумот“ 
- Скопје сити мол - нова инвестиција во Македонија, ќе почне со работа наредната година

12 ноември 

- Средба на премиерот Груевски со британски инвеститори во Лондон
- Глувите и наглуви лица од денеска ќе се информираат од дневникот на знаковен јазик на МТВ
- Масовна поддршка од студентските организации од Скопскиот, Битолскиот и Штипскиот универзитет за „Манифестот на Македониумот“ 
- Отворање на Деновите на културата на Украина во Македонија
- Билјанините извори секнаа, осцилациите на нивото на Охридското Езеро неповолно влијаат врз екосистемот 

13 ноември 

- Деновите на украинската култура во Македонија
- Пристигна првиот мини автобус за јавниот градски превоз во Скопје
- Врачени наградите „13 ноември на Град Скопје“ за 2011 година
- Масовна поддршка од граѓаните за „Манифестот на Македониумот“

14 ноември 

- Ставрески: Со флексибилно скроениот буџет Македонија подготвена за сите можни економски сценарија 

15 ноември 

- Масовна поддршка на „Манифестот на Македониумот“, акцијата продолжува во наредните денови
- Премиерот Груевски препорачува дислокација на велешката Топилница
- Бизнис форум во Вашингтон: Македонија – најконкурентна европска бизнис дестинација 
- СБ: Македонската економија годинава ќе порасне за три, а во 2012 за 2,5 проценти
- Почна примената на измените во режимот на пропишување на околу 70 лекови
- Мал авион ја промаши пистата при слетување на скопскиот аеродром, нема повредени

16 ноември 

- Поддршка од Владата за инфраструктурните проекти што ги иницираат хотелиерите и туристичките агенции
- Голема поддршка за „Манифестот на Македониумот“, досега собрани над 65.000 потписи
- Уставен суд: Задолжително здравствено осигурување за монасите и монахињите 
- Министерот Тодоров го затвори Невролошкото одделение во штипската Клиничка болница
- Две децении Устав на независна Република Македонија 
- Кривична пријава против поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам 
- Сегашниот „статус кво“ со Македонија е неодржлив и штетен - дебата во Комитетот за надворешна полтика на Конгресот на САД 

17 ноември 

- Дваесет години од донесувањето на Уставот, Вељаноски: Се Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
- Ставрески: Заемот од 130 милиони евра ја покажува довербата од реномираните банки кон Македонија
- Заемот од 130 милиони евра од Дојче банк и Сити банк пред пратениците
- Промовиран софтверот за електронско решавање на барања за пензии
- СДСМ достави до Собранието предлог закони за стечајните работници и за измени на законот за социјална заштита

18 ноември 

- Библиотекарското здружение на Македонија против негирањето на македонскиот јазик
- „Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
- Ситуацијата во еврозоната сложена, не се очекуваат поголеми потреси во финансискиот сектор, сметаат експертите
- Четири предмети за државна матура од учебната 2013/2014 година

20 ноември 

- Ставрески: Проекцијата за следната година е направена на квалитетен начин, може да се оствари економски раст од 4,5 проценти
- Инспекторатот за земјоделство спречи продажба на 60 тони банани, садници сливи и праска со сомнителен квалитет

21 ноември 

- Премиерот Груевски номиниран за наградата на Виенскиот економски форум
- Попоски со писмо до колегите од ЕУ бара почеток на преговорите и паралелно решавање на името
- Парламентарците без договор за составот на Работната група за проверка за следењето на лидерот на ОМ
- „Амадеус груп“ ќе гради хотелски комплекс во Општина Центар 
- Австрискиот филм „Лурд“ победник на 10. издание на „Синедејс“

22 ноември 

- Македонско-австриски бизнис форум во Виена
- Најниски цени во Македонија, според извештајот на Светска банка за ЈИЕ
- Ставрески: Македонија доби заем од 130 милиони евра под одлични услови

23 ноември 

- Македонија раззеленета со 5,7 милиони дрвца
- Хамарберг: Заканите за преиспитување на визната либерализација се неконструктивни
- Македонија и Русија потпишаа спогодба за соработка во железничкиот превоз
- Русија најави Нацрт спогодба за Јужен тек до крајот на годинава 

24 ноември 

- Богов прогнозира : Догодина раст на БДП од 3 отсто, инфлација од 2 процента и стабилен денар 
- МАПАС ги засилува институционални капацитети со милион евра од ЕУ фондовите
- Сикорски: Македонија предолго чека за преговори со ЕУ, но Полска е номоќна против грчкото вето
- Научен собир на МАНУ за 20 години државна независност

25 ноември 

- Отворени денови на Министерството за земјоделство, преку директни средби со производителите до надминување на проблемите
- Кина и донираше на Македонија 23 автобуси за превоз на ученици
-Запалено македонско знаме на фудбалски натпревар во Косово, Приштина се извини за инцидентот 

26 ноември 

- Полицијата ги приведе ограбувачите на бутици во центарот на Скопје 
- За четири деца-питачи покрената постапка за одземање на родителското право 

27 ноември

- Почнуваат Отворените денови на Министерството за земјоделство
- Медицински стипендии за 75 Роми од Македонија 
- Увоз на половни минибуси и автобуси со еуро 2 стандард до крајот на април 2012
- Дорис Пак: Да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот „Трето полувреме“
- Премиерот Груевски во Гостивар промовира инвестиции во болницата од над 1,5 милиони евра

28 ноември 

- „Катимерини“: Меѓународниот суд во Хаг ја осуди Грција
- Иванов: Македонија ќе ја почитува одлуката на Судот во Хаг, каква и да - Премиерот Груевски во посета на Сингапур и Јапонија

29 ноември 

- Попоски пред Европскиот парламент: Сакаме да започнеме преговори за членство
- Политичките партии со осуда за палењето на македонското знаме во Скопје 
- Љубе Бошкоски осуден на седум години затвор 

30 ноември 

- Груевски во Токио се сретна со јапонскиот премиер Нода и со принцот Нарухито
- Во Македонија регистрирани 142 случаи со ХИВ/СИДА
- Интернационален фестивал на „Музика од светот“ во Битола
- Премиерот Груевски во Токио се сретна со претседателот на јапонската Влада Нодо
- Министрите за внатрешни работи Јанкулоска и Дачиќ потпишаа договор за полициска соработка
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:12
Октомври

1 октомври 

- Пописот започнат во сите 44 пописни реони, апел од Државната пописна комисија процесот да не се политизира
- Утврдена минималната плата во Македонија - 8.050 денари во нето износ
- Македонско-словенскиот јазик е коренот на глаголицата и кирилицата, тврдат Бошевски и Тентов 
- ЕУРОСТАТ: Македонија подготвена за успешно спроведување на Пописот
- ДПК: Пописот почна навреме и се одвива без проблеми
- „Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон

2 октомври 

- Почеток на втората фаза од кампањата „Заедно за училишта без насилство“ 
- Отворен откупно-дистрибутивниот центар „АГРОФРУКТИС“, ивестиција вредна 20 милиони евра 

3 октомври 

- Почна форумот “ЕУ – Западен Балкан“ на министрите за внатрешни работи и за правда 
- Собранието ја донесе завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2010 година
- Ставрески: Очекувањата за растот на БДП е остварување на проектираниот од 3,5 проценти, секој процент над ова е позитивно остварување 
- „Панкот не е мртов“ - македонски кандидат за Оскар 

4 октомври 

- Малстром: Македонија направи многу против злупотребата на визната либерализација, потребни се и дополнителни мерки
- Македонија и Европол го операционализираат договорот за размена на информации на сите нивоа
- Македонија и Црна Гора потпишаа Договор за екстрадиција
- Потпишан Протокол за соработка помеѓу министерствата за правда на Македонија и БиХ
- Пожар во скопскиот театар во изградба 
- Поемата „Ако“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за 2011 година 

5 октомври 

- Берлускони-Груевски: Македонија заслужува да стане членка на ЕУ
- Полициската акција „Ноќ“ резултираше со кривична пријава за 20 осомничени за посредување во вршење проституција
- Претседателот Иванов му додели Орден за заслуги за Македонија на Турскиот театар-Скопје
- Ставрески: Модернизацијата на блоковите во РЕК Битола почеток на инвестициски циклус вреден 300 милиони евра

6 октомври 

- Пописот се одвива според очекуваниот тек, засега нема индиции за негово продолжување 
- Потпишан меморандум меѓу Стејт департментот и Министерството за образование и наука
- „Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатичко општество и јавна администрација
- СДСМ ги предлага Кондарко за претседател и поранешната судијка Дума за членови на ДИК
- Систина станува партнер со турската групација на болници Аџибадем
- Потпишан договор со Шпанија за заемно признавање и замена на националните возачки дозволи 

7 октомври 

- Жозеп Дол: Можна е деблокада на евроинтеграцијата на Македонија 
- Се изготвува текст за вклучување на Македонија во „Јужен поток“

8 октомври 

- Хамарберг: Кога Македонија ќе влезе во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде таму 
- Мартин О. Хатчинсон: Македонија е среќна што не е дел од еврозоната во вакви услови
- Презентирани ефектите од пензиската реформа во Македонија
- Македонците во Унгарија прв пат на попис можат да ја искажат својата етничка припадност 

9 октомври 

- МВР се вклучи во кампањата „Паркинг наречен желба“
- Изготвена база на податоци со листа на услугите што во моментов ги нудат јавните здравствени установи

10 октомври 

- Владата и ЗНМ формираа работна група за решавање на состојбите во медиумите 
- ФЗО електронски се поврза со УЈП, издадени првите 50 илјади електронски здравствени картички
- На Клиниката за детска хирургија извршена прва трансплантација на црн дроб
- „Поглед кон Македонија“ од денеска на Си Ен Ен 

11 октомври 

- Џејн Армитаџ: Македонија води добра макроекономска политика
- Џафери: Владата ќе расправа за пописот
- Врачени државните награди „11 Октомври” 
- Членовите на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива оставка
- Македонија одбележува 70 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

12 октомври 

- Објавен извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, останува препораката за отпочнување на преговорите, повторно без придавката „македонски“
- За Македонија над 317 милиони евра од ИПА до 2013 година
- Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за градинарски култури

13 октомври 

- Почна собраниската расправа за законот за прекинување на пописот 
- Грчките цариници ќе ги блокираат граничните премини до 24 октомври, ќе се пропуштаат само пешаци

14 октомври 

- Констатирана оставката на пратеникот Марјанчо Тодоровски, на негово место Драган Настоски
- Турска донација во опрема за АРМ, вредна 900 илјади американски долари 
- Почна засилена инспекциска контрола на стандардите за хигиена во јавните здравствени установи
- АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4 Г
- Мики Манојловиќ добитник на „Златна камера 300” за особен придонес во светската филмска уметност на 32. „Браќа Манаки“
- Целосен застој на товарните и патнички возила кон Грција 

15 октомври 

- Предадена во употреба регионалната делница од дебарското село Џепиште до границата со Албанија 
- Најавено формирање регистар на лица осудени за сексуална злоупотреба на деца и педофилија
- Собранието го донесе Законот за прекинување на пописот
- Објавен Јавен повик за користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 
- Отворена манифестацијата „Денови на македонската култура во Русија“

16 октомври 

- Деновите на македонската култура продолжуваат во Санкт Петербург 
- Министерот Тодоров најави борба против сите кои сакаат на грбот на пациентите да остваруваат профити

17 октомври 

- Грчка блокада на границата 
- Царините на Македонија и на Азербејџан потпишаа договор за соработка
- Владата преку проект ќе го зголемува нивото на електронска трговија во Македонија
- Пробиштип прва општина што распиша повик за продажба на државно градежно земјиште
- Проектот „Волшебна Македонија“ освои награда на Фестивалот на туристички филмови во Хрватска 
- „Џонсон контролс“ ја почна изградбата на новата фабрика во Штип
- Емирот на Катар пристигна во Скопје 
- Во Брисел состанок на заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ
- Собранието ги поддржа предлог законите за концесии и јавно - приватно партнерство и за европски работнички совет 
-Претседателот Иванов го одликува емирот од Катар со орден 8-ми Септември


18 октомври

- Пратениците го поддржаа Предлог законот за субвенционирање станбен кредит во прво читање
- Бугарија не го почитува правото за слободно собирање и здружување на македонското малцинство, пресуди ЕСЧП 
- Награда за „Панкот не е мртов“ на Фестивалот на медитерански филм во Копер
- ЕБОР ја ревидира стапката на раст на БДП за Македонија 

19 октомври 

- Редовен годишен состанок на Македонија со Северно-атланскиот совет
- Ставрески: Ефективни нови 50 милиони евра за малите и средни претпријатија од ЕИБ 
- Амбасадорот Бергант: Македонија може паралелно да го решава спорот со Грција и да добие датум за преговори за членство во ЕУ
- АЕК воведе услуга „Преглед на понуди“
- „Заедно да излеземе од мракот на насилството“ кампања за борба против семејното насилство
- Археолошкиот локалитет Стоби на листата Њорлд Монументс Фунд за 2012 година 
- Гала промоција на Македонија на туристички саем во Виена
- Канадски весник ја претставува Македонија како „непознат скапоцен камен“

20 октомври 

- Македонија трет топ реформатор во светот во Извештајот на Светска банка за водење бизнис  „Дуинг бизнис 2012“
- Меморандум за разбирање за 400 киловолтна интерконекција меѓу Македонија и Косово
- Презентирани новините за поделба на надлежностите на двајцата директори на јавните здравствени установи
- Студентите реагираат со писмо до Филе за неименувањето на македонскиот јазик 

21 октомври 

- Промоција на 13 нови книги од медицинските науки во рамки на проектот за превод на 1000 стручни книги
- Нормализиран сообраќајот кон Грција
- Италијанска инвестиција од 10 милиони евра во изградба на трговски центар во Петровец

22 октомври 

- Кривична пријава за девојка која извршила измама преку „Фејсбук“
- Владата ќе ја субвенционира каматата за новата кредитна линија од ЕИБ наменета за мали и средни претпријатија

23 октомври

- Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба 
- Свечено откривање на споменикот на бранителите од 2001 
-  Врачени државните награди „23 Октомври“ за 2011 

24 октомври 

- Хакрески напади на системот за онлајн настава за Македонците кои живеат во Грција
- Најава за редовни авионски летови на релација Скопје - Рим од 30 октомври 
- Електронски катастар во сите градови до крајот на првата половина од 2012 

25 октомври

- Министерот за надворешни работи Попоски во посета на Европскиот парламент
- Училиште на македонски јазик во црквата Св. Кирил и Методиј во Париз
- Потпишана Спогодба за паушално надоместување на трошоците за здравствена заштита со Србија

26 октомври 

- Предлог-законот за минимална плата усогласен и влегува во владина процедура
- Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
- Казни за 14 јавни здравствени установи и нивните директори
- Таксират номиниран за Еуропеан фестивал ањардс 

27 октомври 

- Потпишан договор за соработка меѓу македонското и руското МВР
- Претседателот Иванов се сретна со принцот Алберт Втори од Монако

28 октомври 

- Парафиран текстот на спогодбата за целосна либерализација на превоз на стоки помеѓу Македонија и Летонија
- Филолошкиот факултет го кани Филе на Македонско-чешка научна конференција за македонскиот јазик, култура и историја
- Одбиена тужбата на велешани против државата за Топилница
- „Австралија, признај ја Македонија денес! - кампања на ОМД во Перт

29 октомври 

- Фридман: Време е политичарите во ЕУ да се соочат со фактот дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет постојат 
- Предложен закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување
- Документарецот „Име си е име“ ќе биде прикажан во рамки на фестивалот „Глобално будење“ во Чикаго

30 октомври 

- Измените на Законот за лековите и медицинските помагала даваат можност за паралелен увоз на лекови
- Седница на Влада: До 1 јануари да се усвои законот за минимална плата, предвидени казни за непочитување на одредбите
- На Ќафасан запленети 10 килограми високо квалитетен хероин

31 октомври  

- Ставрески: Помали царини за 100-тици производи за поддршка на индустријата 
- Парното од „Топлификација“ поскапува за 8,42 отсто, а од „Скопје север“ за 13,29
- Андреј Лепавцов избран за нов амбасадор на Македонија во ЕУ
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:11
Септември

1 септември 

- Полицијата откри криминална група која неколку години ограбувала банки во Австрија
- Арифи очекува реален извештај и добра оценка од ЕК, испратила писмо до Пангалос 
- Целосната забрана за движење во шумите продолжува до 10-ти септември 
- Почнува учебната 2011/2012 година, новини во основното и средното образование 

2 септември

- ФЗОМ воведе измени во Правилникот за ин витро оплодување
- Собранието водеше расправа за состојбата на медиумите во Македонија
- „Џонсон контролс“ отвора нова фабрика во Штип, инвестиција од 20 милиони евра 

3 септември

- Почнува изборот за „Најдобар промотор на Македонија“ 
- Прво рангирање на високообразовните установи во Македонија
- ФПИОМ во 2010 и 2011 наплати заостанати придонеси околу една милијарда денари

4 септември 

- Нимиц не планира да излезе со нов предлог додека не биде уверен оти би дал резултат
- Филе: ЕУ нема да го увезе проблемот со името, сега е време да се реши 
- Новинари и професори го информираат еврокомесарот Филе за состојбата на медиумите во Македонија

5 септември 

- На Буџетот ќе се прави корекција од 2,45 милијарди денари на расходната страна
- Поднесени над 342 илјади барања за легализација на дивоградби
- Филе: Името може да се реши до крајот на годинава, реформите да продолжат
- Данте Спиноти годинашен добитник на наградата Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“

6 септември 

- Отворен модернизираниот аеродром „Александар Велики“
- Министерот Попоски на средба со група пратеници од германскиот Бундестаг
- Ховит: Македонија треба да најде начин да ги отпочне преговорите со ЕУ
- Промовирани новите автобуси на ЈСП „Скопје“
- Судот донесе одлука да се запре кривичната постапка за случајот „Мавровски работници“
- Владата донесе одлука да ја награди кошаркарската репрезентација на Македонија со по три илјади евра

7 септември 

- Иванов: Граѓаните да се обединат за остварување на стратешките цели и приоритети на државата
- Премиерот Груевски се сретна со неговите претходници Црвенковски, Георгиевски, Костов и Бучковски

8 септември 

- Македонија слави 20 години самостојност
- Иванов постхумно го одликува Јордан Мијалков со орден „8-ми Септември“
- Средба на Вељаноски со поранешните претседатели на Собранието и членовите на Комисијата за спроведување на референдумот 1991 година
- Робертсон: Време е за Македонија да се приклучи кон Европа и да стане членка на ЕУ и на НАТО
- Декларацијата за независност на РМ ќе се чува во Музејот „Македонска борба“ 
- Пуштање во употреба на фонтаната со споменикот „Воин на коњ“
- Едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведена на англиски јазик 
- Пуштен во употреба автопатот Табановце - Куманово 

- Одбележување на Денот на независноста на Македонија и во Брисел
- Во Штип одбележан Денот на независноста 
- Македонска вечер на меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција

9 септември 

- Претседателот Иванов одликуван со орден на Малтешкиот ред на „Свети Лазарус“
- Модернизираниот аеродром „Александар Велики“ ги пречека првите патници 

10 септември 

- Министерството за одбрана најави скоро отворање школа за пилоти 
- Прв случај на заболен од западно-нилска треска во Македонија 
- Претседателот Иванов го одликува Џон Битов со Орден „8 Септември“ 
- Музејот на македонската борба за државност и самостојност од денеска отворен за посетители

11 септември 

- Почна примената на новиот Закон за парнична постапка
- Робин О Нил: Македонија и по 20 години го задржа националниот идентитет

12 септември 

- Претседателот Иванов ја одликува Македонската кошаркарска репрезентација со „Медал за заслуги за Македонија“ 
- Застој на товарниот сообраќај кон Грција, патничкиот промет во интервали

13 септември 

- Волерс: Нема промена во ставот на САД за името, Вашингтон подготвен да помогне, но решението е кај Скопје и Атина
- МОН подготвува стратегија за наука и развој за следните 10 години 
- Организирана криминална група од Македонија, Бугарија и Србија „испрала“ 21, 8 милиони евра 
- На Матка избувна пожар
- ЈП „Службен весник“ електронски се поврза со сите нотари и извршители
- Актерот Борис Чоревски ја доби наградата „Ристо Шишков“ на 19. Фестивал на камерен театар

14 септември 

- Претседателот на Собранието Вељаноски и премиерот Груевски се сретнаа со американскиот амбасадор Пол Волерс
- Богов: Курсот на денарот останува фиксен
- Во јавните здравствени установи се воведува систем за управување со квалитет 

15 септември 

- Македонија и Косово ги поедноставуваат граничните процедури во железничкиот сообраќај
- Потпишан Договорот за грант од САД за реставрација на фасадата на Шарената џамија во Тетово
- Околу 16.000 бруцоши на петте државни универзитети

16 септември 

- Хауит очекува позитивен извештај за Македонија, најавува посилен ангажман за решавање на името 
- Пангалос одговори на писмото на Арифи 
- Признанија за македонските мировници во Авганистан
- Љубе Бошкоски јавно му се извини на директорот на УБК, Мијалков
- Отворен новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ

17 септември

- Ревија македонски филмови за 20 години независност 
- Седма „Бела ноќ“ во Скопје 
- ССК: Во овие услови на економијата курсот на денарот треба да биде стабилен

18 септември 

- Македонија четврта на Европското првенство во кошарка
- Кошаркарската репрезентација со почесни академски титули на ФОН
- Онлајн-настава по македонски јазик за учениците Македонци во Грција 
- МВР ги расчисти двата случаи пријавени кражби од семејството на Љубе Бошковски

19 септември 

- Ставрески: Вкупната макроекономска состојба е стабилна, македонската економија ги остварува резултатите
- Гордан Калајџиев нов претседател на Хелсиншки комитет за човекови права на Македонија

20 септември 

- Претседателот Иванов на кошаркарските репрезентативци им врачи „Медал за заслуги за Македонија“ 
- Британска поддршка за зајакнување на капацитетите на македонското Собрание
- Македонија доби 107 милиони евра заем од ЕБОР за изградба на делницата Демир-Капија - Смоквица

22 септември 

- Во Њујорк средба Попоски - Ламбринидис
- Разрешен членот на Антикорупциска комисија Иљми Селами 
- Државата продава 41 локација за изградба на винарии во Кавадарци, Неготино и во Росоман 

23 септември 

- Ставрески: Растот на БДП од 5,3 отсто над очекувањата на Владата 
- Симон Трпчески одликуван со титулата „Национален уметник на Република Македонија“
- Осум кривични пријави за пловни објекти од Капетанијата на пристаништа
- Пуштен во употреба првиот Транзитен центар за деца на улица

24 септември  

- Груевски на Генерално собрание на ОН
- Проект на Фондот за ПИОМ за известување на осигурениците за евидентираниот стаж и остварените плати

25 септември  

- Премиерот Груевски и министерот Попоски се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки - Мун
- Македонски поети се вклучија во светската манифестација „100 илјади поети за промена“

26 септември  

- Собранието не избра нов претседател и заменик-претседател на Комисијата за лустрација
- Македонското кредитно биро почна со проектот „Работи и живеј подобро“
- Акција за евидентирање лица кои ги нема во матичните евиденции

27 септември

- Македонски театар со претстава на македонски јазик ќе учествува на културната Олимпијада во Лондон
- Најава за покренување постапка за враќање на посмртните останки на македонскиот револуционер Панко Брашнар
- Охриѓанка убиена при вооружен грабеж на Флорида 
- Клиниката за кардиологија воведува Хоме мониторинг за следење на пациентите со вградени дефибрилатори

28 септември 

- Мартин Шулц: ЕУ да игра улога на „покровител-посредник“ во спорот со името 
- Ребека Хармс: И Грција треба да покаже солидарност со ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија
- Министерот Бесими одржа работен состанок со Асоцијацијата на воените аташеа на НАТО земјите во Македонија

29 септември 

- Ердоган: Македонија има природно право да го користи своето име, грчкиот став е неразбирлив и неправеден

30 септември 

- Попис ќе има - тврдат во ДПК и ДЗС, Беџети поднесе оставка 
- МИА одбележа 13 години од емитувањето на првата вест
- Доделени наградите за книжевни преведувачи за 2011 
- Македонец убиен во Австралија
- Јаневска поднесе оставка на функцијата претседател на Државната пописна комисија 
- Владата го комплетира составот на ДПК, пописот утре почнува
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:10
Август

1 август

- Град Скопје: Фирмата ТД „ФИНЕ“ по основ на комуналии должи 175 милиони денари
- Антикорупциска од УЈП бара испитување на имотната состојба на 30 лица од судската власт 
- ЕУ и НАТО, промоција на државата и подобра дипломатска служба, приоритети на Попоски
- Министерот за труд и синдикатите ги утврдија приоритетите за соработка

2 август 

- Сто и осум години од Илинденското востание и 67 од Првото заседание на АСНОМ

3 август 

- Министерството за информатичко општетсво и администрација воведува ИСО 9001 стандард
- На Институтот за судска медицина отворена лабораторија со најсовремена опрема за скрининг на психоактивни супстанци 
- Еуримаж ја стопира исплатата за сите дистрибутери во Македонија 
-  Почна рокот за пријавување субвенции за произведени домати и краставици

4 август

- „Најдоброто од Македонија - Музика“, нов проект на Агенцијата за млади и спорт 
- Комисија за лустрација: Милчин бил соработник со тајните служби

5 август 

- Презентиран нов модел за оценување на работата на државната администрација
- Милчин најави тужба на решението на Комисијата за лустрација
- Најава за целосно реновирање на третина од Психијатриската болница во Бардовци 

6 август 

- Модерни гладијаторски игри во Охрид
- Почнува одбележувањето на 10-годишнината од масакрот кај Карпалак 

7 август 

- Кривични пријави за инвеститорот и изведувачот на објектот „Космос“
- Кривични пријави против тројца скопјани за употреба на фалсификувани платежни картички 
- Рускиот пијанист Борис Березовски вечер на „Охридско лето“

8 август

- Десет години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

- Британска поддршка за реформи во јавната администрација 

- Девизните резерви на НБРМ во злато исти како и на крајот на 2010 годин

- Министерот Беџети се сретна со Брајан Агелер, вд амбасадор на САД 

9 август 
 
-ФЗОМ измени 27 постојни и воведе 87 нови референтни цени на здравствените услуги

- Спречен обид за нелегален извоз на пченица

- Вратена отстранетата спомен плоча кај Карпалак 

10 август 

- Десет години од загинувањето на осумте македонски бранители кај Љуботенски Бачила

- Рељиќ: Македонија не во криза и затоа не е дел од балканската турнеја на Вестервеле

11 август 

- Почна реконструкција на автопатот Катланово - Велес 

- Македонска студентка се удави во Индиски Океан

12 август 

- Заедничка изјава на канцелариите на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и Амбасадата на САД по повод десетгодишнината од Рамковниот договор 

- Пензионер тргна пеш по Вардар со пораки за соживот и чист Вардар 

13 август 

- Една деценија од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

- Одбележани 60 години од убиството на петтемина струмички студенти

14 август 
 
- Бугаринот Петар Стојчев победник на Охридскиот пливачки маратон 
15 август 

- Рикер: Продолжува силната поддршка на САД за Македонија 


- Македонија и Бугарија ја интензивираат прекуграничната соработка

16 август 
 
- Втор дел од државната матура во августовскиот испитен рок 

- Почнува првиот уписен рок на државните универзитети, слободни 30.011 места за бруцоши 

- Генерал Горанчо Котески нов началник на ГШ на АРМ

17 август 
 
- Британска поддршка за спроведување на антикорупциските мерки и политики 

- Министерката Јанкулоска се сретна со претставници на Народната вооружена полиција на НР Кина

18 август 

- Ден на Армијата на Република Македонија 
- Руската фармацевтска групација „Протект Груп“ инвестира во „Бунарџик“
- Трибина во австралискиот Парламент по повод 20 години независна Македонија

19 август 

- Робертсон: Македонија треба да стане дел од НАТО, Скопје и Атина можат да дојдат до компромис 
- Македонски средношколци освоија бронзени медали на светската олимпијада по информатика 
- Малцинствата во Албанија потпишаа декларација против законот за попис
- Македонија и Турција потпишаа спогодба за редовен воздушен сообраќај

20 август 

- Пожарот кај Ротино се шири кон Пелистер
- Во Пробиштип отворен првиот Аква парк
- Откриен убиецот на 23-годишното момче крај езерото Козјак

21 август 

- Адеми: Со донесување на законот за електрична опрема ќе се воспостави систем за рециклирање на отпадната електроника

22 август 

- Вељаноски предлага измени на Изборниот законик - избраните градоначалници да останат пратеници
- Евроатлантска интеграција, стабилен и безбеден регион - заеднички приоритети на Македонија и Албанија
- Бројот на баратели на азил од Македонија сведен на минимум
- Меркел: Македонија да го реши спорот со Грција за името 
- Прва седница на владиниот Економски совет

23 август 

- Извозот на поранешните југословенски републики со САД зголемен за 10 отсто
- Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на ЕВН Македонија Холдинг

24 август 

- Целосна забрана за движење во шумите од денеска до 3 септември 
- Тодоров: Гинекологија Чаир-една од најдобрите ЗУ во која добро се спроведени протоколи за одржување на хигиена
- Владата препорача поради топлотниот бран бремените и лицата над 60 години утре и задутре да бидат ослободени од работа
- Формиран Комитет за туризам во Владата- 
- Собранието го избра Зоран Трајчевски за член на Советот за радиодифузија
- Претседателот Иванов ги одликуваше Струшките вечери на поезијата со Орден за заслуги за Македонија

25 август 

- Почнуваат јубилејните Струшки вечери на поезијата
- Поднесени 149.101 барање за легализација на објекти во целата држава
- Арифи: Македонија очекува добра волја и од Грција за решавање на спорот за името 
- Македонија и Русија потпишаа Спогодба за соработка во борбата против трговијата со дрога

26 август 

- Македонија го признава Преодниот национален совет на Либија
- Јанакиески: Поднесени 169.928 барања за легализација, рокот нема да се продолжува
- Одбележување 101 година од раѓањето на Мајка Тереза

27 август 

- Јанакиески најави бесплатна легализација за дивоградбите на социјално загрозените семејства
- Во Скопје ќе биде отворен 24-часовен транзитен центар за децата од улица
28 август 
- Православните христијани го празнуваат Успението на Пресвета Богородица 
- Во рудникот „Бучим“ отворена новата фабрика за производство на катоден бакар 
29 август  
- Пешевски: НБРМ прогнозира раст на македонската економија од 3,5 и инфлација под 4,5 проценти

30 август  

- Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
- Груевски: Дали ќе има нова средба во Њујорк со Папандреу зависи и од него
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:09
Јули

1 јули

- Берово е прва општина која ќе добие овластување за управување со градежно земјиште
- Согласно законските изамени од денеска судовите се растеретуваат од над 600 илјади неспорни предмети

2 јули 

- Летувалиштата во Грција безбедни за одмор, став на македонските туроператори 
- Полициските „Алфи“ за шест месеци по разни основи привеле 1.821 лице

3 јули 

- Русите незадоволни од бугарската соработка во нафтоводот Бургас-Алекдсандрополис

4 јули 

- Прочитано обвинението за случајот „Пајажина“
- Одложено рочиштето на кое требаше да се презентираат докази против Бошкоски
- Во САД загина 21-годишна штипјанка 
- Сопругата на Љубе Бошкоски пријавила кражба на сеф во кој имало 3-4 пиштоли
- Македонија ги добива амбасадата во Канбера и козулатот во Атина од првата распределба на имотот на СФРЈ
- Новинарите со марш на солидарноста бараат враќање на достоинството на професијата

5 јули 

- Основниот суд во Охрид ги прогласи виновни капетанот на бродот „Илинден“ и овластениот претставник на германски „Лојд“

6 јули 

- Собранието ја констатираше оставката од пратеничката функција на мандатарот Никола Груевски 
- Граѓаните добиваат можност да ја оценуваат администрацијата
- Притворот на Љубе Бошкоски продолжен за 30 дена
- Кривична пријава за виш референ во Основниот суд Скопје 1 за примање поткуп

7 јули

- Утврдени најниските плати во земјоделството и прехранбената индустрија 
- Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
- Првпат Собранието ќе има две жени потпретседатели 
- Француски искуства за развој и промоција на руралниот туризам

8 јули 

- Македонија и Хрватска го парафираа договорот за екстрадиција 
- МОН ги соопшти резултатите од пробното екстерно тестирање за објективноста на наставниците
- Правниот факултет промовираше поштенска марка по повод 60-годишниот јубилеј

9 јули 

- Парафиран договорот за екстрадиција меѓу Македонија и Црна Гора
- Матурантите ја положија државната матура со средна оценка од 3,3

10 јули 

- Посебна телефонска линија за закажување термини за патни исправи за иселениците

11 јули 

- Рамковски се изјасни за невин и побара куќен притвор
- Претседателот Иванов домаќин на 3.Регионална лидерска средба

12 јули 

- Претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и на Косово со заложби за забрзана евроинтеграција на регионот
- Мекнамара: САД може да помогнат за името
- Избрани тројцата потпретседатели на Собранието на Република Македонија 
- УЈП изврши попис и одзеде пет возила од фирмите на „Перо Наков“
- Продолжи распитот на обвинетите за случајот „Пајажина“

13 јули 

- Протест на новинари од „Шпиц
- Маја Кадиевска-Воиновиќ именувана за вицегувернер на НБРМ
- Македонија доби грант од 2,2 милиони евра од Народна Република Кина
- Во МВР почна имплементацијата на проектот „Семафор“ - граѓаните директно ќе ја оценуваат работата на администрацијата

14 јули 

- Никола Тодоров ќе биде министер за здравство во новиот владин состав
- Собраниските комисии дебатираа за законот за употреба на јазиците 
- Македонија ја презеде позицијата Командант на мултинационалната единица на ЈИЕ - СЕЕБРИГ
- ИК Банка се ребрендира во Халкбанк
- Вкупно 14 години и шест месеци казна затвор за четворицата обвините за убиството на српскиот турист во Охрид

15 јули 

- Мандатарот Груевски го достави во Собранието составот на новата Влада
- Собранието ги донесе измените на Законот за употребата на јазиците 

16 јули 

- Панче Кралев предложен за министер за образование во новата Влада 
- Над 6,5 илјади Македонци аплицирале за австралиска пензија 

17 јули  

- Четириесет и седма Галичка свадба 
- Милошоски на проштална средба со дипломатскиот кор
- Промовирани новите летови од Скопје до Анкона и до Венеција

18 јули  

- Собранието ги усвои измените на законите за употреба на знамињата на етничките заедници,  за Судски совет и за Советот на јавните обвинители
- Собранието ги донесе измените на Законот за радиодифузна дејност 
- Собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и АР одлучи да работи по стариот Деловник

19 јули 

- Тарчуловски: Хашките случаи да ги стопираме и пратиме во историјата
- Основниот суд Скопје 2 одлучува за отворање стечај за А1 телевизија 

20 јули 

- Завршени процедурите за примопредавање на амбасадата во Канбера што Македонија ја доби со договорот за сукцесија
- Втора годишна конференција на иселеничките организации

21 јули

- Нови 40 договори за користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013

22 јули 

- Јанакиески: Досега поднесени само 55 илјади барања од правни и физички лица за легализација на дивоградби
- Џон Хајд, пратеник на Западна Австралија: Работиме за признавање на Македонија под уставното име
- Граѓаните да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите, ако забележат пожар да пријават на бројот 195 
- Отворен Центар за обука на јавната администрација за процесот за членство на Македонија во ЕУ
- ЕБОР ја ревидира проекцијата за македонскиот БДП за годинава од 2,5 на 3,1 проценти

23 јули 

- Изразено жалење од ОБСЕ по реакцијата на Вељаноски за начинот на ипсраќање на писмото од оваа организација
- Светски познатиот кларинетист Чарлс Најдих вечерва на „Охридско лето“
- Кривични пријави за двајца битолчани за измама за работни дозволи за Хрватска и Словенија

24 јули 

- Ограбена црквата „Света Петка“ во Дебар
- Почнува „Крушево-етно град“
- Одбележани 54 години од смртта на Ченто

25 јули 

- Собранието се подготвува за избор на новата влада

26 јули 

- Бил Павлески министер без ресор во новиот состав на владата 
- Потпишана финансиска спогодба во рамки на ИПА за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово
- МВР доби софистициран систем за идентификација на траги од огнено оружје, со можност за градење база на податоци за мало и лесно оружје
- Прогласен стечај на А1 телевизија
- Скопје одбележа 48 години од катастрофалниот земјотрес 

27 јули 

- Собраниска расправа по експозето на премиерот Груевски во рамки на седницата за формирање на нова Влада
- Претседателот Иванов помилува 85 осудени лица по повод Националниот празник 2.Август
- Приведени тројца македонски државјани вмешани во меѓународна трговија со кокаин
- Солистички концерт на италијанскиот гитарист Едоардо Катемарио вечерва на „Охридско лето“
- Нова експедиција за истражување на подводната пештера „Врело“
- Триесетина коњаници го почнуваа Илинденскиот марш кон Крушево

28 јули 

- Собранието расправа за избор на нова Влада 
- Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп
- Две бронзи за македонската репрезентација на Интернационалната олимпијада по информатика 
- Собранието ја избра новата Влада 

29 јули 

- Владата со нов пакет економски мерки 
- Новите министри ги презедоа функциите
- Собранието ги именува замениците министри 
- ФЗОМ забранува избраните лекари да дополнуваат на рецепт заштитено име на лек
- Парното поскапе за 3,13 отсто за корисниците на Топлификација

30 јули 

- Пуштен во употреба реконструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец
- Џељал Бајрами ја презеде функцијата заменик-министер за внатрешни работи од Џевад Бучи
- На „Охридско лето“ концертна вечер со рускиот пијанист Алексеј Володин 

31 јули 

- Владата донесе мерки за стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно
- АЕК: Законски е одземена френквенцијата на А1
- Традиционална 31. погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија 
- На Кокино изведен праисторискиот ритуал поврзан со настанокот на светот
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:08
Јуни

1 јуни 

- Вкупно 23 компании заинтересирани за изградба на мали хидроелектрани
- Претседателот Иванов во Рим на 150 годишнината од обединувањето на Италија
- Ставрески: Најавеното намалување на зелениот картон реално остварливо

2 јуни 

- Македонија го отвора павилјонот на 54. Венециско биенале
- Затворени арбитражните случаи меѓу ЕВН и Македонија 

3 јуни 

- Завршува кампањата, од поноќ предизборен молк
- Шестото издание на Баскерфест 
- Од средно Водно до Милениумскиот крст од денеска со жичарница

4 јуни

- Украдени 57 лап топи од ОУ „Лазо Трповски“ 
- Две лица загинаа во сообраќајка на патот Велес-Градско 

5 јуни 

- Македонија седми пат на парламентарни избори 
- Почина поранешниот американски државен секретар Лоренс Иглбергер
- Филмот „Мајки“ на доделување на регионалните Горки Лист МТВ филмски награди

6 јуни

- Приведен Љубе Бошкоски 
- ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 56 пратеници, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 
- Лидерот на ЛДП Јован Манасиевски поднесе оставка 
- Пронајдено мртво момче на плоштадот Македонија
- Пуштен во употреба реконструираниот базен „Карпош“
- Медал „Пушкин“ за ректорот на УКИМ Велимир Стојковски 

7 јуни

- Триесет дена притвор за Љубе Бошкоски
- Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ доби лабораторија за роботика и автоматика
- Расветлен случајот за смртта на момчето кое беше пронајдено на плоштадот во Скопје
- Поставен камен-темелник на комплексот „Македонско виртуелно село“

8 јуни 

- Баросо му ја честита изборната победа на премиерот Груевски
- Кривична пријава за осомничениот полицаец за убиството на Мартин Нешковски
= Прекршочни постапки од СРД против ТВ А1 и ТВ Сител 
- Поднесени единаесет приговори за гласањето на предвремените парламентарни избори 
- До Антикорупциска финансиски извештаи доставиле 13 партии, за пет се подготвуваат прекршочни пријави
- Почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Св. Климент Охридски“
- Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“ 

9 јуни 

- Нема враќање на визите за Македонија и Србија
- СРД: Драстична неизбалансираност во покривањето на изборите кај А1, МТВ 1, Сител и ТВ Алб
- Антикорупциска: Ниту една партија го нема надминато лимитот за финансирање на изборната кампања
- Претседателот на СДУ Еленовски поднесе оставка од функцијата
- Машинскиот факултет доби лабораторија за обработка на деформации и брзи прототипови
- Презентирана опрема за тонско снимање на судските рочишта

10 јуни 

- Светски ден за борба против детскиот труд 2011- МОТ бара итна акција против опасни форми на детски труд

11 јуни  

- Отворен Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ 
- Полицијата во прилепско заплени 105 килограми марихуана наменета за западноевропските земји

12 јуни  

- Регионална конференција на единиците за внатрешна контрола од полициските служби од регионот 
- Комитетот на министрите на СЕ ги реши случаите ОМО Илинден и Иванов против Бугарија

13 јуни  

- Милошоски покрена иницијатива за именување улица во Скопје со името на Иглбергер
- Ставрески: Нема потреба, ниту законски услови за ребаланс на Буџетот

14 јуни  

- ДИК ги соопшти конечните, официјални резултати од парламентарните избори 
- Промовирано првото археолошко електронско издание во Македонија

15 јуни 

- Интензивно се реформираат прописите што го регулираат пристапот на пазарот
- Најавено испитување за тоа како 29 проценти нормални породувања наведени во извештајот на ФЗОМ се кодирани со ризик

16 јуни 

- Филе : Изборите добро спроведени, да продолжат реформите за побрза интеграција на Македонија во ЕУ 
- Владата ќе ги надополнува стоковните резерви пченица за да спречи евентуален пад на цената на лебното жито 
- ВМРО-ДПМНЕ: Разговорите за коалицирање со ДУИ се одвиваат во фер и конструктивна атмосфера

17 јуни 

- Претседателот Иванов ја потпиша петицијата во рамки на кампањата „Можам и сакам да подарам живот“
- Во Македонија искористени 100 милиони евра од ИПА средствата
- Почнува запишувањето во средните училишта - слободни над 35.000 места
- Изложба на „Мал битолски Монмартр“ во Лондон 

18 јуни 

- Јанкуловска присуствуваше на примопредавањето на дел од македонско-косовската граница од страна на КФОР во надлежност на косовската полиција
- Туристите од Белгија пристигнаа во Македонија

19 јуни 

- Составени елементите од споменикот „Воин на коњ“ 
- Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Велес - Скопје

20 јуни

- Николовски: Извештајот на ПССЕ за спроведените избори е најдобриот досега извештај за Македонија
- Продолжен притворот за обвинетите во случајот „Пајажина“
 - Отворена современа лабораторија за проверка на квалитетот на мебел 
- Македонија членка на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста на културните изразувања

21 јуни

 - Во Ерусалим средба Иванов-Перес
- Врачени првите свидетелства од електронски дневник
- На плоштадот „Македонија“ поставен споменикот „Воин на коњ“ 
- Доделени првите уверенија за анти-мобинг советници

22 јуни

- Во Брисел промовиран вториот том на Македонско-грчкиот речник „Мостови за дијалог“
- Началникот на ГШ на АРМ, Стојановски одликуван со највисокото признание „Легија на заслуги“ од МО на САД
- Економските политики на Владата здрави и во согласност со договореното, оцени ММФ по завршување на едноднеделната мисија

23 јуни 

- МИРВАКС - современ систем за мониторинг на квалитетот на водите на Вардар
- Средба Груевски - Филе во Брисел 
- Одбележани 150 години од објавувањето на Зборникот на 
- Во тек судското рочиште за „Пајажина“
- Во Брисел средба Груевски-Папандреу, изразена подготвеност за изнаоѓање решение за прашањето за името
- Глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон

24 јуни 

- Мекејн: Прашањето за спорот за името меѓу Македонија и Грција може да се реши
- Обама ги продолжи вонредните мерки за Македонија и Западен Балкан 
- Потпишан Меморандум за соработка помеѓу царинските управи на Македонија и Полска

25 јуни 

- Верификувани мандатите на новите пратеници, Вељаноски останува претседател на Собранието
- Ставрески: Македонскиот БДП во 2012 ќе се зголеми за 4,5 отсто 

26 јуни 

- Судство без влијание од политиката, дебата на Глобалната конференција на ОМД
- „Генерацијата М - иднината на иселениците“- нов проект на ОМД за анимирање на најмладите
- Брет: Случајот со загинувањето на момчето да се држи настрана од политички дискусии
- Фински туристи спасени од невреме во водите на Преспанското Езеро

27 јуни 

- Почнува 44. Семинар за македонски јазик, литература и култура

28 јуни 

- Во првиот квартал намален бројот на невработените за 4,8 отсто 
- Македонија ги исполнува целосно стандардите за борба против трговија со луѓе, стои во извештајот на Стејт Департментот за 2011
- Дуинг бизнис 2011: Македонија меѓу најдобрите во ЈИЕ за бизнис 
- Груевски доби мандат од претседателот Иванов да формира нова Влада

29 јуни

- Македонија го презеде председавањето со Декадата на Ромите за следната година
- МНР препорачува да не се патува во Атина и другите поголеми грчки градови
- На Деве Баир спречен обид за внесување златен накит
- Со „Виз Ер“ до Лондон и Венеција за 26 евра
- Одбележани 150 години од Зборникот на Миладиновци и 50 години од Струшките вечери на поезијата 

30 јуни
- Конституиран Советот на општина Пустец, верификуван мандатот и на градоначалникот Едмонд Темелко 
- Државата Тувалу ја призна Република Македонија под уставното име 
- Милошоски најави дека ќе се повлече од функцијата министер за надворешни работи
- Македонија ќе претседава со Европскиот форум на бизнис регистри
- Почна да работи Вишиот управен суд 
- Почна изградбата на фабрика „Кемет Електроникс“ во Бунарџик, вредна 25 милиони евра
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:06
Мај

1 мај

- Министерот Милошоски се сретна со посредникот Нимиц во Њујорк 
- Претседателот Иванов присуствуваше на беатификацијата на папата Јован Павле Втори

2 мај

- Министерот Милошоски во посета на Бразил 

3 мај

- Претседателот Иванов испрати писмо до американскиот претседател Обама по убиството на Осама бин Ладен
- Одбележан Јом Ашоа - ден за сеќавање на шест милиони еврејски жртви на холокаустот
- Државата го намали задолжувањето за околу 15 милиони евра 

4 мај

- Свечено доделување на државната награда „Гоце Делчев“
- Завршува рокот за собирање потписи за независни пратеници и за увид во Избирачкиот список

5 мај

- ДИК: Околу 4.700 иселеници се пријавиле за гласање 
- НБРМ: Годинава инфлација од 4,5 до 5 отсто и раст на БДП од три проценти
- Загина работник кој работеше на изградбата на музејот на ВМРО

6 мај

- Грција не сака евентуалниот договор за името да оди на референдум
- Пуштен во употреба нов граничен премин меѓу Македонија и Србија
- ОБСЕ ќе го набљудува изборниот процес со околу 330 набљудувачи
- Одбележан Денот на баталјонот на воената полиција и Денот на полицијата и безбедноста
- Ставрески: Растот на економијата од пет отсто во првиот квартал над нашите очекувања

7 мај 

- МОСТ организираше проверка на граѓаните во Избирачкиот список
- Одбележан 7 Мај - Денот на македонската полиција
- Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија ќе го носи името Георги Д.Ефемов 

8 мај  

- Втор Македонски фолклорен фестивал „Гора фест 2011“ на Косово

9 мај

- МОН најави воведување софтвер за откривање плагијати во академките трудови
- Македонија го одбележа Денот на победата над фашизмот
- Богов: Народна банка ќе го брани фиксниот курс на денарот

10 мај

- Загина работник од Куманово по пад од скеле
- Иванов: Бан Ки-мун настојува по изборите во Македонија да се иницира преговарачка средба за името 
- Ричар Ховит ќе биде нов известувач за Македонија во ЕП
- Почина 20-годишен пациент хоспитализиран со дијагноза морбили
- На третиот јавен повик за ИПАРД средствата доставени 74 барања 
- Доделени првите 25 решенија за легализација на дивоградби во општина Аеродром
- СРД израче мерки за прекршување на правилата за медиумското покривање на предизборните активности
- Македонија и Словенија договорија ревизија на Договорот за сезонски работници
- Во целост исплатени годинашните субвенции за тутунот
- ЕБОР ќе пласира 4 милиони евра преку НЛБ Тутунска за енергетска ефикасност на компаниите

11 мај 

- МНР и врачи протестна нота на грчката амбасадорка Пападопулу за третманот на македонските дипломати во Грција 
- Пешевски: Ќе сноси одговорност секој доколку не се преземени потребните мерки за безбедност на градилиштата
- МВР заплени ладилници со месо со седум години изминат рок во Шуто Оризари 
- Почна реализација на нова швајцарска инвестиција од пет милиони евра во Тетовско
- ЕК со предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија 

12 мај

 - Пуштена во употреба софистицирана опрема на Клиниката за радиологија
- „Ноќ на музеите“ задутре во Музејот на современа уметност 
- Откриен споменикот на Крсте Петков Мисирков 

13 мај 

- Засилени контроли и санкции при евентуална злоупотреба на визната либерализација 
- Утврдена редоследот на коалициите и политичките партии на гласачкото ливче
- САД, ЕУ, НАТО и ОБСЕ за фер и демократски избори 
- Тргна карванот за Фер избори 2011
- Европратениците од народните партии - членови на Паневропската Унија со поддршка за европската интеграција на Македонија
- МВР и Министерството за правда потпишаа Меморандум за соработка 
- СРД со прекршочна постапка против ТВ А1 за непочитување на Изборниот законик
- МВР нема докази за поврзаност на политичка партија со месото со поминат рок во Шуто Оризари
- Годишно собрание на МАНУ

14 мај 

- „Микросам“ почнува да гради Институт за современи композити и роботика
- Наградата „Гоцева повелба“ за македонскиот поет Михаил Ренџов

15 мај 

- Почнува предизборната кампања
- Коалицијата „За подобра Македонија“ на изборите ќе настапи со слоганот Реформите ќе победат“
- СДСМ: „Манифестот за реформи и развој“ е ново пакување на неисполнетите ветувања
- Во ГТЦ отворена читалната и библиотека „1.000 книги“
- Во Кан прикажан македонскиот филм „Д-Скопје”

16 мај 

- Претседателот Иванов во Охрид на првенците од техничките факултети им го врачи признанието „Инженерски прстен“
- Потпишан Меморандум за соработка меѓу институтите за јавно здравје на Македонија и на Холандија
- Македонија првпат претседавач на Постојаната Комисија на „Еуроконтрол“

17 мај 

- Кривична пријава за Џабир Д. и А.И. за предизвикување општа опасност и помагање на сторител по извршено кривично дело
- ЕБОР додели заем за изградба на три мали хидроцентрали во Западна Македонија
- Македонско-грчки бизнис форум во Вериа, Грција
- Уапсени двајца од осудените на затворска казна за спречување избори и гласање во 2008 година
- Нова мерка на МОН против фалсификување податоци за запишани студенти и дипломирани
- Светска банка додели грантови на пет невладини организации за проекти за одржлив развој 

18 мај 

- Средба на Вељаноски со Делегација на ПССЕ за набљудување на изборите 
- Затвор и високи парични казни за злоупотреба на безвизниот режим со најавените измени на Кривичниот законик
- Претседателот Иванов се сретна со делегацијата на Ад Хок комисијата на ПССЕ за набљудување на изборите

19 мај 

- Претседателот Иванов ќе се сретне со досегашниот и со новиот гувернер на НБРМ
- Денови на македонската култура во Канада

20 мај 

- Претседателот Иванов на самит на Паневропската унија 
- Македонија ќе почне национална кампања за заштита на шумите од пожари

21 мај  

Во Тетовско пронајдена поголема количина муниција и минско експлозивни средства
Поддршка од Паневрпската унија за прием на Македонија во ЕУ

22 мај 

- Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил

23 мај 

- ЕК ќе предложи заштитен механизам за визниот режим
- Претседателот Иванов на аудиенција кај папата Бенедикт Шеснаести 
- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа патронатот 
- Судењето за „Пајажина“ продолжува на 13. јуни
- Димитар Богов и официјално гувернер на НБРМ 

24 мај 

- Македонска црковно-државна делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
- Премиерот Груевски ја пушти во употреба лабораторија за генетика на Ветеринарниот факултет во Битола 
- Македонците и натаму во ЕУ ќе патуваат без визи

???????????
26 мај 

- Милошоски: Воените злосторства да се индивидуализираат, за да не бидат на товар на еден народ, држава или регион
- Јанкулоска: Кампањата за визната либерализација е дел од тековното работење на МВР, МНР и СЕП
- Претседателот Иванов во Варшава на состанок на шефови на држави од Централна Европа 

27 мај

- Меѓународен форум во Охрид за безбедноста и иднината на Западен Балкан 
- Дорис Пак: Нема визи за Македонија

28 мај 

- Во Прилеп откриен споменикот „Карпалак“ посветен на 10-те загинати бранители во 2001 година
- Министерот Маневски го означи почетокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија“

29 мај 

- Иванов на меѓународна конференција во Софија: Европа не е цела без Балканот
- Формиран владин тим за стратегија за развој и производство на домашен семенски и саден материјал
- Првите туристи од Финска допатуваа во Охрид

30 мај 

- Промени во правилата за тргување и за котација на Берзата 
- Петер Соренсен заминува од функцијата евроамбасадор во Македонија

31 мај 

- Во Скопје политички консултации меѓу МНР на  Македонија и Катар
- СРД: Неизбаланираност во вестите за изборната кампања кај поголемиот дел од радиодифузерите
- Италијанската компанија Витек отвора фабрика во Бунарџик
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:06
Април

1 април

- Државниот архив на Република Македонија денеска ја одбележи 60-годишнината од основањето.
- Јапонскиот поет Хироши Таниучи официјално прогласен за добитник на наградата „Мостови на Струга“
- Стапува во сила Договорот за социјално осигурување меѓу Македонија и Австралија
- Фондот за здравствено осигурување на Македонија од денеска склучи договор со 740 аптеки во државата, а направи и нов правилник за прераспределба на квоти на аптеките.
- Потпишани договорите за финансиска поддршка на втората фаза од проектот „Наводнување на Јужна Долина на Реката Вардар“ .  
- Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкулоска и нејзиниот косовски колега Бајрам Реџепи потпишаа договор за заеднички мешани патроли долж заедничката државна граница.

2 април

- Собранието на Република Македонија денеска со 68 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.
- Ивон Величковски е избран за нов претседател на Либералната партија.

3 април

- Република Македонија избрана од ЕК за најдобар пример за 2010 во делот на воведување на дигиталните тахографи

4 април 

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна со евидентирање на социјалните и економските партнери заради соработка за уредување на заедничките пазари со земјоделски производи.
- Директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Доста Димовска по кратко боледување почина во Софија.
- Почна аплицирањето за директни плаќања за мерките од растително производство по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година.

5 април 

- Министерот Ивановски предложен за претседател на Глобалната алијанса на ОН за информатички технологии.
- До Собранието поднесени измените на Законот за пратеници.

6 април

- Резолуцијата за Македонија пред Европскиот парламент
- Македонија и Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување 
 
- Владата донесе одлука времено да го забрани извозот на брашно до 15 септември

7 април 

- Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за Македонија.
- Грција го достави пред Судот во Хаг одговорот на дополнителното прашање. 
- Промовирани три тома собрани дела од Крсте Мисирков.
- Погребана Доста Димовска, поранешен заменик-премиер и министер.

8 април 

- Македонија одбележува 18 години од станувањето полноправна членка на ОН.
- Македонија и Косово потпишаа договори за соработка во кривичната материја.
- Исплатени 2 милиони евра субвенции на лозарите.
- Едно момче убиено, а едно повредено во тепачка во ГУЦ „Здравко Цветковски“.

9 април 

- Претседателот на ЕК Жосе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Фуле во посета на Македонија.
- Потпишани договори на Македонија и Германската развојна банка КФЊ за финансиска поддршка за изградба на првиот Ветерен парк во Македонија.
- Отворена „БИОкулт“, првата специјализирана продавница за органски производи во Македонија.

10 април

- Презентација на Македонија на „Меѓународниот базар“ во Стокхолм 
- Предаден  во употреба реконструираниот аеродром во Охрид

11 април  

- ПССЕ најави дека ќе испрати набљудувачи на предвремените избори во Македонија.
- Собранието именува нови членови на Советот на МРТ.
- Собранието изгласа одлука за престанување на функцијата на уставниот судија Трендафил Ивановски. 
- Потпишан Меморандум за разбирање за проектот Вардарска долина со кинеските КВЕ и КРБ
- Воислав Зафировски избран за претседател на Антикорупциската комисија

12 април 

- Прогласена епидемија на мали сипаници.
- Собранието го избра Борис Кондарко за претседател на ДИК.
- АД МЕПСО доби кредит од Светска банка за изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија

13 април 

- Заокружена финансиската конструкција за автопатот Демир Капија - Смоквица.
- Македонија и Словачка потпишаа Програма за соработка во образованието за 2011-2015.
- Владимир Стојановски предложен од Судскиот совет за судија на Уставен суд.
- Продолжен за 90 дена рокот за понуди за втората фаза од постапката за концесионирање на патиштата.
- СРД го претстави новиот Правилник за рамноправен пристап во медиумите во изборната кампања.

14 април 

- Собранието ги донесе измените на Законот за акцизите, поевтинуваат бензинот и дизелот.
- Во американскиот Конгрес формирана првата Група на пријатели на Македонија.
- Собранието го избра Владимир Стојановски за судија на Уставниот суд.
- Македонија го достави својот коментар на грчкиот одговор на дополнителното прашање од Судот во Хаг.
- Собранието се самораспушти-предвремени избори во јуни.

15 април 

- Вељаноски ги распиша предвремените парламентарни избори за 5 јуни 
- Јанкулоска најави дека МВР формира штаб за подготовка и реализација на активности за обезбедување фер и демократски избори.
- Промовирани 17 нови нископодни и еден двокатен градски автобус.
- Заем од 6 милиони евра од ЕБОР за четири мали хидроцентрали .

16 април 

- Владата донесе одлука за воведување ИСО стандарди во јавната администрација.

17 април 

- Убиен еден разбојник и ранет полицаец во престрелката во Тетовско.
- Постхумна титула „Херој на зелената иднина“ за загинатиот ученик од ГУЦ „Здравко Цветковски“.

18 април 

- Десет години и 4 месеци вкупна казна затвор за тројцата осудени во случајот „Пливалиште“ во Струга.
- ДИК бара 6 милиони и 650 илјади евра за спроведување на предвремените парламентарни избори.
- Полицијата го откри лицето кое телефонски се закануваше на претседателката на Основниот суд Скопје 1 и на истражниот судија.

19 април 

- Вељаноски побара од ЕП, СЕ и ОБСЕ да испратат набљудувачи за изборите.
- Со пари од ЕБОР БАС програмата ќе се подобрува конкурентноста на македонските мали и средни компании.

20 април 

- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во посета на Македонија.
- Радмила Шекеринска е кандидатот не Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) за премиер доколку партијата победи на предвремените парламентарни избори, објави лидерот Бранко Црвенковски. 

21 април 

- Продолжен куќниот притвор за дел од обвинетите од „Пајажина“.
- Шкодран Идризи првообвинетиот за „Мавровските работници“ пуштен да се брани од слобода.
- Промовирана новата интернет страница ,,Органска Македонија“.
- СЕЕМО ја осуди одлуката на бугарските власти да не им дозволат влез на македонски новинари.

22 април 

- Американскиот амбасадорот Филип Рикер добитник на Наградата за лидершип за 2010 на Институтот за демократија и развој.
- Велики петок - Ден на жалост во христијанскиот свет.

23 април 

- Од 1 јули трет чартер-лет со холандски туристи во Охрид.
- Зголемен промет на патници на граничните премини со Грција.

24 април 

- Православните и католичките верници го слават Велигден. 
- Пуштање во употреба на реконструираните северна, источна и западна трибина на Арената „Филип Втори“.

25 април 

- Отворена Спомен-куќата на Тоше 
- Прилеп доби нова Градска куќа 

26 април

- Еден загинат и тројца повредени на гостиварската патарина.
- Владата одбори 315 милиони денари од Буџетот за спроведување на предвремените парламентарни избори.
- ВМРО-Народна партија ги објави носителите на листите во шесте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни.

27 април 

- Почна производството во „Улак амбалаж“ во Берово, турска инвестиција од близу 1,5 милиони евра.
- Бугарскиот амбасадор повикан во МНР поради забраната на македонски новинари да влезат во Бугарија.
- МОСТ најави ќе ги следи изборите со над 3.500 набљудувачи.

28 април 

- Лустраторите откриле соработник на тајните служби во Советот на 
- Одбележани 10 години од масакрот кај Вејце

29 април

- Закажано судското рочиште за „Пајажина“
- Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се сретна со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
- Скапиот лек „Гливек“ достапен за сите пациенти со хронична миелоична леукемија

30 април 

- Европската комисија позитивно го оцени функционирањето на судскиот систем во Македонија.
- Акција на МОСТ за овозможување проверка на податоците во Избирачкиот список.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 16:05
Март

1 март 

-Продолжи судскиот процес за бродската несреќа на Охридското Езеро кога при потонување на бродот „Илинден“.
-Владата одлучи да интервенира со 40 илјади тони пченица на пазарот по цена од 15,5 денари за да се ублажи ударот од последните поскапувања на лебот. 

2 март

-Владата донесе одлука за изменување и дополнување на осум закони што се однесуваат на работењето на администрацијата, а во насока на спроведување на реформите во овој сектор.

3март
 
-Судскиот совет на Кривичен суд во Скопје го осуди на доживотна затворска казна Скопјанецот Тони Денковски, за минатогодишното тројно убиство, кое го изврши во рибниот ресторан „Биг Фиш“, во населбата Аеродром.
-Почнува легализацијата на дивоградбите во Македонија со што им се дава можност на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените домови по едно евро за квадрат.
-Потврдена одлуката за домашен притвор на двајца обвинети во случајот „Пајажина“

4 март

-Новиот амбасадор на Европската унија во Македонија данскиот дипломат Петер Соренсен, му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Макеоднија Ѓорге Иванов
-Македонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, за последен пат емитува од Лондон вести на македонски јазик.
-Република Македонија и Република Албанија потпишаа протокол со кој е договорено билатералниот и транзитниот превоз меѓу двете земји да биде целосно либерален, односно без режим на дозволи.
-Врховниот суд не ја прифати жалбата на  уставниот судија Трендафил Ивановски на одлуката на Управниот суд, а претходно и на Комисијата за лустрација која утврди дека тој е поранешен соработник на тајните служби. 

5 март

-Тања Алтанџиева, актуелен член на Државната изборна комисија (ДИК), и Борис Кондарко, поранешен член на ДИК и поранешен пратеник, предлози што на опозициската СДСМ за претседател на ДИК.
-Никола Груевски едногласно е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ со што повторно ја доби довербата за трет четиригодишен претседателски мандат на партијата.

6 март

-Капитацијата за матичните лекари од овој месец се зголемува пет денари и наместо 45, повторно ќе изнесува 50 денари за пациент

7 март

-Министерството за образование и наука распиша конкурси за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти за 2011 година.
-Две лица починаа од грип од типот А на Инфективната клиника во Скопје

8 март

-Со комеморативна седница во МАНУ почна неколкудневната програма за свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
-Констатирана листата за претседател на ДИК, пријавените седум кандидати ги исполнуваат условите
-Скопското Јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 побара дополнителни истражни дејства против 12 осомничени лица поради сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“ во случувањата на скопското Кале на 13 февруари.
-Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска согласно законските одредби, ја достави листата на пријавени кандидати за претседател на Државната изборна комисија до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
-Собраниската комисија за уставни прашања на денешната седница го поддржа Предлог-текстот на амандманот 32 на Уставот на Република Македонија
-Четворица починати од грип од типот А Х1Н1 на Клиниката за инфективни болести
-Владата ги прифати измените и дополнувањата на Изборниот законик во кои што се вградени препораките на ОБСЕ и ОДИХР

9 март

-Калето ќе остане затворено за посетители до правната завршница за неодамнешните инциденти
-Димитар Богов, досегашен вицегувернер, е предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов гувернер на Народна банка на Република Македонија на местото на Петар Гошев, чиј мандат истекува во мај. 
-Република Македонија унилатерално се придружи кон рестриктивните мерки коишто Европската унија ги воведе кон Либија минатата недела.

10 март

-Стејт департмент: Американската политика за името - конзистентна, Вашингтон не диктира како да се реши
-Отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
-Ристо Никовски писмено го известил претседателот Ѓорге Иванов дека се повлекува од членство во Советот за меѓународни односи.

11 март

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го покани претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на билатерална средба во отворените прашања во пресрет на претстојните парламентарни избори во Република Македонија.
-Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го утврди Предлогот на СДСМ Борис Кондарко да биде претседател на Државната изборна комисија.

12 март

-Основачко собрание на Демократска десница

13 март

-Одбележани шест години од приведувањето на Јохан Тарчуловски
-Министерството за правда, Управата за водење матична евиденција и Министерството за внатрешни работи го завршија ажурирањето на податоците за матичен број на починатите лица за периодот од 1950 до 1980 година на целата територија на Република Македонија.
-Четврти Конгрес на Либерално-демократската партија

14 март

-Американската агенција за меѓународен развој УСАИД им додели грант во износ од над 5,1 милиони американски долари на пет македонски невладини организации за проекти за поддршка на претприемништвото и енергетската ефикасност во земјава.
-Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) стана дел од европската мрежа на Европската комисија, ЕУРАКСЕС – Истражувачи во движење.
-Нова жртва на грипот А (Х1Н1), уште седум хоспитализирани

15 март

-Академик Матеја Матевски, македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач е добитник на Златниот венец на 50. јубилејно издание на светски реномираната поетска манифестација Струшките вечери на поезијата за 2011 година.
-Без исход заврши средбата на лидерите на најголемите политички партии од власта и од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски што се одржа во Клубот на пратениците.

16 март

-Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски на церемонија во Домот на АРМ во Скопје беше прогласен за почесен член на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт.
-Собранието на Република Македонија го утврди Предлогот на Амандманот 32 на Уставот на Република Македонија со кој се создаваат услови за успешна борба против организираниот криминал и корупцијата. 
-Собранието на Република ги избра Димитар Богов за иден гувернер на Народната Банка на Република Македонија..
-Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент со огромно мнозинство ја усвои предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник Зоран Талер, поворно препорачан старт на преговорите со ЕУ.
-Собранието на Република Македонија едногласно ја изгласа Одлуката за основање и состав на Привремена комисија за утврдување на состојбата на Избирачкиот список.

17 март

-Врховниот суд на Република Македонија денеска ја потврди пресудата за Јован Вранишковски, со која тој за кривично дело „затајување“ е осуден на казна затвор од 2,5 години.

18 март

-Номинацијата на „Кокино“ за Светската листа на културно наследство комплетна, одлучи Светскиот центар за културно наследство.
- Средба на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети. На средбата беа поканети и претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски и на Нова Демократија Имер Селмани, но тие го откажаа учеството.

19 март

- Кривична пријава против Ѓ.В.(62) од Скопје вработен како лекар – трауматолог на Клиниката за трауматологија при Клиничкиот центар во Скопје.

20 март

-Тројца актуелни европратеници и поранешни министри од Романија, Словенија и Австрија, Адриан Северин, Зоран Талер и Ернст Штрасер разоткриени во финансиски скандал, објави денеска на насловната страница британскиот весник „Сандеј Тајмс“.
-Постигнат е извесен напредок во надминувањето во врска со барањата на опозицијата за одржување на предвремените парламентарни избори, оценија по шестчасовната средба лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова Демократија, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани. 
- Членовите на Централното собрание на здружението на припадниците на безбедносните сили  „Достоинство“ одлучија дека треба да формираат политичка партија и да учесувуваат на предвремените парламентарни избори.

21 март

-Пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг  почна јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција заради кршење на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји од 1995 година.
-Претседателот Ѓорге Иванов постхумно му додели орден 8 Септември на академик Никола Кљусев, премиер на првата демократски избрана Влада на независна Република Македонија од 1991 до 1992 година.
-Викиликс објави документи од кои може да се види дека грчкиот вице-премиер Теодорос Пангалос на средба со американскиот амбасадор во Грција Даниел Спекхард, во февруари 2008 година во Атина рекол оти прашањето за името меѓу Македонија и Грција е „смешно“  и „катастрофално од самиот почеток“ и дека на грчкиот сосед - Република Македонија треба да и биде дозволено да го користи името кое го посакува, а Грција навистина треба да биде почестена со тоа што Скопје сака да го користи тоа име.
 
22 март

-Пратениците го донесоа Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица.
-Уште една жртва на грипот, седумнаесетта по ред.
-Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година и официјално со донесување на закон од април се одлага за октомври. 
-Средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани, кај претседателот Ѓорге Иванов заврши по неполн час без договор за отворените прашања во врска со одржувањето на предвремените парламентарни избори.

23 март

-Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во минатата година изнесува 0,7 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-Кривичниот совет при Основниот Суд Скопје 1 го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство за продолжување на мерката притвор и куќен притвор за обвинетите во случајот „Пајажина“.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера до Основниот суд Скопје 1 поднело обвинение против Велија Рамковски и уште 22 лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“.
-Викиликс објави доверливи информации според кои поранешниот грчки премиер Костас Караманлис на средба со поранешниот амбасадор на САД во Атина Даниел Спекхард, одржана во јануари 2008 година најавил дека Грција нема да дозволи членство на „ПЈРМ“ во евроатлантските институции ако не се најде решение за прашањето за името пред Самитот на НАТО во Букурешт, 
-Република Македонија одлучи да повлече 220 милиони евра од отворената кредитна линија од Меѓународниот монетарен фонд.

24 март

- Македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу  се сретнаа во Брисел.
- Македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Брисел.

25 март

-Министерот за економија Фатмир Бесими во името на Владата потпиша Директен договор со Европската банка за обнова и развој - ЕБОР  со кој ќе се обезбеди континуитет во изведувањето на проектите за мали хидроелектрични централни.
- Заврши првата фаза од усната расправа пред Судот во Хаг

27 март

-Доделени 25 договори на компании за проекти за поттикнување технолошкиот развој

28 март

-Почна втората фаза од македонско-грчкото соочување пред Меѓународниот суд во Хаг
-Демократската партија на Албанците се врати во Собранието, но ќе учествува само во активностите на собраниските тела поврзани со претстојните избори.
-Државно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи во иднина ќе се продава по почетна цена за јавно наддавање од едно евро за метар квадратен, одлучи Владата.
-Во Основниот суд во Штип е изречена пресуда за тројца обвинети во случајот со педофилија и трговија со луѓе, во кои се инволвирани две малолетнички кои не наполниле 14 години.

29 март

-Со Указ од претседателот на Република Македонија за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ е поставен бригаден генерал Горанчо Котески, кој досега ја извршуваше должноста аѓутант и воен советник на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија.

30 март

-Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, исплатил сума од над 530.000 евра на приватната фирма за комуникациски менаџмент „Пристоп МК“, за организација на Охридскиот самит на претседатели, кој траеше само еден и пол ден, на почетокот на мај 2008 година, објави агенцијата Нет прес.
-Отворените прашања меѓу ЕВН и Владата се надминати.  Денеска компаниите ЕВН и ЕЛЕМ постигнаа судска спогодба за надминување на спорот што постои меѓу двете компании. 
-Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го одликува Државниот архив на Република Македонија со „Орден за заслуги за Македонија“, по повод шеесетгодишниот јубилеј на оваа институција.
-Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека согласно Уставот и законите и предвидената динамика ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе предложи предвремените парламентарни изброи да се одржат на 5 јуни.
-Во Хаг заврши усната расправа по македонската тужба против Грција 
-СДСМ ќе учествува на предвремените парламентарни избори, објави лидерот на партијата Бранко Црвенковски и соопшти дека опозициската партија веќе нема никакви барања.

31 март

-Под мотото „Ајде на садење, батали политика бар денес“, во Македонија денеска ќе бидат засадени уште три милиони дрвца во седмата акција „Ден на дрвото - пролет 2011“. 
-Десет од 16-те компании пријавени на јавниот оглас за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ се квалификуваа. 
-НБРМ: Инфлација од 3,6 проценти во првите два месеци од годинава, растот на цените засега контролиран.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,211 секунди.