Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Алпинизам Испратена: 22.Декември.2011 во 08:57 |
Гледам нема тема за алпинизмот па затоа отворив јас
-----------------------------------------------------------------------------------
Македонка на врв на светот
Алпинистката Илина Арсова е првата Македонка која се искачи на еден од најголемите светски врвови, хималајскиот Ама Даблам (6.856 метри). Овој подвиг таа го постигна минатиот месец заедно со клупскиот колега од „Македон“ Илија Ристовски, со кого имаше долги подготовки и аклиматизација пред освојувањето на врвот во Непал. Остварувањето на целта минало без посериозни потешкотии иако таа признава дека за прв пат во својата 10 годишна алпинистичка кариера, почувствувала дека не е страшно доколку човек на половина пат се откаже од искачувањето до врвот.
Досега некако го доживува тоа поинаку. Како, ако се откажете од врвот да значи некаков пораз. Но, воопшто не е така. Планината е таму, вие сте дале се од себе, но нашата психо - физичка спремност не е пресудна во искачувањето на врвот. Планината го има завршниот збор.
Илина Арсова, алпинист.
„Досега некако го доживува тоа поинаку. Како, ако се откажете од врвот да значи некаков пораз. Но, воопшто не е така. Планината е таму, вие сте дале се од себе, но нашата психо - физичка спремност не е пресудна во искачувањето на врвот. Планината го има завршниот збор. Дали времето ќе биде добро, дали нема да биде добро, дали ќе има лавина или нема да има лавина. Тоа се елементи што не може да се предвидат и што треба да имаме среќа, односно планината да не сака, за да ни дозволи да стигнеме до врвот“, изјави Арсова.
Таа и Илија в четврток од 20 часот во Електро - техничкиот факултет во Скопје за сите заинтересирани и љубители на алпинизмот ќе организираат фото - презентација од искачувањето на Ама Даблам,Хималаи што е само еден од триесетината светски врвови на кои го развеале македонското знаме. Тоа во досегашната кариера на Арсова, која е и ски - инструктор, како и параглајдерист, и успеало и на највисокиот врв на Јужните Анди, Аконкагва (6.962 м.), потоа на десетина алпски врвови, вклучувајќи ги и највисоките - Мон Блан, Матерхорн и Брајдхорн, како и на неколку планини во Кина повисоки од 5.000 метри. Сите овие потфати говорат дека таа има сили и за уште поголеми достигнувања, па и за повторување на подвигот на Димитар Илиевски - Мурато и на Сашко Кедев, што е нејзина наредна цел.
„Станува збор за експедиција на Монт Еверест 2012 - та, што доколку биде успешна значи дека Македонија ќе си го добие својот прв женски претставник на највисокиот светски врв. Значи сега доаѓа момент кога можам да кажам конечно имаме спремен тим кој што би го веел македонското знаме на врвот на светот“, додаде Илина Арсова.
Таа се надева дека за остварување на овој подвиг од национално значење, ќе има поддршка и од институциите и од спонзорите, кои би помогнале околу подготовките, патот до Непал и освојувањето на 8.848 метри високиот Монт Еверест.
Изменето од gonzo - 22.Декември.2011 во 15:34
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2011 во 15:10 |
ИНТЕРВЈУ СО БОБАН СТОЈКОВИЌ
Неодамна пребарувајки и собирајќи информации поврзани со спорт, случајно на Facebook наидовме на текст ”Ден на планината” и на некои Ваши фотографии... По мало новинарско истражување стапивме во контакт со Вас и го договоривме ова интервју во редакцијата на Спорт Арена.
Стојковиќ Бобан, член на ПК Кораб од Скопје, нашиот соговорник, е човекот кој од Планинарската Асоцијација ја прими наградата “Најактивен планинарски клуб во Македонија” – ПК “Кораб”.
СА: Кој е Стојковиќ Бобан? Кажете им нешто за себе на нашите читатели, од каде сте, што работите и сл.
По неколкуте променети места на живеење низ скопските населби, последниве 15 години сум цврсто вгнезден во Автокоманда. Прекрасна населба, која за жал поради опколеноста од неколку индустриски капацитети, деновиве и не е баш најфино место за живеење. Веќе 12 години професионално сум ориентиран кон угостителството и успешно го менаџирам кафе ”Ле Петит”, местото со најдобро кафе од левата страна на реката Вардар. Работните денови ги минувам таму, а викендите се трудам да избегам некаде по планините, сам или ако временските и техничките услови дозволуваат со мојата жена и моите две деца. Поведени од позитивните коментари за видеата кои ги снимaвме за потребите на една агенција за алтернативен туризам, заедно со мојот најдобар другар и сопатник во безбројните планински авантури, деновиве ја регистриравме и ”Авантура Продукција”, продукција која ќе се занимава со снимање на планините и авантурите по нив. Веќе имаме снимено три епизоди од серијалот и сме во завршни преговори со една наша национална телевизија за емитување на истите.
< ="http://www.youtube.com//K5c46f2kfqw?wmode=transparent" allowfullscreen="" border="0" height="315" width="560" style="margin-top: 0px; margin-right: 0px; margin-bottom: 0px; margin-left: 0px; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; : -10; text-align: center; max-width: 705px; ">
СА: Од каде идеата за да започнете да планинарите, кога и како почнавте?
Плананинарењето дојде сосема случајно, како последица од едно пролетно шетање по печурки... На крајот од денот сфатив дека толку добро се чуствувам, што воопшто не беше битно колку печурки има во кошницата. Неколку дена подоцна, се неколку мои другари заминавме на првата планинска авантура, наречена планина Китка.
СА: Ќе можете ли да го опишете првото ваше искуство на планина, што е тоа што најмногу ви се допадна?
Беше март и времето беше многу променливо... неискуството направи да заглавиме во метарски длабок снег и со последни сили да се пробиеме до домот. Се сместивме и откако психо-физички се прибравме, во доцните вечерни часови на вратата од домот се појави човек, планинар кој со самата појава импресионираше! Имаше челна ламба и голем ранец на грбот. Беше одлично облечен и видно покриен со мраз и снег, а што беше најимпресивно – беше сосем сам! Е тој истиот човек којшто јас го запознав таа вечер, далечната 1996 година, е сега мојот голем пријател Љубомир Котевски,човекот со којшто оваа година го искачив врвот Монт Блан 4810 м.н.в и Претседателот на мојот матичен клуб Кораб!
СА: Кажавте дека неодамна сте го освоиле покривот на Европа - Монт Блан 4810 м.н.в. Какви беа припремите и која беше првата мисла што ја имавте кога почнавте да се искачувате?
Припремите беа доста интензивни и сеопфатни. Секојдневни кондициони тренинзи, откажување од многу пороци! Викендите ги поминував на поголемите планини за подобра аклиматизација, а работните денови наутро на лента за трчање, а попладне на Водно. Битно е да напоменам дека покрај физичките имаше и многу технички подготовки кои опфаќаа собирање на информации за планината, како и секојдневно повторување на алпинистичко – планинарски техники за одење во навеза, користење на цепин, дерези и сл. Што се однесува до првата мисла, незнам, ама сепак покрај целата возбуда од искачувањето, тоа беа децата коишто ме чекаа да се вратам.
СА: Кажете ни нешто за вашиот клуб и како дојде до тоа да ја освоите наградата “Најактивен планинарски клуб во Македонија“?
ПК Кораб од Скопје со години наназад е најбројниот планинарски клуб во Македонија. Во просек броиме по околу 250 члена. Клубот работи со скромни средства прибрани од членарина и нема дополнителни приходи. Ентузијазмот на членовите, љубовта кон планината и многубројните достигнувања на нашите членови ја донесоа наградата. Помеѓу другото треба да се напомене дека сме најуспешната експедиција која 2011 година го осовои Монт Блан, или со други зборови сите членови на експедицијата го освоија врвот! Исто толку важно е и да се каже дека сме организатори на најголемата и најпосетена планинарска акција во Македонија – “Искачување на Голем Кораб”, која во просек брои по 2000 учесници годишно.
СА: Кои се Вашите идни цели и дали планирате освојување на некоја повисока планина?
Како што претходно кажав, јас и партнерот Славчо Тупарев деновиве интензивно работиме на снимање на нови матријали за серијалот наречен “Планински авантури”. Тоа се напорни снимања и одземаат многу време и енергија. Планините кои ги снимаме практично се искачуваат повеќе пати на едно одење. Се поставуваат камерите - па се враќаме по нив; се оди надвор од стазите за да се доловат реални кадри, се оди нагоре – надолу безброј пати. Еве баш сега во неделата имавме едно такво снимање на Шар Планина – врв Љуботен 2499 м.н.в и сеуште закрепнувам од истото. Невидено невреме, магла, ветер, снег. Впрочем, наскоро кога емисијата ќе се емитува, реално ќе можете да видите за што ви зборувам. Што се однесува до следно искачување на некоја повисока планина, работите се малку по комлицирани. Впрочем таквите експедиции покрај добра психо-физича подготвеност бараат и повеќе средства, а истите сам неможам да ги обезбедам. Аплицирав на конкурс во областа на спорт, за доделување на средства при Град Скопје, ама сеуште немам никако одговор. Се работи за највисокиот врв на Африка – Кибо 5895 м.н.в на планината Килимаџаро, но тој сега за сега останува само желба и поттик за активно живеење.
|
|
gonzo
Сениор
Мачкозил
Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Декември.2011 во 19:53 |
Американски тинејџер собори рекорд во планинарењеАмериканскиот
тинејџер Џордан Ромеро стана најмладата личност на светот која освоила
седум највисоки планински врвови на седум континенти, соопшти неговата
мајка на профилот на Facebook. Ромеро (15) и се јавил во саботата на својата мајка Ли Ен Дрејк и потврдил дека се искачил на врвот Монт Винстон на Антартикот.
Ромеро,
кој е роден во Калифорнија, со овој потфат го собори рекородот на
британскиот планинар Џорџ Еткинсон, кој во мај, на 16 години, освои
седум највисоки врвови на светот. Тимот на Ромеро, во кој се наоѓаат и неговиот татко и маќеата, почнале да се качуваат во средата. На
само 10-годишна возраст, Ромеро го освои врвот Килиманџаро во Африка, а
на 13 се искачи на највисоката планина на светот Монт Еверест, на
Хималаите во Азија. Ајд, кога не сме виделе ,останува само да и веруваме на мајка му и на фејсбук...
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|