IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Кога водата тивко шумоли
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кога водата тивко шумоли

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кога водата тивко шумоли
    Испратена: 16.Декември.2011 во 08:41

Идејата за филмот е на Ѓоко Поповски -- Гањо. Тој, како спортски фотограф и снимател во 1963 година за прв пат се сретнал со спортскиот велосипедизам, за време на снимањето на трката низ Југославија, која тогаш одела од Скопје до Сараево. Гледајќи го напорот на велосипедистите низ бројните променливи ременски и патни услови: дожд, ветар, сонце, угорнини, без вода, без храна... им се восхитува на нивнаот подвиг и доаѓа до заклучок дека спортскиот велосипедизам е пред маратонот по тежина.




Во 1974 година Гањо ја снима Меѓународната велосипедска трка низ Југославија. Трката започнала во Скопје, а завршила во Љубљана, додека Гањо постојано ги следел велосипедистите на мотор со камерата во рака.

Тој се сеќава додека поминувале покрај Јадранската обала, велосипедистите застанувале да се избањаат и да се освежат од жешкото време, но тоа било против правилата и за секое бањање добивале казнени поени. Сепак тоа не ги спречувало да не влезат во морето.

Снимениот материјал го носи во Скопје каде по неколку обиди со неколку режисери, се среќава со Коле Ангеловски кој прифаќа да изработи документарен филм од материјалот.
Извадоци од овој документарен филм се пуштани на Македонската радио телевизија неколку пати.

Филмот претрпува измена во соработка со Вардар филм со цел да биде прикажан на Белградскиот фестивал за документарен филм од 1979 година. Таму филмот постигнува успех и е прикажан во преполна сала на Домот на синдикатите.

Документарниот филм „Кога водата тивко шумоли" останува безвременски сведок на напорите кои велосипедистите ги поминуваат и инспирација да се вози велосипед.
Наслов
Додека водата тивко шумоли

Филм од 1979 година, во времетрање од 20 минути.
Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 16 мм.
Производство
Вардар филм - Скопје
Содржина
Апотеоза на напорите коишто ги вложуваат велосипедистите на велосипедска трка од типот - Tour de Yougoslavia.

Автори

Режија: Ангеловски Коле 
Сценарио: Поповски Ѓоко 
Снимател: Поповски Ѓоко 
Монтажа: Демировиќ Османли Кемал 
Тон: Андреевски Варнава
Други соработници:

идеја -- Ѓоко Поповски
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.