IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонци во француски документ од 1919 год.
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонци во француски документ од 1919 год.

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонци во француски документ од 1919 год.
    Испратена: 24.Ноември.2011 во 20:47

Овој документ е од Француската дипломатска кореспонценција, кој потекнува од  1919 година од француските воени дипломатски кругови во Солун и носи епитет: тајно.


Тој е испратен до највисоките француски воени органи во Париз, во пресрет кога било актуелно македонското прашање по завршувањето на Првата светска војна.

Во документот се зборува за етничкиот карактер на населението, владеењето на Грција во новоосвоениот дел, со осврт на француските економски врски, трговската размена и културното влијание по новосоздадената ситуација по завршувањето на Првата светска војна.

Со овој документ, кој е еден од многуте кои ја потврдуваат посебноста на Македонците и македонскиот јазик, се дознава и за политиката на Грција кон ново освоената територија и кон затекнатото население во неа. Со оглед на тоа да политиката на негирањето на постоењето на Македонците во Грција, продолжува и денеска со несмален интензитет како и во  минатото, кога автохоното население од  Македонија, од страна на странските автори, често пати под влијание на туѓите пропаганди е запишувано како бугарско, српско или грчко население, со што најчесто ги  игнорираа и исказите на самите Македонци, овој документ е уште една потврда за  дволичната политика на Големите Сили, кои тргнувајќи од своите лични интереси го обесправија Македонецот како во минатото така и денес, со продолжување на негирањето на етничките Македонци и македонскиот јазик.

Политиката на негирање на постоењето на Македонците во Грција, продолжува и денеска со несмален интензитет. Но, постоењето на Македонците во Грција, а и во регионот, е непобитен факт. За него говорат мноштвото  на документи, анализи, сведоштва кои го потврдуваат ова постоење. Но, покрај ваквите автори постојат странци кои во своите документи ја запишале првичната состојба во Македонија. Во Париските државни архиви има стотици вакви дипломатски документи во кои се зборува за јасно посочен национален идентитет кај Македонците.

Како Македонци сме свесни дека интересот за Македонија е огромен поради одличната гео стратешка позиција, но она што ни претставува проблем е желбата на соседите за разнебитување на Македонија и неможноста на Македонија да се одбрани од злите напади. Историјата не познава ваков случај, како македонскиот. Специфичноста е во тоа што и покрај големиот временски период во кој се спори македонското прашање не може да се затвори токму поради континуираното постоење на македонска држава, сè едно во какви рамки. Македонското прашање, во помал или поголем обем, ги детерминираше животните судбини на голем број жители на Балканот. Проблемот си остана ист, не променет и покрај демографската промена на регионот во изминатиов период, од појавата на „проблемот“ кои соседните држави го имаат со Македонија.

 

Тајно

Солун, 26. февруари 1919 година

Одговор на прашалникот испратен со писмото бр.6091/2 од 5. февруари, 1919 година од страна на генералот – шефот на мисијата.


КАКВА Е ПОЛИТИЧКАТА ПОЛОЖБА ВО РЕГИОНОТ?

Населението на Македонија е многу разновидно. Во земјата што ја напојува Струма и горниот тек на Вардар, пред 1912 година имало: 600 000 Македоно – Словени, 500 000 Турци, 200 000 Грци, 100 000 Евреи, 30 000 Куцо – Власи и 25 000 Цигани.

Иако тие различни раси се целосно измешани, така што не може да се најде ниту едно подрачје со забележителен етнички карактер, сепак секое семејство ја чува својата религија, својот јазик, своите традиции и обичаи. Грците живеат на морскиот брег ,долж сообраќајниците за да можат да и се посветат на трговијата, Турците и Македонците ја обработуваат земјата, а Евреите се собрале во Солун, каде што претставуваат трговско мнозинство на Елада.

Грчката влада, на која со Букурешкиот договор и бил доделен значителен дел од тоа подрачје, не можела да преземе хомогено организирање на новите поседи. Недостигот на практичност, одвратноста на Гркот кон тешката земјоделска работа, недостатокот на флексибилно законодавство, не можеле многу да придонесат од Македонија да се создаде продолжение на Елада.

Оттука произлегува сета политика со која се зафатила владата во Атина. Не можејќи да се наметне со квалитет, таа сакала да се послужи со сила и тамошното домашно население да го третира така како што победникот го третира победениот. Таа се обидела да уништи сè што не е грчко, фаворизирајќи ги само своите сонародници.

Лесно може да се сфати таа тенденција за насилна еленизација, кога ќе се земат предвид сите мерки што ги презела новата влада на подрачјето на граѓанските и верските права: одземање права на џамиите и на гробиштата; запленување на недвижниот имот на месното население и негово деделување на Грците, разновисни мачења на Евреите.

....

Од овој краток осврт се гледаат карактеристиките на политиката на грчката влада на тие подрачја: насилната еленизација, експлоатацијата на сите работни елементи, задржување и влошување на некогашната турска управа.

...

ДАЛИ НАСЕЛЕНИЕТО Е ЗАДОВОЛНО?

Во земјата владее големо незадоволство. Сите селани, без оглед на расата и религијата, се жалат од стопансакта положба, која сега е лоша, а во иднина ќе биде уште полоша. Снабдувањето е многу лошо – најпотрените пренхрамбени производи се под државен монопол, многу скапо им се продаваат на населението, кое добива само минимални количини, нередовно и со прекини. Без интендантурите и сојузничките воени кооперативи, од кои населението се храни со криумчарење со потсредство на трупите, гладот веќе би завладеал. Додека Атина и сета Стара Грција имале и имаат на располагање пониски цени на секакви видови производи, во Македонија, недостасуваше и се` уште недостасува леб, јаглен, шеќер, сол, кибрит и т.н. ... Администрацијата и полициските маки, злоупотребата на власта, заобиколувањето на законот, одбивањето на правдата, корупцијата, нетолеранцијата и секаквото мачење –предизвикуваат општо незадоволство.

....

ДАЛИ ПОСТОИ СТРАНСКА ПРОПАГАНДА ВО РЕГИОНОТ?

Македонија отсекогаш била и останала затворено поле за сите балкански и странски натпреварувања. Бугарите повторно ја започнаа својата пропаганда, Србите издаваат пасоши и потврди за натурализација на сите што го бараат тоа и така, заштитувајќи ги, своето влијание го обезбедуваа со училишта, предавања, преку својата стопанска комора, преку олеснувањата за солунската трговија и т.н. ....

....

Останати информации што ги присобравме и кои не се застапени во претходните  рублики:

... Во делот на Македонија кој сега и е потчинет на Грција, најчесто покрај францускиот јазик, кој служи како втор јазик на елитата, се зборуваат следните јазици, наредени според важноста: македонско – славјански, турски, влашки, еврејско – шпански, гркофонскиот елемен претставува само една шестина од населението. Јазикот на Сегашниот господар во поголемиот дел од земјата воопшто не го разбираат. Сепак, Владата го наметнува како единствен официјален јазик. Неодамнешиот закон наредува – дури одредува парична или затворска казна – употреба исклучиво на грчкиот јазик во дневникот, кој се должни да го водат сите трговци, па и сите други граѓани со извесен имот. Се прашуваме како трговците и поединците кои досега своите книги ги воделе главно на француски и воопшто не го познаваат грчкиот јазик, ќе можат да се сообразат со законот.....

СОЛУН, 25 февруари 1919

Во изоставениот дел францускиот аналитичар зборува за француското влијание во овој регион, нивната културна застапеност.

 

  http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/679-2011-11-24-19-23-56

Извор: Глигор Тодоровски, „Еден француски дипломатски документ од Солун од 1919 година.“



Изменето од mungos80 - 24.Ноември.2011 во 20:48
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.