IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Општествена одговорност на претпријатија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Општествена одговорност на претпријатија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Општествена одговорност на претпријатија
    Испратена: 27.Октомври.2011 во 06:29

Што е Општествена одговорност на претпријатија?

 
 

Општествена одговорност на претпријатија


Општествената одговорност на претпријатијата може да се дефинира како одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој и ги зема предвид очекувањата на засегнатите страни, во согласност е со меѓународните норми и е интегрирано низ целото претпријатие.

Општествена одговорност на претпријатијата во Македонија


Во декември 2007 година, Министерството за економија на Р. Македонија, формираше Национално координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (НКТ ООП) како постојана работна група при Економскиот и социјален совет на Владата на Република Македонија. НКТ-ООП е крос-секторско тело одговорно за развивање на повеќекратен дијалог и идентификување на заеднички дејствија за промоција и имплементација на ООП.

Национална агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Македонија


Во јуни 2008 година, како дел од работниот план на НКТ ООП, беше подготвена Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата. Агендата беше усвоена од страна на Владата на Р. Македонија во октомври 2008 г. Целите на Агендата се подигнување на свесноста за ООП, развивање на капацитети и компетенции за да се помогне етаблирањето на ООП и обезбедување на поволен амбиент за ООП.

 
 
Дали и колку се придржуваат нашите претпријатија кон ова?
 
Значи ли нешто за нив поимов или воопшто и не слушналезбунетост


Изменето од Santijago - 27.Октомври.2011 во 06:30
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 06:32
Национална награда за општествена одговорност за 11 претпријатија
 
 
 
Единаесет големи, средни и мали претпријатија денеска од Министерството за економија добија национална награда за општествена одговорност за проекти спроведени во 2010 година преку кои покажале позитивни практики на општествено одговорно делување во пет категории, а 26 беа наградени со плакета за постигнување во таа област.


Наградените се избрани во конк*ренција на 63 проекти од 38 компании, доставени на конк*рсот што го распиша Министерството за економија, преку проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во Македонија“, кофинансиран од Европската унија.

Кај големите претпријатија, награда во категоријата односи со вработените добија Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија за проектот „САП Модул“ и Џонсон контролс Македонија за „Зголемување на задоволството на вработените“, а кај малите и средните претпријатија таа награда не беше доделена. Во категоријата етичко управување кај големите фирми наградата му припадна на Алкалоид АД Скопје за проектот „FriWild стандард - круна на 75 годишна традиција на високи вредности“, а кај малите и средните претпријатија Фармахем Скопје за проектот „Транспарнетност на менаџментот и вклученост на вработените во носење одлуки“.

Стручното жири за категоријата однос со добавувачи и потрошувачи ги награди Фени индустри АД за проектот „Транспранетни и фер набавки“, како и Дониа ДООО за „Е - истражување на пазар. Во категоријата животна средина наградени се Цементарница УСЈЕ АД за „Биодиверзитет на вештачките езерца„ и „Адора инжинеринг ДООЕЛ за „Заедно ја градиме иднината“. Најдобра општествена одговорност преку вложување во заедницата практицирале АД Електрани на Македонија со проектот „Декларација за општествена одговроност/ донација на оперативен микроскоп за уво, нос и грло“ и Македонски телеком АД за „5 Радио драми“, како и ТТК Банка АД за проектот „ТТК Банка во поддршка на заедницата“.

Плакети за постигнувања во општествената одговорност кај големите фирми добија Цементарница УСЈЕ за проектот „Безбедност и здравје за нашите вработени“ , ЕВН Македонија АД за проектот „Едукација на корисниците за енергетска ефиканост“, како и Пивара Скопје, Фени Индустри, Прокредит Банка.......

Министерот за економија Ваљон Сарачини на доделувањето на наградите истакна дека за промоцијата на концептот на општествената одговорност се повеќе има интерес и на македонско тло, не само кај деловните субјекти, туку и кај јавниот и граѓанскиот сектор, пошироката јавност и медиумите. - Токму притисоците од страна на медиумите и граѓанскиот сектор ќе бидат еден од клучните елементи во поинтензивното практикување на општествената одговорност. Покрај ова, дел од практиките ќе доаѓаат или веќе доаѓаат од мултинационалните компании кои го прошируваат својот бизнис во Македонија, рече Сарачини.

Тој им порача на компаниите да се воздигнат над просечните интереси и приватни амбиции и да инвестираат во заедничкото добро, но притоа да не ја дoживуваат општествената одговорност како наметната однадвор.

- Тоа никако не е концепт само на големите компании кои остваруваат повеќе профит, тоа е концепт на современо живеење и делување, нагласи Сарачини.

Целта на Националната награда за општествена одговорност на претпријатијата е да ги промовира позитивните практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и да биде поттик за воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај фирмите во Македонија.

Министерството за економија го спроведува проектот Општествена одговорност на претрпијатијата во Македонија, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори и Здружението Конект.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2011 во 19:18
Во Куманово презентација за општествената одговорност на претпријатијата
 
 
 
Во организација на Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори и Здружението „Конект“ денеска (28 октомври 2011) во Куманово ќе се одржи презентација за општествената одговорност на претпријатијата.

Презентацијата е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“. На неа ќе бидат претставени добрите бизнис практики во областа на општествената одговорност.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.