IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Дојран
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дојран

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дојран
    Испратена: 31.Јули.2011 во 12:19
Ја отварам оваа тема со еден интересен настан во Дојран, каде што полека се враќа сјаот кој го имаше како туристичка дестинација од пред 20 тина година. Згоре на се во последно време се организират многу интересни настани кои пред се се ослободени од шунд музика и турбофолкови кои за жал во последно време се се почести во Охрид.



КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, СУПЕРХИКС, Antenna 5 DJs, Vladich (Infuse)...

Ова лето во Дојран ќе се одржи првото издание на Д Фестивал во организација на Antenna 5 Radio и Password Production. На први август македонската публика на дојранското крајбрежје ќе има убава можност да биде дел од овој музички хепенинг под отворено небо.

Првиот хедлајнер на програмата на Д Фестивал е нашиот најпознат артист од електросцената Кирил Џајковски. Ова е неговиот прв настап за годинава во Македонија, кој е дел од богатата европска турнеја во чии рамки Кирил одржа низа успешни настапи на големите фестивали низ Европа. Во Дојран Кирил Џајковски ќе настапи со MC Ghetto Priest поранешниот MC во Asian Dub Fondation.

Второто потврдено музичко име на Д Фестивал се балканските ска миленици Суперхикс чија турнеја е истотака во тек и од почетокот на годинава имаат закажано 25 концерти низ земјите на балканот и Европа. Веднаш после одличните концерти на Егзит во Нови Сад и ВУМ Фестивал во Хрватска, Хикси ја носат својата концертна енергија пред домашната публика која ќе има можност да се забавува со добро познатиот репертоар на групата но и материјалот од нивниот најнов албум кој треба да излезе годинава.
Покрај Кирил и Суперхикс, публиката на Д Фестивал ќе ја забавуваат диџеите на Антена 5 Радио, Владич (Инфјуз) и други.

Д Фестивал ќе се одржи на просторот на паркингот Гранит во Дојран кој нуди идеални услови за одржување на масовен музички хепенинг на дојранското крајбрежје. Просторот има вкупен капацитет од 10.000 посетители и се наоѓа помеѓу Нов и Стар Дојран, во близина на плажата, а сето тоа гарантира нова несекојдневна можност за забава до утринските часови меѓу подзаборавените убавини на овој регион.

Цената на билетите во претпродажба изнесува 200 денари и може да ги најдете на тикет сервисот www.mktickets.mk и во Југотон (ГТЦ 1 спрат, Скопје), а билетите на влезот на фестивалот ќе чинат 300 денари .
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2011 во 09:30
Вчера гледав еден прилог на ТВ за Дојран...
Градот полека полека го враќа својот сјај и живнува....
Туристите се враќаат и баш ми е мило за тоа....
Паметам кога бевме мали не носеа таму на одмор некогаш и беше преполно....но со текот на времето полека животот таму згаснуваше...Сега се надеваме на подобра иднина за Дојран, и подобро да се среди езерото...Мислам дека напредокот се гледа.....да


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 23:26
Дојран има добри потенцијали за туризам, дури и да немаше, има стратешка туристичка положба барем за викенд туризам како попатна дестинација, само имаат уште многу работа за средување
бев минатиов месец таму на недела дена и убаво си поминав, пријатни забелешки ми се што им направиле убав кеј, отвориле разни локали, а помага и тоа што го отворија фестиалов (штета не останав за него)
лошо е што сеуште ја немаат скротено екологијата, плаѓите им се диви, а езерото полно со треви и див свет како и опасности за пливачите, исто така инсектите живи ќе ве изедат ако не се заштитите
ме изненади што има доста сместувачки капацитети, иако недоволни во одредени времиња

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2012 во 06:14

dojran

На заедничка средба која беше организирана во хрватскиот град Медулин, општина Дојран потпиша меморандум за соработка со општините Марцали од Унгарија, Монтекарото од Италија и со домаќинот на средбата, Медулин. 

Документот за соработка има цел да ги зближи општините кои имаат слични карактеристики и да се оствари некаков вид соработка која ќе биде корисна за сите инволвирани страни, а ќе биде конкретизирана на следната заедничка средба.

Дојранската делегација оваа прилика ја искористи да ги посети градовите со кои изврши збратимување со потпишувањето на меморандумот за соработка

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 05:59

Дојран ќе привлекува гости со уредено крајбрежје

Просторот околу градската плажа во Дојран и по должината на пешачката патека е претворен во вистинско градилиште. На големо се уредуваат парковите и зелените површини кои, освен дебелите сенки, досега не им нудеа ништо на туристите и на посетителите. Големи багери ја чистат тињата од водата кај зоните за капење, а купишта плодна земја се истура врз запуштените површини крај плажите.

По враќањето на водата во езерото, по еколошката катастрофа што се случи во деведесеттите години од минатиот век, дојрани исполнети со оптимизам очекуваат враќање на некогашниот сјај на езерскиот туризам.

- Се трудиме колку што можеме, но трудот и можностите зависат од парите. Ако имаме пари, ќе завршиме с` за 15 дена, ако нема, ќе завршиме за 35 дена - вели градоначалникот на Дојран, Глигор Чабулев.

Тој додава дека сите зафати на уредувањето на крајбрежјето и плажите ќе бидат завршени до крајот на мај и почетокот на јуни. Освен пуштањето во употреба на пешачката патека во должина од 3,5 километри, во која беа инвестирани 53 милиони денари, првиот човек на Дојран најавува и многу нови урбани и културни содржини и претворање на досегашните диви плажи и просторот околу нив во уредени катчиња.

Граѓаните на Дојран велат дека толку промени на просторот околу нивниот Ѓољ не се случиле се децении.

- Во Дојран никогаш толку многу не се градело, можеби од времето кога бил изгорен и урнисан. Досега туристите најмногу забележуваа на неуредниот простор околу езерото и на нехигиената, но сега ќе нема на што да се жалат - вели Митко Грошев, жител на Дојран.

И угостителите и хотелиерите се задоволни од преземените чекори на локалната власт. Хотелските капацитети годинава очекуваат гости од Холандија, Турција и од Бугарија. Угостителите, пак, имаат забелешки на тоа што повеќе години нема концесионери за стопански и за рекреативен риболов бидејќи, како што велат тие, во Дојран никој не доаѓа да јаде ќебапи, туку риба.

Од Туристичкиот инфо-центар велат дека лани во Дојран престојувале 25 илјади гости, кои оствариле 120 илјади ноќевања.

- Годинава очекуваме да го наминеме ланскиот број, но пред с` апелираме до нашите сограѓани да не ги прикриваат гостите. Лани имаше контроли од страна на Општината, но годинава тие ќе бидат почести и ќе има казни за несовесните издавачи на соби - вели Магдалена Kречева од Туристичкиот инфо-центар.

Туристичката сезона во Дојран почнува во средината на јуни, а шпицот е од 20 јули до крајот на август

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2012 во 13:25
А да, со многу уредено крајбрежје..

Ајмо народе, навали во Дојранда



На се личи, само на Дојран не личи



Плажите и градскиот дел на Дојран се во катастрофална состојба. Оваа летна сезона има половично уредени плажи полни со отпадоци. Овогодинешните концесионери не водат доволно грижа за плажите да бидат чисти и уредени, за што секако има големо влианије и човечкиот фактор, но сепак на туристите треба да им се овозможат услови, како на пример канти за отпат. 

Токму кантите за отпад не постојат на плажите туку само оние кои се поставени на шеталиштето и се преполнети, бидејќи нема на плажите канти за отпадоци, стои во реакцијата на општина Дојран, се вели во написот на порталот „Југоинфо“. 

Општината апелира до Концесионерите и исто така до граѓаните да преземат мерки и барем со малку свест за да не го грдиме сјајот на Дојран, кој со макотрпни маки и голем вложен труд од страна на Општината последните 3 години успева да го врати достоинството на градот преку европски и владини инвестиции и маркетинг, за кој самите сме свесни дека последните 10 години беше замрен заради еколошката катастрофа, се вели во текстот на порталот.

 (Сликите се преземени од порталот „Југоинфо“)




I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2012 во 13:27
ubavina...moram  da odam tamu
vivi
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2012 во 13:29
И немој само на ден-два..пократко од недела никако.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2012 во 06:36

Летната дојранска сезона оценета катастрофално


Во анкета што општина Дојран ја спроведе за успехот на годинешната летна сезона, 79 отсто од испитаниците одговориле дека сезоната поминала катастрофално лошо и по бројот на туристи,  којшто бил помал од лани, и во однос на организацијата и уреденоста на плажите.
Седумнаесет проценти дале одговор дека сезоната генерално добро поминала, но и дека имало многу помалку туристи од лани. Само 3,5 насто од анкетираните се изјасниле дека сезоната била одлично организирана, плажите добро уредени и оти Дојран туристички бил солидно посетен.
Резултатите од анкетата се совпаднаа со реакцијата на градоначалникот Глигор Чабулев, кој кон средината на сезоната апелираше до концесионерите и до туристичките работници, да ги подобрат условите на плажите и да ги подигнат услугите на туристите на повисоко ниво

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 17:30
Затоа оваа сезона била најдобра во последните 10 години. Според првичните информации Дојран го посетиле над 120.000 туристи.


Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2014 во 09:09
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.