|
Бесценети совети од еден татко за своите деца |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 30.Јули.2011 во 02:06 |
Бесценети совети од еден грижлив покоен татко за своите децаПриказната за Пол Фланаген и неговата татковска љубов може да го трогне секој што ќе ја прочита. Последните месеци од својот живот Пол ги поминал подготвувајќи се да го напушти овој свет, но имал за цел зад себе да остави скапоцени спомени по коишто ќе го паметат неговите деца. „Ништо не му беше поважно на Пол од тоа да биде најдобар татко што може. Кога дозна дека ќе умре, немаше време да се сожалува. Тој целосно се фокусира на тоа да продолжи да биде добар татко во текот на претстојните години, иако знаеше дека лично нема да биде присутен“ – изјавила неговата сопруга Менди. Томас, Пол и ЛусиПол, кој по професија бил учител, пишувал писма и снимал ДВД пораки за своите деца, Томас и Луси, кои кога починал имале 5 и 1,5 години. Тој им купувал подароци за родендените на кои знаел дека нема да биде присутен и полнел голем ковчег со неговите омилени книги. „Секоја книга има и порака за Томас и Луси во која тој објаснува зошто ја сакал, и колку се надева дека и тие ќе ја сакаат кога ќе бидат доволно големи за да можат да читаат“ – раскажала Менди. Менди со децата и списокот со советиПред околу еден месец Менди случајно открила уште едно од многуте писма од Пол. Писмото го пронашла во неговиот лаптоп и тоа содржело совети за среќен и исполнет живот наменети за неговите деца. „Го отворив и солзи ми потекоа по образите, открив правила за водење на добар и среќен живот. Списокот со 28 инструкции за водење на добар живот не содржеа празни зборови, секоја од нив целосно го одразува начинот на којшто Пол го водеше својот живот. Тој беше паметен и храбар и чесен до дното на неговата душа, но јас никогаш немаше да пронајдам зборови за да го сумирам тоа како што тоа го направил самиот. Не можам да ви опишам колку сум задоволна што знам дека нашите деца ќе растат со вистинско разбирање за она што го направи Пол да биде Пол“ – изјавила Менди за Dailymail. Пол починал во ноември 2009 година, на 45-годишна возраст, од рак. Во текот на последните месеци од животот тој се погрижил за финансиите на семејството, го организирал својот погреб, составил крикет тим од своите пријатели кои секоја година организираат хуманитарен натпревар во негова чест, им напишал писма на пријателите и бил на шопинг со Менди за да им купат подароци на своите деца за нивниот 18-ти и 21-ви роденден. Менди и Пол ѝ купиле на ќерката Луси прстен за 21-от роденден, а кога продавачката ги запрашала дали е со соодветна големина, тие одговориле: „Не знаеме“. „Таа се погледна во Пол и забележа колку е болен. Потоа, сите тројца се погледнавме во количката на Луси, која не ни знаеше што се случува“ – раскажала Менди за денот кога го купувале прстенот. „Кога некои луѓе ќе дознаат дека имаат да живеат само неколку месеци, тие решаваат дека нивниот живот нема да биде целосен додека не скокнат со банџи или не го посетат Големиот Кањон. Но, Пол не беше таков. Сè што нему му беше важно беше токму тука. Тој живееше и умре според своите правила, и знам дека пронајде исполнетост“ – дополнила Менди. Бесценетото писмо од Пол
Ве сакам двајцата со целото мое срце. Тато Х Совети од кои сите треба да учиме.
од Фемина.Мк (на сајтот има уште еден куп убави работи) Проширете ја статијава до секого до кого можете и на сите начини. Да го шириме доброто нека се множи како вируси, бактерии, нека има општа епидемија на Доброто! Секаде! Секогаш! Дај Боже!!! |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |