IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Македонецот кој го освојува светот со својот велос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонецот кој го освојува светот со својот велос

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонецот кој го освојува светот со својот велос
    Испратена: 27.Мај.2011 во 17:49
Само што се вративте од Кина ,како е чуството да се извози најбројната држава во светот?


Многу убави спомени останаа од патувањето во Кина. Многу гостопримливи луѓе и чуството на безбедност ме правеа да се чуствувам многу удобно. Јас успеав да извозам 4000км како што беше и замислено. Од Хонг Конг до Пекинг поминувајќи низ најгустонаселениот дел од Кина. Чуството е прекрасно, се осеќам збогатен со многу искуства, стекнав многу нови пријатели и сега можам слободно да се посветам на наредните предизвици.


- Какви се реакциите од странците кога ќе им објасните од каде доаѓате?

Ретко кој знае каде е Македонија или повеќе информации во врска со нас. Терминот на сите им е познат ама обично го поврзуваат со нешто што го учеле од историја или гледале на филм. Јас лично би сакал да не знаат и по нешто од помодерната историја

- Дали знаат за историјата на Македонија?

Најголем дел онив знаат многу малку за жал

- Кој беше мотивот што те предизвика да ги направиш овие патувања?

Мотивот е комбинација на мојата желба да го живеам животот активно и во потполност, прилагоден на ноата ситуација после ампутацијата пред 5 години. Другиот дел е еден јавен настан кој се надевам ќе инспирира многу луѓе да отидат чекор понапред и да остварат некој нивен сон, да ги поместат границите на тоа што е за нив возмпжно и остварливо. Исто посакувам да се смени ставот со кој луѓето гледаат на популацијата со телесно недостатоци, да с епремости тој јаз на нас и нив, да не постои непотребно сожалување и одделување туку напротив искрено прифаќање и интеграција.


- Како обезбедуваш финансии за твоите подвизи?

На првото патување бев најмногу подржан од моите најблиски, а веќе наредните две добив подршка од повеќе спонзори и институции меѓу кои најботна од Општина Штип. На последното до Кина бев најмногу подржан од а.д Славеј ортопедскиот центар за протетика од Скопје. Поради мојот став дека сакам да го доведам овој настан на спортски ранг а не на настан од хуманитарна природа, затоа и сакам рамноправен третман кај спонзорите и за среќа многу од нив го препознаваат тој аспект кај овие мои подвизи.

- Дали светските весници објавуваат статии или натписи за твоите патувања?

Да колку што знам јас има објавено во барем 5-6 странски весници пред се во Аргентина, Чиле и Кина. Јас скоро и да не правам маркетинг или промовирање на моите патувања па оттаму и веројатно не толку големото присуството.

- Вие сте инспирација на многу Македонци,дали ја чуствувате таа одговорност?

Одговорноста е неминовен дел на овие патувања. Ми стана јасно уште од почетокот. Меѓутоа искрено ми е чест да бидам дел од животот и инспирација на многумина. Тоа и текако ме инспирира да продолжам и да постигнам повеќе.


- Ваша следна цел?

Наредната етапа ми е планирана за Септември во САД. Од Њујорк до Сан Франциско, околу 5000км за два ипол месеци. За таму имам планирано и поинтензивни средби и промоција посебно околу промоција на нашата идеја за летен камп за младинци со телесни недостатоци. Оваа година на крајот на Јуни нашата невладина Гаиа ќе го спроведе првиот ваков летен камп каде е замислена интензивна настава и дружба од областа на спортот, уметноста како и информации за идно студирање и самовработување на овие лица.

- Ваши планови за во иднина?

Планови има многу. Тиое потекнуваат од моите желби. Ќе споменам само неколку. Да успеам да добијам спортска протеза за трчање и да почнам да се натпреварувам во триатлон. Да напишам книга за сите овие искуства. Да направиме еден супер модерен и корисен камп за сите млади лица со телесен недостаток во Македонија кој ќе помогно за поголема нивна интеграција. Се надевам ова е само скромен почеток на мојот пат.



______________________________

Од редакцијата на Македонска Искра ви се заблагодаруваме за интервјуто и ви посакуваме многу идни успеси со кои ние Македонците ќе се гордееме од вашите подвизи кои ги правите и за вашата афирмација на Република Македонија во светот

Ако човек има волја може да постигне Се, без разлика колку и да тоа изгледа невозможно.

Браво Дејан !
Македонска искра
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2011 во 17:50
Секоја чест Дејан Зафиров.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:49
додека некои тука кукаат како немаат пари, а најголема желба во животот им е да се излежуваат на плажа... некој го ставил точакот меѓу нозе и го прошетал цел свет, згора на тоа и лице со посебни потреби е...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,282 секунди.