IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Како се негувале Египќанките?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се негувале Египќанките?

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како се негувале Египќанките?
    Испратена: 22.Мај.2011 во 14:12
Која била тајната формула за убавина на Клеопатра,Нефертити и многу други,прочитајте ,па нешто и применете.

300


Коса – претставувала еден вид на уметност и начин како да се истакне личноста. И мажите и жените носеле различни перики од човечки влакна или волна, кои ја штителе кожата на главата од сонцето. Жените кои сакале да имаат погуста коса, користеле надградба која внимателно ја лепеле со восок и смола. За фарбање на белите влакна користеле кана, која исто така ја употребувале и за боење на ноктите.

301

Хигиена – Египќанките премногу се грижеле за хигиената, затоа што во Египет се верувало дека чистотата го приближува човекот до боговите. Сапуните биле правени од различни билки и соли, а по капењето секогаш се мачкале со масло од темјан и смирна. За сува кожа често користеле бадемово масло или алое вера (кое исто така го користеле и за лекување на изгореници). Карактеристично за Клеопатра е тоа што сакала да се капе во млеко, сметајќи дека само така може да ја подмлади  својата кожа.

Очи – шминката била задолжителна како за жените, така и за мажите. Веѓите и трепките биле секогаш обоени со црна боја, најчесто со галенит (олово сулфид). Очите биле исцртувани така што да добијат облик на мачкини очи или бадем. Бојата на лицето и очите била црвенкаста, а се добивала од железо кое се мешало со смола. За отстранување на шминката користеле крема добиена со мешавина на креда и масло.

302

Спа третмани – покрај поставувањето на основите на модерната нега и убавина, Египет ги поставил темелите на спа третманите. Клеопатра често пати ги користела благодетите на Мртвото Море, чија вода содржи минерали кои благотворно влијаат врз кожата. Таа ја мачкала кожата со глина и соли кои помагаат при лечење на егземи и псоријаза. Може да се каже дека Египќанките се заслужни и за тоа што започнале да се грижат за контрацепцијата, жените од повисоките класи користеле смеса од мед и натриум карбонат како контрацептивна крема.


Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 22:56
pred nekoj den mi dopadna do raka eden tekst za plasticna hirurgija vo dreven Egipet
se pretpostavuva deka koristele tenki zlatni konci koi gi pletele vo podkozna mreza
zlatniot konec go pottiknuval stvaranjeto na kolagen koj ja zategnuva kozata

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 00:03
A Egipcanite??? a??? a???
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 00:13
isto kako Egipkankite de
ja bricele glavata pa stavale periki,gi sminkale ocite...голема%20насмевка
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 00:19
aaaaaaaaahaaa...zatoa feferonite site celavi bile...среќа...fala Andjo...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 00:32
ete zatoa ...od feferon prvi pa sve na dalje голема%20насмевка
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 14:27
 
 
Древниот Египет бил најпознат по убаво негуваните жени, поесбно нивната  кожа, коса…имале располагање да употреубаавт разни природни средства што одлично им годело , и биле прекрасни негувани жени.., не ко денешниве жени што имаат се на располагање од маски за коси, лице , шампони и сл..парфеми…и се им е олеснето голема%20насмевка

 

Покрај тоа тие знаеле да уживаат во тоа што го правеле…

Египќаните мислеле дека хигиената е нешто најбоженственото бидејки така се приближувале до боговите, затоа  страшно се држеле до тоа..

Инаку обично нивните сапуни ги правеле од различни билки и соли, така да секогаш убаво мирисале, по бањањето употребувале масла од различни растенија, како темјанот за кожата, лавандата, …бадемовото масло многу често го упоребувале а ние го употребуваме претежно за изгореници…а алојта вера…била многу често користена.

Знаеме и од филмовите и од записите дека Клеопатра обожувала да се бања во млеко, бидејки ја подмладувало нејзината кожа..замислите само колки литри на млеко се трошело за нејзиното бањање…?!

Cleopatra_and_Caesar_by_Jean-Leon-GeromeПосебно, косата во тоа време имало големо значење и статус и кај мажите и кај жените.

И мажите и жените најчетсо носеле перики кои биле направени од природна коса..или од волна…и фарбани.. , така васшност и ја штителе својат коса и глава од силното сонце..

Периките кои биле кадрави ги носеле исклучво за свечени прилики…

Ако сакале да им изгледа побујна косата, уште тогаш користеле додатоци од коса..кои ги лепеле со смола и восок од пчела кои многу умешно го правеле да не се познава..Според тоа жената оддамнина знаела да се негува..среќа

За фарбање ја користеле к’ната исто како и боењето   на ноктите и кожата…

Шминката ја користеле поедеданкво и мажите и жните посебно ги исцртувале очите , вегите и трепките кои имале  мачкаст изглед…

Тоа го правеле  со помош на  галенит,  сулфид – олово за очите,.

Во едно истражување, француските научници по Аналитичка хемија истражувале тоа што го користеле како делувало на организмот.

Дошле до констатација дека, тоа што го користеле било и здраво бидејки за очите користеле соли од олово, фактички ги штителе очите од бактерии, инфекци, и делувале како стимуланс на организмот за имунитетот…

cleopatra

Галенитот оти бил природен минерал го користеле за исццртување а шминката им траела и до месец дена, исто така ги штитело очите од сонцето..антисепетичко дејство и спречување од грип..

Усните да им бидат црвени ги  мачкале со микс добиен од смола и железо…

За да ја симнат шминката  користеле масла и  креда и работата била завршена.

Иако денес е сеуште  е популарна таа шминка и позната како смоки ајс..но сега шмикните се прават на пософтицифиран начин…

Ако  некој ги поставил основите на СПА-бањите тоа се Египќаните

Клеопатра ги користела благодетите од Мрвото море бидејки има ло голема количина на минерали кои влијаат на кожата подмладувачки…

А кожата ја мачкале со глина и  соли кои помагале и против псоријазата и разни алергии.

Врз база на тоа што го употребувале тогаш како контрацепција денес се направени модерните медицински контрацептивни средства..

Cleopatra%20%281%29

Е прашање е сега што употребувале…?

Смеса од натриум карбонат и мед…но тоа било достапно само за жените од високата класа… !!!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 16:39
Древниот Египет бил познат по прекрасните жени со совршено негувана кожа и здрава коса

Чудотворно древно египетско средство за затегнување на лицето

Потребни состојки:
  • Пола лажица пчелен полен (можете да го најдете во маркетите за здрава исхрана)
  • 1 лажица мед
  • 20 грама пчелен восок
  • 2,3 капки тинктура прополис
  • 70 милилитри масло по ваш избор (маслиново, бадемово, кокосово…)
  • Етерично масло по ваш избор (за да го маскирате силниот мирис на медот)
Начин на подготовка и употреба:

Ставете го пчелниот восок во чиста тегла и прелијте го со маслото. Оставете мала количина од маслото на страна. Измешајте ги останатите состојки во длабок сад и мешајте сè додека не добиете густа паста.

Загрејте ги восокот и маслото на пареа со цел да се стопат. Откако ќе се стопат, додајте ги на претходно подготвената паста и добро измешајте со цел да добие крем. Сипете ги во теглата и вашата крема е подготвена за користење.

Доколку ви смета силниот мирис на мед и прополис, можете да додадете неколку капки есенцијално масло по ваш избор. Мачкајте се со кремата пред спиење и наутро ќе ве дочека мека, нежна и хидратизирана кожа. По секоја употреба добро затворајте ја кремата и таа ќе ви трае неколку месеци.

Зошто овој рецепт делува?

Медот е познат како еликсир на убавина и природен ботокс за лицето и косата. Неговите деривати го стимулираат производството на колагенот, ги намалуваат борите, ја спречуваат појавата на акни, мозолчиња и црвенила и помагаат при брзо зацелување на кожата. Тој е одличен избор за оние кои имаат сува кожа, бори, акни, егзем, дерматитис, псоријаза, па дури и рани.

Медот и неговите деривати го стимулираат обновувањето на клетките на кожата кои се смалуваат со години. Од друга страна пак, прополисот ги убива бактериите, ги спречува акните и црвенилото и богат е со антиоксиданси поради кои успешно ја обновува кожата по изгореници од сонце.

Медот исто така е богат и со шеќери, витамини Б1, Б2, Б6, Ц и танин кои ја смируваат чувствителната кожа. Тој ја привлекува влажноста и ја задржува во кожата, па токму затоа и се користи во козметичките препарати. Дехидрацијата може да предизвика бројни проблеми со кожата, па затоа и се препорачува мед при нејзино негување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2016 во 08:10

Клеопатра најдобро знаела- ова растение е еликсир на младоста и убавината

Бамјата е една од најстарите здрави намирници, која на голема врата се враќа во менијата на бројни кујни, но и во козметички цели.

Сепак за неа се уште се зборува срамежливо, бидејќи повеќето не ни знаат како изгледа, ниту каков вкус има, ниту што се поседува.

За нејзиното исклучително влијание врз мазната и затегната кожа знаела и Клеопатра, а позната е и по нејзините својства на афоридизијак.

Бамјата е богата со растителни влакна и витамини, важна е за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта, добро варење и стабилизација на нивото на шеќер во крвта.

Од бамјата може да се направи и извонредна маска за лице. Една рака бамји, се вари во вода додека не омекне во целост, потоа се гмечи, се чека да се олади и се нанесува на лице. После пет минути се мие.

Упатените велат дека ефектот на нејзиното дејство е видлив веднаш.



Изменето од Valerija - 01.Јуни.2020 во 22:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2020 во 22:59

Три тајни за убавина на Клеопатра кои се ефикасни и денес



Овие три ритуали  биле составен дел од рутината за убавина на Клеопатра, а истите сè уште се екстремно ефикасни и денес.

Признаваме дека обично земаме совети за убавина од жени од нашата ера, но со оглед на тоа што Клеопатра се смета за една од најубавите жени на сите времиња, можеби не е добро да скокнеме во временската машина и да истражуваме ритуали за убавина постари од 2000 години.

Факт е дека во времето на Клеопатра немало индустрија за убавина со бесконечен избор на козметички производи, па рутината за убавина на една од најубавите жени во светот се состоела исклучиво од производи засновани на природни состојки од растително или животинско потекло.

Дознајте подолу кои се тајните зад третманите за убавина на античкиот египетски владетел и како да ги вклучите во козметичките практики од 21 век:


Мед и млеко

Се верува дека Клеопатра својата мазна и хидратирана кожа ја должела на хранливите бањи од млеко од магариња и мед, а според египетските жени, оваа комбинација на состојки ја користеле и за маски за лице. Многу современи козметички производи содржат млечна киселина, а доколку сте личност која сама сака да изработува купки за бањање, додајте половина литар млеко и 5 големи лажици мед во гелот за туширање.

Сол од мртвото море

Мртвото море се смета за најголема природна бањата во светот, а заради неговата исклучително голема количина на медицинска сол, капењето во него се препорачува за лица со кожни заболувања и генерално проблеми со кожата. Клеопатра исто така била свесна за овие лековити и хранливи својства и користела сол од Мртвото Море во нејзината рутина за убавина. Ако Јордан или Израел не ви се блиску, обидете се со некои од многуте козметики засновани на оваа сол.

Египетски восоци

Во повеќето салони за убавина можете да закажете египетски третман со восок кој ќе ја отстрани несаканата коса на помалку болен начин. Паста од шеќер е главната состојка на овој метод, а нејзините дополнителни придобивки се што практично ги елиминира нездравите влакна. Одговара на сите типови кожа и целосно природни состојки за да ја одржува кожата здрава. Не залудно овој рецепт опстанал илјадници години!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.