|
За донирањето од странство |
Внеси реплика |
Автор | |
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Мај.2011 во 10:42 |
Почитувани форумџии, форумџики и форумџичиња
во една прилика сестра Анастеа ми предложи нешто многу добро, јас пак грешниот со задоцнување го пренесувам до Вас како една добра идеја. Се работи за следново: акции за донирање на пари имало и ќе има и кога се приложуваат телефонски броеви и сметки за донирање, тие се за донирање од Македонија. Со оглед на потребите, но и на желбата на луѓе да донираат од странство, Анастеа предлага да се отвораат (ако е можно - тоа да биде РЕДОВНО) сметки за донирање и од странство и да ја провериме опцијата за донирање од странство преку мобилни телефони. Ви предлагам и Ве молам да размислиме за оваа идеја и можност, но и да ги контактираме надлежните луѓе кои работат по мобилните оператори и банките и на оваа тема на подфорумот “Хуманост на дело“ да го изложиме она што имаат да ни го соопштат како можност. Простете што задоцнив. Анастеа фала за идејата! |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pravoslavie И мене Анастеа ми го спомна овој предлог уште пред 2 недели, а јас па реков дка ќе се консултирам со тебе и ќе ја известам, ама ете, во сложена ситуација се наоѓам во моментов, па искрено не ми ни текна. Тоа што и го реков на Анастеа, а сега ќе го пишам и тука, е следново:
Како што можеш да забележиш, на форумов (ај да не речам единствени, но скоро речи така и е) апелите за донации ги пишуваме јас и ти. Ретко некој од страна.
Анастеа кога ми го спомна предлогот со девизните сметки јас и реков дека и да ставиме ваква важна тема во Хуманост (како сега оваа што ја отвори ти) тешко дека ќе има некаков ефект. Апелот за помош за некого значи многу, но тој некој не постира тука. Така да тешко ќе знае дека е повикан од некои си форумџии да отвори девизна сметка.
Наместо тоа, треба да се контактираат донации.мк (без разлика дали директно или преку страната на ФБ) и да им се пренесе дека би требало да апелираат до оние кои што ги поставуваат информациите за средства да си отворат девизни сметки. Исто така би требало и банките како институции да им посочуваат на лицата да отворат и девизна сметка (нешто што се прави за 1 минута)
За броевите за донации, колку што знам од странство не функционираат. Не сум 100% сигурна, така имам слушнато.
Друго нешто што и предложжив на Анастеа е и следново ...не е во контекст со ова, но не знам во која тема да го сместам, па не е на одмет и тука...ако треба ќе го пишам на др. место (пораката што и ја пратив ќе ја копирам, да не го пишувам истото одново) ...
"Одамна сакав да прашам дали може на главната страна на идивиди (www.idividi.com.mk) кај што ги има IDIVIDI Мени .. па под него ..Насловна..Вести итн итн... да се додаде на крај еден таб... Хуманитарно катче .. каде би ги ставале апелите од тука .. И кај што има Мали огласи на Идивиди (оние што се вртат ..над ИДИВИДИ анкетата).. да се направи такво нешто и со Хуманитарното катче...
Знаеш..сигурна сум дека главната страна на идивиди ја посетуваат многу луѓе дневно .. сигурно многу повеќе отколку форумов... па доста собираат пари од банери, нека стават нешто од кое ќе имаат корист и тие што секојдневно го молат Бог да им се уплати по некое денарче, животот на нив им виси на конец..верувај дека вечно ќе бидат благодарни на ИДИВИДИ
Друго нешто што сакав да ти кажам...разочарана сум на моменти.. некогаш шеткам по Кајгана и другите форуми .. и последно нешто на што се сеќавам е дека имаа Кајгана Крводарителска акција... Зошто ние да немаме? Или други акции..собирање на стара облека и сл...не мора членовиве да се кажат кои се (нека си ја зачуваат анономноста) ... можат само да поминат, да остават мал придонес и да си заминат..па во тоа е и хуманоста, а не цела Македонија да те разбере дека си донирал"
Ете тоа е тоа што и го пишав на Анастеа а еве сега и јавно тука. Можби Перун ќе најде мааааалку време во неговиот распоред и ќе му текне дека треба да се логира тука, а можеби ќе му текне и да ја отвори темата па да прочита што имам напишано. После тоа, дали ќе спроведе вакво нешто или не, останува на него. Мое беше да си кажам...
А да, и да не бидам погрешно разбрана. Не ја рекламирам Кајгана ниту било што друго. Едноставно посочив како тие можат да се организираат, зошто не и ние
Изменето од ФорумскаБаба - 21.Мај.2011 во 11:13 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Ми се допаѓаат идеите Бабо
и воопшто не е лошо да имаме за пример некого кој е објективно подобар од нас, но нека биде и мотив и ние да пораснеме за да бидеме подобри и поуспешни од она што сме сега. Од некаде мора да се почне... па ајде нека почне од нас... Дај Боже ќе се приумножиме! Полека полека... кој колку може и сака - толку нека прави... Подобро е макар и најмалечко добро, отколку никакво! Бај д веј... помирно ќе спиеме На добрината и на можностите да се прави добро и да се живее во добро не им има крај никогаш, зар не? |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас бидејќи сум во оставка нема да можам понатаму да ги проследувам идеите како администратор, но вашите предлози веќе се пренесени кај колегите и се надевам ќе се најде можност некои од нив да се реализираат. Ми се допаѓаат идеите, убаво би било едно мало хуманитарно катче на порталот ИДИВИДИ, кој секогаш поддржувал хуманитарни акции, како и тука на форумов. Има луѓе кои се спремни да помогнат на оние на кои тоа им е потребно. Треба само повеќе да се информира, да се рашират апелите и да се овозможи и олесни и донирање од странство. Поздрав за Православие и Форумска Баба. Продолжете да пишувајте и да предлагате идеи. Контактирајте ги администраторите и директно за побрза реализација, бидејќи од презафатеност со други обврски не секогаш се има време за се. Хуманоста и добрината не познаваат граници и не се знае на кој од нас кога ќе му е потребна туѓата помош. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pozdrav Anastea .... Pravoslavie
Duri sega go vidov ova...
I jas bidejki sum vo ostavka t.e krevam race od forumov, a i ne sum vo Makedonija toa sto go planiravme so Pravoslavie ke ostane za Juli-Avgust
Poznato e deka nieden predlog nema da se realizira na forumov, i ne me cudi toa. Neka, i onaka crno se pisuva
Doniranjeto od stranstvo se nadevam deka ke se realizira, iako veruvale ili ne, nikoj ne bi se angaziral okolu toa. Jas licno ne mozam..a i voopsto forumov ke go zabatalam izvesno vreme.. tuka nemam ni kirilica, pa zatoa me nemase dolgo
Se nadevam deka ke prodolzi humanata rabota na forumov a jas ke pridonesam kolku sto mozam..
Pozdrav do site
F. Baba
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
deko123456
Нов член Регистриран: 30.Мај.2012 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
• 077/143-402
да и помогнеме на малата Ева, за најзиното срценце♥ • Pomos Za Malata Eva EDNOMESECNATA EVA tesko dise i ima postojani napadi(nesvestica,gubenje vozduh). Dijagnosticirana i e vrodena srcevo mana: hipoplazija na aorta-SINDROM NA HIPOPLASTICNO LEVO SRCE Ventricularen septalen defect Atrijalen septalen defect belodrobna hipertonija NEOPHODNA i e ITNA operacija na Detskata kardioloska klinika vo Sofija-Bugarija,koja cini 13 800 evra,a potrebniot del od sumata semejstvoto ne e vo moznost da go sobere. Za site sto sakaat da spasat eden zivot: 077/143-402 (za korisnicite na VIP) 300-0070827508-86 Комерцијална банка 200-0016518668-27 Стопанска банка NASKORO SE OCEKUVA BROj OD T MOBILE. ZA site dobri luge od STRANSTVO koi sakaat da doniraat istoto moze da go storat na slednata smetka: 0024580171 STOPANSKA BANKA AD SKOPJE SWIFT:STOBMK2X NAME AND SURNAME:DEJAN ILIEVSKI IBAN :MK 07200002458017143 EUR ADRESS:UL GJORCE PETROV BR 75 A KUMANOVO 1300 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |