![]() |
|
КОДИФИКАЦИЈА НА ГРАЃАНСКОТО ПРАВО |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 29.Април.2011 во 18:58 |
Почна Кодификација на граѓанското право
Владата формираше Комисија за кодификација на граѓанското право која во наредните 5 години треба да го изготви Граѓанскиот кодекс. Адаптирајќи ја македонската регулатива со европската се наметнала потреба од поголема внатрешна хармонизација на македонските закони, нивно усогласување и прочистување на недоследностите во правниот систем. -Започнуваме голем и комплексен процес за кој долго се зборуваше, но ништо не се преземаше. Со оваа кодификација ќе се верификува посветеноста на оваа Влада за демократско општество, владеење на правото и правната држава. Граѓанскиот кодекс очекуваме да помогне во јакнеење на правната сигурност не само во приватно- правната сфера туку и во другите домени од општественото живеење, истакна премиерот Никола Груевски. -Кодификација на граѓанското законодавство е еден од факторите за правната и економската стабилност на државата. Се очекува да се обезбедат современи решенија компатибилни со меѓународниот правен поредок и ќе кореспондираат со најновите тенденции на ЕУ, рече министерот за правда Михајло Маневски. -Денеска срцето ми е исполнето со радост и одговорност дека зрели сме да направиме еден Кодекс со кој утре ќе се гордееме, изјави Гале Галев, претседател на Комисијата за кодификација. Извор: Канал 5 ------------------------------------------------------------ Одличен проект. Време е да се изврши систематизација и кодификација на граѓанското право во Република Македонија, онака како што имаат извршено напредните демократски европски држави. Огромниот број закони, константните измени, непречистените текстови од закони само ја прават примената на правото потешка. Конечно, оваа мошне значајна материја, регулирана во безброј закони, ќе биде систематизирана, средена и кодификувана. А со Проф. д-р Гале Галев на чело на комисијата, без сомневање, оваа задача ќе биде достојно завршена. ![]() Изменето од Македон - 29.Април.2011 во 19:04 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |