|
Играта Илуминати ја предвиде катастрофата во Јапон |
Внеси реплика |
Автор | ||||||
ChrissAngel
Нов член Регистриран: 24.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 21 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Март.2011 во 14:01 |
|||||
Играта со карти „Илуминати„ која на пазарот се појави во 1995 година веќе „знаеше„ за земјотресот во Јапонија, но и за нападот во Америка познат како 9/11.
Играта со карти "Илуминати - Новиот Светски Поредок" (INWO) на пазарот се појави во 1995 година, а картите беа создадени од страна на американскиот дизајнер Стив Џексон пред пет години. Се чинеше дека дизајнерот само вешто си игра со контроверзната тема, но играта по несреќните настани на 11 Септември 2001 година, станат многу повеќе од забава за обожавателите на картите. Картите всушност, застрашувачки точно ја опишуваат трагедијата на која бевме сведоци во последните години. Од спомнатиот "напад" врз кулите близначки до неодамнешниот земјотрес во Јапонија, кој на колена ја фрли третата светска економска сила. Како Џексон во 1990 можел да знае дека ќе има терористички напади на кулите близначки и Пентагон? Вака изгледаат оригиналните карти, кои излегоа шест години пред 9/11: Останатите карти, исто така, покажуваат настани кои се случиле (или ќе се случат?), како епидемии, манипулација со историски факти, редукција на населението, војна поради мир (најнов пример е Либија), со крајна цел, создавање на еден универзален хаос и Нов Светски Поредок: По трагедијата на 11 Март 2011 година, Јапонија постигнаа посебно внимание со 7-та карта на Илуминатите, насловена како "Комбинирани катастрофи". На Јапонија навистина ја погоди комбинација на катастрофи - земјотреси, цунами и нуклеарна несреќа. Земјотресот со магнитуда од 9,0 степени го потресе регионот Тохоку во 14 часот и 46 минути по локално време. Часовникот на кулата на картата покажува речиси исто време. Исто така, кулата на картата изгледа како кулата која се наоѓа на врвот на познатата Токиска стоковна куќа Ginza Wako На Џексон поради играта со картите на врата му затропа американската тајна служба. Како што и самиот подоцна ги опиша вооружени агенти Secret Servicea, рацијата ја извршиле на 1 март 1990 година, во Канцеларија на компанијата "Стив Џексон игри" и ги пребарале сите простории. Одземени биле компјутери, принтери, неколку хард дискови и други "сомнителни" предмети. Фирмата поднесе тужба поради рацијата, но диби и обвинение дека финансира хакерски напади и издава билтен за хакери. Судењето траеше три години, и Стив Џексон на крајот доби оштета од 50 илјади долари но и дополнителни 250 илјади долари за адвокатски трошоци. Џорџ В. Буш во тоа време беше претседател на САД. Познато е дека е член на една мистериозна група Skull&Bones, и наводно, бил на чело на Илуминатите. Неговиот син, Џорџ Буш, 11 години подоцна, "Терористичката нуклеарка" и "Пентагон" картите од Илуминатите ги спроведе на дело. Толку за теоријата која изминатите неколку дена повторно се „врти„ по форумите и блоговите. Видете ги картите и видеото и самите одлучите дали ова е само коинциденција или пак е нешто повеќе. |
||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
shtom e ova?!
...a , shto ne kazale odnapred,..pa da bidat spremni japoncite! ...posle toa e lesno da najdesh sé! ...sigurno i nostradamus kazal neshto za toa ama ,..seushte ne go ''prochitale'' ubavo... |
||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |