|
Како да засадам рози ?? |
Внеси реплика |
Автор | |
teonnah
Нов член Регистриран: 19.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Март.2011 во 14:10 |
Помогнете ми ве молам :'(
Ги обожувам розите ,но за жал не знам како да ги засадам и одгледувам .Ве молам доколку некои од вас имаат засадено рози нека ми помогнат :( |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gi zasadues u zemja, obicno, gi polevas, odvreme navreme gi gjubris, naprolet gi kastris, a bogami baraat i malku da im ja skopas zemjata okolu...
|
|
Incredible Blue
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
iskreno jas za 8mi mart so gi dobiv rozite gi bocnav vo saksija. od iskustvo na majka mi drugata god posle snegot ke se rascvetaat.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поради убавите бои, елеганцијата и долготрајното цутење (околу 200 дена во годината) розата со право ја нарекуваат кралица на цвеќето и секој вистински вљубеник во природата треба да ја има во својот двор или на терасата. Латинското име на кралицата на цвеќето е гоѕае, што значи роза или од грчкиот збор rhodon - роза. Грчкиот остров Родос своето име го добил токму по розите, бидејќи розите оттаму биле праќани на римскиот двор за украсување при разни свечености. Пролетта е најпогодно време за садење на розите, меѓутоа овој период е многу кус бидејќи розите рано се будат од зимскиот сон и веднаш развиваат лисни и цветни папки, а кога се во таа фаза веќе не е препорачливо нивно садење. Засадување и кастрење Веднаш по засадувањето треба да се загрнат со земја така што од гранчињата треба да се гледаат само 5-10 сантиметри. По 21 ден треба да се разгрнат и да се негуваат како и постарите рози. За розите кои се во контејнер не важи ова правило. Тие може да се садат во текот на целата вегетација . Доколку розата веќе ја имате во својот двор, раната пролет е времето кога треба да се позанимавате со овие убавици. Ако наесен розите се нагрнат со земја, како што најчесто се прави, розите сега треба да се разгрнат, а потоа со остри градинарски ножици се кастрат сите суви и скршени гранчиња како и старите и дебели гранки, додека преостанатите треба да се покројат на 4 до 5 окца, т.е. на висина од 30-35 сантиметри. Розите - ползачи не се кастрат, туку само се потсекуваат оние гранки кои се стари или пречат. Ѓубрење Веднаш по кроењето е пожелно околу секој бокор (корен) да се стави прегорено шталско ѓубре или една до две лопати тресет како и минерално ѓубре специјално наменето за розите. При ѓубрењето треба внимателно да се дозира количината за да не се постигне спротивен ефект. По првото цутење повторно би требало да се додаде минерално ѓубре, а потоа на секои 15 дена се до седмиот месец. Доколку не најдете специјално минерално ѓубре за рози, можете да искористите и некое друго кое содржи азот, фосфор и калиум во размер 15х15х15 или 10х15х15. Се става секогаш околу бокорот, никако директно на корен или на лисјата, бидејќи ќе изгорат. Доколку е сушна пролет, треба обилно да се полеваат. Болести Најчестите болести кај розите се пепелницата која се јавува најчесто по долг период на влажно време и 'рѓа (лекувањето е со фунгицид врз база на сулфур и со механичко отстранување на најзагрозените листови, а кај 'рѓата врз база на бакар), како и појава на лисни вошки (кои се отстрануваат со инсектициди). Размножување Розите се размножуваат со калемење, но на аматерите им се препорачува размножување со резници или пелцери. Размножување на розите со резници може да се направи веднаш по првото цутење или во текот на есента. Доколку не сте од оние среќници што имаат двор, розата може да ја засадите и на тераса, но само доколку вашата тераса е на сончевата страна бидејќи розите се растенија кои не виреат без сонце и светлина. Цветови за во вазна И за крај, најубавиот дел од работата е сечење на цветовите за во вазна. И за оваа постапка постои правило - розата се сече со остри градинарски ножици доцна навечер или рано наутро, секогаш со кос рез. Исечените цветови веднаш се ставаат во вазна. Уживајте во нивната убавина! Изменето од evangeline - 13.Декември.2013 во 14:33 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |