IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - СТРАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ и претставници во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СТРАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ и претставници во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 02:02


Потребата од ваква тема се актуелизира со последниве настани, поврзани со јавни напади кон странските дипломати и претставници на меѓународната заедница, од страна на наши новинари, дипломати, политичари... Но и по скандалите и недоличното однесување на некои од нив, на кои сме биле сведоци дваесетина години наназад во периодот на нашата самостојност.

Според нормите на меѓународното право кои го третираат ова прашање, дипломатите се должни да се однесуваат според точно пропишани правила, протоколи и кодекси на однесување. Ниввните функции и мисии се определени со Виенската конвенција за дипломатски односи и тоа во областа на :

- претставување и заштита на интересите на државата која ја застапуваат и нејзините граѓани;
- преговарање со Владата на државата во која се акредитирани;
- известување за условите и развој на настани во земјата домаќин, преку извештаи до својата земја;
- унапредување и промовирање на пријателски, економски, научни, културни... односи помеѓу двете земји.

Во нивните права и ибврски, не само што не е опфатено, туку и обврзувачко е НЕМЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНА ПОЛИТИКА НА ДРЖАВАТА ДОМАЌИН, наложување сопствени решенија за домашни проблеми, како и многу преседани и гафови кои странски дипломати ги правеле низ годиниве. За надмениот и арогантен однос на некои од нив, голема вина сносат и домашните политичари, кои таквото однесување немо го толерираат, а многупати и самите го предизвикуваат, со трчање по странските амбасади за мислење за се и сешто. Тука голем “придонес“ имаат и новинарите.

Па така, досега покрај амбасадорите кои не ги надминуваат границите на дозволено дипломатско однесување, ни проврвеа и плејада на ликови со најразлични улоги: дипломати - олеснувачи за Рамковен; допломати - притискачи за промена на името; дипломати - противници на демократско право за изјаснување на референдум; дипломати - посредници во меѓуетнички конфликти; дипломати симпатизери на одредени национални малцинства или групи; дипломати - работодавачи на персонал кој учествува во домашни политички инциденти, дипломати - непочитувачи на Уставното име на државата домаќин... Дали се дипломати или (не)дипломати претходно наведените примери?

Како, најкултурно и дипломатски елегантно, а според сите правила и протоколи да им се укаже на грешките во амбасадорувањето, а истите да не се навредат и да не се нарушат односите со државата која ја претставуваат?
Во досегашното водење на нашата политика, ни се случуваат многу гафови и пропусти на полето ДИПЛОМАТИЈА. Се чини уште многу треба да учиме и да корегираме, како во селекцијата и (не)функционирањето на македонските дипломати низ светот, така и во односот кон странските дипломати во Македонија.

Има уште многу да се каже на темава. За почеток ми се наметнува дилема: како да се урамнотежи односот кон странските дипломати, по принципот на реципроцитет (што по мое подразбира ниту сервилност, ниту пак недозволено ниво на политичка некултура)?

Дали Македонија треба и има право да се однесува како ДРЖАВА кон странските дипломати или за сенешто треба да преќутуваме и да трпиме? збунетост





Изменето од Анастеа - 14.Март.2011 во 02:05
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.